Народниот театар од Битола ја подготвува претставата за деца „Пинокио“ од Карло Голдони, во режија на Деан Дамјановски, а премиерата ќе биде на 28 февруари (18 часот). Станува збор за незаборавно патување во светот на Пинокио — дрвеното момче со најголемото срце, најдолгиот нос и највозбудливите авантури. Ова е претстава полна со смеа, музика, шарени ликови и важни пораки за пријателството, храброста и вистината. Ликот на Пинокио го игра ...

Романот „Единствен матичен број“ на авторката Лидија Димковска, наскоро ќе биде објавен и на бугарски јазик. Преводот е на Божидар Манов, а изданието е на „Колибри“ од Софија. Четвртиот роман на Димковска, што кај нас го објави издавачот ТРИ, ја доби наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. – Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е едно дело чија што основна идеја ги носи во себе обележјата ...

Со Тони Димитров разговараме каква е судбината на градските институции на кои културата им е главна дејност. Особено во време кога Градот Скопје многу тешко функционираше, а тоа се одрази и на Културно-информативниот центар во Скопје Пред скоро четири години го презеде раководството со Културно-информативниот центар, главната градска галериска институција беше „на респиратор“. Нештата полека се стабилизираа, почнаа да се отвораат изложби, ...

На 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција, Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобар интернационален режисер за неговата активна работа во последните години. „Комитетот на Меѓународните театарски награди смета дека претставите што вие ги имате режирано во Турција, Јужна Кореја, Унгарија, Бугарија, Србија и многу други земји, посебно во Северна Македонија, се многу успешни, затоа одлучивме да ви ја ...

Во МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп веруваме дека со приближувањето на рокот (1 март), интересот дополнително ќе се интензивира, а нас нè радува фактот што „Драмолетање 2.0“ полека, но сигурно, отвора доверба и дијалог со македонските драмски автори – вели Петар Антевски, иницијатор на платформата. Вториот повик за нова драма, наречен „Драмолетање“, што го организира Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, ќе биде ...

„Златната книга на Лудви“ e инспирирана од животот и творештвото на Лудвиг ван Бетовен и е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, во кој ќе бидат застапени и сликовници инспирирани од Моцарт, Бах, Верди и Чајковски. Книгите не го обработуваат животот на композиторите, туку претставуваат нови бајки за деца, смислени од авторката Тина Иванова. Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, ...

Композиторот Сашко Костов освои номинација за авторска музика на бугарските театарски награди „Икар“ 2026 за претставата „Волшебниот дирижабл“ во режија на Диана Добрева, а продукција на Драмскиот театар „Николај Масилитов“ во Пловдив. Костов е номиниран, заедно со композиторот Јавор Карагитлиев. Истиот авторски музички тандем беа номиниран за престижната театарската театарска награда „Аскер“ минатата година, за претставата „Без крв“, на ...

На Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (Долна зграда) денеска во 12 часот предавање ќе одржи проф. д-р Светлана Смолиќ-Макуљевиќ од Универзитетот „Метрополитен“ во Белград. Таа ќе зборува на тема: „Од меморија до медиуми: толкување на минатото во современата визуелна култура“. Предавањето се одржува во рамките на билатералната соработка Еразмус+ и е од отворен тип. Сподели На Институтот ...

Новиот филм на култниот независен автор Џим Џармуш „Татко, мајка, сестра, брат“ пристигнува на репертоарот на Кинотека од вечерва во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Неговата минималистичка естетика, тивките паузи и егзистенцијалниот хумор повторно нè потсетуваат дека филмот може да биде простор за созерцание, а не само за наративна ефикасност. Џармуш останува еден од ретките автори што доследно ја брани слободата на независниот филм. ...

Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, во петокот во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ се одржа промоцијата на инклузивната сликовница „Среќен како Наи“ од Ана Салџиева и илустраторот Томи Џуровски. Покрај авторскиот тим, за значењето на книгата зборуваше и психологот Бојана Стојменовиќ. Настанот беше дел од шестото издание на тековните „Денови на литературата“ што ќе трае до 22 ...

Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар, на 28 февруари, во 20 часот. По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, маестрално ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Ги има добиено најголемите ...

Пишува: Пиле Шарено Смешен збор: зјапање! Дури не бев сигурна дека постои во македонскиот речник. Долго гледање во некого со отворени очи, без да трепнеш! Зјапав во него и се смеев… Непрекинато се смеев на сè што ќе кажеше и зјапав во неговото убаво лице, во неговата уста подзаскриена зад сребрената, потстрижена брада, во неговите загадочни темно-зелени очи, во неговото младешко срце, стројното тело, иако беше во години, и убавите раце ...

Во Македонскиот народен театар на 21 февуари во 20 часот ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, а во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред ...

Зголемување на мандатот на ректорите од три на четири години, укинување на студиски програми каде студираат по неколку студенти, реизбор на редовните професори на 7 години, предност за вработувања на најдобрите студенти се дел од новините што ги предвидуваат новите закони за високо образование, за квалитет во високото образование и науката и за научно-истражувачка дејност кои вчера ги претстави министерката за образование и наука Весна ...

Во КСП Центар – Јадро од синоќа е отворена отворена изложбата „Зора – Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми. – Отсекогаш сум ги сакала животните и сум се чувствувала ...

Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ почна манифестацијата „Денови на литературата“. Прва содржина вечерва во Литература.мк во „Скопје сити мол“ беше промоцијата на инклузивната сликовница „Среќен како Наи“ од авторката Ана Салџиева и илустраторот Томи Џуровски. Промоторка на книгата, во издание на „Либи“, дел од ...

