Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Путин ќе биде во Пекинг на 19 и 20 мај, а неговиот работен распоред е многу зафатен. Интересно е што Путин не беше пречекан на аеродромот од кинескиот претседател, ниту пак Доналд Трамп, кој неодамна ја посети Кина. Главниот дел од работната посета на претседателот Путин на Кина е закажан за утре и ќе започне со церемонијална церемонија за добредојде на руската делегација на централниот плоштад Тјенанмен во Пекинг. По церемонијата, Путин и ...
Се чини дека и дефинитивно Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид. Тоа ќе биде негово враќање на “Бербнабеу“ по 13 години пауза. Се чека само на официјакна потврда од страна на “кралевите“. Инаку според, ЕСПН, Реал Мадрид тоа ќе го стори по завршување на сезоната и тоа во текот на следната недела. Реал и Мурињо се согласија португалскиот стратег да ги преземе „Кралевите“ по Алваро Арбелоа, кој го наследи Чаби Алонсо. Сега сè што останува ...
Обезбедувачот е идентификуван како Амин Абдула, татко на осум деца, изјави за Би-Би-Си Тазин Низам, портпаролка на Советот за американско-исламски односи во Сан Диего (CAIR-SD). „Фер е да се каже дека неговите постапки беа херојски“, изјави началникот на полицијата во Сан Диего, Скот Вол, на прес-конференција. „Нема сомнение дека денес спаси животи.“ Абдула и уште двајца мажи, идентификувани од CAIR-SD како Мансур Казиха и Надер Авад, беа ...
Спротивно на популарното верување, студијата не откри значајна разлика помеѓу мажите и жените кога станува збор за проценка на сексуалната историја на некој друг. Прашањето што им прави на многу луѓе непријатност – „Колку сексуални партнери сте имале?“ – е повторно во фокусот благодарение на нова студија која даде некои интересни, па дури и донекаде изненадувачки сознанија. Додека повеќето луѓе автоматски претпоставуваат дека големиот број ...
Тој го кажа судбоносното „да“ на приватна церемонија во Аризона на својата нова партнерка, археологот Кет Џарман. Неговата нова сопруга е 43-годишната археолог и водител на подкаст Кет Џарман, со која е во врска од есента 2024 година. Двојката се запознала откако Спенсер напишала рецензија за нејзината книга „Викинзи“. Набрзо започнале разговори, кои прво се развиле во пријателство, а потоа и во љубовна врска. „Неверојатно сме среќни што ...
Министрите за финансии на Г7 ја повторија потребата од повторно отворање на Ормутскиот теснец и од решавање на глобалните нерамнотежи во тековната сметка. Во заедничка изјава, министрите ја потврдија својата посветеност на мултилатерална соработка во справувањето со ризиците за глобалната економија, како и својата посветеност на стабилни енергетски пазари и ги повикаа сите земји да избегнуваат произволни ограничувања на извозот, објави ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, порача дека нема да има намалување на бројот на студентски стипендии и ја обвини СДСМ за манипулација со јавноста. Според Јаневска, бројот на стипендии не се утврдува со закон, туку секоја година се определува согласно со буџетот и потребите на државата. Таа информираше дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се предвидува подобра распределба на стипендиите, со фокус ...
Бугарија се подготвува за организацијата на Изборот за песна на Евровизија 2027, по првата победа на натпреварот. Четири града понудија да бидат домаќини на големото музичко натпреварување. Благодарение на Дара и песната „Бангаранга“, Бугарија ја забележа својата прва победа на музичкиот натпревар во Виена. Сега земјата се подготвува за првата организација на тој натпревар следната година во мај, пишува „БНТ“. Бугарскиот премиер Румен Радев ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети полициските службеници што посетуваат обука организирана од Центарот за обука при Министерство за внатрешни работи и УНФПА, во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3“, поддржан од Британска амбасада во Скопје. Од посетата на министерот Панче Тошковски на полициските службеници што посетуваат обука организирана од Центарот за обука при ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата во посебен ...
