Цената на една топка сладолед во десетте анализирани земји се движеше од приближно 1,15 до 4,10 евра. Разликите зависат од градот, локацијата на продажното место, видот на слаткарницата, големината на порцијата и вкусот. На споредбата влијаат и промените во девизниот курс, бидејќи цените од земјите надвор од еврозоната се прерачунати во евра. Податоците се засноваат на цените што ги собраа новинарите на Еуроњус и на неодамна објавените ...

Необичен и мистериозен настан ги шокираше капачите откако морето исфрли на брегот 700.000 евра спакувани во пластични кеси. Еврата биле спакувани во пластични кеси, ставени во кеса од „Лидл“ и уште една кеса за пазарување со кечап од домати од малтешкиот бренд „Three Hills“. Инцидентот се случил на 28 јули. На глисерот, долг околу 5,5 метри, му снемало гориво недалеку од брегот на Казуца, западно од Марина ди Рагуза, на сицилијанскиот брег ...

Илон Маск, сопственикот на компаниите Тесла и СпејсИкс, за само шест недели остана без дури 646 милијарди долари од своето лично богатство, покажува најновиот индекс на милијардери на Блумберг. Иако станува збор за еден од најголемите падови на вредноста што некогаш се забележани, Маск и понатаму е убедливо најбогатиот човек на светот. Според податоците на Блумберг, богатството на Маск достигна историски максимум од околу 1,33 трилиони ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почнат нови преговори со Иран, откако, како што рече, ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. „Знаеа колкав ќе биде нападот бидејќи видоа дека се подготвува. Зборуваме со нив во форма на преговори“, им изјави Трамп на новинарите во претседателскиот авион. Тој на социјалната мрежа „Тру соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на ...

Водата во Дунав достигна историски ниско ниво поради сушата на Балканот, што резултираше со појава на бродови на германската морнарица од Втората светска војна. Како што објави Ројтерс, бродовите се појавиле на делот од Дунав што минува низ Прахово, град во Србија, додека непотврдени информации укажуваат дека е многу веројатно дека во нив има неискористена муниција. Според извештајот, тие бродови наводно ги потопиле самите нацисти за да ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира нашиот европски пат, потврдувајќи дека се водат разговори „под радарот“, но не откривајќи повеќе детали. -Разликата помеѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура и затоа јас и ги, ние често ...

Државата бележи реален напредок во внатрешните реформи и има целосно усогласена надворешна политика со Европската Унија, а извештајот на Европската комисија ќе го потврди тоа, изјави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во интервју за МИА. Тој нагласи дека блокадата на европскиот пат е последица на вештачки создаден проблем со Бугарија, кој настанал поради попустливоста на претходната власт. „Најдобро е од ЕУ да дадат инпут, но ќе се види ...

Трансферот на крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде во Реал Мадрид е одложен поради конфликт меѓу неговите сегашни и поранешни агенти, кои се пожалија до ФИФА, објави „Ас“. „Максидел Менаџмент“, кој претходно се грижеше за 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, ја обвини „Рок Нејшн“, агенцијата која моментално го застапува Диоманде и е вклучена во преговорите со Мадрид, за прекршување на договорот. Можно решение би ...

Во моментов пожарот во атарот на с. Раец е активен на пет различни локации, а ситуацијата е исклучително сериозна. Надлежните служби, пожарникарите и сите вклучени екипи вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Апелираме до сите граѓани да не се движат кон зафатеното подрачје, да не го попречуваат работењето на службите и строго да се придржуваат до нивните насоки. Секој кој ќе забележи ново жариште веднаш да го ...

Бројот на домашни помошнички во Белгија се намали за речиси 3.000 за една година, а една од главните причини е зголемувањето на цената на ваучерите за услуги, објави Националната служба за социјално осигурување (RSZ). Во последниот квартал од 2025 година, во Белгија преку системот за ваучери за услуги биле вработени 144.873 домашни помошнички, што е 2.814 лица, или речиси два проценти помалку во однос на истиот период од 2024 година, објави ...

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се постигнати значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Според МВР, засилената координација меѓу организациските единици, побрзата размена на информации и заедничките акции овозможиле поефикасно откривање и разбивање на криминалните мрежи што се занимаваат со ...

Руските власти го обвинија Павел Дуров, основачот на Телеграм, за помагање на терористички активности поврзани со Украина и го ставија на меѓународна листа на барани лица. Случајот претставува нова ескалација на конфликтот меѓу Кремљ и глобалните технолошки платформи. Конфликтот меѓу Кремљ и основачот на Телеграм, Павел Дуров, прерасна од долгогодишен политички и регулаторен спор во сериозен кривичен случај со потенцијално драматични ...

Македонија не е надвор од светот, особено не е надвор од европските стандарди и животен стил. А, за жал, наместо најдобрите искуства со Европа делиме едно негативно - драстично намалување на нови бебиња и немање фамилии со две или повеќе деца. Исчезнуваме и како народ, и како семејства и како економија бидејќи има се помалку луѓе кои економијата и нацијата ја сочинуваат. Не, не се парите причина за уништување на семејствата. Најбогатите ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно со ...

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки по повод 2 Август – Илинден, порачувајќи дека празникот претставува завет на достоинство и симбол на единството на Македонците. „Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени темелите на современата ...

Противникот на Шкендија во 3. коло од квалификациите во Конференциската лига, шкотски Хиберниан, со пораз ја отвори новата сезона во шкотската Премиер лига. Во очекување на првиот дуел со Шкендија следнава недела, екипата од Единбург загуби на домашен терен од Мадервил со 2:1. Шкендија ќе му гостува на Хиберниан во четврток, а првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига ќе започне во 21 часот. sportmedia.mk ...

