Имено, Мадона разговараше за ова и за голем број други теми со Греам Нортон во познатата лондонска концертна сала Коко. Водителот ја потсети Мадона на доделувањето на MTV Europe Music Awards во 2000 година, кога носеше маица со името на Кајли Миног напишано со циркони. Тој беше заинтересиран како се појавила таа модна идеја. „Бев во мојата вестерн фаза, лепев кристали на сè и размислував за пејачите во кои бев малку заљубена“, се присети ...

Разговорите беа „интензивни, фокусирани и конструктивни“, изјави Шефчович за новинарите во понеделник, додавајќи дека двете национални делегации ќе продолжат со разговорите во текот на вечерта. „Сметаме дека до октомври нашите тимови имаат доволно време да постигнат опипливи резултати“, рече тој. Ванг го покани да го посети Пекинг во октомври. Спротивни ставови Шефчович инсистираше дека ЕУ сака разговорите да се фокусираат на растечкиот ...

Тажна вест во португалската репрезентација на Светското првенство за време на подготовките за натпреварот од 1/16 финалето против Хрватска. Имено на 69 години почина таткото на Рикардо Карваљо. А познато е дека поранешниот прославен дефанзивец е сегашен помошник тренер на Роберто Мартинез. Португалската фудбалска федерација (ФФФ) во понеделник изрази сочувство поради смртта на таткото на член на тренерскиот штаб на репрезентацијата. Во ...

Германија – Парагвај 0:1 е резултатот од првото полувреме од натпреварот од 1/16 финалето кој се игра во Бостон. Стрелец на голот беше Енцисо во 42.минута. Секако дека ова е изненадување. Целосна иницијатива на “панцерите“, посед и доминација, ама сето тоа беше јалово ако се знае дека избраниците на селекторот Јулиан Нагелсман не успеаја да создадат барем една шанса за гол. Имаше закани, но сепак далеку од тоа дека тие беа шанси а уште ...

Претседателот на Фудбалската асоцијација на Саудиска Арабија, Јасер Ал-Мишехал, поднесе оставка од таа позиција по елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство. Саудиска Арабија освои само два бода во Групата Х, ремизираше против Уругвај (1:1) и Зелено’ртските Острови (0:0), а доживеа и дебакл во дуелот со Шпанија (0:4). „Неуспехот на нашата репрезентација да се квалификува во следната фаза од Светското првенство е резултат што не ...

Бразил – Јапонија 2:1 е исходот од овој меч во кој видовме од се помалку, на крај големиот фаворит со голот на Мартинели во 90+5.минута големиот фаворит успеа да победи и да се пласира во 1/8 финалето. Јапонија имаше водство од 0:1 по првото полувреме, но потоа следуваа головите на Каземиро и Мартинели за победа на Бразил. Убав меч за гледање, шанси, три гола. Јапонија едноставно немаше сила а Бразил и тоа како се изнамачи за да дојде до ...

Според многумина селекцијата на Франција е најголем фаворит за освојување на титулата на ова СП. И не треба многу да се трошат зборови зошто е тоа така. Ако еден Дуе нема место во стартниот состав, тогаш се е јасно. Легендарниот Гари Линекер исто смета дека Франција е нај, нај… „Франција не е меѓу фаворитите, тие се први фаворити“, рече Гари Линекер во подкастот „The Rest is Football“ и почна да објаснува зошто мисли така: „Нивната ...

Страшни вести доаѓаат од САД. Имено вчера вечер по локално време, се случи сериозен инцидент на плоштадот Сан Педро, еден од најпознатите центри во Сан Хозе, соопштија американските власти. Едно лице го загуби животот, додека друго се здоби со сериозни, животозагрозувачки повреди, во пукотница што се случи во близина на фан-зоната каде што навивачите ги гледаа натпреварите на видео-бим претходните денови, како и таа вечер. Една жртва почина ...

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор за нормализирање на транзитот. Барел сурова нафта се тргуваше на 72,97 долари во Лондон денес попладне, што е за 98 центи повеќе од затворањето на крајот од минатата недела. Во САД се зголеми за 1,14 ...