Протестите на студентите Албанци во Македонија за правото на полагање на правосудниот испит на нивниот мајчин јазик ги извадија на виделина националистичките политики кои вешто ги користат политичките партии за билдање на нивните рејтинзи. Последниот со барање студентите Албанци да полагаат правосуден јазик на албански јазик помина со промоција и под покровителство на лица од косовската политика кои дел од својата кариера и живот ја поминаа ...
Минатата година, светската јавност беше потресена од веста за смртта на познатиот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава, кои починаа како последица на хантавирус. Потсетувањето на оваа трагедија повторно го привлече вниманието на јавноста по настаните на крстосувачот „MV Hondius“, на кој три лица ги загубија животите поради последиците од вирусот, популарно познат како „глувчешка треска“ но, дијангнозата која ја предизвикала ...
Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, се вели ...
Сегашната ситуација не е одржлива, бидејќи огромен број нови модели се појавуваат на пазарот, додека многу производители продаваат автомобили со минимален профит или дури и со загуба само за да преживеат. Кинескиот автомобилски пазар се соочува со зголемен притисок од жестоката конкуренција, ценовните војни и намалените владини субвенции, а извршниот директор на Xpeng, Хе Сјаопенг, верува дека на крајот ќе преживеат само неколку големи ...
По десет последователни концерти во Сава Центарот, со кои ја одбележа пролетната сезона и собра обожаватели од целиот регион, Јаков најави нов спектакл закажан за 24 октомври. Станува збор за концерт во поставката на Арена 360°, со централна сцена и сите трибини отворени. Пејачот ја сподели веста за големиот концерт со публиката во текот на последната вечер во Сава Центарот, а емотивната најава предизвика ентузијазам кај обожавателите. ...
Производството на руска воена авијација доживува невиден бум: производството на борбени авиони ќе се удвои од 2022 година, објавува списанието „Милитари воч“ (MWM). Парадоксално, главниот финансиски двигател што овозможи експоненцијално зголемување на производството на Су-34, Су-35 и најновите ловци Су-57 не се само потребите на фронтот, туку и уште еден многу важен фактор. Генералниот директор на државната технолошка корпорација „Ростех“, ...
За прв пат во својата историја, фудбалската репрезентација на Украина има странски селектор. Тоа е искусниот стратег Андреа Малдреа. Тој пак пристигнува на местото на легендарниот Сергеј Ребров кој што замина по неуспешниот обид Украина да ја одведе на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Мора да се напомене дека Малдреа пет години беше помошник на Андриј Шевченко кога легендата на украинскиот фудбал беше селектор од 2016 до 2021. Овој ...
Бројот на рецепти за антипаразитски лекови ивермектин и фенбендазол значително се зголеми кај пациентите со рак во САД во текот на 2025 година, откако актерот Мел Гибсон во подкастот на Џо Роган тврдеше дека тројца негови пријатели биле излечени од рак со лековите. Овие резултати се прикажани во нова студија објавена во списанието JAMA Network Open, а подкастот е прегледан на YouTube повеќе од 13 милиони пати. Според истражувачите, иако нема ...
Целта е да се задоволи побарувачката за работна сила во клучните сектори и да се искористи потенцијалот за вработување, а воедно да се подобри квалитетот на работните места, објави Ксинхуа. За да се стабилизира побарувачката за работна сила во клучните сектори, планот предлага развој на производствениот сектор во согласност со локалните услови за да се апсорбираат повеќе работници. Во исто време, Пекинг планира да ја зголеми поддршката за ...
Ветеранот Нејмар е дел од експедицијата на Бразил која што ќе настапи на претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада кој што ќе се одржи летово. Денеска селекторот на Бразил Карло Анчелоти, го објави конечниот список на репрезентативци кои ќе ги поведе на Мундијалот, а на огромно задоволство на бразилската јавност Нејмар се најде на истиот. Тој пак, во присуство на огромен број на членови на неговото семејство, и пријатели, го дочека ...
Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за дрон и ги повика жителите во близина на руската граница да останат во своите домови. Латвиската војска соопшти дека во областа е испратен авион на мисијата за надзор на воздушниот простор на Балтикот на НАТО. Латвиската влада се распадна минатата недела Украина ги засили нападите со беспилотни летала на долг дострел врз Русија во последните месеци, вклучително и во балтичкиот регион. Од ...
