Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Зградата на претседателството во Бугарија утрово била евакуирана по дојава за бомба, објави „Новините“. Претседателството добило порака со предупредување за можно поставена експлозивна направа, по што властите ги активирале стандардните безбедносни процедури за вакви ситуации. Вработените биле евакуирани од зградата, соопшти кабинетот на претседателката Илијана Јотова. По темелна проверка, не биле пронајдени сомнителни предмети, а ...
Македонија нема да го исполни рокот за усвојување на новиот Изборен законик, а поради блокадите од опозицијата државата ќе остане без 4,2 милиони евра, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој посочи дека 15 јули бил последниот рок за усвојување на изборната реформа, но на денешната пленарна седница Изборниот законик воопшто не се нашол на дневен ред. Според Стојаноски, тоа значи дека Македонија нема да ја исполни една ...
По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го ...
Владата останува посветена на политиките во однос на цените на горивата во насока на подобар стандард за граѓаните, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река, во Општина Сарај. Осврнувајќи се на новите воени интервенции во Заливот од страната на САД и Иран и повторното затворање на Ормуската теснина, нагласи дека повторно сме пред ...
Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнување на темата предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. -Опозицијата е оптеретена бидејќи често пат кај нив Фројд работи и тоа е нивен најголем проблем. Мојот став е јасен, оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме фокусирани на тој мандат да го испорачаме она кое граѓаните го очекуваат од нас. Но, се разбира доколку сме предизвикани, ние сме тука, подготвени ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев се огласи по лишувањето од слобода на Александар Лазаров – Цуна, бегалецот од полициската станица во Кочани. Цуна беше уапсен вчеравечер во Скопје. -Овој случај уште еднаш потврди дека секој што бега од правдата порано или подоцна се соочува со законот. Никој не е недопирлив и никој не може трајно да избега од одговорност. Како институција, целото наше колективно и индивидуално ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање ја коментираше вчерашната ослободителна пресуда во случајот „Талир 2“. -Во тој период ВМРО-ДПМНЕ беше под политички прогон и еден вид агресија би рекол од страна на претходната влада, измислија случаи што не постојат Талир 1 и Талир 2. Вчера конечно судот, што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, донесе пресуда која е во согласност во правдата и сето она кое ...
Арсенал би можел да биде предмет на еден од најголемите трансфери на европската фудбалска сцена ова лето. Според познатиот новинар Бен Џејкобс, „топџиите“ ја разгледуваат можноста да го вклучат Виктор Ѓокерес во потенцијален договор за размена со Атлетико Мадрид за да го доведат Хулијан Алварез на „Емирати“. Интересот на Арсенал за аргентинскиот напаѓач не е ништо ново, а најновите информации сугерираат дека Алварез веќе ги известил ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати апел за зрелост до опозициските партии, повторувајќи го предлогот до опозициските партии за надминување на политичкиот ќорсокак околу измените на Изборниот законик. Тој повтори дека владината коалиција е подготвена бланко да го поддржи предлогот на опозицијата, под единствен услов – во него да биде гарантирано правото на глас на македонската дијаспора. Мицкоски упати сериозни критики за досегашното ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата ја доведува во заблуда јавноста кога тврди дека измените на Изборниот законик се поврзани со европските интеграции, посочувајќи дека тоа јасно го потврдила и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ова прашање заслужува коментар бидејќи е важно за граѓаните и за државата. „Не мора мене да ме слушаат, јас сум ...
Семејството без бунтовникот Бруклин се собра во Мајами за посебниот ден на нивната сакана. За овој важен ден, тие го избраа омилениот луксузен италијански ресторан „Сант Амброзус“ во Вест Палм Бич. На роденденската свеченост на Харпер покрај Дејвид и Бикторија беа и браќата на Харпер Ромео и Круз, повторно недостасуваше Бруклин Бекам . Меѓу гостите беа блиски семејни пријатели, како што се познатиот фризер Кен Павес, Џеки Апостел и Ким ...
Властите се во потрага по мечка која влегла во домот на постара двојка и им го ограбила фрижидерот. Се сомнева дека истото животно може да биде одговорно за 14 провали во јапонскиот град во текот на изминатите две недели. Во понеделник вечерта, 87-годишниот Мицуо Мацубара се сретнал лице в лице со голема азиска црна мечка откако отишол да истражи бучава што доаѓала од кујната. Фрижидерот бил отворен, а храната била расфрлана по подот. ...
Претстојниот полуфинален судир меѓу Аргентина и Англија е преполн со тензии и мноштво интригантни приказни. Среде историското ривалство и битката меѓу ѕвезди како Џуд Белингам и Лионел Меси, еден играч има можност да постигне личен триумф – голманот Емилијано „Дибу“ Мартинез. Голманот од Мар дел Плата е на чекор да стане аргентинскиот голман со најмногу настапи во историјата на Светските првенства. Доколку излезе на теренот против Англија, ...
ФИФА ќе почека до крајот на Светското првенство пред да воведе какви било санкции врз играчите и тренерите кои го довеле натпреварувањето на лош глас со критикување на судиите. Судиите беа под жестоки критики за време на турнирот, вклучително и од селекторот на Англија, Томас Тухел, швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи и селекторот на Египет, Хосам Хасан. ФИФА не сакаше да коментира за тековните или потенцијалните дисциплински постапки, но ...
