Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб на 23 септември ќе биде отворена изложбата „Заоѓања“ на истакнатиот современ ликовен уметник Никола Пијанманов. „Изложбата на Пијанманов е културен настан кој претставува важен придонес во промоцијата на македонската современа уметност пред хрватската публика, и уште еднаш ја потврдува улогата на македонскиот КИЦ во Загреб како значајна платформа за афирмација на македонските уметници надвор ...

Наградата „Даница Ручигај“ за најдобра необјавена поетска книга за „Ткажалки“, ќе и’ биде врачена на авторката Александра Јуруковска утре на пладне во Друштвото на писателите на Македонија. На десетгодишнината од востановувањето на наградата, ДПМ за првпат наградува необјавен поетски ракопис. Наградата се состои од плакета и од објавување на ракописот. – Детски искрено ѝ се радувам на наградата „Даница Ручигај“, сепак тоа е признание со името на ...

Две илјади и петстотини деца на возраст од три до девет години од повеќе од 20 градинки и училишта во државава беа опфатени со проектот „Нашата мала библиотека“ што се реализираше во учебната 2024/2025 година. Целта на проектот беше да се роди и развива љубовта кон книгата од мали нозе, на начин што е соодветен за новите генерации. Проектот кај нас го реализираше издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје, во партнерство со пет европски ...

Македонскиот КИЦ во Белград од вечерва со свеченото отворање во 19 часот, па до средината на месец октомври, ќе биде домаќин на изложбата „Пресек за скулптурата над“ од реномираниот македонски скулптор Славчо Спировски. Изложбата ќе ја отворат директорот на КИЦ Белград, проф-др Васко Шутаров и Тони Цифровски, новинар во Македонското радио, кој ќе го поздрави настанот и прочита дел од ликовната рецензија од Маја Чанкуловска-Михајловска. „Славчо ...

Проширување на соработката во поддршка на остварувањето на Целите за одржлив развој 2030 и да се придонесе кон визијата на Националната стратегија за развој се целите запишани во заедничката декларација за намера што вчера ја потпишаа претставници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) и Обединетите нации. Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова ја истакна значајноста на овој настан. – Со потпишувањето на оваа заедничка декларација ...

За еволуцијата на снимачките алатки од времето на новиот бран на француската кинематографија, зборуваа денеска француските кинематографери Жан Мари Дружу, Денис Лениор и Паскал Марин, во киното „Манаки“ во Битола. Работилницата се одржа во рамките на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе трае до 26 септември во Битола. На работилницата пред публиката беа прикажани снимки од филмови снимени во ...

Филмската критичарка Марина Костова е избрана за потпретседателка на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ. Таа е прва критичарка од Македонија во раководството на Федерацијата во нејзината стогодишна историја. Нов претседател на Федерацијата е Ахмед Шауки од Египет, а за потпретседателки се избрани и Паола Касела од Италија и Елена Рубашевскаја од Украина. ФИПРЕСЦИ е една од најстарите професионални организации во светот, што ...

Со лични анегдоти и силни пораки за литературата, синоќа во Даут-пашиниот амам свечено беше отворено 13. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. На отворањето беа претставени шестемина писатели, драматурзи и есеисти од Балканот и земјава, меѓу кои годинашниот добитник на наградата „Прозарт“, словенечкиот автор Евалд Флисар – еден од најпреведуваните писатели од регионот. Годинашната фестивалска програма ја сочинуваат ...

Со Теона сме снимиле веќе 5 филма заедно и многу добро се познаваме. Уште кога го снимвме документарецот со Теона и некако постоеше најава дека ќе се сними ваков филм. Таа е режисерка која точно знае што сака од филмот и одлично соработуваме. Но, морам да потенцирам дека на секое следно снимање одиме се’ подалеку и се’ подлабоко, рече кинематограферката Виржини Сен-Мартeн, на вчерашната прес-конференција, по македонската премиера на филмот ...

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ ја освои наградата за најдобар долгометражен анимиран филм на 6. Galactic Imaginarium Film Festival во Романија – иновативен фестивал кој ги спојува филмот, литературата и новите технологии во областа на фантастиката. Ова признание е трето по ред за филмот, по наградите за најдобар долгометражен анимиран филм на Portoviejo International Film Festival во Еквадор и Ariano Film Festival во Италија. Со тоа ...

