Ерменскиот тим Ноа испрати порака на социјалните мрежи по финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи го победи ПСЖ со 3-0. Стнува збор за тим кој во третото коло во Конференциското лига загуби од лондонскиот клуб со рекордни 8:0. „Бидејќи сите го чекате ова, семејството на Ноа му честита на Челзи за нивниот неверојатен успех на Светското клупско првенство. Тоа е само уште еден доказ дека пријателите во фудбалот се поважни од сите ...

На парадата учествуваа околу 7.000 припадници на вооружените сили – и мажи и жени, како и 102 летала (авиони и хеликоптери), 200 коњи и бројна воена механизација, соопшти француското Министерство за вооружени сили. Дел од војниците маршираа во борбена опрема, наместо во свечени униформи. Парадата беше организирана околу три централни теми: 100 години од симболот Bleuet de France (Францускиот синец), национално единство и иновации во одбраната. ...

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека неговиот тим ја обезбедил победата во финалето на Светското клупско првенство над Пари Сен Жермен во првите десет минути. „Сините“ го победија освојувачот на Лигата на шампионите со два гола на Кол Палмер и еден на Жоао Педро. „Немам зборови за моите играчи. Тие го заслужија тоа. Беше одличен момент. Мислам дека го добивме натпреварот во првите десет минути – го поставивме темпото што ни беше ...

Според него, во последните пет години јавниот долг на земјата пораснал од 570 милијарди леи на над 1,1 трилион леи, што претставува зголемување од 20 проценти. Назаре, кој ја презеде функцијата на крајот на јуни, призна дека Брисел континуирано барал од Романија да преземе корективни мерки за стабилизирање на јавните финансии, но тие не биле реализирани. – Овие барања се присутни веќе три години, особено интензивно во последната година и пол, но ...

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој изјави дека Берлин веќе префрлил три од своите 12 системи „Патриот“ на Киев. -Во Германија сега имаме само шест од нив. Останатите два се во Полска, а барем еден не е секогаш достапен поради одржување или обука, рече тој. Тој истакна дека станува збор за мал број системи, особено кога ќе се земат предвид целите на НАТО за капацитети. Германскиот министер истакна дека за време на претстојните состаноци со ...

Породилната пензија е додаток на пензијата како признание за одгледување деца. Германската влада планира да ја прошири – позната како „Породилна пензија 3“ – која не треба да стапи на сила пред 2027 година. Овие промени би можеле повеќе да користат на одредени групи родители. Како татковците можат да побараат породилна пензија? Постојат два начина на кои татковците можат да ја побараат оваа надомест: Опција 1: Веќе во првите месеци од животот на ...

Челзи го освои Светското клупско првенство победувајќи го ПСЖ со 3-0 во финалето. Францускиот тим не успеа да освои четврти голем трофеј оваа сезона, но не жалат за тоа, напротив. Ова го откри претседателот Насер Ал-Келаифи, кој одговори на новинарско прашање дали се чувствува фрустриран или горд по тешкиот пораз во финалето: „Многу сме горди! Она што го направивме оваа сезона е величествено. Вистина е дека го загубивме финалето на Светското ...

Во знак на лична поддршка, Ли вечерал со своите најблиски соработници во еден ресторан во центарот на Сеул, со цел да ја подигне свеста за важноста од зајакнување на домашната потрошувачка. – Би сакал граѓаните да ги посетуваат блиските ресторани и на тој начин да придонесат за заживување на локалната економија. Тоа би бил важен чекор кон посветла иднина на нашата земја – порача претседателот преку социјалните мрежи. Оваа иницијатива доаѓа во ...

Верувам дека оваа генерација, ако го направи работите како што треба, ќе го доживееме обединувањето на Европа, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на панелот „Соработка меѓу НАТО и ЕУ: Основа за демократската отпорност во ерата на хибридна војна и странско мешање“ во рамки на 107-миот Семинар „Роуз-Рот“ што се одржува денеска во Европскиот парламент. - Геополитичкиот контекст денес е фундаментално различен од оној што ...

Почнувајќи од денеска Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара. Овие предлози наидоа на одобрение од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика пратениците да ги променат регулативите во корист на индустријата. Овој замав, што доведе до пораст на биткоинот за 29 проценти од почетокот на ...

