Мексиканската актерка Салма Хајек Пинолт денес ја поздрави публиката на тревникот на стадионот Ацтека и официјално го означи почетокот на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Церемонијата започна околу 90 минути пред првиот натпревар од турнирот помеѓу Мексико и Јужна Африка, реприза на првиот натпревар од 2010 година. З аедно со говорот на Салма Хајек, на сцената настапија Шакира, Бурна Бој, Џ. Балвин, Белинда, Лила Даунс, Алехандро ...

Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Скопје, најави дека наскро ќе бидат поставени 2.600 нови контејрнери и порача дека приоритет во неговиот мандат е воспоставување функционален систем во градот и подобрување на комуналните услуги. Тој посочи дека Скопје со години се соочува со сериозни инфраструктурни и организациски проблеми и додаде дека негова цел е да се изгради систем што ќе обезбеди редовно функционирање на градските услуги. Тој во ...

Делови од Скопје вечерва беа погодени од невреме со пороен дожд и грмежи проследени со силни електрични празнења и молњи. Граѓаните пријавиле силни налети на ветер, а претходно во својата прогноза и Попоски најави дека во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен правец (со брзина од над 60 км/час) електрични празнења и можна појава на град. ...

Пентагон беше затворен денес, а дел од зградата беше евакуиран откако се огласи сензор за опасни супстанции, но подоцна се покажа дека станува збор за лажна тревога, потврдија два информирани извори. Повеќе катови и ходници беа затворени поради „инцидент со опасни материјали“, како што претходно објавија извори и локалната противпожарна служба, пишува CNN. Евакуацијата беше иницирана откако сензорскиот систем на Пентагон сигнализираше за ...

Познатиот биохемичар д-р Томас Колин Кемпбел (93) поминал децении проучувајќи ја врската помеѓу исхраната и здравјето и открил како правилно да се храниме за долг и здрав живот. Неговата филозофија не била фокусирана на лекување на болести, туку на нивно спречување. Тој верувал дека секојдневниот избор на храна има посилно влијание врз здравјето од повеќето други фактори. „Исхраната е повеќе од само храна. Таа е вашата најмоќна алатка за ...

Стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Хофенхајм, Оливер Бауман, чекаше шанса да стане прв голман на германската репрезентација. Откако Мануел Нојер се збогуваше во 2024 година, голманот на Хофенхајм ја искористи шансата меѓу неколку кандидати и ја презеде позицијата број еден. Одличниот голман требаше да биде прв избор на Јулијан Нагелсман и на Светското првенство. Бауман сонуваше за тој момент, но Мануел Нојер лично ...

Три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Холандија денес, кога автомобил удрил во група ученици на училишен велосипедски излет, соопштија локалните власти. Несреќата се случила во близина на селото Фогелварде, недалеку од границата со Белгија, во јужната холандска покраина Зеланд, пренесува Euronews. Според властите, автомобилот удрил во група од 14 деца на велосипеди и двајца возрасни придружници кои учествувале ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ги откажал планираните ракетни напади и бомбардирање на Иран што требаше да се случат вечерва. „Врз основа на фактот дека разговорите со Исламската Република Иран се однесени на највисоките нивоа на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав закажаните напади и бомбардирање на Иран вечерва. Дискусиите и последните точки се ...

Отворањето на нов мост помеѓу Детроит, САД, и Виндзор, Онтарио, Канада, кое беше закажано за петок, е одложено, соопшти денес надлежниот орган на мостот. Во соопштението се вели дека Канада и САД се согласиле да го одложат отворањето на мостот за да ги решат сите отворени прашања, објави Ројтерс. Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека новиот мост ќе им користи на Канаѓаните, Американците, бизнисите, туристите и жителите. ИЗДВОЕНИ Верата, ...

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град го погоди подрачјето на Пријепоље во доцните попладневни часови. Според објавата на Инстаграм страницата на PP media, населбите Коловрат, Ратајска и Равне беа најпогодени, каде што небото се затемни како да е среде ноќ, а беше само 18 часот. „Громови го кинеа небото, додека обилни врнежи од дожд и град за кратко време ги покрија улиците, дворовите и земјоделските површини. ...

