Еден од најсуштинските недостатоци на Предлог-законот е отсуството на јасна одредба со која за пополнување на работно место што станало слободно, согласно актите за систематизација, не би била потребна нова согласност од надлежните органи, вели проф. д-р Виктор Стефов Новиот Предлог-закон за високо образование е (ЗВО) е обемен и комплексен документ кој бара темелна и внимателна анализа. И по негово детално проучување, остануваат одредени ...

Наградата ја доделува Европската унија (EU Prize for Literature – EUPL), а годинашен македонски организатор е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ќе учествува во сите активности поврзани со номинацијата. Авторот Иван Шопов со збирката раскази „Зентрифуга“ е македонски кандидат за Европската награда за литература. Наградата ја доделува Европската унија (EU Prize for Literature – EUPL), а годинашен македонски организатор е ...

20-годишнината од започнувањето на проектот на Форумот на словенски култури за превод на 100 словенски романи ќе биде одбележан вечерва во 19 часот во Мултимедијалната читалница на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. На почетокот ќе имаат куси поздравни обраќања директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Јовица Никчевски, висок претставник од Министерството за култура и туризам на Р. С. Македонија и ...

Претставата за деца „Пинокио“ од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски, ќе биде премиерно изведена вечерва во 18 часот на сцената на Народниот театар од Битола. Се работи за приказна што и по повеќе од еден век нè потсетува дека патот до тоа да станеш „вистински“ минува низ искушенија, грешки и храброст. Во Битола се поставува по 30 години. Прв режисер бил Љупчо Ѓоргиевски, кога ликот на Пинокио го толкувала актерката Валентина Грамосли ...

Реформите во образованието се неопходни. Но, квалитетот и одржливоста на образовните реформи подразбираат нивно креирање врз основа на системска и институционална соработка со пошироката стручна заедница: универзитетски наставници од соодветните области, наставници од училиштата, претставници на професионални здруженија и други релевантни чинители, велат од Институтот за хемија „Ова не е техничка измена. Ова е суштинска промена со долгорочни ...

Македонскиот превод на романот „Дрвеници“ од современата хрватска писателка Мартина Видаиќ, во превод на македонски јазик на Ѓорѓи Крстевски, е објавен на македонски во издание на „Антолог“ од Скопје. Станува збор за суптилна и длабоко човечка проза што се движи по рабовите на личната загуба, сеќавањето и просторот во кој живееме и кој нè обликува. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2023 година. Во фокусот е ...

Обука за развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини завршува денеска во Охрид. Стручната обука ја организираше Земјоделскиот институт од Скопје со експерти од областа на агро-екотуризмот, финансиското планирање, одржливото земјоделство, маркетингот и руралниот развој. Проектот „Заживување на традицијата и зачувување на природата“ е финансиран од словенечката амбасада во земјава и Фондот за развој на Министерството за надворешни и ...

Драмско читање на култната драма „Ангели во Америка“ од Тони Кушнер, проследено со разговор со режисерот Филип Петковски, ќе се одржи утревечер во 18 часот во просториите на Јуроп хаус Велес. „Ангели во Америка“ е едно од најзначајните драмски дела на современиот театар – силна, емотивна и политички ангажирана приказна што ги отвора прашањата за идентитетот, љубовта, вербата, припаѓањето и стравот. Дејството е сместено во Америка во ...

Со ваква поставеност на изборност и понудени изборни предмети отсуствува основната цел содржана во наративниот дел од документот – ученикот да има можност да се профилира во одредено подрачје и да се подготви соодветно за поедноставно вклучување во академското образование, велат од Македонското биолошко друштво Гимназијалците ќе стекнат општо образование, но со низок квалитет, велат биолозите во својата реакција на предлог-концепцијата за ...

