Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Српски државјанин пристигнал на граница, па останал во шок кога цариниците почнале да го претресуваат: Му пронашле 4.400 „помагала“ Српски државјанин вчера пристигнал на граничниот премин Товарник со товарно возило со српски регистарски ознаки, но не очекувал дека цариниците ќе извршат детален претрес на камионот. При претресот, цариниците откриле дека возачот се обидел тајно да внесе во Хрватска, односно во царинското подрачје на Европската ...
Здравствените власти ја засилуваат контролата на можните резервоари на вирусот на западнонилска треска, со посебен фокус на дивите птици и живината во ризичните подрачја. Министерот за здравство Сашо Клековски упати апел до граѓаните, доколку забележат мртва дива птица, особено гавран, или друга птица, да го пријават случајот во Агенцијата за храна и ветеринарство. – Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните. Имаме апел за ...
Трамп исто така навести дека годишните вежби со јужнокорејските сили би можеле на крајот целосно да се укинат. „Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша Трамп на својата платформа трут соушал. „Овие вежби не само што се скапи, при што голем дел од трошоците ги покриваат САД, туку испраќаат и сигнал што е целосно несоодветен и непријателски кон земја која, во текот ...
Мерките против ширењето на западнонилската треска продолжуваат со вонредно прскање против комарци, покрај редовните прскања, а жителите на подрачјата каде што е прогласена епидемија ќе добиваат и СМС пораки со препораки за заштита. Министерот за здравство Сако Клековски најави и контрола на живината во загрозените подрачја, но апелираше и до граѓаните да придонесат во спречувањето на ширењето на болеста преку намалување на водните површини, ...
Свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната се одржа денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот по повод 18 Август – Денот на Армијата. На собирот се обратија министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, а Мисајловски упати благодарност до сите припадници за нивниот труд, посветеност и професионалност, нагласувајќи дека тие се столбот на ...
Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светска банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето кое се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна, бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова денеска го истакна министерот за здравство Сашо Клековски. ...
15-годишен талент испиша историја на шпанскиот фудбал овој викенд. Марк Сантос стана најмладиот играч што некогаш дебитираше за Леванте во Ла Лига, правејќи го тоа на импресивна возраст од 15 години и 288 дена. Со тоа, тој дури го надмина и чудото од Барселона, Ламин Јамал. Историското деби за младиот талент, дел од академијата на клубот, се случи во првото коло од првенството против Еспањол. Под водство на португалскиот тренер Луис Кастро, ...
Непрописно поставено огниште за скара е пронајдено во близина на реката Треска во Општина Македонски Брод, при теренска обиколка на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Се претпоставува дека огништето го користеле риболовци, а Ангелов повторно апелираше до граѓаните да бидат особено внимателни со палењето оган на отворено.„Во услови кога секој ден се соочуваме со пожари на отворен простор, ваквото неодговорно ...
Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објавува овогодишните добитници на наградата Young Courage Award (Награда за младинска храброст). Наградата им оддава признание на млади лица на возраст од 13 до 20 години кои, и покрај ограничените ресурси, дејствувале во духот на Раул Валенберг, покажувајќи исклучителна храброст и извонредна иницијатива. Годинава наградата достигна до ...
Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции - истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не можат да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција, за која е задолжителна целосна законска постапка што во случајот не ...
Сè уште не е решено каде ќе бидат уништени 11,6 тони македонски пиперки што Бугарија ги врати поради зголемено ниво на пестициди. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, изјави дека Агенијата за храна е известена за случајот и дека се чека одлуката на операторот. – Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ја уништиме по негово барање или ...
Градежни работници во Белгија пронајдоа 49 златни полуги и стотици златници вредни околу 10,4 милиони долари (9 милиони евра) додека копале канал за канализација под поранешна пивара во Дендермонде. Работниот ден прераснал во филмска приказна кога бургијата заглавила во ѕидот од подрумот на вилата од 19 век, која му припаѓала на некогашниот сопственик на пиварата, Теофилус Ван Аше. Прв златото го забележал 18-годишниот студент Кобе, кој ...
Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи само една ноќ откако руските власти соопштија дека Украина извршила „најмасовен“ напад годинава, во кој загинале најмалку седум луѓе, пренесува „Би-би-си“. Во исто време, во руските напади врз Украина во саботата ...
Во музеј на Сицилија, украдени се четири слики со непроценлива вредност од Ренесансата, соопшти италијанскиот министер за култура, Алесандро Џулио. Надлежните потврдија дека три панели од „Полиптихот на Свети Григориј“ од 1473 година, како и двострана плоча со прикази на Богородица и распнатиот Исус Христос, биле украдени од Регионалниот интердисциплинарен музеј во градот Месина, во саботата навечер. Уметничките дела му се припишуваат на ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан во неделата навечер е снимен во Опатија во друштво на Антал Роган и Марија Шмит. Фотографијата до унгарскиот портал 444.hu ја испратил читател кој го препознал триото како чекори кон вилата во сопственост на семејството Шмит. Според описот на читателот, фотографијата е направена на истото место каде што Орбан летуваше и пред три години, во близина на вилата која ѝ припаѓа на Ана Унгар, ќерка на Марија ...