Изгаснат е пожарот во викенд населбата Кумлак над градот Штип во кој беше повреден сопственик на викенд куќа спасувајќи си го својот објект од огнените јазици. Пожарникарот од ТППЕ-Штип, Александар Георгиевски кој учествувал во гаснењето на пожарот и спасувањето на сопственикот на викенд куќата вели дека повредниот е со изгореници по екстремитетите и има вдишано чад. Забележува дека денеска имале среќа што е спасен човечки живот. ...

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB) одобри серија историски промени на правилата кои ќе стапат на сила на почетокот од СП 2026. Новите мерки имаат за цел борба против дискриминацијата, намалување на доцнењата и подобрување на темпото на играта, а вклучуваат и проширени овластувања за ВАР и построги казни за неспортско однесување на играчите. Промените официјално ќе важат од сезоната 2026/27, но ќе имаат премиера на претстојното ...

Папата Лав XIV упати силен апел до светските лидери да усвојат похуман пристап кон мигрантите, предупредувајќи дека историјата ќе ги осуди оние кои молчат пред страдањето на луѓето што бегаат од војна, сиромаштија и прогон. За време на посетата на Канарските Острови во Шпанија, еден од најважните мигрантски рути кон Европа, поглаварот на Римокатоличката црква рече дека „човечкото достоинство нема пасош и не ја губи својата вредност со ...

Неколку катови и ходници во Пентагон беа ставени под блокада, а некои вработени беа евакуирани откако безбедносните системи открија проблем со квалитетот на воздухот. Специјализирани тимови за опасни супстанции се на терен, додека американските власти нагласуваат дека станува збор за мерки на претпазливост. Дел од Пентагон беше ставен во блокада во четврток откако системите во зградата открија проблем со квалитетот на воздухот, што предизвика ...

Само неколку часа пред почетокот на Светското првенство 2026, Мексико повторно беше потресено од бран насилства. Пет полицајци загинаа, а уште петмина беа ранети во вооружен напад во западната држава Мичоакан, соопштија локалните власти. Според првичните информации, полициската патрола била нападната од вооружени лица во општината Нахуацен, регион кој со години е познат како едно од главните жаришта на организираниот криминал во земјата. Во ...

Климатскиот феномен Ел Нињо, кој влијае на временските обрасци низ целиот свет, се формирал во затоплувачкиот Тихи Океан и се очекува да порасне до најсилниот досега, соопшти денес Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA). Експертите очекуваат екстремни временски настани низ целиот свет. Дури и пред официјално да биде потврдено, на овој Ел Нињо му беа дадени низа прекари, од „Супер Ел Нињо“ до „Годзила“. Метеоролозите ...

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, поднесе оставка поради плановите на владата за воени трошоци, обвинувајќи ги премиерот Кир Стармер и министерката за финансии, Рејчел Ривс, дека ја довеле во опасност безбедноста на земјата во време на растечки меѓународни закани. Во острата оставка, која дополнително го поткопува веќе кревкиот авторитет на премиерот, Хили рече дека долгоочекуваниот план за инвестиции во одбраната (Dip) не е во ...

Пристигна првата реакција од иранските претставници на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го заземе иранскиот остров Харг и ќе преземе „целосна контрола“ врз иранската нафтена и гасна индустрија во „не толку далечна иднина“. Иранскиот амбасадор во Пакистан, земјата што посредува во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон, Реза Могадам, објави соопштение на социјалните мрежи околу десет минути по пораката на Трамп. ...

Упатен е итен апел до надлежните институции за брза интервенција поради големиот пожар над штипско Ново Село, кој повторно се разгорел и се шири со голема брзина. Граѓаните бараат од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, како и од сите надлежни служби, под итно да бидат ангажирани авионите и хеликоптерите за гаснење на пожарот од воздух. Според сведоштвата од терен, огнот веќе зафатил викендички и се движи низ ...

Фудбалската репрезентација на Англија, позната како „Три лава“, ќе биде заштитена со три безбедносни прстени во нивната база во Соединетите Држави за време на Светското првенство, во најстрогите безбедносни мерки досега видени на еден фудбалски турнир. Хотелот каде што ќе престојува тимот ќе биде тврдина, опкружена со кордон од бетонски бариери и паравани за да се блокира погледот на потенцијалните снајперисти. Ќе се воспостави и зона ...

