
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Верувам дека се наоѓаме на опасна раскрсница во нашата земја, од која голем дел се откритија на нашите избори и конкурентските визии за тоа каква земја сакаме да создадеме Пишува: Андон Дамовски, докторант на Институт за социологија, Филозофски факултет-Скопје Секој човек е морално повикан да ги почитува граѓанските должности и одговорности. Како некој кој исклучително посветува внимание, ги сметам моите должности како граѓанин за свети. Овие ...
Во Центарот за култура во Охрид вечерва во 20 часот ќе се одржи претпремиера на претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ во режија на Билге Емин. Премиерата е утревечер во истиот термин. Играат: Адријана Билаловиќ-Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата се на: Кристина Тодороскс-Петреска, сценографијата е на Татјана Христоска-Бажевска, а костимографијата на Марија ...
„Да се патува по 45-годишната творечка траекторија на д-р Трајче Блажевски претставува деликатна и многу сложена авантура“, вели ликовната критичарка Конча Пиркоска за изложбата на графики која синоќа беше отворена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Тој се претстави со триесетина уметнички дела – графики изработени во последните седум години. – Неговата обемна био-библиографија на извесен начин, сама по себе, априори претставува ...
Во Кинотеката на Македонија, во рамките на програмата на МФФ „Киненова“, вчера се одржа работилница со истакнатиот австриски режисер, сценарист и продуцент Улрих Зајдл, годинашен лауреат на Фестивалот. -Мојот интерес беше насочен кон визуелната уметноста. Особено ме интересираа фотографијата и сликарството. Сакав на визуелен начин да ја пренесам мојата порака. Ме интересираше визуелното, а не текстот, не книжевното. Кога се обидувам да ...
Третата научна конференција за деца под мотото „Надгради ја твојата реалност“ вечерва и утре ќе се одржи во училиштето НОВА во Скопје Децата во Македонија добиваат солидна теоретска основа во образованието, но често недостасуваат интерактивни методи и практични вежби кои ќе го задржат нивниот интерес и ќе ги поттикнат на истражување и креативно размислување. Без овие практични искуства, научните концепти понекогаш изгледаат апстрактни и тешки за ...
На 77 години, денес почина познатиот композитор Љупчо Константинов. Константинов беше препознатлив по неговата музика „Среќна Нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други. Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство. Љупчо Константинов е роден на 11 декември 1946 година во Охрид. ...
Исклучително шармантни, музикални, креативни актери видовме синоќа со гостувањето на театарот „Улисис“ на фестивалот РУТА во Драмски театар во Скопје. Актерите Никола Недиќ и Марио Јовев со многу смисла за хумор, низ час и кусур ја понесоа публиката што го наполни гледалиштето низ многу приказни автентични за современа Хрватска, но во повеќето од нив и за нас во Македонијa. Концерт-кабарето за лажици и гитара го играат низ Хрватска и други ...
Исклучително шармантни, музикални, креативни актери видовме синоќа со гостувањето на театарот „Улисис“ на фестивалот РУТА во Драмски театар во Скопје. Актерите Никола Недиќ и Марио Јовев со многу смисла за хумор, низ час и кусур ја понесоа публиката што го наполни гледалиштето низ многу приказни автентични за современа Хрватска, но во повеќето од нив и за нас во Македонијa. Концерт-кабарето за лажици и гитара го играат низ Хрватска и други ...
Многу студии можат да се сработат за однесувањето и навиките на македонскиот народ на социјалните мрежи. Најјаките универзитети можат да нè набљудуваат и да дојдат до заклучоци од кои и науката ќе се изненади, а богами некој дел од нас и би се срамеле со кого делат етер. Последниот игран филм чија премиера ја видовме есенва е „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец. Ја имав честа меѓу првите да ја видам оваа урбана градска приказна ...
Во Уметничката галерија „Станислав Доспевски“ во Пазарџик, вечерва во 18 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Пред екранот“, составена од дела на 21 автор од Македонија и од Бугарија. Структурата на претставените автори се состои од три дела. Првиот дел го сочинуваат авторите од неформалната група „Конекција“, тоа се ликовните уметници од Македонија, кои живеат и работат во Бугарија: Маријана Иванова, Зоран Мише, Марјан Ѕингаров, Перица ...