Во Музејот на современата уметност во Скопје утре на пладне ќе се одржи настанот „МСУ водич и матине“ со кустосот Бојана Јанева, која ќе ја прошета публиката низ интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“. Координатор на настанот е Анжелика Апсис, а музичкиот избор е на Нино Наумов. Изложбата е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана, што започна со заедничката изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“, ...

Поетското творештво на поетесата Сузана Сојтари Авдовиќ ќе биде промовирно денеска во 15 часот во Медијатеката на библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес. Сузана Сојтари Авдовиќ е истакната горанска поетеса, чии зборови одекнуваат низ планините, долините и шумите. Таа е еден од столбовите-чувари на горанското културно богатство, која го чува наследството на генерациите и им овозможува да ја истражуваат минатото, да ја разберат сегашноста и да ја ...

Пишува: Звонко Димоски Новата продукција „Евгениј Онегин“ на Париската национална опера, изведувана во величенствената Палата Гарниер, се појавува како еден од најзначајните европски оперски настани на сезоната. Не само поради статусот на делото во светскиот репертоар, туку и поради режисерското деби на британскиот актер Ралф Фајнс. Во време кога оперската режија често се движи меѓу радикални концепти и визуелна преекспонираност, ова читање ...

„Љубојна“, една од најавтентичните македонски музички групи, оваа година прославува 25 години постоење и ја започнува 2026-та со ново големо целовечерно концертно издание во Скопје за одбележување на четврт век творештво во својот препознатлив манир кој ја позиционира групата во еден од водечките музички брендови на Македонија. Јубилејниот концерт на Љубојна ќе се одржи на 29 март во 20 часот, во Големата сала на Филхармонија. Љубојна или ...

Народниот театар од Битола со претставата „Црно семе“ ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар, на 20 февруари, во 20 часот. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. „Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија — судбината и голготата на Македонците од Егејска Македонија ...

Лабораторијата е опремена со најсофистицирана опрема. Со години наназад, има научна соработка со лаборатории од странство, што овозможува постојан напредок според стандардите кои се применуваат кај нив, вели раководителот проф. д-р Сашо Панов Дали е здрав новиот ембрион пред да се всади во матката на мајката и нема никакви генетски заболувања. Со каква таргетирана терапија да се лекуваат болните од карцином. Овие испитувања ќе се вршат во ...

„Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“ е насловот на спектаклот со кој ќе биде одбележана Кинеската Нова година вечерва и утревечер во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. Проектот синоќа беше изведен и во Битола, а во Охрид се одржа поп-ап презентација. Настанот го организира Амбасадата на Народна Република Кина, со цел промоција на богатото културно наследство и зајакнување на културната соработка меѓу двете ...

Реизданието на дебитантската проза „Писма“ од Игор Исаковски излезе од печат вчера. Првото издание книгата го доживеа во 1991 година во издание на „Книжевна младина на Македонија“, и по 35 години, една од „најскопските“ книги повторно повторно заживува и меѓу новата генерација на домашни читатели. По собраната поезија на едно место (десетте стихозбирки) во луксузното издание насловено „Совршен поет“, кое издавачката куќа „Или-Или“ го ...

„Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“), „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска („Арс Ламина“), „Арагон“ од Михајло Свидерски („Антолог“) и „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“) се четирите книги финалисти на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, за 2025 година. Тие се избрани од осумте полуфиналисти и поради израмнет број бодови на две дела за ...

А зашто ни е и државава на ова дереџе, на кое што е? Како што реков, комплексно е прашањето и не може да се реши со памфлет или директива, играјте македонски автори… Ова како и многу други работи во државава бара долгорочна визија, план, стратегија и стрплива посветеност. Драмскиот автор Дејан Дуковски е Автор во фокус на претстојното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Тоа е авторот што одигра ...

Премиерата на „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, е закажана за вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура во Битола. На премиерата ќе присуствува и филмската екипа: режисерката Котевска, монтажерот Мартин Иванов и продуцентот Јорданчо Петковски. По проекцијата на филмот следува и дискусија за филмот со екипата, а публиката ќе има можност да постави прашања. Филмот до сабота ќе се прикажува во терминот од 21.30 часот. ...

Шестото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 5 до 22 февруари во сите книжарници на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани: промоции на нови наслови, работилници за деца, како и дружби со маскоти од детските омилени ликови. Програмата ќе почне на в четврток во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ со свечениот ...

Дамјан Давков кај сениорите, Валентино Атанасоски кај јуниорите ги освоија првите места, односно златен медал на 7. Меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ што се одржа на 24 и 25 јануари. На натпреварот, исто така, беше формирана и македонската екипа за овогодинешната Европска женска математичка олимпијада, во состав на: Ана Митевска, Илина Арсовска, Теа Ангелова и Калина Грашкоска. Ви ги споделуваме сите наградени ...

Монодрамата „Џеки“ во режија на Жива Бизовичар, ќе биде премиерно изведена на 13 февруари во 20 часот на малата сцена на Драмски театар. Игра актерката Трајанка Илиева-Велиќ во улогата на Џеки Оназис, сопругата на 35. претседател на САД, Џон Ф. Кенеди. Монодрамата е произлезена од претставата „Драми на принцезите“ на Елфриде Јелинек, во која Трајанка Илиева-Велиќ ја игра Џеки Оназис. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
53%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
67%
1015
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
51%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.93
80%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
74%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.68
71%
1010
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
58%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
35%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
76%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Сребро

2179.44

Родиум

353658.21

Платина

61858.04

Кобалт

3.86

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Калај

43.91