Американците ќе понудат покриени стадиони за Светското првенство во 2026 година поради поплаки за високите температури на годинешното издание на светското клупско првенство на ФИФА. Ова го изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Повеќето од натпреварите на Светското првенство во 2026 година ќе се одржат на затворени стадиони со климатизација за да се намали влијанието на топлината и временските услови. „Секоја критика е можност за нас да ...

Бразилската ѕвезда во екипата на Реал (М), Винисиус Жуниор, не бил задоволен од позиција на која играше на натпреварот против ПСЖ. Во полуфиналето на Светското клупско првенство, Реал Мадрид загуби од парискиот клуб со резултат од 0:4, а 25-годишното крило започна на десната страна, формирајќи го напаѓачкото трио на Мадрид заедно со Килијан Мбапе и Гонзало Гарсија. Винисиус по мечот му пререкол на Ќаби Алонсо дека се чувствувал непријатно на ...

Германија ја суспендираше регрутацијата во 2011 година, но таа останува вградена во Основниот закон, што е де факто Устав на Германија, и таа може да се врати со просто мнозинство во парламентот. -Сега ни е неопходна дебата за регрутацијата, изјави Штајнмаер за јавниот радиодифузен сервис ZDF во интервју кое треба да се емитува вечерва, пренесува ДПА. „Јас сум за задолжителна воена служба“, повтори претседателот, оправдувајќи го својот став со ...

Турција презеде чекор за отстранување на тероризмот од дневниот ред на земјата и на регионот преку својата иницијатива „Турција без тероризам“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, објави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на соопштение од Дирекцијата за комуникации на турското претседателство. За време на телефонскиот ...

Од три шута во рамките на голот на ПСЖ, челзи трипати ја погоди мрежата и има убедлива предност од 3:0 по првото полувреме на финалниоит меч на светското клупско првенство. Палмер ја отвори серијата со гол во 22. минута (ВИДЕО), а само 8 минути подоцна со својот втор гол, младиот англиски репрезентативец зголеми и на 2:0 (ВИДЕО). Високите 3:0 ги постави новото голгетерско засилување во тимот на Марсека, Жоао Педро со голот во 43. минута (ВИДЕО). ...

Барселона нема намера да го откупи договорот на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед и размислува самоза негова позајмица на една сезона. Како што известува новинарот Флоријан Плетенберг, Каталонците не кријат за интересот за Англичанецот, но нема да даваат пари за негова слобода. Самиот Рашфорд е многу заинтересиран за трансферот и веќе дал прелиминарна согласност. Манчестер Јунајтед потврди дека засега нема договор со Барселона. Претходно беше ...

Манчестер Јунајтед е оптимист во врска со трансферот на Брајан Мбемо. „Скај Спортс“ дознава дека клубот ќе достави нова и подобрена понуда за крилниот напаѓач на Брентфорд во блиска иднина, можеби уште утре. Претходно беше објавено дека Брентфорд ја одбил втората понуда од 62,5 милиони фунти. Брентфорд бара да добие 65 милиони фунти, а договорот ќе зависи од структурата и условите, бидејќи претходната понуда на Јунајтед беше блиску до целта. ...

Вечерва од 21:00 часот по европско време, во Њу Џерски, САД, ќе се одигра финалето од Светското клупско првенство помеѓу екипите на ПСЖ и Челзи. На истото најавено е присуството на американскиот претседател, Доналд Трамп, а организаторот, ФИФА како и локалните власти во градот се на највисоко ниво на безбедносна подготвеност. На сите навивачи им се препорачува да бидат на стадионот три часа пред почетокот на натпреварот, а претресите и ...

Ова го открија фотографиите објавени од нејзината внука Луција Холи на Инстаграм. Луција откри дека ги посетила Хвар и Дубровник со нејзината мајка Антонија Кидман, тетката Никол и роднините. View this post on Instagram A post shared by Lucia Hawley (@luchhawley) „Не сакаме да си одиме“ Таа, исто така, сподели фотографии од ресторанот и покрај видео на кое сите танцуваат заедно во самрак напиша: „Никогаш не сакаме да си одиме!“ „Тешко дека може ...

Денот на венчавката почна со традиционалните обичаи „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“ и „тргнување по невеста“, како и карактеристичниот обичај на Галичката свадба – „гледање низ прстен“, по што следуваше венчавањето во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“. Традиционалното одбележување на „Галичка свадба“ за првпат е одржано во 1963 година и со начинот на презентирање на својата богата културна традиција секоја година ...

