Скопје
                                    10ᴼ /
                                    10ᴼ
                                
                                По повод Светскиот ден на интелигенцијата, „Менса Македонија“ организира тестирање на интелигенција во Скопје со цел прием на нови членови. Тестирањето е на 1 октомври во 18.30 часот на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица, сите крводарители, ученици и студенти имаат попуст од 50 отсто. Повеќе информации можете да најдете на ЛИНКОТ. Сподели ...
Повеќе од 200 објавени наслови, монографии, зборници, списанија, многубројни соработки со институции и организации дома и во странство, вредни научни партнерства и заеднички проекти зборуваат за институцијата која веќе шест децении претставува еден од темелите на општествените науки во нашата земја, рече проф. д-р Бојана Наумовска на одбележувањето на 60-годишнината од формирањето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања ...
Во Националната опера и балет вечерва во 20.30 часот свечено ќе биде отворен филмскиот фестивал „Киненова“. Фестивалот ќе биде отворен со „Изгубениот сон на тимот од соништата“ на Јуре Павловиќ. Фестивалот ќе трае до 5 октомври. Во рамките на „Киненова“ во Киноверзум во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќ бидат прикажани: „Беше некогаш во Газа“ на Араб Насер и Тарзан Насер, „Паноптикум“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе, „Помеѓу Боговите“ на ...
Етнолошко-документарниот филм „Хембој“, во продукција на Музејот на Македонија, на авторката Елизабета Конеска, освои Гран при од публиката за најдобар документарен филм на TEФ Фест Крк 2025 — меѓународен фестивал за туристички и етно филмови, кој се одржува на островот Крк, Хрватска. Филмот триумфираше меѓу 72 селектирани остварувања од вкупно 127 пријавени од целиот свет. Елизабета Конеска повеќе од три децении работи на полето на визуелната ...
Фестивалот „Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. „Џифони“ се роди во Италија пред повеќе од 50 години, од едноставна, но моќна идеја, да им даде глас на младите луѓе преку филмот, тоа е посебен момент за младите генерации, да го откриваат светот, различните култури, да ги споделуваат своите лични погледи на свет и да ги хранат своите умови. Фестивалот се реализира и ...
Среќен сум за наградата „Златна камера 300“, зашто доаѓа од прекрасен фестивал и од кинематографери. Треба да верувате во својата визија и во себе, рече Давид Шамбиј, кинематограферот на филмот „Нов бран“, добитник на главната награда на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Жирито беше согласно дека Шамбиј ја добива наградата поради „не само убаво, туку и уверливо прикажаните слики и поради тоа што камерата носи ...
Во Заводот за заштита на спомениците од културата и музеј во Струмица вечерва во 19.30 часот ќе се одржи 15. издание на манифестацијата „100 илјади поети за промена“. Прво ќе боде промовирана истоимената збирка и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети, меѓу кои гостите од Унгарија, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Србија, Бугарија и од Македонија. Во 21.30 часот во кафулето „Нагоре“ ќе биде отворена изложба на плакатите од ...
„Under 600″ е првиот фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан (поддржан од British Council) кој од завчера се одржува во Скопје и ќе трае до утре. Се реализира под мотото „И покрај сè”. Under 600 е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија, кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор, како и развој на ...
Наградата „Вавилон – Нова генерација“ за најдобар студентски превод ја доби Јана Секулоска, за нејзиниот превод на краткиот расказ „Мајките беа сите исти“ од Џозеф О’Конор, од англиски на македонски јазик. Наградата и’ беше врачена вчера во Јуроп хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците. Наградата се доделува во соработка на Делегацијата на Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – ...
Златна камера 300 ја доби за Давид Шамбиј за филмот „Нов бран“, поради убаво и уверливо прикажаните слики и поради тоа што камерата носи енергија и дух на слобода на легендарниот Француски нов бран Како вонземјани доаѓаме од Холивуд во овој мал град Битола за кој не знаев досега. Дојдов овде и ја видов волшебната прослава на уметноста на кинематографијата и тоа за мене е неверојатно искуство. Од моментот кога излегов од автомобилот наидов на ...