Пронајдена во несвест покрај базенот Бети Лу Самер (82) била на базенот во заедницата Џонсон Ранч во долината Сан Тан на 11 јуни. Откако заспала и поминала околу еден час на сонце во Аризона, ситуацијата станала критична. Минувачите ја пронашле во несвест, со тежок топлотен удар и изгореници од трет степен. „Целиот преден дел од нејзиното тело беше изгорен, до мускулите и коските. Ова се значителни изгореници“, изјави нејзината ќерка Мишел ...

Се вели дека неговото семејство е скршено од болка и дека вложуваат големи напори неговото тело да го вратат дома. Станува збор за 37-годишниот Даниел Ветрино од шкотскиот град Дисарт, објави Скај њуз. Полицијата на Свети Винсент и Гренадини (RSVGPF) соопшти дека добила пријава за пукање во областа Гим Хил околу 23:30 часот во среда. Истрагата е во тек и треба да се изврши обдукција на телото. Братот на Даниел, Робсон Ветрино Колберг, му ...

Авионот на „Сеперан ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром во Дубаи во 13:39 часот по локално време, објави веб-страницата на аеродромот, пренесе Си-Ен-Ен, додавајќи дека друг лет од Дубаи до Техеран е закажан за подоцна денес. ОАЕ е земја од Персискиот Залив која претрпе најтешки ирански напади за време на војната меѓу САД и Израел против Иран, при што Техеран испука речиси 2.000 ракети и беспилотни летала кон ОАЕ, насочени кон воени, ...

Авион на „Џет2“ со 225 патници и седум членови на екипажот изврши итно слетување на аеродромот во градот Ерфурт во централна Германија поради чад во авионот, но според локалните медиуми, никој не е повреден. Портпаролот на аеродромот во Ерфурт го наведе појавувањето на чад од непознато потекло како причина за итно слетување на патничкиот авион, објавува германскиот неделник „Штерн“. Според достапните информации, авионот „Ербас А321“ на ...

Бразил – Јапонија 0:1 по првото полувреме на вториот меч од 1/16 финалето на Мундијалот, кој се игра во Хјустон пред преполни трибини. Стрелец на сензационалниот гол за водство на Јапонија, беше Сано во 29.минута. Несомнено е дека овој гол е гол на кариерата на репрезентативецот на Јапонија. Секако дека ова е сензационален резултат ако се знае дека Бразилците беа апсолутни фаворити. Искрено четата на селекторот Карло Анчелоти беше подобра во ...

Високите цени на билетите им оневозможија на многу фудбалски фанови да присуствуваат на натпреварите од Светското првенство, а како што турнирот се ближи кон крајот, цените исто така скокаат и ги надминуваат можностите за плаќање на многумина. Особено навивачите од нашиот регион. Во понеделник, нокаут фазата на Светското првенство беше официјално отворена со дуелот помеѓу Канада и Јужна Африка, а билетите за овој натпревар чинеа 467 долари. ...

Ерата на Марсело Биелса како селектор на Уругвај се чини дека заврши драматично по раната елиминација на тимот во групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Во последниот разговор со своите играчи, според аргентинската публикација TyC Sports, аргентинскиот стратег упати тешка обвинение што сè уште одекнува во соблекувалната: „Заминувам тажен затоа што ме оставивте сам…“ Збогувањето, опишано како монолог од страна на тренерот, се ...

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ФИФА) денес објави дека рекордни 4.644.549 навивачи ги гледале 72-те натпревари од групната фаза на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. „Вкупно 4.644.549 луѓе присуствувале на натпреварите за време на групната фаза, пополнувајќи неверојатни 99,7 проценти од достапните седишта и постигнувајќи просечна посетеност од 64.508 гледачи по натпревар“, соопшти ФИФА. „Навивачи од 210 земји и ...

Сега веќе е официјално. Беше само прашање на време кога Манчестер Сити ќе го официјализира името на наследникот на Пеп Гвардиола. Ова е познато подолго време. Енцо Мареска е новиот тренер на Манчестер Сити, со кого потпиша договор до 2029 година. Тој доаѓа во добро позната средина, но нема да има лесна работа да ја продолжи приказната што Пеп Гвардиола ја започна во 2016 година кога пристигна. „Манчестер Сити е клуб што го познавам многу ...

