Дваесет и осумгодишно момче загина откако се здобило со тешки повреди при сеча на дрва, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, момчето починало на пат кон болницата. „На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од село Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ ...

Општинското кривично државно обвинителство во Загреб подигна обвинение против 58-годишен државјанин на Северна Македонија, кој се товари дека лажно претставувајќи се како лекар измамил шест лица за вкупно 41.400 евра, објави хрватскиот портал Индекс. Според обвинението на Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ), кривичните дела биле извршени во јуни и јули 2025 година во Загреб, при што обвинетиот дејствувал заедно со засега ...

Унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот со кој се прекинува мандатот на претседателот на државата, Тамаш Шујок. Новата власт предводена од премиерот Петер Маѓар го смета претседателот за еден од главните заштитници на системот на поранешниот премиер Виктор Орбан. За промената гласаа 139 пратеници на владејачката партија Тиса, која на изборите на 12 април освои двотретинско мнозинство. Пратениците на Орбановиот Фидес ја ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...

Гигантите на светскиот фудбал, Шпанија и Франција, вечерва ќе се борат во Далас за место во финалето на Светското првенство. Судирот ќе биде помеѓу актуелните европски шампиони и актуелните светски вицешампиони, а тензијата расте секој час. Ова е емотивен турнир за Дидие Дешамп, бидејќи тој ја напушта клупата на Франција по 14 години. Победата би му обезбедила на неговиот тим трето последователно финале на Светското првенство. Иако Шпанците ...

Синот кој го уби својот татко му нанел повеќе од 30 убоди со нож во вратот и во градниот кош, објави Основното јавно обвинителство Скопје. За 30-годишниот осомничен е побаран притвор, а против него е отворена истражна постапка за убиство. „Осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го ...

На албанскиот премиер Еди Рама, според она што можеше да се забележи за време на директниот телевизиски пренос, најверојатно му се слошило за време на големата воена парада во Париз, организирана по повод Денот на падот на Бастилја. Додека меѓународните државници на свечената трибина стоеја, Рама остана на своето место и неколку моменти седеше. Подоцна се обиде да стане, а во тоа му помогна неговата сопруга Линда Рама, која се наоѓаше веднаш ...

Град Скопје соопшти дека градежните работи се одвиваат според планираната динамика, а по завршувањето повеќе од 100.000 жители ќе добијат модерен булевар со четири ленти, велосипедски и пешачки патеки. Градежните работи на булеварот Борис Трајковски кон Драчево се одвиваат со засилено темпо, а трасата е речиси целосно пробиена, соопштија од Град Скопје. Станува збор за еден од најголемите инфраструктурни проекти во главниот град, кој со ...

Пресудата е директна последица на измените во Кривичниот законик ставени во сила во време на власта на СДСМ и ДУИ со кои примарно се врши скратување на рок на одоговорноста за власта и функционерите на СДСМ и ДУИ. Судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“, за пречекорување на службени ...

Умор, болки во зглобовите, осип и дигестивни пречки можат да личат на многу други состојби, поради што патот до дијагнозата на автоимуна болест често трае со месеци, па дури и со години. Годините на трагање по дијагноза не се реткост кај автоимуните болести. Уморот, болките во зглобовите, проблемите со варењето или осипот во почетокот често се поврзуваат со стрес, вирусни инфекции или хормонални промени, поради што патот до вистинската ...

Царините беа клучен дел од економската политика на претседателот Доналд Трамп откако тој ја презеде функцијата минатата година, но судот поништи голем дел од нив во февруари, објавува „Гардијан“. Според објавените податоци, Соединетите Американски Држави исплатија 81 милијарда долари поврат на царини во текот на тековната фискална година, која започна во октомври 2025 година. За споредба, само 5 милијарди долари беа исплатени во истиот ...

Тројца членови на криминалната група Беланоца денеска се осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, јави Телма. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Третиот обвинет е осуден на 4 години за ...

Европската Унија донираше 16 возила и опрема во вредност од 700.000 евра на Државниот инспекторат за транспорт. На денешната промоција на возилата присуствуваа вицепремиерот Александар Николоски и евроамбасадорот Михалис Рокас. – Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија. Ако претходно вредните луѓе кои работат во инспекторатот се обидуваа колку што можат да ја покријат територијата на државата, по оваа ...

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против тројца управители и сопственици на една компанија, како и против самата фирма, поради сомнение за даночно затајување. Според соопштението, осомничените во април 2024 година договориле и реализирале продажба на линија за производство на кабли во вредност од 14.514.000 денари, но трансакцијата не била внесена во сметководствената евиденција ...

Светското првенство стигна до своето финале. По 100 натпревари, само четири екипи остануваат во борбата за титулата, а до крајот на турнирот остануваат само четири натпревари. Во полуфиналето ќе се сретнат Франција и Шпанија, и Англија и Аргентина, а цените на билетите за финалето достигнаа астрономски износи. Во полуфиналето ќе се сретнат Франција и Шпанија, дуел кој се игра денеска во Далас, како и Англија и Аргентина, кои ќе играат еден ...

Требаше да биде најсреќниот ден во мојот живот. Со сопругата собравме 25.000 евра за да купиме нов автомобил од Германија и отидовме на патување со моите пријатели. На крајот, речиси нè убија во близина на Грац, завршивме во болница, ограбени, а добивме и сметка од болницата. Никој од амбасадата или од други институции дури и не праша за нас - Д.В., потресен жител на Загреб, ја раскажува својата животна приказна за порталот Јутарњи. Тој и ...