Случајот предизвика силна медиумска покриеност и бурни реакции во јавноста. Лекарот е обвинет дека помеѓу септември 2021 и јули 2024 година усмртил 12 жени и тројца мажи, на возраст од 25 до 94 години, со „смртоносна мешавина од различни лекови“, се наведува во обвинението, пренесува ДПА. Паралелно со судскиот процес, јавните обвинители во Берлин водат истрага и за десетици други сомнителни случаи поврзани со истиот лекар. Берлинскиот регионален ...

Напаѓачот на Челзи, Жоао Педро, проговори за неговиот судир со Луис Енрике по финалето на Светското клупско првенство, кое Лондончани го добија со 3-0. Бразилскиот напаѓач го постигна третиот гол. По последниот свиреж избувна масовна тепачка меѓу играчите, тренерите и персоналот од двата клуба. За време на судирот, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го турна Жоао Педро, прво удирајќи го во грлото, а потоа и во лицето, соборувајќи го на земја. „Го ...

Би-Би-Си Со отфрлање на таканаречената „Haul“ култура - која го поттикнува прекумерното купување и потребата за покажување на нови парчиња облека - и со промовирање на внимателната потрошувачка, движењето за деинфлуенсери добива на популарност. Дијана Вајб во 2019 година пребарувала по социјалните медиуми кога наишла на инфлуенсер кој рекламирал витлер за коса без топлина. „Тоа беа еластични стапчиња со кои можевте да спиете и ветувањето беше ...

По тридневни интензивни преговори, управата и синдикатот „IG Metall“ постигнаа договор за колективен договор што ќе важи до 2030 година. Согласно тој договор, на работниците ќе им се намали работното време на 32,5 часа неделно, ќе се укине правото на исплата на годишен додаток, ќе се намали износот на јубилејната награда, а на крајот нивните примања ќе се намалат во просек за околу осум отсто, пишува списанието „Феникс“. Можеби ќе ве интересира: ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го нападна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку објава на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), реагирајќи на изјавите на израелскиот лидер дека Иран не треба да развива ракети со дострел поголем од 480 километри. Арагчи го исмејуваше Нетанјаху, обвинувајќи го за неуспех во Газа и за неосновани барања кон Иран. – Нетанјаху пред речиси две години вети победа во Газа. Крајниот резултат: ...

Челзи го освои Светското клупско првенство победувајќи го ПСЖ со 3:0 во финалето во Њу Џерси. Сепак, американскиот претседател, Доналд Трамп го украде шоуто. Тој им го додели пехарот на фудбалерите на Челзи, но не сакаше да си замине. Иако сите мислеа дека Трамп ќе го напушти подиумот, сепак тој остана да прослави. Капитенот Џејмс и Кол Палмер овој момент го дочекаа со неверување. Потоа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се обиде да го ...

Гробницата датира од периодот меѓу 1925 и 1961 година, кога католичките калуѓерки од редот „Бон Секур“ ги закопувале починатите новороденчиња од институцијата за мајки и деца „Света Марија“. Според британскиот весник „Гардијан“, гробницата зафаќа површина од околу 5.000 квадратни метри, а дел од децата биле закопани без каква било евиденција, во напуштен подземен септички резервоар. Институцијата била место каде млади невенчани жени ги раѓале ...

Градоначалникот Пали Колефски ова го посочил на средбата на Рама со градоначалниците. - За време на оваа значајна средба со премиерот Еди Рама, градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, јасно и конкретно ги изнесе проблемите со кои се соочуваат нашите граѓани во процесот на легализација, објави општина Пустец. Во видео објавата градоначалникот нагласува дека иако се направени позитивни чекори во оваа насока, сè уште постојат пречки и ...

Локалната полициска станица објави дека единствениот осомничен за нападот е убиен, додека еден полицаец бил ранети, но по добиената медицинска помош тој е во стабилна состојба. Пукањето во кое загинаа две лица се случило во Баптистичката црква Ричмонд Роуд, а на местото на настанот пристигнала и брза помош за да им помогне на повредените, соопшти полицијата. Првично вчераутро бил ранет полициски службеник на патот што го поврзува аеродромот Блу ...

„Семејството на поранешниот претседател ја објави смртта на Мухамаду Бухари попладнево во клиника во Лондон“, објави на социјалните мрежи Гарба Шеху, кој беше негов портпарол за време на неговото претседателствување (2015-2023). Бухари владееше со Нигерија со железна тупаница како војник во 1980-тите, пред да се преобрази во „пресоблечен демократ“, отслужувајќи два мандата како претседател, од 2015 до 2023 година. Сегашниот претседател Бола ...

