
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



За 5 отсто ќе бидат зголемени платите на наставниците и останатите вработени во основните и средните училишта во Македонија, беше одлучено на вчерашната средба помеѓу Владата и СОНК. Првото зголемување ќе биде со октомвриската плата и ќе биде исплатена следниот месец. – Ова е решение кое годинава го понудија буџетските услови, кои како нова Влада со силни напори успеавме да ги поткренеме од нивото на кое беа оставени од претходната власт. Ова ...
Повеќе од 50 познати домашни и странски тату-артисти викендов гостуваат во Скопје во рамките на Skopje Tattoo Show 2024, настан што ги обедини најдобрите уметници од Македонија, регионот и пошироко. Второто издание на уникатната тату конвенција се одржува во Skopje Event Center, каде што во текот на два дена се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето. Посетителите имаат можност да видат како тату-уметниците ги ...
Меѓународното графичко триенале во Битола што годинава се одржа по 13 пат, покрај огромното учество на автори од 145 држави, од декември до март ќе биде претставено и во истакнати галерии на шест града во Кина. Подготвен е и каталог со над 900 страници кој што во електронска форма ќе биде дистрибуиран до учесниците, истакнати институции и центри во светот како и неколку платформи за книги и каталози во одреден формат. Изложбата е отворена во ...
Меѓународниот театарски „Скупифестивал“ Скопје ќе се одржи од 14 до 19 октомври го организира своето 18. издание, во просториите на Албанскиот театар – Скопје. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „1984“ од Џорџ Орвел, во режија на Игор Менџиски. Играат: Арта Селими, Басри Луштаку, Едона Решитај, Флака Латифи, Шпејтим Кастрати, Џејлане Годанци и Илбер Барди. На програмата на 18. фестивал ќе биде и „Гидеоновиот јазол“ во продукција на ...
„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Конформист“ на познатиот италијански писател Алберто Моравија, во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска. Романот „Конформист“, првпат објавен во 1947 година, е едно од најзначајните дела на Моравија. Овој роман го направи еден од најчитаните повоени писатели во Европа. Истражувајќи ја врската меѓу потиснатите емоции и тоталитарното општество, како и човечката подготвеност да ...
Збирката страшни приказни „Забранетата соба“ на Александра Симова Клинчарова, со илустрации на Хари Дудески, во издание на „Чудна шума“ е единствена книга од Македонија вклучена во престижната листа „Бели гаврани“ (White Ravens) на 200 најдобри книги од целиот свет за 2024 година. Неколку дена пред почетокот на Саемот на книга во Франкфурт, кој годинава се одржува од 16 до 20 октомври, се објавува престижниот каталог „Бели гаврани“ (White ...
Наградата „Пегаз“ за 2024 година неделава му беше врачена на Владимир Јанковски за романот „Ехото на акробатите“ Филмски ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое секој ќе си ја препознае својата приказна. Книжевно дело кое останува како ехо, роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки. Со овие зборови беше опишан романот „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски на врачувањето на наградата „Пегаз“ ...
Eдукативни работилници во дел од основните училишта во Охрид беа реализирани во рамките на проектот „Чиста животна средина за светла иднина“, што се реализира на иницијатива на Здружението на граѓани „Нова порта“, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање. Претходно во рамките на активностите се реализираа и еко акции за чистење на крајбрежјето, подводно чистење на езерото како и мапирање на еколошки исчистените ...
Германскиот дебитанстки филм „Елаха“ на режисерката Милена Абојан премиерно се прикажува во киното „Милениум“ и Кинотеката во Скопје од 18 часот. По премиерата во Скопје, филмот ќе биде прикажан во повеќе градови низ републиката. „Елаха“ е моќна и емотивна приказна која обработува длабоки и актуелни теми и поставува важни прашања за идентитетот и правото на жени да управуваат со своите тела и живот. Ова е прв долгометражен филм на режисерката, ...
Во „Аудиокултура“ во Скопје утревечер во 20 часoт ќе се одржи слушачка промоција на албумот „Ruh“ на Next to Silence – 52. цеде издание на „SJF Records“. Вториот албум на Next to Silence содржи 5 нови композиции во кои петтемина музичари вешто ја испреплетуваат духовноста и сарказмот, беседат за она што е далеку од нивната тактилност, но длабоко вкоренето во нивното осмислување на светот. – Доследни на традицијата да се повикуваат на поими кои ...
Тоа што пред 20 години беше незамисливо, денес станува реалност со новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција Реченици и зборови изговорени на македонски јазик во транскрибирана форма, пренесени со мали и големи букви и интерпункциски знаци овозможува „Буки“ – новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција. Тоа што пред 20 години беше незамисливо, денес станува реалност. Алатката ќе им ја олесни работата на ...
Во Europe House во Скопје денеска во 12.30 часот ќе биде отворена изложбата „Да ù дадеме шанса на инклузијата!“. Ќе бидат изложени најдобрите дела од наградниот стрип-конкурс на истоимената тема што ја организираше Стрип центарот на Македонија од Велес. Ова е и завршен дел од циклусот од пет изложби, како дел од грантот Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На ...
