Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Вкупно 1.535 жалби стигнале пред Државната комисија за жалби по јавни набавки, а 637 завршиле со одлука во корист на жалителите. Од една страна, има фирми што велат дека им била направена неправда, но, од друга, Комисијата предупредува дека некои ја користат жалбата како начин за заработка. Оттаму посочуваат дека се жалат „професионални жалители“ и без да имаат вистинска намера да учествуваат на тендерот, само за да наплатат адвокатски ...
Приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор претставува значајна стратешка можност за земјата да ја зајакне својата позиција на европската енергетска карта и да стане важна алка во регионалната и европската гасна инфраструктура, порача министерката за енергетика, Сања Божиновска. Во објава посветена на идните енергетски поврзувања, Божиновска посочува дека клучна улога ќе имаат интерконекторите со Грција и Србија, преку кои ...
АД ЕСМ потпиша тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК, со кој добива концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци. Договорот го потпишаа генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос Хашани, по интензивни преговори и по одлука на Владата. Договорена е фиксна цена од 24,4 евра за тон, со прецизно ...
Пратка од 11,6 тони свежи пиперки од Македонија е запрена во Бугарија откако лабораториската контрола утврдила присуство на пестицидот форметанат над дозволеното ниво. Пиперките, кои преку граничниот премин Златарево биле наменети за оператор во Петрич, според информациите од бугарска страна, не стигнале до продавниците и пазарите, бидејќи контролата го открила проблемот пред да стигне производот до потрошувачите. Но, случајот отвора сериозни ...
Дебитантско долгометражно остварување на Косара Митиќ ја имаше својата регионална премиера во рамките на натпреварувачката програма за долгометражни играни филмови на годинашното 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, каде што беше поздравено со долг аплауз и со стоечки овации. Позитивни критики за режисерката Митиќ и за актерката Костиќ стигнаа и од „Скрин дејли“. Како што пишува во рецензијата на ова британско филмско онлајн списание, ...
Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“, доби нова термо фасада. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информираше дека со тоа се обезбедуваат подобри услови за престој на најмалите. – Реализацијата на проектот е овозможена преку донација, како уште еден пример за поддршка и заедничко вложување во подобри услови за децата. Со овие проекти создаваме потопли, попријатни и поквалитетни услови за раст и развој на ...
Кон крајот на септември, градинката во Инџиково ќе ги отвори вратите за најмалите. Веста на „Фејсбук“ ја објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој денеска изврши увид во градежните работи за изградба на објектот. Притоа, информираше дека во моментов на терен се реализираат активности за партерно уредување на дворот, по што ќе следува поставувањето на опремата. Градинката е со капацитет за 48 дечиња, од кои 36 на ...
Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, минатата недела подигнале и транспортирале 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. – Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени ...
Еден невообичаен настан во Градскиот парк никого не остави рамнодушен и без солзи. Но, овој пат солзи радосници. Леон, на чиј роденден пред неколку години не дојде никој, сега беше опкружен со многу луѓе, деца, но и со многу музички гости, кои му ја разубавија роденденската прослава, но и со куп балони. Тој го прослави својот 13. роденден на „Школка“. Тоа е првиот јавен инклузивен роденден, бидејќи Леон е момче со аутизам. И неговото братче, ...
Според Европската агенција за животна средина, екстремните временски и климатски настани предизвикаа околу 822 милијарди евра економски загуби во Европската Унија помеѓу 1980 и 2024 година, при што една четвртина од таа штета се случила само во последните четири години Некој ќе мора да го плати цехот за штетите предизвикани од сè понестабилното време во Европа, а бидејќи повеќето од овие економски загуби не се осигурени, товарот ќе падне врз ...
Москва ѝ се закани на Велика Британија со „последици“ по извештаите дека британски беспилотни летала биле употребени за прв пат за напад врз цели на копнена Русија. Украина користела дронови произведени од две британски компании во таканаречена кампања на напади длабоко на руска територија, објави „Сандеј тајмс“. Киев ги засили нападите врз Русија оваа година, при што ракетите со долг дострел и роевите дронови сè повеќе ги таргетираат воените ...
Општина Полигирос на Халкидики рано утрово спроведе операција за отстранување на фиксирани чадори и лежалки кои зафаќаа делови од брегот и го ограничуваа слободниот пристап за капачите. Општинските работници, во присуство на заменик-градоначалникот на Полигирос Василис Фардогијанис, со помош на камион, две земјоделски возила и багер, отстранија 100 чадори и лежалки кои беа поставени, фиксирани и трајно заклучени на плажата во Геракини, ...
Во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип денеска беше промовиран новоопремениот сензорен простор, наменет за поддршка на лицата со аутизам. Просторот е опремен како донација од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, со цел да се создаде сигурна, пријатна и поддржувачка средина за корисниците на овој Дневен центар. Вања Џамбазова, претставник од Општина Штип, истакна дека Центарот претставува сигурно место за децата и нивните семејства, а ...
По 27 дена лекување на Клиниката за инфективни болести, почина уште еден пациент со западнонилска треска, со што бројот на починати се искачи на четири. Веста ја потврди директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за пациент кој бил хоспитализиран поради инфекцијата со вирусот, а по повеќенеделно лекување, неговата состојба се влошила. На Инфективна се хоспитализирани 20 пациенти со западнонилска треска, од кои 18 ...
Колку е посигурна нашата сопствена одбранбена поставеност, толку е посуштествен нашиот придонес кон заедничката сигурност, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста во Охрид, каде што се одбележуваше 18 август – Денот на Армијата. Таа нагласи дека современата одбрана не смее да се сведува само на одговор на веќе настанати закани, туку мора да се темели на нивно навремено предвидување, развој на соодветни ...
