Пет погребувања од крајот на железното време и доцноархајскиот период на локалитетот Милци, кај Гевгелија беа истражени во рамките на меѓународниот проект што заврши завчера. Археолошките истражувања беа спроведени во рамките на поширока научна програма насочена кон продлабочување на знаењата за погребните практики, материјалната култура и општествените структури на заедниците од железното време и архајскиот период во долината на Вардар. ...

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје отворена е самостојната изложба на дизајниран накит и облека од Александра Вељановска. Проектот е насловен Imagination, а целта му е да го афирмира ретро дизајнот, поврзан со периодот на минатиот век, на дваесеттите, триесеттите, шеесеттите години. – Овој проект нуди времеплов каде што старото се спојува со новото и со техниките на изработка збогатени со нота на денешното модерно секојдневие. Во ...

Наградата ја додели Форумот на словенски култури во Требиње, Босна и Херцеговина, каде се одржа и меѓународна конференција, а ја прими директорот на музејот Горан Патчев Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ја доби наградата „Жива“ за 2025 година за најдобар словенски локалитет. Наградата ја додели Форумот на словенски култури во Требиње, Босна и Херцеговина, каде се одржа и меѓународна конференција, а ја прими директорот на ...

Во барот „Rebel Rebel“ во Скопје денеска во 14 часот ќе се одржи финале на конкурсот за млади уметници. Конкурсот беше отворен за млади автори до 35 години, инспирирани од панк, пост-панк културата и духот на бунтот, а најдобрите шест дела ќе бидат изложени во барот. Најдоброто дело ќе биде откупено и трајно изложено во „Rebel Rebel“. Победниците ќе ги изберат жири и публиката преку гласање на Инстаграм. Настанот ќе биде во форма на дневно ...

Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп е синоќа беше отворена во Ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во рамките на одбележувањето на празникот 11 Октомври. – Годинава својата креативност ќе ја изразија 13 уметници, членови на ДЛУП, кои се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем – вели Маја Ралева-Миладиновски од ...

Унгарскиот писател Ласло Краснахоркај е добитник на Нобеловата награда за литература за 2025 година, за „неговиот неодолив и визионерски опус“. Неколку негови дела добија филмска адаптација во режија на унгарскиот режисер Бела Тар. Седумдесет и едногодишниот Краснахоркај има добиено бројни меѓународни награди, вклучувајќи ја Букеровата, исто така годинава. Опишан како „современ господар на апокалипсата“, Краснахоркај објавил девет романи во ...

Наградуваната книга „Се викам Храброст“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“ за 2025 година. Оваа селекција секоја година ја прави Интернационалната младинска библиотека од Минхен, објавувајќи листа на најдобри книги за деца и млади, од автори од целиот свет, кои ги препорачува во својот годишен каталог. „Се викам Храброст“ е дело посветено на 50 исклучителни ...

Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена операта „Риголето“ од Џузепе Верди, со диригентот Џанлука Мартиненги од Италија, во режија на неговиот сонародник Пјер Франческо Маестрини. Насловната улога на Риголето ќе ја толкува гостинот од Јужна Кореја, Леон Ким. Во улогата на Џилда ќе настапи, Биљана Јосифов, во улогата на Војводата од Мантова – Чуан Ванг од Кина. Улогата на Спарафучил ќе ја толкува Владимир Саздовски, а ...

Kнижарницата ТРИ во Градскиот трговски центар слави 20 години од своето отворање. По повод јубилејот, денешниот ден во книжарницата во ГТЦ ќе биде одбележан со подароци за секој читател што ќе си купи книга. Од ТРИ ги покануваат сите љубители на литературата да се вклучат во прославата и да го одбележат овој значаен ден заедно со оние кои ја даваат смислата на книжарницата етаблирајќи ја како споменар на читателски мигови, сведок на ...

Еден од најдобрите полски пијанисти, композитор и аранжер, Анджеј Јагоѓински, и неговото трио, како и Националниот џез со Зиги Фајгл и Луис Бониља, ќе го отворат 44. Скопје џез фестивал на 16 октомври во 20 часот. До 19 октомври на фестивалот ќе настапат: Марк Рибо, Кафил ел Забар, Вадада Лио Смит, Џејмс Брендон Луис… Според Оливер Белопета, директор на СЏФ, годинашната програма, која ќе трае до 19 октомври, сигурно ќе ја потврди високата ...