Во моментов завршува пријателскиот дуел помеѓу екипите на Престон и Ливерпул, првиот на овој тим по трагичната смрт на Диого Жота и неговиот брат. Мечот кој се игра на стадионот на Престон изгледаше прекрасно денеска но атмосферата беше жална. Илјадници навивачи пееа во името на трагично загинатата звезда и неговиот брат, кој страдаа во сообраќајна несреќа. Фудбалскиот дел од мечот беше во втор план секако, а истиот заврши со конечни 1:2. 🥹 ...

Унијата во меѓувреме се обидува да постигне договор со САД за да ги избегне царините од 30 проценти на Трамп за сите свои производи. -САД ни испратија писмо со мерки што ќе стапат во сила доколку не се постигне решение, и поради ова ние ќе ја продолжиме суспензијата на нашите контрамерки до почетокот на август, рече Фон дер Лајен. Суспензијата на одмаздничките мерки за американските царини за челик и алуминиум требаше да истече на полноќ меѓу ...

„Ако не успееме да постигнеме фер преговарачко решение, тогаш мора да преземеме решителни контрамерки за да ги заштитиме работните места и бизнисите во Европа“, изјави Клингбајл за германскиот весник „Цдојче Цајтунг“. Тој во интервјуто додава и дека ЕУ останува со подадена рака, но нема да се согласи на сè, пренесуваат британските медиуми. Според германскиот министер, царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп ќе доведе само ...

Британските медиуми пренесуваат дека локалната полиција на Есекс е сè уште на местото на настанот Полицијата соопшти дека била предупредена за авион долг 12 метри што се запалил на локација во Саутенд-он-Си непосредно пред 16 часот по локално време, јави Би-Би-Си. Сè уште не е познато колку луѓе имало во авионот, пишува Мирор. Според извештаите, авионот се урнал за време на полетувањето. Очевидци изјавија дека по инцидентот, кој се случил ...

Инаку, финалето се на годишнината од неуспешниот атентат над Трамп во Пенсилванија за време на претседателската кандидатура. За време на вториот претседателски мандат Трамп често може да се забележи на врвни спортски манифеставии. Присуствуваше на Супер болот во Њу Орлеанс, борби во УФЦ во Мајами и во Њујорк, како и на трката Дејтона 500 на Флорида. Трамп имаше и средба со првиот човек на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино. Инаку, ...

Руските сили, исто така, неделава врз Украина фрлија над 1.200 лизгачки бомби и лансираа 83 ракети, рече украинскиот претседател на каналот Телеграм, пренесува германската агенција. “Русите го зголемуваат теророт врз градовите и општините, за дополнително да ги заплашат нашите луѓе“, напиша Зеленски. Истовремено, украинскиот лидер ја пофали украинската противвоздушна одбрана. „Специјално развиените дронови-пресретнувачи неделава соборија стотици ...

Кориере Дело Спорт, денеска објавува дека екипите на Барселона и Фиорентина постигнале договор за трансфер на 18. годишниот Еман Коспо во Фиренца. Момчето кое што досега беше дел од Ла Масија, поточно од вториот тим на Барса, заминува во Фиорентина, откако овој клуб се одлучи да плати нешто помалку од милион евра за него. Секако, ќе има и клаузула за целосен откуп. Коспо е Швајцарец и е висок 191 см. Во текот на претходната сезона, тој одигра 12 ...

Одбраната на Наполи следната сезона дефинитивно ќе биде посилна за досегашниот стопер на тимот на Болоња, Сем Бојкема. Наполи ова задоволство ќе го чини 31. милион евра, но холанѓанецот одамна беше трансфер цел на тренерот Антонио Конте, па ваквиот развој на настаните не е за изненадување. Бојкема ќе пристигне во Неапол во вторник или среда и ќе ги обави лекарските прегледи. 🚨💙 Sam Beukema to Napoli, here we go! Deal agreed with Bologna for ...

Портпаролката на кинеската амбасада во Индија, Ју Џинг, изјави на социјалната мрежа X дека поединци од стратешките и академските заедници во Индија дале несоодветни коментари за реинкарнацијата на Далај Лама. -Како експерти за надворешни работи, тие треба да бидат целосно свесни колку се чувствителни прашањата поврзани со Сизанг. Реинкарнацијата и наследувањето на Далај Лама по својата природа се внатрешно прашање на Кина. Прашањето Сизанг е трн ...

Десет години откако британските пратеници на референдум го изгласаа излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, ново истражување на јавното мнение покажува дека мнозинството граѓани на четирите најголеми членки на ЕУ го поддржуваат нејзиното враќање, но не под истите поволни услови како порано. Според британски Гардијан, анкетата „EuroTrack“, спроведена од институтот ЈуГов во шест западноевропски земји, вклучувајќи ја и Велика ...

