Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Лорен Спиезија (32) од Њу Џерси привлече огромно внимание на Њујоршкиот маратон, откако одлучи да ја истрча трката долга 42,195 километри без маица, покажувајќи ги лузните од тешката битка со ракот на дојка. Американката, која ја победи болеста, со овој потег сакаше да испрати силна порака за храброста, издржливоста и подигнувањето на свеста за ракот на дојка. Таа ја заврши трката за четири часа и 54 минути, не криејќи ги лузните кои, како ...
До телевизиски куќи низ Европа беа испратени закани за поставени бомби со пораката „времето истекува“, што доведе до евакуации и привремен прекин на емитувањето програма. Закани добија ирскиот јавен сервис RTE, британската телевизија „Скај“ (Sky), бугарската телевизија „Нова“ и други медиумски куќи. На локациите опфатени со заканите не беа пронајдени бомби. „Сакаме целиот свет да дознае за нас, поради што еден од нашите оперативци постави ...
Германскиот новинар Флоријан Кениг (59) откри дека намерно избегнува да прашува за здравствената состојба на својот долгогодишен пријател и легендарен Формула 1 возач, Михаел Шумахер, почитувајќи ја приватноста на неговото семејство. Кениг, кој со години известува од светот на Формула 1, во интервју за „Билд“ призна дека никогаш не разговарал на оваа тема ниту со сопругата на Шумахер, Корина, ниту со неговиот син, Мик, ниту со неговиот брат, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп одржал состанок со својот тим за национална безбедност на кој била разгледувана можноста за продолжување на воените операции против Иран. Според информации на „Фокс њуз“, високите американски функционери потврдиле дека во Белата куќа во изминатите два дена се одржале повеќе разговори за евентуално продолжување на нападите. Трамп најави дека Вашингтон наскоро ќе донесе одлука за следните чекори, при што ...
На Македонија ѝ треба цел век за да го достигне европското ниво во заштитата на животната средина, додека загадениот воздух и лошото управување со отпадот и водите остануваат сериозен проблем. Само две од шесте мерни станици во Скопскиот Регион (Скопје и Миладиновци) испорачуваат податоци, а усогласеноста со европските стандарди за собирање и пречистување на отпадните води изнесува само 13 %. Во меѓувреме, и македонските компании ќе мора да ...
Министерството за животна средина и просторно планирање воведува пет дигитални модули во рамките на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, со цел зголемување на транспарентноста, поедноставување на административните постапки и подобрување на управувањето со податоците и на процесите во областа на животната средина. Министерот Муамет Хоџа вчера ги презентираше модулите „Темели“, „Јадро“, „Време“, „Земја“ и „Воздух“, нагласувајќи ...
Националниот парк „Шар Планина“ го претстави своето искуство од воспоставувањето и развојот на системот за мониторинг на дивите животни на Седмиот конгрес на еколози, организиран од Македонското еколошко друштво. Преку научен труд, претставниците на националниот парк ги презентираа досегашните активности за следење на дивиот свет, како и предизвиците и можностите за унапредување на системот за мониторинг на подрачјето на Шар Планина. Во текот ...
Македонија требаше да го добие патоказот за интеграција во европскиот блок при блиц-посетата на шефицата на Европската Ккомисија, Урсула фон дер Лајен, минатата недела. Конкретно, и овој пат и оваа Влада, како и претходните, остана со куси ракави, уште еднаш се повторија истите сценографија и наратив на Брисел, со преповторуваниот quid pro quo, услов без кој не се може. Пред десетина години, тоа беше македонското уставно име, за кое ЕУ ...
Во правната наука и во политичката теорија често се зборува за разнебитеност на системот, за колапс на институциите, за лоши закони што имаат цел да амнестираат криминал на високите функционери или на бизнис-тајкуните, за комплетна партизација и за енормна корупција. Но, постои една подлабока, потивка и далеку поопасна димензија на пропаѓањето на нашето општество што ретко ја ставаме на маса. Тоа не е отворениот криминал, ниту директниот ...
Во бурата на руско-украинската војна, се случи Калињинград. Оваа чувствителна руска ексклава на Балтикот, за која некои фински гласноговорници или американски новинари тврдеа дека може НАТО без поголеми последици да ја заземе, донесе застрашувачки одговор од Кремљ. „Ќе го браниме Калињинград по секоја цена, нема да избираме средства“, одговорија од Москва. Без нараквици, Западот е предупреден за можна употреба на рускиот нуклеарен арсенал. ...