Во тек е најсеопфатниот надзорен мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во сливот на реката Вардар, најзначајниот воден ресурс во државата, кој опфаќа повеќе од 80 проценти од сите водни тела. Активностите ги спроведуваат стручни тимови на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кои вршат теренски мерења, земање примероци од површински и подземни води и лабораториски анализи на вкупно 170 локации. Мониторингот се реализира ...

Во Министерството за здравство денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за здравство од досегашниот министер Азир Алиу на новоименуваниот министер за здравство, Сашо Клековски. -На средбата се разговараше за досегашните проекти, тековни процеси и активности кои во изминатиот период беа во фокусот на Министерството, информираат од Министерството. Собранието го избра Сашо Клековски за нов министер за здравство, како кандидат на ...

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.561, додека повеќе од 20.000 луѓе се сместени во привремени кампови, соопшти претседателот на Националното собрание на таа земја, Хорхе Родригез. Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Државна помош добија 128.324 семејства, а во земјата беа формирани 107 привремени кампови во кои се ...

Најпознатата алатка од компанијата за вештачка интелигенција Open AI, четботот ChatGPT, троши околу 17,23 терават-часови (TWh) електрична енергија годишно, што е повеќе од целата потрошувачка на Словенија. Според истражувањето на Универзитетот во Род Ајленд, алатката ChatGPT троши околу 0,189 киловат-часови по барање, а годишната потрошувачка се базира на пресметката дека 810 милиони активни корисници поставуваат просечно 22 прашања неделно, ...

Кратките видеа на платформи како TikTok, Instagram Reels или YouTube shorts постепено стануваат секојдневен дел од животот на децата. Она што порано беше повремена забава, сега го обликува начинот на кој младите луѓе комуницираат, се релаксираат и ги формираат своите мислења. Иако може да има позитивни страни во ова, експертите предупредуваат дека негативните ефекти често се занемаруваат - и дека возрасните не смеат да дозволат ова да се ...

Бугарија се повлекува од коалицијата на земји кои ѝ даваат поддршка на Украина во одбрана од руската агресија, објави претседателот Румен Радев, пренесе БГНЕС. Со овој потег, Бугарија дополнително се дистанцира од мнозинството членки на Европската Унија кои ја поддржуваат Украина, оценува Блумберг. Радев, кој е познат како гласен критичар на испраќањето воена помош на Украина, постојано ги отфрла обвинувањата дека зазема проруски став во ...

Е-трговијата во Македонија во првиот квартал од 2026 година бележи рекорден раст, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Македонските граѓани и странците потрошиле вкупно 16,3 милијарди денари, односно 265,9 милиони евра онлајн во првите три месеци од годинава, што претставува скок од 18,1% во однос на истиот период лани. Воедно, бројот на реализирани онлајн набавки пораснал на 7,6 милиони трансакции. Од вкупната сума, најголемиот ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години реализирала и започнала 60 спортски инфраструктурни проекти во вкупна вредност од над 21 милион евра, соопшти денеска владејачката партија, оценувајќи дека спортот повторно е поставен меѓу националните приоритети. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека инвестициите во спортската инфраструктура не претставуваат само изградба и реконструкција на објекти, туку и вложување во младите генерации и ...

Катастрофалниот неуспех на филмот „Мегалополис“, во кој тој инвестираше свои пари, го доведе легендарниот режисер Френсис Форд Копола (85) на работ на егзистенцијата. Откако изгуби милиони долари на проект што го нарече „филм на својот живот“, режисерот на легендарната филмска трилогија Кум и добитникот на Оскар беше принуден да продаде уште еден дел од своите ценети поседи. Овој пат станува збор за приватен остров во малата тропска земја ...

Со намера да им стави крај на фотките во боите на Колумбија, Софија одлучи да објави нешто многу посекси и елегантно. Сексапилната Софија објави фотографии на кои позира во долг, шарен фустан со интригантен исечок кај градите. Овој пат, таа имаше посебна причина за славење: го одбележуваше својот 54-ти роденден. Фустанот привлече најголемо внимание, секако поради истакнатите облини на Софија, фустанот ги истакна сите атрибути на „жешката“ ...

Санкциите наметнати врз Русија предизвикаа директни загуби за американските бизниси од над 100 милијарди долари во 2025 година, изјави Роберт Ејџи, претседател на Американската стопанска комора во Русија (AmCham), во интервју за телевизијата RTVI. „Проценивме дека директната штета е повеќе од 100 милијарди долари, а вкупната загуба е речиси 300 милијарди долари, ако ја вклучиме и потенцијалната штета врз одредени бизниси“, рече Ејџи. Тој ...

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. „Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик. Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна ...

Осумнаесет нови возила, донација од ЕУ, беа промовирани денеска, а кои се за потребите на Државниот инспекторат за транспорт. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија, посочувајќи дека сега вработените ќе може да ги има на секоја точка од државата. -Со овие 16 специјално опремени патнички моторни возила, и две ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
6.0
64%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
83%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.61
55%
1013
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
88%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
72%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 22ᴼ
0.51
84%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
50%
1011
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
68%
1013
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
67%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 20ᴼ
0.0
100%
1010
Currency

61.5217

Currency

53.1512

Currency

71.8922

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Бакар

13.19

Рутениум

53852.50

Злато

141161.07

Родиум

282926.57

Сребро

2096.79

Калај

56.46

Платина

56231.66

Кобалт

56.29

Паладиум

41828.12

Алуминиум

3.26