Шверц на десет лица од Египет и нивно илегално пренесување од јужната македонска граница кај Гевгелија до северната граница со Србија спречила завчера македонската полиција. Како што соопшти МВР, овие лица биле откриени во селото Богородица, при контрола на патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски таблички, кое го управувало лицето Р. С. од Латвија. Ова е нов случај на откривање обид за илегално префрлање мигранти, при што ...
Сите онколошки пациенти што побарале финансиска помош од Град Скопје – се исплатени. – Обезбедена финансиска поддршка за нашите сограѓани што водат една од најтешките животни битки – објави на „Фејсбук“ скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти на повикот. – Секоја апликација беше обработена со максимална посветеност и со внимание, а исплатата за сите што ги исполнија условите е ...
Еден од четворицата уапсени под сомнение за подметнување пожар во областа на Задар е Даниел Стегњаиќ од Долно Биљани, кој во последните години бил корисник на земјоделски субвенции од национални и европски фондови. Полицијата во Задар ја заврши кривичната истрага против тројца хрватски државјани од српска националност, на возраст од 42, 45 и 46 години, и еден 33-годишен полски државјанин. Покрај Стегњаиќ, уапсен е и Владимир Чупиќ, попознат ...
Граѓани се загрижени и реагираат откако виделе мртва птица. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) смируваат и апелираат до јавноста да не се создава непотребна загриженост при појавата на поединечна мртва птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици. – Особено внимание треба да се посвети доколку се забележат поголем број пцовисани гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје и во краток ...
Јавните комунални претпријатија „Комуналец“ и „Водовод и канализација“ од Прилеп, во соработка со Општина Прилеп, целосно го рехабилитираа Градскиот стадион. По неговото напуштање и опустошувањето на зелените површини и на инфраструктурата, на одредени места е поставена нова бас трева, тревната површина е целосно третирана со потребните препарати, поставен е и систем за наводнување, а спроведени се и активности за правилно косење и одржување ...
Дефектот на главната водоводна цевка во Гостивар што се појавил во понеделникот, поради кој била запрена водата, повторно го отвора прашањето за нејзиниот квалитет во период кога Институтот за јавно здравје му препорачува на ЈП „Комуналец“ да обезбеди континуиран проток низ целата мрежа и постојано да го следи нивото на хлор од извориштето до крајните потрошувачи. „Комуналец“ во понеделникот информираше дека поради неопходна поправка на ...
Вкупно 12 пожари на отворен простор биле регистрирани во земјава до 13:00 часот денеска. Од нив, пет сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информираa од Центарот за управување со кризи. Најсериозна е состојбата во Општина Старо Нагоричане, каде што пожарот ги зафатил подрачјата околу селата Орах, Диманце и Руганце. Станува збор за шумски пожар, при што е зафатена и една куќа. Активни е пожарот во Општина ...
Во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип денеска беше промовиран новоопремениот сензорен простор, наменет за поддршка на лицата со аутизам. Просторот е опремен како донација од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, со цел да се создаде сигурна, пријатна и поддржувачка средина за корисниците на овој Дневен центар. Вања Џамбазова, претставник од Општина Штип, истакна дека Центарот претставува сигурно место за децата и нивните семејства, а ...
Девет општини во Македонија добиваат нови локални социјални услуги за старите и немоќни лица и за лицата со попреченост, откако на 17 август беа потпишани договорите за грантови во рамките на вториот проект за подобрување на социјалните услуги. Од Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштија дека со доделените грантови се поддржува развојот на достапни, квалитетни и одржливи социјални услуги во локалната заедница, ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв. По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем. „Денеска им ...
Процесот ќе продолжи и во септември, кога ќе почне порибувањето со околу 1,5 милиони единки охридска пастрмка, одгледани во Хидробиолошкиот завод Охрид, од вештачкиот мрест во 2026 година. Се очекува оваа фаза да трае околу три недели Почна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставниците на Државниот инспекторат за ...
Руската гимнастичарка Ангелина Мелникова освои дури три златни медали на Европското првенство во Загреб, но наместо со насмевка, го заврши шампионатот со солзи. Таа триумфираше во поединечниот повеќебој, во прескок и со руската репрезентација, но на церемонијата на доделување не можеше да ги види симболите на својата земја. Иако Меѓународната и Европската гимнастичка федерација во мај 2026 година официјално ја укинаа забраната за настап на ...
Смртта на Ведрана Рудан денес го потресе регионот, а пријатели, колеги и бројни јавни личности се збогуваат со писателката, новинарката и колумнистката. Меѓу нив е и познатиот хрватски новинар и водител Александар Станковиќ, кој направи едно од своите последни големи телевизиски интервјуа со Ведрана. По нејзината смрт, тој одлучи да ѝ ја покаже на јавноста нивната последната преписка. Станковиќ откри дека последен пат бил во контакт со ...
ЦК „Марко Цепенков“ од 18 до 25 август ќе ја реализира 18 -та ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“. На колонијата годинава ќе творат Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Марјан Стојаноски, Слободан Милошески, Озбек Ајваз, Славчо Павлески и Емил Солески, кои ќе работат монументални скулптури за во јавен простор. Колонијата е дел од годишната програма на Центарот за култура „Марко Цепенков“ за 2026 година во визуелни дејности поддржана од ...
На сцената во Долни Сарај, завчеравечер, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до публиката. – Голема е честа за целиот оркестар да се биде овде. Сакав да го донесам на „Охридско лето“ и ...