Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Челзи официјално го објави потпишувањето на договорот со искусниот напаѓач Дени Велбек. 35-годишниот фудбалер се сели на Стемфорд Бриџ од Брајтон. Договорот е со важност до 2028 година, а англискиот репрезентативец, кој има 42 настапи за „Трите лава“, ќе му се придружи на тимот на Чаби Алонсо за предсезонската турнеја на тимот. „Кога ќе слушнете за интерес од Челзи, тоа ве исполнува со огромна гордост“, рече напаѓачот. „Познавајќи ја ...
Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на вашето семејство, особено децата, ...
Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за ...
Реал Мадрид одигра само нерешено 2:2 против Фиорентина во вториот пријателски меч во рамките на подготовките за сезоната 2026/2027 заврши. Натпреварот се одигра на стадионот „Вертерзе“ во Клагенфурт, Австрија. Напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, го постигна првиот гол на натпреварот во 12-тата минута. Алексис Сириа го дуплираше водството на „Лос Бланкос“ во 24-тата минута. Потоа следуваше период во кој „виолетовите“ возвратија. Напаѓачот на ...
Анѓелка објави видео со натпис „Разгледница од море. Поздрав од брегот“, на кое се гледа како таа оди боса во бикини по карпеста плажа. Поради острите камења, секој чекор изгледа како мал танц, што ги поттикна многумина на шега да коментираат дека таа изгледа како да игра оро. Објавата предизвика бројни позитивни реакции, а следбениците не штедеа пофалби за нејзиниот изглед, природност и смисла за хумор. „Жена со природна убавина и одлично ...
Актерот и музичар Џаред Лето се најде во центарот на вниманието по емитувањето на документарниот филм на Би-би-си, „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“, во кој десет жени изнесоа обвинувања за несоодветно и недозволено сексуално однесување во периодот меѓу 2002 и 2016 година, додека четири жени го обвинуваат добитникот на „Оскар“ за сексуални престапи. Лето категорично ги негираше сите обвинувања, изјавувајќи дека никогаш во животот не ...
Наполи денеска го слави својот 100-ти роденден. Во чест на годишнината на клубот, во градот е планирана голема празнична програма. Навивачка парада ќе се одржи низ улиците на Неапол, а камбаните на 100 цркви ќе бијат истовремено. Исто така, ќе се одржи и церемонија на која ќе учествуваат легенди на клубот. Илјадници бесплатни парчиња пица Маргарита ќе им бидат поделени на жителите и посетителите. Значајните места на Неапол ќе бидат осветлени ...
Еден од најдобрите фудбалери во последната декада во светот, египќанецот Мохамед Салах многу веројатно се сели во Турција и ќе го облече дресот на Трабзонспор. Турските медиуми се полни со текстови на оваа тема, а дел од нив велат дека тој сепак оди во Бешикташ. Едно е сигурно дека турските гиганти се подготвени да влезат во „војна“ за услугите на фудбалерот кој одбележа цела декада во дресот на еден од најголемите клубови во светот, ...
Ова го покажуваат јавните евиденции на регистрирани гласачи во Пенсилванија, каде што Сури моментално студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Таа се регистрирала во округот Алегени како Сури Ноел; медиумот напоменува дека, според законот, жителите мора да ги користат своите законски имиња при регистрацијата за гласање. Исто така, се наведува дека Сури – која наскоро ќе настапи во претстава по дело на ...
На 72- годишна возраст во Скопје почина Исмаил Бојда (Боја), долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија. „Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен претседател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекст неговите дела ќе останат како ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар му ги предаде клучевите од социјалниот стан на едно семејство, со што симболично ја пушти во употреба новата социјална зграда. Со пуштањето во употреба на новиот станбен објект во Дебар, 47 семејства и поединци од ранливите категории добија сопствен дом. -За мене претставува посебна чест и задоволство што сум денеска тука во Дебар и имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите ...
Бизнисменот Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК, се врати во Македонија, изјави неговиот адвокат Марјан Николоски за ТВ 24 Тој вели дека непотребно се кренала паника зошто судот му го вратил пасошот. – Тој е веќе во Битола со своето семејство, ги заврши обврските во Србија. Ги заврши работите во Србија за кои што и го баравме пасошот. Чекаме да почне судењето за да ги расчистиме работите, ние не бегаме од судење – ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е при крај и дека очекува уште денеска граѓаните да добијат вода безбедна и за пиење. Според него, во моментов се спроведува процес на хиперхлорирање што го изведуваат експерти од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, а секојдневно се земаат мостри и се прават анализи. -Веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во ...
- Грчките цариници можеби не се во официјален штрајк, но во бел се сигурно. Мислам дека дури и намерно се изживуваат на овие пеколни температури, вели Лидија Горачинова-Илиева, професорка на Универзитетот во Штип. - Два часа во колона, се движиме со брзина на желка и сѐ уште не ја гледаме границата. Да ти преседне одморот и да не ти текне уште еднаш да отидеш во Грција, вели таа откако вчера се најде во огромните колони на граничниот премин ...
Од продажбата тој заработи 54.000 евра. Станува збор за трофејот што секој играч го добива – покрај медалот – за освојувањето на Светското фудбалско првенство. Тој ја објасни својата одлука на „Снепчет“ (Snapchat): „Дали е тоа мој трофеј или ваш? Мој е и можам да правам со него што сакам. Ми зафаќаше многу простор во плакарот. Имам уште работи што можам да ги продадам“, рече Менди, покажувајќи ги своите полици полни со медали и трофеи. А ги ...
Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој што клубот го ини 22 милиони фунти, плус дополнителни пет милиони за евентуални бонуси. Младиот 22. годишен дефанзивец потпиша дил на пет години. Силва има нешот помалку од 200 настапи за Бенфика во изминатите сезони, и одлична статистика, но сепак, не доби и повик ...
Повеќе пари на сметка во банка имаат граѓаните и фирмите отколку што е државниот буџет (6,2 милијарди евра), и тоа скоро дупло од државата и парите постојани им се зголемуваат. Граѓаните и компаниите во текот на јуни дополнително ги зголемиле своите заштеди во банките, при што вкупните депозити достигнале 10,98 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Само во текот на јуни депозитите се зголемиле за 224 милиони евра, ...
Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ ормуска теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба. Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри ...
Во животот на најголемата ѕвезда на француските шансони имаше драма и мелодрама, сиромаштија и екстраваганција, живот на улица и светска слава. Тоа е дел од нејзиниот идентите кој никој потоа не ги повторил а не го ни надминал. Ѕвезда и пт каков нма во музиката веќе со децении. „Не, не жалам за ништо... Сè е платено, избришано, заборавено откако бев со тебе“, се зборовите на песната „Je ne regrette rien“ од француската шансонерка Едит Пјаф. ...
Според државната служба за вонредни состојби на Украина, бројот на жртвите изнесува најмалку девет. Повредени се 23 лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на телеграм објави дека градот утрово е нападнат со балистички ракети. -Експлозии одекнуваат во градот. Киев е нападнат со балистички ракети. Скријте се во засолништата за бомби, наведе Кличко. Градови беа цел на обемен руски напад. Според украинските власти, низ целата земја тогаш ...
Во премиерлигашката пресметка далеку од дома, дури во Австралија, екипата на Тотенхем со 2:1 славеше над тимот на Челзи. Со тоа, е овојувач на популарниот Сиднеј куп. Со новиот менаџер на клупата, Де Зерби, Тотенхем успеа да стигне до првиот трофеј. Иако секакос е работи за пријателски турнир, во подготвителниот период сепак, е добро да се создаде победничка атмофера во тимот. Челзи стигна до водство во 21. минута преку Естевао, а Тонали ...
Набргу откако почна концерот на Дино Дервишхалидовиќ, или Дино Мерлин, најмалку иљада сараевчани извикуваа Дино лопове! Пејачот накусо го прекина настапот за да слушне што се извикува и продолжи. Повиците доаѓаа однадвор... По хаосот и скандалот што се случи синоќа, за време на првиот концерт на Дино Мерлин во Кошево во Сараево, и проневера на неколку илјади билети, објавија организаторите. Иако им требаше време, како една од причините за ...
Бугарски и странски сопственици на станови во комплексот во близина на Царево тврдат дека нивните станови биле ограбени, дека бравите биле сменети и дека нивните имоти биле издавани под наем без нивно знаење, според истрагата на бугарската телевизија НОВА. Меѓу жртвите било и семејство со тригодишно дете кое резервирало стан преку интернет, но на третиот ден од нивниот одмор, полицијата ги посетила и ги информирала дека престојуваат ...
Во поранешната заедничка држава, Југославија, буквално секое семејство или вработен можеше да замине на одмор на море. Без денешните луксузи и брендирани папучи но, со луѓе околу себе кои комуницираат, се дружат, соработуваат и уживаат. Безбедно, ефтино и по избор. Се заминуваше на одмор според личен избор, се одеше семејно со мали цени преку синдикат од фирмата, преку младински организации, играорни друштва, спортски тимови за млади, преку ...
Најмалку 77 лица загинаа обидувајќи се да стигнат до шпанската енклава Сеута, откако дури 50.000 мигранти влегле на оваа мала територија од Мароко, пренесува „Скај њуз“. Шпанскиот премиер Педро Санчез оцени дека станува збор за „повреда на територијалниот интегритет на Шпанија“. Масовниот прилив на мигранти, кој се случи за само 24 часа, го преплави градот со околу 85.000 жители, предизвика политичка криза во Мадрид и доведе до поделени ...
Сега веќа и дефинитивно се знае дека Маркус Рашфорд заврши со Барселона. Ова го потврди и Ханси Флик, стратегот на шампионот во Ла Лига. Каталонскиот клуб се подготвува во Англија, каде што синоќа го одигра својот прв пријателски натпревар, а противник им беше Бирмингем. Стадионот во Бирмингем беше полн до последното седиште бидејќи доаѓањето на Барселона во овој град предизвика огромно внимание иако Блауграната настапи на синоќешниот ...
Претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без пресретнувачки ракети за своите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ по уште еден голем руски напад во текот на ноќта, истакнувајќи дека била соборена само една балистичка ракета. . Според украинските власти, најмалку девет лица загинале, а повеќе од 30 биле повредени само во Киев. „Службите за итни случаи сè уште гаснат повеќе пожари што избувнаа во главниот град и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар присуствуваше на доделувањето на клучевите за новите 47 социјални станови, со што беше означено пуштањето во употреба на новиот станбен објект наменет за повеќе семејства. Мицкоски им посака на корисниците на становите здравје, среќа и домовите да им бидат место за мир и сигурност, најавувајќи дека Владата ќе продолжи со инвестиции во вакви проекти. -За мене претставува посебна чест и задоволство ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека актуелната состојба со водата за пиење во Гостивар е последица на, како што велат, долгогодишна негрижа на локалната власт предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, тврдејќи дека со години постоеле официјални анализи кои укажувале на неисправност на водата. На прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски изјави дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нема кредибилитет да ја критикува состојбата ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вила „Билјана“ во Охрид оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. „ Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог“, пишува ...