Годинешниот лауреат на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија, Семих Капланоглу, денеска одржа мастерклас во киното „Манаки“ во Битола. Зборуваше и за неговото детство и родителите, за почетоците во неговата кариера, како и за искуствата со снимањата на филмовите на кои работел. Разговорот со него го водеше филмскиот критичар Благоја Куновски Доре. Турскиот кинематографер Капланоглу пред присутните кажа ...

Добивањето на наградата во градот на браќата Манаки, пионерите на филмот во овие краишта, за него е вистински потсетник за бесконечното патување на филмската уметност „За мене филмот отсекогаш бил јазикот на светлината и сенките, на тишината и гласот, на сеќавањето и сништата. Затоа што уметноста е еден од најдлабоките патишта што придонесува кон духовниот развој на човечкото суштество. Како што рекол Јунус Емре, големиот поет-суфист на ...

Францускиот институт во Скопје организира инсталација и уметничка средба насловена „Страв од љубов”, која ќе се одржи на 23 септември во 19 часот, во Францускиот институт во Скопје. Авторка на инсталацијата е уметницата Клелија Живковиќ, а кураторка е Мелоди Робин. Настанот ќе биде проследен со разговор помеѓу уметницата, кураторката и публиката околу креативниот процес и делото. Оваа инсталација претставува можност да се запознаете со делото на ...

Ова е прва самостојна изложба на авторот во регионот. Тој го разгледува музејот како институција што истовремено сака да биде достапна, инклузивна и современа, но и како место обременето со хиерархии, правила, и ограничувања „Музеј отворен до понатамошно известување“ е насловот на самостојната изложба на Џем A. отворена во Музејот на современата уметност во Скопје. Куратори на изложбата се Јованка Попова и Никола Узуновски. Ова е прва самостојна ...

Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан по 13. пат почнува вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер, како и домашните претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик Лидија Димковска и Хана ...

Во Перм, Русија вечерва ќе биде изведен „Поема за талкањето“ во кореографија на Игор Киров. Станува збор за балет во еден чин работен во соработка со танцовата компанија „Евгениј Панфилов“, еден од пионерите на модерниот танц во Русија. Балетот е инспириран од „Реквиемот“ на Моцарт и „Божествената комедија“ на Данте. – Создадени со разлика од речиси пет века, тие се длабоко сродни и настанале како последица на судирот на човекот со феноменот на ...

По 46. пат Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола ќе ја отвори својата врата за светлината на камерата. Овој фестивал е повеќе од традиција, тој е жив организам, пулс на едно општество што сака да биде витално, храбро и отворено за промена. Ќе биде отворен вечерва во 20 часот со македонската премиера на филмот „Мајка“ во режија на Теона Стругар-Митевска. – Целосно подготвени и возбудени го започнуваме 46. издание ...

Во локалот Books&Dogs Café во скопската населба Аеродром вечерва во 20 часот ќе биде поставена аудио-визуелната инсталација „Ноксиа“. Автори на проектот се видео-авторката Вероника Камчевска и дизајнерoт на звук Горан Москов. Актерката Јасмина Василева ја деконструира човековата состојба, а поезијата е на авторката Елена Пренџова и Владимир Петровиќ. Ова е почеток на серија истражувања на влијанието на алатките на ВИ, а како прв соговорник ...

Во Драмскиот театар во Скопје вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена комедијата „Фај-Фај“ од Мирољуб Недовиќ-Рики во изведба на Драмското студио од Тетово. Режисер е Мирко Видоески, кој воедно го преведе и адаптира текстот од српски на македонски јазик. Изведбата е во рамките на денови на претстави од независна продукција во Драмски. Во претставата настапува проверена актерска екипа на Драмското студио Тетово, која ја сочинуваат: Наташа ...

Во Охрид викендов се одржува Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија „Лихнида“. Симпозиумот е во рамките на Европските денови на наследството 2025 година, а ја организираат Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот „Хумболт“ во Калифорнија. Меѓународен директор на симпозиумот е амбасадорот проф. д-р Љубен Тевдовски од ...

Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечерва во 18.30 часот ќе биде отворена изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија со наслов „Експериментален цртеж“. Изложбата ќе биде отворена во присуство на претседателката на ДЛУМ – проф. д-р Јана Манева Чупоска, претставници на управниот одбор, совет и членови на Друштвото. Учествуваат 42 ликовни уметници: Синиша Новески, Иво Пецов, Јасмина Главинче, ...

Балетската претстава „Градина на почетоците“ по музика на Стојан Стојков, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Стари, антички музички записи биле инспирација за композиторот Стојков да ја создаде музиката пред повеќе години, а либретото е работено според поемата на Ефтим Клетников, „Маж и жена со лице спроти ѕвездите“. Kореографијата е на Џан Арслан од Турција. Со оваа претстава, НОБ ја отвора ...

Со „Приказната за Силјан“ си потврдив уште еднаш дека најмногу сакам, но и најдобро знам да раскажувам приказни од Македонија. Секогаш ме фасцинира кога наоѓаме реални приказни во земјава кои истовремено личат на научна фантастика, рече Тамара Котевска за својот нов филм „Приказната за Силјан“. Филмот ја освои „Наградата на музата“ за најинспиративен филм на 82. Венециски филмски фестивал, а е и македонски кандидат за „Оскар“за 2026. „Силјан“ е ...

Публиката на „Киненова“ во Скопје (28 септември – 5 октомври) ќе има можност да го види филмот „Соништа (Секс љубов)“ за кој Даг Јохан Хагеруд ја доби наградата на Берлинале, а и да го запознае авторот кој ќе одржи и мастерклас. Добитникот на годинешната „Златна мечка“ на Филмскиот фестивал во Берлин за најдобар филм, Даг Јохан Хагеруд годинава е добитник и на специјалната награда за особен придонес во филмската уметност. Норвешкиот писател, ...

Македонскиот народен театар вечерва ќе го отвори новиот Европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници”, кој до 21 септември ќе се одржи во Ќустендил, Бугарија. Претставата е по текст на Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, а играат: Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Борче Начев, Оливер Митковски, Софија Насевска-Трифуновска Александар Михајловски, Томе Станковски, Александар Ѓорѓиески, Ненад ...

Собраните стихови на поетот, прозаист, уредник и преведувач Игор Исаковски (1970-2014), во издание на „Или-Или“, ќе бидат промовирани утревечер во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Приредувач на „Совршен поет“ е Елизабета Баковска. – Издавачката куќа „Или-или“ го објавува ова, во многу аспекти и поради многу причини, посебно и капитално дело: собраните стихови на поетот, прозаист, уредник и преведувач Игор Исаковски (1970–2014). ...

Во Градскиот парк во Скопје пред „Школка“ утревечер во 19 ќе почне Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. Манифестацијата ја организира Детскиот културен центар „Карпош“. Дефилето на учесниците ќе тргне во 18.30 часот од Центарот. – Сите учесници ќе го формираат најголемото оро кое не познава граници, кое е симбол на пријателство меѓу децата. „Оро без граници“ е празник на градот кој широко ги отвора вратите на Европа и на ...

„Трансформации – Flusso – Flux: 1998-2025“ е насловот на изложбата на Љупка Делева што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Делева, по повеќедецениското живеење и творење во Венеција, пред скопската публика ќе се претстави со поставка која има ретроспективен и критички карактер. Куратор на проектот е д-р Ана Франговска, кустос-советник во Националната галерија. -Изложбата е мултимедијален архив на ...

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ најавува голема балканска турнеја што претставува исклучителна можност за публиката низ регионот да го доживее богатството и убавината на македонскиот фолклор преку врвните изведби на нашите уметници. Турнејата насловена „Ритамот на душата-бојата на традицијата“, ќе опфати повеќе градови во соседните земји. На 24 септември ќе настапат во Културниот центар „Матија Петар Катанчиќ“ во Валпово, Хрватска. На ...

Во продажниот ликовен салон на Културно-информативниот центар во Скопје утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури „Празно саќе“ од Маргарита Симовска. Таа вели дека со изложбата сака да го вклучи алармот за подигнување на еко свеста на глобално ниво. -„Празно саќе“ се поврзува со природата, учи од нејзината мудрост и од нејзиниот начин на функционирање. Користејќи го принципот fair share, природата ни става до знаење: колку ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
87%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
7.72
61%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
8.37
72%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
91%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
51%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
86%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.58
79%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225