Полесно повредени се 12 лица, откако доцна синоќа паркиран џип на нагорнина, веројатно затоа што не била подигната рачната сопирачка, почнал да се движи и удрил во летната тераса на ресторан полн со гости во центарот на Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите, инцидентот се случил кусо пред 1 часот по полноќ во моменти кога во ресторанот имало околу 30-ина гости, а сопственикот на џипот пристигнал пред ресторанот и побарал ...

Според агенцијата, камионите превезуваат прехранбени производи, главно брашно. На снимките споделени на социјалните мрежи се гледа колона камиони кои се движат по копнен пат од Јордан, преку територијата на Израел, кон Газа, појаснува израелскиот весник. Сепак, се додава дека засега не е потврдено дали камионите веќе влегле на територијата на Појасот Газа. Кон крајот на минатата недела, Европската Унија соопшти дека е постигнат договор за ...

Искусниот, 34. годишен холандски голман, Марко Бизо кој што досега беше дел од тимот на Брест, од денеска ќе биде нов член на екипата на Астон Вила. Клубот од Бирмингем се одлучи за искусниот чувар на мрежата кој што веќе ги започна подговотките со Брест, летово, па менаџментот одлучи да испрати приватен авион за да го доведе директно во Англија. Визо првично е планиран како замена за Емилијано Мартинез, но аргнетинецот изрази желба да напушти, ...

Свети Павле Заслугите за раниот развој и ширење на христијанството нашироко му се припишуваат на Павле (родено име Савле) од Тарс, познат и како свети Павле или апостол Павле (4–64 н.е.). Преку неговото мисионерство и теолошка работа, тој ја пропагирал новата вера отаде границите на јудаизмот за да се вкорени меѓу незнабошците (неевреите) и да стане универзална религија. Многу христијани го сметаат за првиот теолог и главен толкувач на Исусовите ...

Црна Гора денеска го одбележува Денот на државноста, во знак на сеќавање на 13 јули 1878 година, кога на Берлинскиот конгрес беше призната како самостојна држава, и истиот датум 1941 година, кога народот на Црна Гора почна востание против фашизмот. Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека 13 јули е симбол на државноста и порака дека пред силата на неправдата и мрачните идеологии никогаш не треба да се попушта. Тој, на свечениот ...

Некогашната звезда на Ливерпул, бразилецот Фирмињо ќе му пристапи на клубот Ал Сад од Катар. Откако во 2023 година го напушти Ливерпул, напаѓачот заигра за тимот на Ал Ахли од Саудиска Арабија. Во својата прва сезона во Саудиска Арабија, тој постигна девет гола и имаше шест асистенции во 32 натпревари. Неговата форма генерално беше неконзистентна, што доведе до гласини за трансфер. Сепак, од јануари оваа година за Фирмињо во Ал Ахли повеќе нема ...

Во тесната, кривулеста патека долга 800 метри што води до арената за борби со бикови, се повредени голем број повредени лица, изјави портпаролка на Црвениот крст за шпанскиот канал РТВЕ, цитирајќи прелиминарни бројки. Пет лица биле пренесени во болница, вклучително и еден од тркачите со бикови кој бил удрен од рог на бик во пределот на гениталиите, според портпаролката. Во најновата, и претпоследна трка со бикови во северниот шпански досега ...

„Имаме исти ставови за сите стратешки прашања. Северна Кореја е подготвена безусловно да ги поддржи и охрабри сите мерки преземени од руското раководство во справувањето со коренот на украинската криза“, му рекол Ким на Лавров, пренесува ДПА. Москва и Пјонгјанг потпишаа стратешко партнерство во 2024 година за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја. Според податоците од украинската разузнавачка служба, Северна ...

Манчестер Јунајтед одреди цена за Маркус Рашфорд. Според шпанскиот весник АС, „Црвените ѓаволи“ сакаат 48 милиони евра за напаѓачот. Иако играчот не е во плановите на менаџерот Рубен Аморим, „Олд Трафорд“ не е подготвен да се раздели од него за помалку, а неговата моментална цена, според „Трансфермаркт“, е 50 милиони евра. Барселона е сè повеќе склона кон опцијата за купување на Рашфорд, откако се откажа од Нико Вилијамс, а преговорите со ...

Агентите дејствувале по налог на руската разузнавачка служба ФСБ, објави СБУ, а пперацијата ја водел шефот на СБУ, Васил Маљук. - Борбена група на руската ФСБ била однапред инфилтрирана во Украина и пред три дена изврши атентат врз нашиот соборец, полковникот Иван Вороњич. Благодарение на тајните пребарувања и интензивните контраразузнавачки мерки, го откривме нивното скривалиште. При апсењето пружија отпор и дојде до размена на оган, по што беа ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 13ᴼ
1.03
73%
1010
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1015
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.54
85%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.02
65%
1010
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
68%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
3.09
88%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
82%
1010
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
73%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484