На социјалните мрежи се споделува фотографија од срнче што лежи на асфалтен пат во Маврово, со итен апел за помош од луѓето што живеат во овој регион. – Итно! Има ли некое друштво од Маврово да помогне? – се наведува во објавата споделена пред неколку часа, во групата „Вдоми миленик – спаси живот“. Засега нема потврдени информации за тоа што му се случило на животното, колку сериозни се евентуалните повреди и дали некој успеал да му помогне. ...

Од повеќе од 600 гнездечки парови на Балканот, денес остануваат само меѓу 50 и 55. Демир Капија е едно од значајните живеалишта на египетскиот мршојадец, критично загрозен вид птица, поради што нејзината заштита е важна за неговото зачувување Популацијата на египетскиот мршојадец на Балканот бележи драматичен пад, а зачувувањето на неговите природни живеалишта е еден од клучните предуслови за неговиот опстанок. Според информациите што ги ...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на биосферните резервати, посветен на заштитата на природата и одржливиот развој на заедниците што живеат во неа. Македонија е дел од светската мрежа на биосферни резервати преку прекуграничниот резерват „Охрид – Преспа“, прогласен во јуни 2014 година во соработка со Албанија. Резерватот опфаќа површина од повеќе од 446.000 хектари и претставува едно од најзначајните природни подрачја во регионот. Во ...

Животот е полн со борби, неизвесност и изненадувања, така што колку ѝ да сме умни и внимателни, лесно може да нѐ снајдат разочарувања и лоши животни ситуации. Тие може да ни создадат големи болки и страдања, но и да нѐ натераат да го промениме односот кон самите себе и да сфатиме што ѝ е потребно на нашата душа. Осознавањето на сопствените погрешни постапки, елиминирањето на чувството на вина и прифаќањето на неубавите искуства од минатото се ...

Постојано зборуваме дека Македонија има прекрасна природа, богата историја, традиција, добра храна и гостопримливи луѓе. Сето тоа е точно. Но, туристичката индустрија не се гради со тоа што самите ќе си кажуваме колку сме добри. Туристот не доаѓа затоа што ние мислиме дека сме туристичка дестинација. Доаѓа ако она што го нудиме е чисто, уредено, достапно, безбедно, организирано и конкурентно. Никој нема да патува стотици километри за да гледа ...

И денес, по повеќе од 70 години, голем број македонски, а посебно граѓани на Скопје, не слушнале и не знаат дека уште во текот на 1950 г. во Скопје било формирано првото и единствено воздухопловно претпријатие „20 Мај“. Со неговото формирање бил започнат и процесот за производство на воздухопловни едрилици. Тоа се оние летала што некои граѓани и денес ги нарекуваат авиони без мотор. Својот врвен дострел ова претпријатие го достигнало во 1955 ...

Источната мудрост нуди многу решенија за градење здрава подлога на личноста, за подигнување на свеста, за постигнување мир и хармонија и за справување со емоционалните болки и страдања. За да постигнеме еволуција на свеста, потребно е да практикуваме благодарност, фокусираност, прифаќање, следење на должноста и остварување на дармата (позитивната животна мисија). Практичната вредност на источните учења е насочена кон личната надградба и кон ...

Живееме во земја која има огромно историско и културно наследство, но која денес е потоната во некултура и простотилак, во секојдневно прекројување на минатото и која се дави во омраза и неслога. Реалноста овде не се мери со владини брифинзи за „историски БДП-раст“ и имагинарни стратешки хоризонти, туку на шалтерите каде што правдата е административна тортура, во болниците без лекови, во судските сали каде што владее професионална ...

Во Театар Комедија започнаа пробите за новата хит претстава со наслов „Цуци“, во режија на Александра Кардалевска ,по текст на Онур Озџан. Во претставата играат Жаклина Стевковска, Ева Скендеровска, Елена Кузмановска, Ана Грамосли, Сергеј Димовски, Ненад Ангеловиќ, Виктор Арсов и Јаков Спасов. Инаку, Онур Озџан е турски сценарист, глумец и продуцент. Во последниот период, тој е исклучително активен на театарската сцена во Македонија. Неговиот ...