Платформата „Наука за деца“ во соработка со Александар Динев подготвија научен караван со многу интересни експерименти и демонстрации. Сите заинтересирани може да се натпреваруваат денеска во 11 часот во ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово. Терминот во 14 часот е за школото „Тодор Скаловски-Тетоец“. На 4 октомври работилници ќе се одржат во Кавадарци во 11 часот во ОУ „Димката Ангелов – Габерот“, а терминот од 14 часот е за ООУ „Владо Кантарџиев“ ...
Наградата „Вавилон – Нова генерација“ за најдобар студентски превод ја доби Јана Секулоска, за нејзиниот превод на краткиот расказ „Мајките беа сите исти“ од Џозеф О’Конор, од англиски на македонски јазик. Наградата и’ беше врачена вчера во Јуроп хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците. Наградата се доделува во соработка на Делегацијата на Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – ...
Шармантни и среќни што им се случува филм, премиера, фестивал – екипата на филмот „Диџеј Ахмет“ предводени од режисерот Ѓорѓи М. Унковски вечерва ќе ја доживее својата македонска премиера на затворањето на 46. ИФФК „Браќа Манаки“. Пред проекцијата, ќе бидат врачени фестивалските награди. На прес-конференција, екипата на филмот појасни како настанал филмот. За кинематограферот Наум Доксевски, боите на фолклорот на Јуруците биле највпечатливи. За ...
Изложбата „Пресек за скулптурата над“ од нашиот познат скулптор Славчо Спировски е отворена во Културно-информативниот центар во Белград. На отворањето на изложбата се обратија уметникот Спировски, директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров и новинарот од Македонско радио, Тони Цифровски. Во рецензијата за оваа изложба, Маја Чанкуловска-Михајловска, пишува дека: „Спировски го провоцира погледот на гледачот преку ритмичката игра на полно-празното ...
Четворица грчки поети ќе бидат гости на промоција на книгата со поезија „30 современи грчки автори“ што е закажана вечерва во 20 часот во „Аудиокултура“ во Скопје. Настанот е дел од дополнителната програма на фестивалот ПРО-ЗА Балкан. Истата книга ќе има промоција и во Атина, на 29 септември. Во Скопје ќе имаме можност во живо да ги чуеме Хрисанти Иакову, Ефтихија Кателанаки, Манос Мавромустакакис и Никос Влахакис, истакнати поети, чии песни се ...
На кинематограферите им требаат агенти бидејќи филмската индустрија е многу конкурентна, динамична и базирана на контакти. Агентот се грижи за договорите, хонорарите, авторските права и сите правни детали. Осигурува кинематограферот да добие фер услови и квалитетни проекти, пристап до поголеми и подобри проекти. Агентите имаат контакти со продуценти, режисери и студија. Тие ги поврзуваат кинематограферите со вистинските луѓе и често имаат ...
Две изложби ќе бидат отворени вечерва во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во 19 часот во Ликовниот салон ќе биде отворена изложбата „Доминанта“ од прилепски уметници, членови на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп. Во 20 часот во Ликовната галерија ќе биде отворена изложбата „Насмеани лица и состојби“ од прилепскиот уметник Емил Солески. На „Доминанта“ со дела ќе се претстават: Дарко Талески, Филип Јовески, Методи Исков, ...
Соработката со Clarivate и можноста за бесплатно користење на научните бази на платформата – Web of Science за сите државни универзитети, Македонската академија на науките и уметностите и Универзитетот на Југоисточна Европа е голема придобивка за нашата академска заедница. Со неа се овозможува пристап до најреномирани научни трудови, следење на актуелни истражувања и научни трендови, објавување во списанија со висок импакт-фактор и поврзување со ...
Последниве 12 години немам работено со режисерот Кристофер Нолан, но тоа е еден дел од мојата филмска историја. Започнавме со работа на „Мементо“ во 2000-та година и тогаш сфативме дека многу добро се согласуваме, лесно комуницираме. Продолживме да работимe заедно и на некој начин учевме еден од друг. Неговата кариера од година в година оди во нагорна кариера и минатата година беше избран на претседател на Друштвото на режисери на САД. Во ...