Вистински и измислени луѓе и суштества, боси и наредени во долга редица, одат кај најдобриот чевлар на светот. Во неговиот дуќан има обувки за сите и никој никогаш не останал бос! Некој веднаш ќе ги најде совршените обувки за себе, друг ќе се реши за обувките за кои долго мечтаел, некој – за оние што му се најудобни, друг ќе избрза, ќе обуе сосем погрешни, па ќе ги собуе… Некој, за жал (или за среќа!), ќе мора да ги обуе последните обувки во ...

Во Драчево започна со работа петтото кино „Киноверзум“, односно второ во Општина Кисела Вода. Настанот беше отворен со филмот „Приказната за Силјан“, а на проекцијата присуствуваа и режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски. На присутнтие им се обратија градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска, во присуство на вицепремиерот Љупчо Димовски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Киноверзум“ започна со ...

Вкупно 23 просветни работници се вклучени во изданието што е резултат на истоимениот научноистражувачкиот проект „Функционална писменост активности и развој“ поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Промоција на книгата „Поттикнување функционална писменост во наставата“, заеднички труд на универзитетски професори од „Филолошки факултет“ во Скопје, наставници од основно и средно образование и од Бирото за развој на ...

Во Младинското друштво „Соуллрафт“ во Скопје (Бул. „Илинден“ бр. 9) вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Емотивни пејзажи“ на сликарот Тони Попов и историчарката на уметност Јасмина Котевска. Изложбата поставува прашања: Колку сме подготвени да се соочиме со туѓата, но и со сопствената емоционална голотија? Дали во туѓиот портрет препознаваме дел од себе и дали уметноста може да биде безбедно место за ранливост исто како и ...

„Момент на пресврт“ е насловот на интерактивната изложба на дигитална уметност од Драшко Накиќ, што ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. Поставката со наслов „Момент на пресврт“ има за цел да поттикне сеќавање на оние луѓе кои ни помогнале кога ни било најтешко. Истата сака да потсети дека животот може брзо да се претвори од хармонична сказна во исцрпувачка борба, но и дека преку поддршката од искрено, ...

Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, издание на Кинотеката, ќе се одржи задутре (27 февруари), во 19 часот во просториите на Кинотеката. Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, ...

Саемот за образование и кариера 2026, настан особено важен за матурантите, студентите и младите, ќе се одржи на 27 и 28 февруари во Скопје сити мол. Ќе учествѕваат 12 универзитети со над 100 факултети, академии за дигитални вештини, компании со можности за пракса и вработување. Саемот е наменет за средношколци што размислуваат каде да се запишат на факултет, студенти, млади кои бараат пракса или работа, родители. Заинтересираните можат да се ...

Со предложениот модел, ученикот се стекнува со слабо општо образование коешто професионално го сведува во категорија на НИШТО, вели проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, раководителка на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје Фондот на часови по предметот Математика во сите четири години од гимназиското образование да биде од 4 часа неделно како апсолутен минимум за стекнување на посолидна математичка основа, ...

Во Македонскиот Културно – информативен центар во Белград вечерва во 19 часот ќе биде претставена самостојната изложба на фотографката Александра Костадиновска насловена „Осончена тишина“. Фотографската серија која Костадиновска ја изложува пред белградската публика е приказна за личното искуство со универзалноста на светлината како симбол на нови почетоци, на топлина и на живот, раскажана преку 24 одделни фотографски наративи. Изложбата е ...

Пијанистот Ренато Кико, тапанарот Енди Вотсон, легенди на њујоршката џез сцена, во друштво на Националниот џез оркестар, не’ угостија минатата недела на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Светски настап сведочевме на две легенди кои уште во 90-тите години на 20 век се обликувале на њујоршката џез сцена. Диригент беше Џијан Емин. Кико кој е роден близу Трст, не е прв пат во Скопје. Пред 30 години настапил во рамките на Скопскиот ...

Голем број клучни книги за македонскиот јазик, книжевност, култура и историја стигнаа во Љубљана, на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Станува збор за донација во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, што ја започна „Матица македонска“, а кон иницијативата се приклучи „Алкалоид“ како општествено-одговорна компанија. Во академската 1961/1962 година, во Љубљана ...