Претставата „Разбуди се Тина“ во режија на Драгана Таневска, ќе ја има својата премиера вечерва во 20 часот, на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Со премиерата ќе бидат затворени Деновите на комедија. Комедијата е работена според текстот на Милан Ѓуриќ, а игра поголемиот дел од кумановскиот театар. Ова е трета соработка со Таневска за кумановскиот театар, а влезниците за премиерата и за првата реприза се веќе ...

Книгата со раскази „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во „Јавна соба“ во Скопје Во „Приватна насмевка“ се вгнездил заборавот. Без сочувство и емотивен патос, без лифтинг и фотошопирање, со неподнослива леснотија се зборува за животот. На прашањето дали така мораше да биде, некој глас таму спокојно вели: „Да, така мораше да биде“, вели Гоце Дртковски, новинар, колумнист, публицист, издавач, автор е на ...

Со гордост можеме да кажеме дека сме имале македонски ученици на сите 18 колеџи низ светот. Истовремено, измината година го надминавме бројот на 100 македонски алумни — со првиот ученик, истакнатиот проф. д-р Александар Шиколе, кој заминал на UWC колеџ во далечната 1971, за време на Југославија – вели Марко Ингилизов, дел од програмата United World Colleges Macedonia. Секој ден, се потсетувам колку сум благодарен на моето двегодишно искуство, ...

Во Кинотеката на Македонија по 11 пат се одржува дводневниот Меѓународен фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ. Фестивалот нуди избор на филмови кои преку визуелна антропологија ја истражуваат културната, социјалната и политичката стварност. Денеска на репертоарот се: „Училиште за животот“ во решија на Манца Филак, чија проекција е закажана за 19 часот. По проекцијата следува разговор со режисерката. Во 20.15 ќе боде прикажан краткиот „Ама“ на ...

Со аудио-визуелна презентација водена од Тошо Филиповски, со мноштво видео и фотоматеријал, вечерва белградската публика ќе има ретка можност да присуствува на програма посветена на историјата на македонската рок музика и рок култура. Тошо Филиповски, роден во Кочани во 1969 година, од своите најрани младешки години е посветен не само на корените на македонскиот рок од почетокот на 60-тите години од минатиот век, туку во најголем дел од својот ...

Според неофицијалните информации, нивото на водата во Преспанското Езеро е намалено за околу 10 метри од највисокото ниво од средината на 20 век Преспанското Езеро се смета дека е едно од најстарите езера во светот. Геолошките истражувања укажуваат дека басенот на езерото е формиран пред повеќе од пет милиони години, а голем дел од ендемичните видови од Преспа се присутни во најстарите седименти од Охрид, што дава можност Преспанското Езеро да е ...

Уште кога излезе краткиот филм на Унковски – „Налепница“ (Sticker) во 2019 година, се насетуваше автор со посебен сензибилитет, со изразена но одмерена смисла за хумор, непотрошена, неисклиширана, туку многу дозирана. Уште тогаш знаев дека Георги М. Унковски и неговиот прв долгометражен филм, ќе биде полн погодок. Ретко се случува кај нас режисер да извади и комплетно сценарио и при тоа да не ве изнервира со некои недоследности, до пола завршени ...

Претставата „На отворено море“ во изведба на Народниот театар од Битола, во режија на Благој Мицевски, завчеравечер ја воодушеви публиката на фестивалот Direction East во Бјалисток, Полска. Претставата е работена според делото на Славомир Мрожек, а во истата играат: Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски. „Беше брилијантно, апсурдно и актуелно во исто време“, истакнуваат од фестивалот. Меѓу ...

Разговор со писателката Румена Бужаровска ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, вечерва во 19 часот. Нејзиниот роман „Тони“, издание на Издавачкиот центар ТРИ е книга на месецот во Библиотеката и заедно со клубот на читатели се дел од 4. циклус на големата кампања на „Читаме современи македонски автори“. Разговорот со Бужаровска ќе го води Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј ...

Со старт на кампања за подигнување на јавната свест за суштинската важност на знаењето и незаменливата улога на наставниците во општеството, Министерството за образование и наука вчера го одбележува 5 Октомври – Светскиот ден на учителите. Почетокот на кампањата насловена „Магијата е во знаењето“ беше означен со две тематски панел дискусии посветени на институционалниот пристап кон образованието, статусот на наставниците, нивните предизвици и ...