Соединетите Американски Држави (САД) „ќе извршат жесток удар врз Иран“, се закани американскиот претседател Доналд Трамп, повторувајќи го своето тврдење дека одбраната на Иран е веќе уништена. „Соединетите Американски Држави ќе го удрат Иран (чија морнарица, воздухопловни сили, радари, воздушна одбрана и сите други форми на одбрана со поголемиот дел од нивните офанзивни способности се исчезнати!) многу силно вечерва“, објави Трамп на својата ...

Полицијата на Северна Ирска употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои палеа оган и фрлаа тули, камења и шишиња кон нив за време на втората ноќ на насилство поради бруталниот напад со нож на улица во Белфаст. Новите судири се случија откако 30-годишен Суданец кој влегол во Велика Британија во 2023 година и добил статус на бегалец беше обвинет за обид за убиство и тешка телесна повреда на радиолог, предизвикувајќи ...

Управата за хидрометеоролошки работи објави метео аларм за денеска попладне. Според прогнозата во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и невреме со појава на град. Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. ...

Со Летните олимписки игри во 1968 година и Светското првенство во 1970 година на повидок, Мексико изгради нов национален стадион во средината на 1960-тите. Стадионот „Естадио Ацтека“ беше дизајниран за повеќе од 100.000 гледачи, што го прави еден од најголемите стадиони во светот. За време на изградбата, парите одеднаш исчезнаа. Решението беше уникатно за стадион од таква важност и големина, а неговите ефекти се чувствуваат и денес. Околу 600 ...

Светското првенство во фудбал само што почна, а непосредно пред почетокот избувна голем скандал откако сомалискиот судија,Омар Артан, беше депортиран од САД. ОмарАртан, кој во 2025 година беше прогласен за најдобар африкански фудбалски судија, пристигнал во Мајами со уредна документација и валидна американска виза издадена во амбасадата на САД во Кенија. Сепак, по слетувањето бил задржан дури 11 часа на аеродромот и подложен на детално ...

Филмот „Силјан“, на македонската режисерка Тамара Котевска, ја освои наградата ФИПРЕСЦИ (FIPRESCI) на 66. филмски фестивал „Краков“ во Полска. Станува збор за признание што го доделува Меѓународната федерација на филмски критичари, една од најрелевантните професионални организации во областа на филмската критика. Наградата има особена тежина бидејќи доаѓа од меѓународната критичка јавност и претставува признание за авторската вредност, ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје, денеска, на 11 јуни, во 20 часот, ќе се отвори самостојната изложба на Ненад Тонкин „Простор – тишина“. Изложбата со наслов „Простор – тишина“ на Ненад Тонкин се состои од ахроматски колажни релјефи изработени од архивска fine art хартија од брендот Hahnemühle. Со користење на едноставни геометриски парчиња Тонкин создава комплексни структури и композиции кои дискретно, поради дебелината и нивната ...

Според анализа на „Њујорк тајмс“, Првата светска војна траела точно 1.568 дена, а војната во Украина сега трае вкупно 1.569 дена, што дополнително ги потврдува сличностите меѓу двете војни. Војната во Украина често се споредува со Првата светска војна поради нејзините брутални напади на пешадијата и големиот број човечки жртви. Сепак, идејата дека таа, по која било мерка, може да надмине конфликт толку долг и крвав што француските војници се ...

Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години, повеќе од 200 илјади лица во Европскиот Регион починале од причини поврзани со високата температура. ...

Радосна вест за љубителите на народната песна. Сè е подготвено, така што годинашните „Охридски трубадури“, фестивал кој по 33. пат ќе се одржи на брегот на нашето македонско „море“, во убавиот Охрид, може да стартува. „Охридски трубадури“ не е само обичен музички настан. Тоа е воедно и настан кој ја претставува Македонија во странство. Амбасадор на македонската музика. Фестивал кој ги промовира убавините на Охридското Езеро, старото градско ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.69
89%
1015
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
91%
1020
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.94
77%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.76
88%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.28
91%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.31
91%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
43%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.22
84%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.61
88%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.02
85%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
66%
1019
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.26
86%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Сребро

2072.63

Бакар

12.52

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

51.97

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Платина

53756.05

Алуминиум

3.48

Злато

131337.93