Монодрамата „Сите најубави нешта“, работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на ОХО, ќе биде изведена в петок (27 февруари) во Литература.мк во „Дајмонд мол“ во Скопје. Претставата ја изведува повеќе од 30 пати актерот Игор Ангелов. СИТЕ УБАВИ НЕШТА: ДА РАЗГОВАРАМЕ! Монодрамата со оригинален наслов „Every Brilliant Thing“ на Данкан МекМилан ја повлекува завесата за тоа како е да се биде дете на ...

Проектот „Со љубов, од Европа“ носи свеж европски книжевен здив во Македонија и создава простор каде што литературата станува мост меѓу културите, генерациите и општествените вредности. Преку внимателна селекција на современи европски дела, проектот ја потврдува моќта на книгите да поттикнуваат емпатија, да отвораат важни прашања и да влијаат врз секојдневието на читателите. Проектот го реализира издавачката куќа „Сакам книги“, која веќе 16 ...

Новата концепција треба да биде базирана на долгорочни статистички анализи, меѓународни компаративни студии на успешни образовни системи, потребите на високообразовните институции и пазарот на труд, како и на вклучување на универзитетските експерти, наставничките факултети и струковите здруженија во процесот на нејзино креирање Дали Македонија свесно го уништува потенцијалот на младите во државата, движејќи се кон модел што системски го ...

Филмот „Жолти букви” на германско-турскиот режисер Илкер Чатак ја освои Златната мечка за најдобар филм на 76. Берлински филмски фестивал, што заврши синоќа. Оваа политичка драма раскажува за турски режисер и неговата жена-глумица кои одненадеж се забранети да работат поради своите политички ставови. Претседателот на жирито Вим Вендерс наградата ја врачи лично, нарекувајќи го филмот „поглед во блиската иднина која може да се случи и во нашите ...

Претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, ќе гостува вечерва во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо ...

„17“ е тешко да се гледа. Но, ова е реалноста, се чини дека вели Митиќ, затоа не го свртувајте погледот. Изборот да го свртите погледот од фикционализирано сценарио може да значи дека ќе се свртите уште побрзо од вистинското, пишува Оливија Поп во Cineuropa.org Престижниот „Обсервер“ го нарече филмот „17“ на Косара Митиќ за најдобро откритие на 76. Берлински филмски фестивал, кој ќе биде затворен утревечер. Младата актерка Ева Костиќ, пак, ...

Најголемото сквернавење на македонскиот јазик доаѓа од политичарите коишто го користат јазикот како инструмент за празна политичка реторика и политички пресметки. Јавен укор до нив: Немојте напразно да ја изговарате синтагмата македонски јазик, ниту, пак, да се колнете во неа. Таа е поголема од сите нас – вели проф. д-р Ана Витанова-Рингачева, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет при ...

Народниот театар од Битола со претставата „Црно семе“ ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. „Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија — судбината и голготата на Македонците од Егејска Македонија по ...

Дуодрамата „Љубовни писма“ на актерите Игор Ангелов и Верица Недеска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот во The Dude Specialty Coffee во Скопје. Драмата е дело на американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни — дело што со децении опстојува на светските сцени благодарение на својата едноставна, но длабоко човечка структура. „Љубовни писма“ е драма на тишината, на паузите, на неизговореното. Тивок театарски чин и токму затоа силен. ...

Ана Трајковска е добитничка на Наградата за млад уметник од Фондацијата Јанкуловски. Ова признание ѝ беше доделено синоќа, на отворањето на групната изложба на слики, цртежи и објекти, насловена „Остенови уметници на годината 2025“, која во наредниот период ќе може да се проследи во галеријата „Остен“, во Скопје. Трајковска ја доби наградата за делото „Столови“, во комбинирана техника колаж од графика со цртеж. – Оваа награда, секако, има ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
53%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
67%
1015
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
51%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.93
80%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
74%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.68
71%
1010
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
58%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
35%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
76%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Злато

144593.23

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Родиум

353658.21

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04