ФИФА потврди импресивна забавна програма за церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година. Цела плејада од светски музички познати личности ќе се качат на сцената пред големото финале во недела, 19 јули, на стадионот во Њујорк, Њу Џерси. Церемонијата ќе го означи кулминацијата на турнирот, опишан од ФИФА како најголемото Светско првенство во историјата. Тоа ќе биде прослава на патувањето на сите 48 земји учеснички во трите ...
Цената на нафтата продолжи да расте и денеска откако САД започнаа уште еден бран напади врз Иран и ја вратија својата поморска блокада на иранските пристаништа во близина на Ормускиот Проток. Нафтата од типот Брент денеска достигна цена од 85,24 долари за барел, додека суровата нафта се искачи на 80 долари. Американските сили таргетираа десетици воени средства по должината на крајбрежјето на Иран и во близина на стратешкиот воден пат за ...
Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, ...
Коментарите во интервју за „Фокс њуз“ беа емитувани додека двете земји разменуваа оган четврти ден по ред. Трамп претходно ја поништи заканата за воведување такса од 20% за целиот товарен превоз низ Ормутскиот теснец, но продолжи со блокадата на иранските пристаништа. „Следната недела ќе биде навистина лошо за нив“, рече Трамп. „Ќе ги срушиме сите нивни електрани. Ќе ги срушиме сите нивни мостови освен ако не седнат на маса и не ...
Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По него беше распишана меѓународна потерница. „На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше ...
ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 ...
Шпанија е е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во кој целосно доминираа, Шпанците стигнаа до своето второ финале во историјата на натпреварувањето. Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го коментираше натпреварот. „Тешко е да се каже што чувствуваме, но тоа е чиста среќа. Оваа група играчи е исклучителна. Сè уште треба да направиме еден чекор. Се создаде многу ...
Титаник, брод пред своето време, потона на 15 април 1912 година во ледените води на Атлантскиот Океан. Еден детал и денес ги интригира научниците и историчарите: стаклените шишиња шампањ кои, повеќе од еден век по потонувањето, останаа целосно недопрени на дното на океанот. Дебатата меѓу историчарите и научниците повторно оживеа по страдањето на експерименталната подморница „Титан“ на компанијата „Ocean Gate“, која доживеа катастрофална ...
Веќе втора година, по повеќе од три децении успешно партнерство, Македонски Телеком е без финансиско и партнерското учество во „Охридско лето“, најзначајната и најтрајната македонска културна манифестација со 66-годишна традиција. Овој потег предизвика загриженост кај културната јавност, особено во моменти кога фестивалот со успех продолжува да ја промовира македонската култура и идентитет на меѓународната сцена. На местото на долгогодишниот ...
На вчерашното рочиште во предметот против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари, вештак на Министерството за внатрешни работи изјави дека ДНК-материјалот пронајден на фолиите во кои биле завиткани 350.000 евра, пронајдени во ѕид од куќата на родителите на Ристов, не е контаминиран. Со ова, вештакот ги отфрли тврдењата на одбраната, која претходно посочи дека при вештачењето на еден од експертите му се ...
Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, го коментираше натпреварот. „Играчите се скршени, но мора да бидеме реални, технички бевме инфериорни. Наша е вината. Но, јас ќе го поставам прашањето: дали судијата беше на ниво на судење за полуфиналето? Нема самиот да одговорам на тоа прашање. Имаше многу контроверзни ситуации… Но, примарната ...
Рано утринава, американските вооружени сили повторно воведоа блокада на иранските пристаништа како директен одговор на неодамнешните напади на Техеран врз трговски бродови кои се обидуваат да минат низ Ормуската Теснина. Иран веднаш изврши нови воени удари врз земјите во регионот каде што се стационирани американски трупи, Бахреин и Кувајт. Обидите на двете страни да воспостават воена контрола врз овој клучен поморски премин, низ кој во ...
Шпанија ја победи Франција (2:0) во полуфиналето на Светското првенство. Шпанија сега го чека победникот од натпреварот помеѓу Аргентина и Англија во неделното финале. Французите, особено нивниот селектор Дидие Дешамп, се огорчени од судењето на Иван Бартон (35) од Салвадор. Тие тврдат дека пеналот од кој Шпанија поведе бил досуден премногу строго. Лукас Дињ, обидувајќи се да ја исчисти топката, го удри Ламин Јамал, кој се прикраде зад него. ...
За полесно да изберете идеално место за бегство од секојдневието, порталот we3travel истражува различни аспекти од одморот на море и планина. На вас е да изберете што најмногу ви одговара. Звукот на брановите смирува Малку што може да го надмине чувството на песочна плажа додека ритмичкиот шум на брановите ги смирува сетилата. Звукот на морските плисоци во брегот делува како природен звучен пејзаж поттикнувајќи состојба на длабок мир. Не нè ...
Софија Вергара го прослави својот 54-ти роденден во Италија и преку фотографиите од патувањето уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во Холивуд. Актерката своите роденденски моменти ги сподели на Инстаграм, каде посебно воодушевување предизвика кадарот каде таа позира на јахта во црвено бикини, со препознатлив пејзаж од италијанскиот брег. Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, позира во едноставен црвен костим за ...
Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен, дознава „Скопје1“ од свои извори во Министерството за внатрешни работи. Според информациите, Лазаров бил лоциран во Скопје, каде што бил уапсен од полициски службеници, со што заврши потрагата по него. Иако по бегството беше распишана и меѓународна потерница, тој е пронајден на територијата на ...