Најмалку осум работници се повредени во експлозија што се случи доцна во неделата навечер по локално време на нафтена платформа во државата Апуре во југозападна Венецуела, потврдија денес локалните власти. Надлежната служба на компанијата „PDVSA“ што управува со нафтената платформа потврди дека сите повредени работници се префрлени во соседна Колумбија каде што ќе добијат медицинска помош, пренесува Ројтерс. An explosion was reported at an ...

На мистичниот супернавивач на ДР Конго, со прекар „жива статуа“, му е одбиена американска виза и нема да може да го поддржува тимот во 1/16-финалето против Англија. Чудниот духовен водач Мишел Кука Мболадинга тврди дека може да им пренесе „емоционална отпорност“ на конгоанските коцкари и е почитуван како нивна амајлија за среќа. Во текот на сите 90 минути од натпреварите, тој стои целосно мирно со крената рака, имитирајќи статуа на убиениот ...

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара ќе биде домаќин на самит на 32 лидери на земјите-членки на НАТО, како и претставници од земјите-партнери во Персискиот Залив, Азија и Пацифичкиот регион, на 7 и 8 јули, во услови на тензии во рамките на алијансата околу поделбата на товарот, ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, зборуваше за подготвеноста на Нејмар пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство во 2026 година против Јапонија. 34-годишниот играч заигра на последниот натпревар од групната фаза против Шкотска (3:0), влегувајќи како замена во 76-тата минута. „Тој добро се опоравува. Неговата физичка подготвеност значително се подобри во текот на изминатата недела. Штета што не можеше да ...

Во текот на денешниот ден на програмата се три супер интересни мечеви од 1/16 финалето на Мундијалот. Бразил – Јапонија, Германија – Парагвај и Холандија – Мароко. Бразил, предводен од Карло Анчелоти, доминираше и го освои првото место во Групата Ц, прими само еден гол, потврдувајќи ја својата улога како еден од главните фаворити на турнирот. Најголемата надеж на „Селесао“ повторно ќе биде брилијантниот Винисиус Жуниор, кој веќе постигна ...

Иран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив и да ги продолжат разговорите согласно меморандумот за разбирање што неодамна го потпишаа двете страни, потврдил американски функционер за неколку светски медиуми. Веста за постигната согласност за прекин на непријателствата, како што наведуваат медиумите, ги зголемува надежите дека привремениот мировен договор меѓу ...

Еден од најблиските соработници на Владимир Путин стана предмет на потсмев откако беше фатен како дреме за време на еден голем говор на рускиот претседател. Видео кое циркулира на социјалните мрежи го прикажува Дмитриј Медведев, честопати нарекуван „кукла на Путин“ од западните медиуми, како ги затвора очите и изгледа како да задрема додека Путин се обраќа на собир на високи функционери, пратеници и членови на руската елита. Инцидентот се ...

Синоќа на тековниот Мундијал се одигра првиот дуел од елиминациите. Групната фаза е минато, а сега е време за мечевите во кои во деведесет минути се одлучува се и нема време за поправен испит. Домаќинот Канада ја отвори оваа фаза од натпреварувањето во дуелот против Јужна Африка. Канаѓаните обезбедија победа и пласман понатаму од минимални 1:0 и тоа со гол постигнат во последните моменти од регуларниот дел. Горазд Михаилов смета дека самата ...

Добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, денес објави дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси, нагласувајќи дека нејзина должност е да биде со својот народ. Таа во интервју за Фокс њуз изјави дека „дојде време“ да се врати во земјата. „Моја должност е да бидам со мојот народ. Треба да бидеме заедно, да се прегрнеме, да тагуваме и да тагуваме заедно“, рече ...

Најдобриот фудбалер на Алжир, Ријад Марез се најде во центарот на скандал откако неговата изјава за крајот на натпреварот против Австрија разгоре сомнежи за наместен меч. На крајот, резултатот беше 3:3, што им гарантираше и на Алжир и на Австрија пласман во осминафиналето на Светското првенство, но начинот на кој беше постигнат резултатот предизвика бројни контроверзии. Наместо да ја смири ситуацијата, изјавата на Марез за медиумите практично ...

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати, пренесе Танјуг. Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување. Операцијата за спасување ја водат членови ...

Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното управување со Ормутскиот теснец, објави Ројтерс. Според него, разговорите се водат во рамките на привремениот договор потпишан овој месец од Техеран и Вашингтон. Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07