ПСЖ испрати официјалнa понуда до Парма за трансфер на голманот на јапонската репрезентација Зајон Сузуки. Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, парижани се подготвени да платат 33 милиони евра за 23-годишниот голман. Парма е задоволна од оваа понуда, со што ПСЖ е пред Јувентус во трката за голманот, бидејќи клубот од Торино сè уште не направил никакви официјални понуди. Француските шампиони наводно веќе му го претставиле својот ...

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun). Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд. Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ...

Финансиската корпорација „Капитал уан“ (Capitol One) во петокот одговори на тужбата поднесена против неа од страна на Организацијата Трамп за затворање на банкарски сметки во постапка почната пред неколку години. Банката објасни дека одлуката е донесена по детална ревизија спроведена од нивните експерти за спречување на перење пари. Ова е прв пат банка официјално да ги поврзе сомневањата за перење пари со бизнисот на семејството на Доналд ...

На плажата Билин жал во Лумбарда на островот Корчула е забележано краткотрајно фекално загадување на морето поради зголемена концентрација на бактеријата Ешерихија коли, поради што засега не се препорачува пливање, предупреди Дубровничко-неретванската жупанија. Краткорочното загадување со фекалии е потврдено за време на шестиот редовен преглед на квалитетот на морето за пливање, кој го спроведува Институтот за јавно здравје на ...

Сообраќајната полиција во Србија почна да користи дронови за почеток на главниот пат кон Црна Гора, во областа Пријепоље и Нова Варош поради големата фреквнија на туристи а постапно анскоро и на други фреквентни патни правци. За време на еден од најпрометните викенди во годината, кога патиштата кон црногорскиот брег се преполни со голем број возила, припадниците на сообраќајната полиција ја зголемија контролата на сообраќајот на главниот пат ...

Јувентус го објави трансферот на Рандал Коло-Муани од ПСЖ. Клубот објави дека трансферната сума изнесува 38 милиони евра, распределена во рати во текот на четири години, со дополнителни 3,2 милиони евра што треба да им се платат на агентите. Покрај тоа, договорот предвидува бонуси во вкупен износ до 12 милиони евра по постигнување на одредени цели. 27-годишниот француски напаѓач потпиша договор со клубот од Торино до 2031 година. ...

Човек е паметен толку колку што му дозволува функционирањето на неговиот мозок. А мозокот бара услови за негово одржување во добра кондиција. Па, кој е основен услов за мозокот да го даде својот максимум? Да биде соодветно хранет - со масти! Да, со масти од телото, нешто кое загрижените егоисти за линијата на своето тело не можат да го поднесат. А мораат. Со години мастите беа на листата на „непосакувани“ намирници, но денес експертите ...

Никол Кидман беше фотографирана со инвеститорот Мајкл Рајнштајн, што поттикна шпекулации дека можеби се во врска. Вечерта на 30 јули, 54 годишниот Рајнштајн ја пречека 5 години повозрасната Никол на аеродромот во Лос Анџелес, откако таа пристигна од Њујорк. На фотографиите што се појавија во медиумите, Кидман е прикажана како седи на совозачкото седиште во неговото црно „Ферари“. Таа носеше сиво сако и бела кошула. Кидман и Рајнштајн првпат ...

Времето во Македонија и денеска е сончево и многу топло, а највисоките дневни температури се измерени во Скопје, Велес и Демир Капија, каде живата во термометарот достигна 39 степени. Според прогнозата, до крајот на денот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, додека во источниот дел од земјата ветерот ќе биде со променлив правец. Температурите низ државата се ...

Јапонската авиокомпанија „Japan Airlines“ инвестираше во американскиот производител на летови „JetZero“ со цел да го поддржи развојот на футуристички патнички авион кој би можел да троши и до 50 проценти помалку гориво во споредба со денешните комерцијални летала, пренесува порталот As. Станува збор за моделот Z4, кој во моментов е најважниот проект на компанијата „JetZero“. За разлика од класичните патнички авиони кои имаат цевчест труп и ...

Дали Коди Гакпо ќе заврши во Тотенхем? Тотенхем ја реактивираше приказната за доведување на Коди Гакпо, објавува TEAMtalk. Лондонскиот клуб долго време ја следи ситуацијата со холандскиот интернационалец, а интересот не стивнува ниту ова лето. Според истиот извор, Тотенхем ги обновил контактите и се распрашал за можноста за трансфер. TEAMtalk тврди дека разговорите со претставниците на Гакпо биле позитивни. Самиот холандски фудбалер наводно ...

Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни. Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата. – Драг ...

Досегашниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, е на листата на кандидати за функцијата селектор на дури три репрезентации, објавија хрватските медиуми. Според „Спортски новости“, најголем интерес покажале Обединетите Арапски Емирати, кои наводно му понудиле на Далиќ договор вреден околу 5.000.000 евра по сезона. Истиот извор наведува дека за искусниот хрватски стручњак се заинтересирани и фудбалските асоцијации на ...

Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во Лондон и се чини дека „топџиите“ одат на „сè или ништо“. Како што првично изјави Марио Кортахен, кој е многу близок до Реал, Арсенал сака целосно да ја реконструира својата структура на плати за да го донесе Винисиус во своите редови. Тие сакаат да ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
34%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
7.4
33%
1014
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
0.51
36%
1014
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
31%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
26%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 29ᴼ
1.0
40%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
7.72
41%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 32ᴼ
2.57
36%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
27%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
5.14
27%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
8.23
39%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6482

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52479

Currency

1.11095

Currency

0.55713

Сребро

2080.30

Иридиум

252383.36

Родиум

282926.57

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Платина

56103.05

Калај

56.34

Цинк

0.00

Злато

140678.81

Паладиум

41731.67

Алуминиум

3.25

Бакар

13.28