Македонските компании што тргуваат со Србија, вршат транспорт низ земјата или имаат тековни инвестиции таму ќе продолжат да добиваат поддршка од Стопанската комора на Србија и во периодот на технички мандат на српските институции, до формирањето на новата власт по парламентарните избори. За ова информира Комората за трговија и дистрибуција при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), повикувајќи се на допис од Стопанската комора на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп одржал состанок со својот тим за национална безбедност на кој била разгледувана можноста за продолжување на воените операции против Иран. Според информации на „Фокс њуз“, високите американски функционери потврдиле дека во Белата куќа во изминатите два дена се одржале повеќе разговори за евентуално продолжување на нападите. Трамп најави дека Вашингтон наскоро ќе донесе одлука за следните чекори, при што ...

Рускиот претседател Владимир Путин доби лична порака од иранскиот врховен лидер ајатолахот Моџтаба Хамнеи, која му ја достави шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, за време на ненајавена посета на Москва. Содржината на пораката не беше објавена, но двајцата претставници разговараа за војната на Блискиот Исток, иднината на регионалната безбедност и плановите за изградба на гасовод што ќе донесе руски гас во ...

Српското Јавно обвинителство за организиран криминал соопшти дека се отворени предмети против директорот на БИА, Владимир Орлиќ, и неколку други припадници на Агенцијата, поради сомневања за злоупотреба на службената положба во врска со повреда на избирачките права. Втор предмет е отворен против српскиот министер за правда, Ненад Вујиќ, директорот на Управата за извршување на кривични санкции, Миле Јандриќ, како и против повеќе од 60 други ...

Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи во четвртокот во Брисел за студентските протести во Тирана – кои траат веќе 22 дена – изјави дека демонстрантите одбиваат дијалог и бараат негова оставка, но притоа не изнесуваат јасно дефинирани барања. „Протестирањето не е лесно. Зошто протестирате? ’Не сакаме да разговараме со тебе; треба да си заминеш‘. Извинете, но вие не ми ја дадовте оваа работа. Ајде да разговараме; подготвен сум да ве ислушам. ...

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Чешка ѝ продала на Србија шест авиони за обука и борбени дејства од типот „L-39 Skyfox“, но сепак, од Белград нема официјална потврда за оваа набавка. Говорејќи на конференцијата „Прашки безбедносен дијалог“ во Прага, Бабиш истакна дека авионите можат да се користат за обука на воени пилоти, како и за противдејство против беспилотни летала. „Aero Vodochody“, производителот на авионите, потврди дека до ...

Првиот основен суд во Белград одреди притвор за деветмина поранешни и сегашни припадници на Единицата за обезбедување на одредени личности и објекти (ЈЗО) при Министерството за внатрешни работи (МУП). Тие се осомничени за малтретирање и тортура врз студенти и други граѓани, кои ги однеле во гаражата на Владата на Србија по протестите во август минатата година. Пред два дена, по барање на Првото основно јавно обвинителство, тие првично беа ...

Голема финансиска истрага во Турција, која се однесува на сомнителни трансакции на пазарот на капитал и тргување со акции, влезе во нова фаза. Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена и ставена во притвор под сомнение за прекршување на Законот за пазарот на капитал и за припадност кон организација формирана со цел вршење кривични дела. Налогот за притвор беше издаден од надлежен суд во Истанбул, откако Каја беше ...

Осуммина припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) се уапсени во врска со смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица во Бор, на 7 април 2024 година. Драгијевиќ бил задржан во полициски притвор како дел од истрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ. По налог на јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Ниш, службеници од Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи уапсија ...

Непознати сторители синоќа со автомобил провалиле во трговскиот центар „Меркур“ во Крањ, Словенија, при што украле голема количина накит од една златарница. Според словенечките медиуми, сторителите со автомобил влетале низ влезните врати и продолжиле да возат околу дваесет метри во внатрешноста на објектот, сè додека не стигнале до златарницата. Полицијата интензивно трага по сторителите, пренесува „Словенске новице“. Провалата се случила ...

ФОТО: pexels Светот околу нас е полн со неверојатни факти и неверојатни природни феномени кои честопати ги надминуваат нашите очекувања. Од мистериозните длабочини на океанот до величествените планински венци, нашата планета крие многу интересни работи што ретко ги забележуваме или воопшто не знаеме ништо за нив. Од најдлабоките длабочини на океанот до највисоките планински врвови, светот во кој живееме е полн со прекрасни чуда и мистерии. ...