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека се обидел да ги раздели играчите за време на судирот што се случи по поразот на неговиот тим од Челзи во финалето на Светското клупско првенство. Според снимките, Енрике не беше мирен чин, тој го турна го Жоао Педро на земја и го удри со тупаници. Финалето, кое Челзи го доби со 3-0, беше обележано со напната завршница откако Жоао Невес од ПСЖ беше исклучен во 86-тата минута затоа што го ...

„Јас сум кандидат на претседателските избори на 12 октомври 2025 година. Бидете сигурни дека мојата решеност да ви служам е соодветна на сериозноста на предизвиците со кои се соочуваме“, напиша шефот на државата. Бија, на власт од 1982 година, е вториот претседател на Камерун од независноста од Франција во 1960 година. Тој лесно победи во 2018 година со повеќе од 70 проценти од освоените гласови на избори обележани со нерегуларности и ниска ...

На 13 јули 2024 година, за време на предизборен митинг во градот Батлер, Пенсилванија, Трамп бил застрелан од вооружен напаѓач, а куршумот го изгреба неговото уво. Еден гледач беше убиен, двајца други присутни беа сериозно повредени, а вооружениот напаѓач беше убиен. Во извештајот објавен вчера, сенатскиот Комитет за домашна безбедност и владини работи наведува за „вознемирувачки модел на комуникациски пропусти и небрежност што кулминирале со ...

-Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно, рече Мелони. Според неа, Европа има економска и финансиска моќ да ја потврди својата позиција и да постигне фер и разумен договор. -Италија ќе го направи својот дел. Како и секогаш, додаде италијанската премиерка, додека ЕУ вчера кажа дека за почетокот на август го одложува својот одговор во противмерки со надеж дека дотогаш ќе се постигне ...

„Го пречекуваме специјалниот претставник на претседателот на САД, Кит Келог, во Украина. Одбрана, зајакнување на безбедноста, оружје, санкции, заштита на нашите луѓе, зајакнување на соработката меѓу Украина и САД - има многу теми за дискусија“, напиша Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на својот профил на платформата Телеграм. Јермак истакна дека Русија не сака прекин на огнот. „Мир преку сила е ...

Потресот е регистриран во 12:49 часот по локално време, со епицентар на околу 170 километри југозападно од островот Танимбар, на длабочина од 108 километри, се наведува на официјалната веб-страница на BMKG и во објавата на агенцијата на социјалните мрежи. Според Германскиот центар за геонауки (GFZ), иницијално било наведено дека епицентарот се наоѓа во море, на длабочина од 10 километри, но подоцнежните податоци на BMKG укажуваат на значително ...

Челзи го освои Светското клупско првенство, откако го победи ПСЖ со 3-0 во финалето. Кол Палмер постигна два гола во 22-та и 30-та минута, додека Жоао Педро исто така постигна гол во 43-та минута. Фудбалерите на ПСЖ беа доста нервозни за време на натпреварот поради резултатот и имаше чести тепачки меѓу играчите, а најголемиот судир се случи по последниот свиреж. Фудбалерите на Челзи почнаа да ја слават победата, кога играчите и персоналот на ПСЖ ...

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа, во предвечерието на Денот на Бастилја, изјави дека „слободата никогаш не била толку загрозена“ од крајот на Втората светска војна во 1945 година како што е сега и „никогаш мирот на европскиот континент не зависел толку многу од непосредните одлуки“. -Живееме во момент на превирања. Одамна ја разбравме нивната неизбежност, рече Макрон во своето традиционално обраќање до вооружените сили пред Денот на ...

-Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми. Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија ќе ги надомести трошоците за ракетите. -Ќе ги испратиме „патриотите“ што им се очајно потребни, бидејќи Путин изненади многу луѓе. Тој зборува убави работи, а потоа бомбардира. Постои еден мал проблем, а тоа е што не ми ...

Фудбалерите на Челзи се новите светски шампиони. Вечерва во големото финале на Светското клупско првенство во САД, „сините“ го победија актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен со убедливи 3:0. Така, по втор пат во историјата, Челзи официјално е најдобриот клуб на планетата, а најзаслужен за оваа титула е феноменалниот офанзивен играч на клубот од Лондон, Кол Палмер, кој вечерва одигра совршен натпревар, постигна два прекрасни гола и додаде ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
77%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 13ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
100%
1015
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
0.53
81%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
92%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
62%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
68%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
87%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
68%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484