Најголемите проблеми доаѓаат од стравот и зависноста. Кога ќе почнеме поретко да се плашиме и помалку да зависиме од другите, ќе бидеме добро. Мирот со себе ќе го постигнеме ако престанеме опсесивно да се врзуваме за луѓето, предметите и ситуациите од минатото, бидејќи сè е минливо и менливо. Само промената е трајна и поврзана со законитоста на животот: што и да биде, ќе помине. Духовен мир ќе постигнеме ако фокусот го насочиме кон ...
Повеќе од две децении, Македонија се обидува да го развива туризмот како значаен двигател на економијата, но истовремено дозволува дел од туристичката активност да остане надвор од формалниот систем. Ги следиме бројот на туристи и ноќевања, го истакнуваме потенцијалот на Охрид, Струга, Дојран, Маврово и другите туристички центри, но ретко се поставува суштинското прашање: колкав дел од туристичката економија е регистриран, оданочен и вклучен ...
Италија наскоро би можела да воведе казни во висина до 160 евра за возачите кои се движат премногу бавно на одредени делници од патиштата, објавија медиумите во петокот. Оваа мерка, чија цел е подобрување на протокот на сообраќајот, првично се однесува на автопатишта со вкупно шест ленти и се очекува наскоро да стапи на сила, според италијанскиот правен портал „Брокарди“ и швајцарскиот портал „Блу њуз“. За крајната лева лента на делници со ...
Октомври оваа година беше најтопол досега, соопшти европската служба за климатски промени. Просечната глобална температура била 15,35 степени целзиусови, што е за 1,75 степени повисоко од просекот за прединдустрискиот период. Во споредба со периодот од 1991 до 2020 година, октомври бил за 0,90 степени потопол. Тоа беше трет месец по ред во кој глобалната температура ја надмина границата од 1,5 степени во споредба со прединдустрискиот период. ...
Како што објави весникот „Вашингтон пост“, во петокот, во својот дом во Вашингтон, на 89 години, почина член на едно од најбогатите американски семејства. Тој помина три децении во Сенатот на САД, залагајќи се за проширување на здравствената заштита за сиромашните и остро критикувајќи го начинот на кој претседателот Џорџ В. Буш ја водеше војната во Ирак. Семејството не ја откри причината за смртта, додава весникот, а пренесува новинската ...
Расел Бренд, осуден за сексуални престапи против четири жени, ја помина својата прва ноќ во затвор. Според „Дејли меил“, комичарот бил преплашен. Уште во октомври, Бренд јавно го изрази својот страв од можноста да заврши зад решетки. Бренд помина години градејќи јавен имиџ на ексцентричен и заводник, но новинарската истрага откри потемна страна од неговата личност. Судот во Саутерк го прогласи за виновен за силување и три сексуални напади ...
– Кога ќе се гледаат со повнимателно око скулптурите на Башески, станува јасно дека постигнувањето сличност со моделот е само воведен дел од една намера која под тој надворешен слој носи многу посложени интенции. Тие човечки тела чија епидерма предизвикува почит кон вештината на авторот во подражавањето на природата, секогаш сакаат да ни соопштат некои подлабоки вистини, посочи, меѓу другото, академикот Влада Урошевиќ на пристапната изложба ...
Македонските банки викендов ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, поради воведувањето на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои официјално почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември 2026 година. Како што информираат од Македонската банкарска асоцијација, активностите се дел од подготовките за имплементација на регулаторните промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта ...
Град Скопје за весникоТ ВЕЧЕР потврди дека на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, сега преименувана во „Свети Кирил и Методиј“ се реализираат инфраструктурни активности за проширување на коловозот кај вртењата на крстосниците во рамките на неопходните подготовки за воведување на времен сообраќаен режим за изградбата на булеварот „Македонија“. Инаку, утринава беа забележани градежни активности на овој потег, а според неофицијалните информации ...
Првиот основен суд во Белград одреди притвор за деветмина поранешни и сегашни припадници на Единицата за обезбедување на одредени личности и објекти (ЈЗО) при Министерството за внатрешни работи (МУП). Тие се осомничени за малтретирање и тортура врз студенти и други граѓани, кои ги однеле во гаражата на Владата на Србија по протестите во август минатата година. Пред два дена, по барање на Првото основно јавно обвинителство, тие првично беа ...