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски. Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски. Во 2017 ...

Бурнемаут ова лето им соопшти на заинтересираните клубови дека Алекс Скот не е на продажба. Неколку месеци подоцна, тие се подготвени да разговараат за заминувањето на англискиот репрезентативец, кој засега не прифаќа нов договор. Според „Скај Спортс Њуз“, понуда поголема од 80 милиони фунти, плус бонуси, би била сериозно разгледана во јануари. „Тајмс“, од друга страна, наведува дека Бурнемаут го цени својот играч од средниот ред на околу 100 ...

Манчестер Сити неодамна беше прогласен за виновен за кршење на многу правила кога станува збор за финансиите, поради што се очекува клубот од „Итихад“ да биде драконски казнет. Се чини дека и Ерлинг Халанд е свесен за ова бидејќи наводно започнал преговори со клубот каде што сака да ја продолжи кариерата. „Граѓаните“ се жалеа на одлуката дека се виновни за кршење на многу финансиски правила во изминатите повеќе од десет години, но многумина ...

Додека Велика Британија сè повеќе зборува за подготвеност за вонредни ситуации, жените кои со години складираат залихи објаснуваат зошто таквата подготовка не е претерување, туку разумен начин за заштита на своите семејства. Дејли меил пишува дека британската влада ги повикала граѓаните да бидат подготвени за можноста од национална криза. Домаќинствата се советуваат да обезбедат залиха од храна и вода најмалку три дена и да имаат пари при ...

Американецот Џејмс Гејтс од Северна Каролина тврди дека неговата сопруга со месеци користела ChatGPT за да планира како да го отруе, а сега поднел тужба против компанијата OpenAI, обвинувајќи ја дека четботот ѝ давал конкретни совети и инструкции за обидот за убиство. Целиот случај добил бизарен пресврт откако Гејтс ненадејно тешко се разболел во својот дом. Во тој период пронашол рачно напишана белешка на која, покрај список со отровни ...

Хрватска изгуби 63.918 ученици од основно и средно образование во последните 13 учебни години, или 12,5 проценти. Најтешко погодена е Вуковарско-сремската жупанија, каде што бројот на ученици е намален за повеќе од една третина, додека само Градот Загреб и Истра жупанија бележат раст. Податоците од ШеР (Школски е-Рудар) на Министерството за наука, образование и млади покажуваат дека најголем пад на бројот на ученици е забележан во ...

Законските измени кои Владата ги образложува како дел од усогласувањето со европското законодавство се најдоа под силна критика од опозициската Левица, еколошките организации и Младите правници. Главните забелешки се однесуваат на можноста за повторно доближување на тешката индустрија до населени места, слабеењето на механизмите за справување со контаминирани локации и намалувањето на просторот за јавен и институционален надзор Измените на ...

Патничко возило од марката „Фолксваген“ се запали денеска во близина на Католичката црква. Пожарот бил изгаснат со противпожарен апарат, а засега не е позната причината поради која дошло до избувнување на огнот. Засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета. ИЗДВОЕНИ Македонскиот кикбокс е на врвот, но спортските институции не нè вреднуваат како што заслужуваме! “Уплати 10.000 денари, бара син ти во затвор” „Алта ...

Иако летото заврши, многумина повторно сонуваат за море, а едно добро познато место меѓу Македонците може да се пофали со високи температури дури и во ноември. Кипар, особено крајбрежниот град Пафос, е совршен противотров за ноемвриското сивило. Според TUI, температурите достигнуваат до околу 23 степени, а островот нуди топло време, златни плажи и опуштено темпо на живот, што го прави еден од најдобрите одмори во Европа во ова време од ...

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар откри дека последиците од падот на трката во Шпанија се многу поголеми отколку што првично се мислеше. Словенецот имаше пад за време на осмата етапа од Вуелта. Првите медицински анализи покажаа скршеница на седмиот цервикален прешлен, клучна коска и потрес на мозокот. Сепак, последователните прегледи во Словенија открија уште две скршеници. „Всушност, тоа е смешна приказна. Пред две недели бев во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53