На големата сцена „Љуба Тадиќ“ при Југословенско драмско позориште, на 12 октомври премиерно беше изведена претставата „Машка солза“ во режија на Александар Поповски, со музика на Кирил Џајковски. Се работи за текст заснован на 4 едночинки и еден расказ од Антон Павлович Чехов во која главните улоги ги толкуваат Војин Четковиќ, Сања Марковиќ, Ненад Јездиќ, Зоран Цвијановиќ и др. Костимите се на Миа Поповска, а сценографијата на Вања Магиќ. ...
Слем-поетот Матеј Петров е победник на годинешното издание на „Слем поетри Македонија“, кое од 10 до 13 октомври по 14. пат се одржува во Прилеп. Петров пред публиката настапи со песните „Слика“ и „Преку леб, погача“. За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а со минимална разлика во гласовите со победникот, второто место го освои Виктор Спасески од Прилеп. Третото место, според бројот на гласови, го поделија четири слем-учеснички. ...
Со „старовремска книжевна вечер“ ќе биде одбележан 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач, Влада Урошевиќ. Настанот насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ ќе се одржи утревечер во 19 часот, во „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје. Македонската книжевна ...
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија Ѓуриште во изминатите две години. Ќе бидат претставени дваесеттина дела кои ќе понудат увид во креативниот творечки процес на талентираните уметници од различни делови на светот. Изложбата е резултат на напорите на организаторот на колонијата, Домот на културата „Крсте ...
На втората фестивалска вечер на Регионалната унија на театри РУТА во Драмски театар, ќе гостува театарот „Улис“ од Бриони, Хрватска. Актерите Никола Недиќ и Марио Јовев ќе изведат Кабаре-концерт за лажици и гитара. Во создавањето на оваа претстава, тие соработуваа со актерите Ленка Удовички и Раде Шербеџија, основачи на театарот „Улис“. Ова кабаре се изведува веќе девет години. Имаат над 100 изведби во Хрватска, а поради универзалноста на ...
Во театарот „Војдан Чернодрински“ започна подготовката на новата претстава во режија на Борис Василески. „Го викаа Господин“ или „Го викаат Господин“, тоа се двата главни кандидати за име на претставата во овој момент, објаснува режисерот. Автор на овој драмски текст е Филип Леле, современ германски автор кој го напишал овој текст во 2008 на 30-годишна возраст. Претставата ќе ја следи приказната на Господин, човекот кој на донкихотски начин се ...
По повод 24. „Недела на италијанскиот јазик во светот“, италијанската амбасада на во земјава и Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вечерва во 19 часот во Europe House Скопје организираат виртуелна книжевна средба со светски реномираната писателка Дача Мараини. Мараини е една од иконите на современото италијанско творештво, добитник на најпрестижните книжевни признанија во Италија, ...
Во времиња како овие, слободата на уметноста е загрозена. Во времиња како овие, загрозена е и слободата на филмската уметност. Но тоа не е сè. Во времиња како овие, следната генерација режисери понекогаш ја обзема страв. Тие не се плашат дека ќе потфрлат како режисерки и режисери, не, не се работи за таков страв. Туку се плашат дека ќе создадат погрешен филм, имено филм што за некого е правилен филм, а кој според владејачкиот дух на времето и ...
Саемот на книгата во Франкфурт е најголемиот настан од овој тип во светот. Годинава се одржува по 75. пат и на него ќе учествуваат 4.000 изложувачи од 95 земји во светот Македонија за првпат со преводи на дела од македонски автори на англиски јазик ќе се претстави на Саемот на книгата во Франкфурт кој почнува денеска и ќе трае до 20 октомври. Како и претходните три години, и годинава претставувањето на македонската книжевност на една од ...
Изложба на цртежи, колажи и костими од Елена Дончева ќе биде отворена утревечер во 20 часот во Културно-информативниот центар – Скопје, Салон Империјал 1и2. Елена Дончева (1942) е еден од најплодните автори кога се има предвид професијата костимограф во Македонија. Дипломира 1967 г. на Академијата за применета уметност во Белград. Работи како костимограф во Македонска Телевизија (1967-1975) и во Македонскиот народен театар ( опера, балет и ...