Откако жителите на Крагуевац, Јагодина, Ќуприја, Лапово, Баточина и околните места пријавија две силни детонации проследени со потреси на тлото, на социјалните мрежи се појави снимка од безбедносна камера – на која, наводно, се гледа моментот на една од експлозиите што денес ги вознемири жителите на централна Србија. Инстаграм-страницата „192_rs“ објави снимка од безбедносна камера, тврдејќи дека на неа е фатен моментот на детонацијата што го ...
Хакери упаднале во електронската пошта на грчкиот министер за здравство, Адонис Георгиадис, пренесува „Катимерини“. Сторителите нарачале луксузни возила и огнено оружје. Георгиадис изјави дека, во негово име, биле направени нарачки за 150 возила „Порше Кајен“, 50 „Мерцедес-Мајбах“, 24 пушки „Бенели“ и еден пиштол „Спрингфилд Армори Ешелон“. Министерот наведе дека стапил во контакт со грчката единица за сајбер-криминал и има намера да преземе ...
Албанската полиција казни 83 учесници на антивладините протести во Тирана поради блокирање на сообраќајот и непочитување на полициските предупредувања. Само по демонстрациите во средата вечерта, санкционирани се 31 лице, со казна од 5.000 леки, односно околу 55 евра по лице. Казните се изречени врз основа на новите построги правила, кои стапија во сила на 28 октомври по иницијатива на владата на премиерот Еди Рама. Со измените се предвидуваат ...
Министерството за одбрана соопшти дека Војската на Србија денеска испратила два борбени авиона да пресретнат патнички авион, за кој, според добиените информации, постоела дојава дека во него има бомба. За време на операцијата дошло до појава на звучен удар. Според Министерството за одбрана, дојавата за бомба се однесувала на авион на компанијата „Виз ер“ (Wizz Air), кој летал на релација Брисел – Софија. „Борбени авиони на Војската на Србија ...
Албанскиот премиер Еди Рама повторно упати повик за дијалог со студентите, притоа поставувајќи камена маса пред зградата на неговиот кабинет, на која остави букви што го формираат зборот „Дијалог“. „Добро утро“, напиша Рама на социјалните мрежи, повторувајќи дека е подготвен да разговара со секој што верува во дијалог и во изнаоѓање решенија преку комуникација – во секое време и на секое место – пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews ...
Преостануваат десет поглавја, а целта на Подгорица е да ги заврши преговорите до крајот на 2026 година. На 30-тата Меѓувладина конференција беа затворени Поглавјето 1 – кое се однесува на слободното движење на стоки – и Поглавјето 12 – кое опфаќа безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика. Пред два дена, Европската комисија го претстави својот годишен извештај за напредокот на Црна Гора, заедно со патоказ кој сугерира дека ...
Студентите кои моментално учествуваат во блокада, ги повикаа Загорка Доловац и Младен Ненадиќ да ги истражат тврдењата изнесени во „Радар“ (Radar) за наводни врски помеѓу поранешниот претседател Александар Вучиќ и групи на организиран криминал, пренесува О21. Во изјава објавена на социјалните мрежи, студентите наведуваат дека написот во „Радар“, објавен на 22 октомври, открил информации од јавен интерес – прашања за кои, според нив, ...
Едвард Џозеф, американски професор и експерт за Балканот, изрази очекување дека Конгресот – во кој од јануари двата дома ќе бидат под контрола на опозициската Демократска партија – ќе изврши поголем притисок за преиспитување на политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон Србија. Џозеф, професор на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, изјави дека политичките случувања во Србија би можеле да го засилат овој фокус и да ...
Континуираната поддршка од Европската Унија (ЕУ) овозможува натамошна модернизација на земјоделските стопанства и преработувачката индустрија, воведување нови технологии и усогласување со европските стандарди, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешниот состанок на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој, воспоставена во рамките на секторскиот пристап за програмирање и ...
Температури над просекот за ноември кои ќе се искачат над 20 степени, силен јужен ветер со удари од над 60/70 км/час, но и нови врнежи ни носи втората недела од ноември на Балканот, но и во Македонија. Во текот на втората недела од ноември, односно во периодот од 9 до 16 ноември Атлантикот ќе се активира и ќе ни носи значително потоплол но и повторно повлажен воздух. Повторно ќе има нови пообилни врнежи ширум Балканот, а нови локални врнежи ...