Откако стана јасно дека Пеп Гвардиола нема повеќе да биде менаџер на тимот на Манчестер Сити, секако дека светот е во искечување на неговиот наследник. Според медиумите во Англија, тоа е неговиот некогашен помошник Енцо Мареска. Италијанецот наводно веќе има усмен договор со менаџментот на Сити, и имал неколку состаноци на темата. Во игра е тригодишен договор, кој што секако ќе има еден куп опции, и клаузули за евентуалниот успех или пак ...
Објавувањето на списокот на бразилската фудбалска репрезентација под водство на тренерот Карло Анчелоти се претвори во вистински медиумски спектакл. Прес-конференцијата траеше еден час и вклучуваше забавна програма, додека вистинска еуфорија се појави откако италијанскиот стручњак го прочита името на Нејмар. Телевизискиот пренос со нетрпение го следеа милиони Бразилци, а посебни емоции владееја во домовите на играчите кои се надеваа дека ќе ...
Младиот македонски фудбалер Георг Стојановски продолжува да ги освојува симпатиите на навивачите во Бугарија со своите одлични настапи во дресот на Спартак Варна. 22-годишниот напаѓач беше еден од клучните играчи во големата победа на Спартак на вчерашното гостување кај Монтана со 2:0, во важен натпревар од бугарската efbet Лига. Стојановски го отвори резултатот во 25. минута, покажувајќи голгетерски инстинкт и одлична реакција пред ...
Трофејниот италијански тренер Антонио Конте не успеа да го одбрани Скудетото со Наполи, што покрај прилично турбулентната сезона, обележана со скандал по есенскиот пораз од Болоња и недостатокот на авторитет во случајот со Ромело Лукаку, влијаеше врз преиспитувањето на неговата иднина во клубот. Најрелевантните италијански новинари како Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марси објавија дека по неодамнешната средба со претседателот Антонио Де ...
И официјално е објавен составот на репрезентацијата на Португалија, кој што ќе настапи на претстојниот Мундијал кој што летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во него секако на чело се наоѓа сега веќе 41. годишниот Кристијано Роналдо кој што за последен пат ќе настапи на еден Мундијал. Од друга страна пак, португалците се сетија и на трагично загинатиот Диого Жота, кој што постхумно е сврстен во составот кој што патува на овој турнир. ...
Познатиот данско-норвешки евроденс состав, кој стекна планетарна слава на крајот од деведесеттите години, се огласи во понеделникот, 18 мај, преку социјалните мрежи и ја потврди одлуката која натажи милиони обожаватели ширум светот. Членовите на бендот истакнаа дека сега е „вистинскиот момент за збогување“ и дека сакаат да стават точка на нивната приказна додека спомените се сè уште свежи и убави. Крај на една ера Групата која во 1997 ...
Јакуб Јан Конкел (40) во понеделникот беше осуден на 13 години и шест месеци затвор, бидејќи криел големо количество дрога во камион што превезувал 28 палети облека од „Skims“ од Холандија, соопшти Националната агенција за криминал. Конкел, кој е од северна Полска, бил запрен од граничната полиција во пристаништето Харвич во Есекс, Англија, додека пристигнувал со траект минатиот септември. По рендгенска проверка на возилото, истражителите ...
Да се живее долго и да се остане што е можно поздрав е речиси универзална желба, а познато е дека, освен гените, за тоа придонесува и начинот на живот кој вклучува здрава исхрана, вежбање и социјални контакти. Меѓутоа, ова истражување за првпат го поврза факторот на благодарност со долговечноста. Истражувачите од Harvard T. H. Chan School of Public Health открија дека факторот на благодарност го намалува ризикот од смрт за дури девет ...
Новата соработка на Своч (Swatch) и луксузната куќа Одемар Пиге (Audemars Piguet) предизвика вистинско лудило ширум светот. Колекцијата „Royal Pop“, инспирирана од легендарниот модел Royal Oak, се продаваше по цена од околу 400 евра, но пред продавниците уште првиот ден се создадоа огромни редици, тепачки и беа забележани интервенции на полицијата. Колекција која предизвика светска хистерија Своч и Одемар Пиге ја претставија колекцијата ...