Драмски театар Скопје од вечерва до 20 октомври ќе биде домаќин на 3. Меѓународен театарски фестивал РУТА. На сцената „Ристо Стефановски“ публиката ќе може да проследи шест претстави на театрите од регионот. „Хеда Габлер“ на Драмски ќе го отвори фестивалот во 20 часот. Во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од сите членки на Регионалната унија на театри – Београдско драмско позориште од Србија, Камерни театар 55 од Сараево, ...
Канцерот на дојка е непредвидливо заболување кое може да ù се случи на која било жена во тек на животот Канцерот на дојки е второто по ред заболување со највисока стапка во Македонија. За ова заболување не постои превентива, бидејќи сè уште е недоволно истражена област. Нo, редовните прегледи и тоа како знаат за спасат живот, вели д-р Маја Стојановиќ-Чрчева, специјалист по радиодијагностика која долги години работи во Центар за дојка во Скопје. ...
Остатоци од керамика – глинени садови сликани со бела боја или обликувани во форма на животно се дел од откритијата на археолозите на последните ископувања на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија. Тие вршеа сондажно ископување во западниот дел на неолитската населба за да направат увид во културните слоеви на овој простор. Археолозите констатирале дека тие се напластени во длабочина поголема од 2 метра и се доста подлабоки од оние ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски, ќе го отвори фестивалот „Киненова“ вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје. Ова е македонска премиера за филмот. – И овој филм како секое уметничко дело се раѓа низ борба. Главен елемент во филмот е хуморот кој потсетува на „Автостоперскиот водич низ Галаксијата“ и иако се случува во Универзумот сепак се случува овде – истакна Игор ...
Истакнатиот џез саксофонист и едукатор Кирил Кузманов ја доби наградата за најдобар млад македонски џез музичар што традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал. Наградата ќе му биде врачена задутре (17 октомври), во Младинскиот културен центар во Скопје пред настапот на Next to Silence закажан во 23 часот на 43. издание на Скопскиот џез фестивал. По дипломирањето и магистрирањето со највисоки оценки на престижниот Универзитет за музика и ...
Три играни и два документарни филма ќе бидат прикажани во рамките на „Неделата на романски филм“ што ќе се одржи од денеска до 18 октомври. Романската кинематографија доживеа вистински подем во последните две децении, со т.н „нов романски бран“ како водечко движење кое внесе свежина и оригиналност на европската филмска сцена и филмови кои се карактеризираат со минималистички пристап, документарен стил, социјално-политички теми и силна критика на ...
Во Друштвото на писателите на Македонија вечерва во 20 часот синологот Игор Радев ќе одржи предавање на тема „Класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“. „Првиот именуван поет на европската култура е Хомер, слепиот бард, кој пее за војни, јунаци, градови и држави, но не учествува во нив: токму физичкиот хендикеп – слепоста, небаре служи како симбол за неговата одвоеност од историската пракса. Од друга страна, првиот именуван ...
Актерката Јована Миладинова ја доби наградата за најдобра млада актерка „Рејхан Демиржиќ” на МЕСС, Сараево, за улогата на Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори” во режија на Андриј Жолдак. Ова е трета награда за Миладинова по наградата за искучително уметничко остварување на „Сцена на крстопат” во Пловдив и Награда за млад актер „Трајко Чоревски” на МТФ „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Членови на жирито се: Изудин Бајровиќ, актер, Горчин ...
Таа е една од десеттемина кои ја поминаа аудицијата во конкуренција од 70 кандидати. Пресудно било знаењето – долгогодишната работа во балетската сала, одличното познавање на балетските техники кои ги изучувала со својата професорка Маја Митровска-Богојевска Младата, успешна балерина Ева Десоска (19) есенва своето школување го продолжи во Германија, на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Манхајм. Таа е една од десеттемина ...
Австрискиот режисер Улрих Зајдл ќе биде гостин на фестивалот „Киненова“. Роден е во Виена, Австрија во 1952 година. Студирал филм на Филмската академија во Виена. Неговиот краток документарен филм „Топката“ (1982) за малку ќе довел до негово исфрлање од филмското училиште, како поради „морално и етички сомнителната“ содржина на филмот (се сметало дека во него ги исмева своите субјекти) така и поради неговата форма: Зајдл бил обвинет за ...