Истече рокот од 60 дена за постигнување траен договор меѓу САД и Иран, но Вашингтон и Техеран остануваат без конкретно решение за клучните прашања. Наместо напредок во разговорите за прекин на конфликтот и иранската нуклеарна програма, во фокусот останаа повторното отворање на Ормускиот Теснец и укинувањето на американската блокада, прашања околу кои двете страни сè уште немаат договор. Дополнително, сериозните преговори за иранската ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека пристапувањето на Турција во Европската Унија повеќе не е приоритет за земјата, иако Анкара нема да ја затвори вратата за членство во блокот. „Европската Унија не ни е приоритет“, изјави Ердоган за телевизијата „Ал Џезира“. Според него, токму Европската Унија би била на загуба доколку продолжи да ја одбива Турција. Турција е кандидат за членство во ЕУ од 1999 година. Пристапните ...
По топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони. Но, заладувањето ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 скокаат за 4,50 денари за литар, согласно најновата одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати. Со новото поскапување, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 91,50 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 достигнува 93,50 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6,50 денари за литар, со што новата малопродажна цена достигнува 98 денари за литар. Новите цени се ...
Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...
Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на последното Светско првенство. За нас оваа вест е интересна зошто на 3-ти октомври во меч од рамките на Б Лигата на Нации, селекцијата на Шкотска гостува во Скопје. Инаку Покоњоли досега во својата тренерска кариера ја водел екипита на Унион Сен Жил, како и ...
Со учество на поети и автори од Македонија и повеќе европски земји, од 21 до 23 август во Велестово и во „Лапидариумот“ во Охрид ќе се одржува 38. издание на меѓународната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. Програмата започнува во петок, 21 август во Велестово, со кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија, по што следува „Поетски портрет на Јовица Ивановски“, со поетско читање и разговор. Вечерта ...
При изведување градежни работи на куќа во Боговиње, 61-годишен маж паднал од кровната конструкција и се здобил со тешки телесни повреди. Случајот бил пријавен на 16 август во 10:30 часот во СВР Тетово од Итната медицинска помош, од каде што било посочено дека во селото Боговиње има повредено лице по пад од покрив. Од СВР Тетово информираат дека при извршениот увид било утврдено дека П.Б. (61) од Брвеница изведувал градежни работи на куќа во ...
Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода 67-годишниот Б.С. од Битола, поради сомнение дека предизвикал пожар на улицата 4 Ноември. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен околу 12:35 часот, а во него биле зафатени сува трева и дрвени палети во поранешното стовариште на осомничениот. „Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.С.(67) од Битола. Тој ...
„Нервозата за сведочењето на Артан Груби расте во ДУИ, едни се плашат дека ќе прозбори, други пресметуваат кого може да повлече со себе“. Вака обвинува ВРЕДИ во денешно соопштение. Според ВРЕДИ на лидерот на ДУИ, Али Ахмети не му излегува есапот. „Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува ‘црната кутија’ да се отвори и да проговори за сè што со години се ...
Спасувањето животни во иднина ќе биде интегрирано во плановите за цивилна заштита во Португалија: почнувајќи од 8 август, операциите за потрага, спасување и помош на животните ќе бидат обединети со активностите на општинската цивилна заштита. Ова е суштината на декретот објавен на 3 август 2026 година, а оваа уредба наложува и планирање вонредни решенија насочени кон потрага, спасување и обезбедување помош за животните за време на природни ...
Двајца луѓе загинаа, а околу 500 беа евакуирани во големите пожари што во неделата го зафатија грчкиот остров Саламис, во близина на Атина. Огнот избувнал речиси истовремено во областите Перистери и Селини, а силните ветрови за само неколку минути го прошириле пожарот кон населените места. Телата на жртвите биле пронајдени во Перистери, додека поради брзото ширење на огнената стихија властите испратиле итни предупредувања и наредиле ...
Тројца починати и 35 нови случаи на западнонилска треска се регистрирани во земјава, објави министерот за здравство, Сашо Клековски. Како што додаде тој, поголемиот дел од пациентите се згрижени и се наоѓаат под медицински надзор на Инфективната клиника. Од болеста успешно се излекувани 15 лица . Ситуацијата во регионот е исто така сериозна, Атина во моментот е меѓу најкритичните жаришта во Европа, со вкупно 9 починати лица. За брзо и ...
Агенцијата за храна и ветеринарство презема контролни и заштитни мерки во одгледувалиштата каде што е регистрирано присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози. По секоја пријава за сомнителна појава на болеста, се земаат примероци од крв и брисеви од животните, кои се испраќаат на лабораториско испитување. Доколку анализите го потврдат присуството на вирусот, АХВ носи решение за справување со болеста, по што заразените животни се ...
Нов Правилник за игрите на среќа донесе Министерството за финансии, со кој се воведуваат детални правила за проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на оние кои сакаат да добијат лиценца за приредување игри на среќа. Со новите правила се утврдува и документацијата што ќе треба да ја достават физичките и правните лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или затворена томбола. ...