Претставата „Медеја“ според Еврипид, во режија на Деклан Донелан, а продукција на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, го освои Гран прито на 19. „Скупифестивал“, што заврши синоќа во Албанскиот театар. Освен најглавната награда, жирито одлучи да ја додели и наградата „Љуран Ахмети“ за претставата „Половина – животот на Марија Кири“ на театарот „Метропол“ од Тирана, Албанија, а со специјална охрабрувачка награда посвети на театарот „Хера“ од ...

Во пресрет на промоцијата на книгата „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски (9 октомври, 20 часот во „Јавна соба“) го објавуваме предговорот Пишува: Гоце Дртковски Умберто Еко вели: Напишав роман затоа што добив желба да го напишам. Мислам дека тоа е доволна причина човек да почне да раскажува. Би го парафразирал мотивот на Горан Стефановски кој го сретнав во едно негово рано интервју, каде што тој искрено зборува дека пишува за да ги помири ...

Од 1994 година, светот го одбележува 5 Октомври, Светски ден на наставникот, што го прогласи УНЕСКО. Ви ја споделуваме пораката што ја упати Елизабета Секирарска, пензионирана професорка од СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Кој со деца не работел, не знае. Не може да ја разбере фантастичната убост на училницата. Онаа која учителот го држи жив, му овозможува и покрај сè, да се грее на пепелта останата од некогашниот воспитно-образовен огин и да се ...

Со панел-дискусија денеска во 10 часот во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Скопје ќе почне националната кампања „Магијата е во знаењето“ што ја организира Министерството за образование и наука. Кампањата почнува на 5 Октомври, Светскиот ден на учителите и е насочена кон подигање на јавната свест за суштинската важност на знаењето и незаменливата улога на наставниците во општеството. Настанот ќе го отвори министерката за образование и ...

Филмот On the Way на турскиот режисер Самир Карахода ја доби наградата за најдобар филм во официјалната селекција на Фестивалот на филм и музика „Sирни“, што заврши синоќа. За наградата одлучи жирито во состав: Кристина Леловац, актерка; Трифун Ситниковски, режисер; и Дина Дума, режисерка. – Веруваме дека прашањата за миграцијата се меѓу најгорливите теми на нашето време, а Самир им пристапува со извонредна суптилност и нежност. Инспириран од ...

Битолскиот театар вечерва ќе гостува во полскиот град Бјалисток, каде ќе ја изведе претставата „На отворено море“, според текстот на Славомир Мрожек, а во режија на Благој Мицевски. Гостувањето е на фестивалот Direction East. Во претставата играат: Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски. Драматург на претставата е Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде ...

Антологијата „Работилница за поправка на чувства (втора антологија на иднината)“ ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во холот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Станува збор за збирка поезија, проза и драма на 15 млади креативци кои беа дел од работилницата за креативно пишување на библиотеката, под менторство на писателот Александар Русјаков. Песни и проза ќе читаат застапените автори, а за проектот ќе говорат ...

„Среќен сум што дојдов на ова топло место, да настапам со овој прекрасен оркестар“, рече Курт Розенвинкел, еден од највлијателните современи џез-гитаристи кој неделава им приреди големо задоволство на љубителите на џез-музиката во Македонија. И уште еднаш потврди дека имаме врвен Биг бенд за светските сцени. Курт Розенвинкел Концертот го организираше Националниот џез оркестар. Публиката веќе се навикна на беспрекорната прецизност со која ...

Проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината“ ќе биде промовиран вечерва во 20 часот во Сули ан во Старата скопска чаршија. Настанот е дел од „Бела ноќ“, а заедно го организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со Институтот Гете, Амбасадата на Германијаа, Универзална Сала и град Скопје. Проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината“ се заснова на меѓукултурен и меѓугенерациски дијалог, промовирајќи ...

Два софиски театри ќе гостуваат вечерва на 19. „Скупифестивал“ во Скопје. Од 19 часот ќе гостува „Јалта арт рум“ со изведбата на „Икс“, додека во 20.30 часот ќе следува изведбата на „Медеа“ на Националниот театар „Иван Вазов“. Автори на „Икс“ се Омар Kајам и Бојан Крачалов, а режијата е на Крачалов. Настапува актерот Васил Дуев – Туиг. – Да ја наречеме „Икс“ точката каде што се сече нашиот јавен лик – оној што го конструираме „за пред луѓето“, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
87%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
7.72
61%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
8.37
72%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
91%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
51%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
86%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.58
79%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225