Актерката Весна Петрушевска ја прими наградата „Васил Иљоски“, што ја доделува фестивалот „Денови на комедија“ синоќа во Куманово. Наградата ја доби во знак на благодарност за нејзиниот исклучителен придонес кон македонскиот театар, особено во областа на комедијата. – Неколкупати сум доаѓала тука и секогаш сум ѝ се радувала на кумановската публика. Не е тоа лага, затоа што јас сум половина кумановка. И можу да кажу дека подобро збору од мајку ...
Останав без зборови. Ви благодарам бескрајно. Среќен сум што сум во Битола да ја примам оваа прекрасна награда и сакам да и’ ја посветам на мојата сопруга Мариен за целата нејзина поддршка, рече кинематограферот Дариус Конџи, на примањето на наградата „Златна камера 300“. Свеченоста се одржа во прекрасниот амбиент на Пионерски дом во Битола, а наградата му ја врачи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Свеченоста се одржа во знак на ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Кирил Гегоски, чие творештво во контекст на нашата институција добива ново звучно место и публика. Изложбата се отвора во соработка со Националната галерија на Македонија и ќе биде поставена до 10 октомври. Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па сè до денес, се одликува со минимализам и редуцирана симболика, ...
„До кога ќе ги погазуваме нашите најголеми ликовни херои?“, прашуваат четири уметници кои вчера поставија свои дела околу куќата на доајенот Лазар Личеноски, крај реката Вардар под Скопското кале. Изложбата и спомен-куќата симболично ја нарекоа „Музеј на прашина“. – Пред три години на ова место се одржа првата изложба во „Музејот Лазар Личеноски“. Изложбата беше поради незадоволството од институциите за заборавената спомен-куќа на македонскиот ...
Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: проф. д-р Мимоза Ристова По што е познат Европскиот центар за нуклеарни истражувања – ЦЕРН? Можеби веќе знаете, но ете да ве потсетам дека ЦЕРН е лабораторијата во која е сместен најголемиот акцелератор на честички во светот – големиот хадронски колајдер (LHC). Со него во 2012 ...
Книгата може да биде опасна и во рацете на некој што не знае како да се справи со неа. Голем дел од она што го наоѓаме во книгите, во многу книги, може сериозно да го оштети умот. Од друга страна, добро избраната и правилно прочитана книга може да свети во животот на една личност како сонце, загревајќи го духот и исполнувајќи го со радост и креативност, рече најпреведуваниот словенечки писател Евалд Флисар во своето обраќање по повод добивањето ...
Конференцијата наменета на вештачката интелигенција за педагошки цели “Unlocking AI: Innovate, Integrate, Inspire!” ќе опфати предавања, панел-дискусии, презентации на ВИ алатки од страна на студенти од сите педагошки факултети во Македонија Вештачката интелигенција и технологијата во образованието ќе бидат во фокус на седмото издание на една од најголемите и највлијателните образовни конференции во Македонија, „ЕдуКонференција25“, која ќе се ...
На зајдисонце, утре во 17 часот во Музејот на современата уметност во Скопје кустосот Бојана Јанева ќе ја прошета публиката низ трите актуелни изложби во музејот. По едночасовната тура следува музички дел со Марсо. Влезницата чини 100 денари. Публиката ќе ги види изложбите: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“; „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“, архивски асемблаж и интервенција на Кумјана ...
Вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на словенечкиот писател Евалд Флисар, а писателите-учесници ќе читаат извадоци од своите дела. Војната, вештачката интелигенција и литературата беа во фокусот на тркалезната маса што се одржа синоќа во Јуроп хаус Скопје во рамките на 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Може ли вештачката интелигенција да го замени местото на писателот во ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, актер по професија, ја доби главната награда „Да за уметност“, највисокото признание на Меѓународните медитерански театарски награди, што се доделуваат во Анталија, Турција. – Оваа награда е голема чест и силна потврда за вредноста на мојата работа и долгогодишната посветеност на развојот на театарот и културата. Таа претставува признание не само за личниот труд, туку и за заедничкиот напор на сите ...
„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, режисерката двојно номинирана за „Оскар“ е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања. Филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на преполните проекции во Торонто, а стана и македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм. Ова е ...