Со изложбата „Hello Deadline, my old friend, I’ve come to talk with you again“ на мултимедијалниот уметник Владимир Лукаш, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 18.30 часот ќе почне 14. издание на Националниот „Поетски слем Македонија“. На поетскиот натпревар пријавени се 24 автори од повеќе градови. Тие утре (11 октпмври) во 18 часот ќе продефилираат низ центарот на Прилеп и ќе рецитираат поезија на повеќе локации. ...
Мојата книга не ја напишав јас Туку таа ме напиша мене И се распадна во честички воздух. Михаил Ренџов, „Книга” Секој што пишува или чита поезија, порано или подоцна, чувствува дека писмото се проникнува со животот на творецот. Но, ретко кој поет може со таква сигурност да каже дека таа ме напиша мене, како што е случајот со творештвото на Михаил Ренџов (1936-2024). Станува збор за огромен поетски опус: и по бројот на поетски првообјави и по ...
Македонската публика ќе може да го чуе прекрасниот глас на Бисера Велетанлиќ која ќе настапи заедно со Васил Хаџиманов бенд. Велетанлиќ е една од ретките пејачки од овие простори што ги спојува џезот и шлагерите во прекрасни мелодии и изведби. Влезниците ќе бидат во продажба од денес наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 1.500 денари. Исто така, во продажба ќе бидат пуштени и лимитиран број на ВИП ...
Во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул утревечер во 19 часот концерт ќе одржи реномираниот хор „Менада“ од Тетово. Настапот е дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, по повод макеоднскиот државен празник „11 Октомври“. Настанот ќе и понуди на истанбулската публика ретка можност да ја доживее уметноста на овој традиционален македонски ансамбл. ...
The Walk („Одење пеш“) свечено ќе отвора два престижни светски филмски фестивала, фестивалот во Токио, Јапонија, како и Фестивалот на документарен филм во Фолкстон, Англија. Светската турнеја на најновиот документарен филм на Тамара Котевска: The Walk продолжува во пет светски мегалополиси: покрај Токио и Фолкстон, филмот е во официјална селекција во Лос Анџелес, Лондон и Париз. Се најавува домашна и јапонска дистрибуција на филмот. Отворањето ...
Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл и сè друго што сработија учесниците на фестивалот, вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје ќе биде спуштена завесата на 12. „Џифони Македонија“. На последниот ден ќе гледаат по уште еден игран филм, а на крај ќе гласаат и за најдобрите играни, кратки, анимирани и ученички филмови во секоја од трите категории. Вечерва исто така ќе бидат соопштени и имињата на најактивните ученици ...
На 88-годишна возраст, денеска почина значајниот поет и преведувач Михаил Ренџов. Роден на 25 август 1936 година во Штип, Ренџов завршил гимназија во родниот град, а Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Беше член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Михаил Ренџов бил прв уредник на ...
Наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски ќе се одржат вечерва во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во ...
„Скопско“ и „Амфора“ го ослободија Охридското Езеро од „мрежите духови“. Акцијата, која се одвиваше од 1 до 4 октомври во соработка со нуркачкиот клуб „Амфора“, се фокусираше на вадење на заостанати рибарски мрежи (познати како „мрежи духови“) од четири клучни локации на дното на езерото. Резултатите од втората нуркачка акција покажуваат дека од дното на езерото се отстранети вкупно 3856 метри мрежа, а истите беа презентирани во Хидробиолошкиот ...
Под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“, од 16 до 20 октомври во Скопје ќе се одржи 9. издание на Филмскиот фестивал „Киненова“. Фестивалот ќе биде отворен со долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски. – И да бидам актуелен, доследен на експозето, да го надоградам и проширам истото па да кажам: Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите ...
Нова дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик, „Буки“ ќе биде промовирана утре во 14 часот во просториите на ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Со цел да се следат модерните текови за негување и употреба на македонскиот јазик, УКИМ креираше дигитален модел, базиран на вештачка интелигенција, за препознавање и транскрипција на говор на македонски јазик. Моделот е ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” во саботата ја имаше својата светска премиера на 57. „Ситџес фантастик филм фестивал”, еден од најголемите жанровски фестивали во светот. Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио” беше прикажан во фамилијарната секција. Капацитетите на салата беа исполнети, воглавно со најмладата публика која енергично ја дочека македонската ...
Сакал да биде филмски режисер, но се вљубил во театарот и таму во изминатите две децении покажува што знае. Филмот остана негова пасија и многу често е инспирација за нови претстави или провејува низ претставите. Синиша Евтимов ги создал можеби најгледаните претстави во македонскиот театар во изминатата деценија. Во моментов е преокупиран со работата врз претставата „12“ чија премиера треба да биде во ноември, а играат 12 реномирани актери од ...
Екипата на Народниот театар од Битола за време на своето гостување во Полска, вчера беше пречеканa од македонскиот амбасадор во Полска, Јасмин Ќахил. Во пријатна атмосфера се разговараше за соработката помеѓу двете држави на културно поле, како и за тоа дека овие гостувања придонесуваат кон истата. Претставата „Хамлет – денот на убиствата“ од Бернар Мари -Колтес во режија на Марјан Неќак, беше одиграна синоќа на Интернационалниот фестивал, ...
Постои добра основа за создавање системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје. Потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на знаењата и ресурсите. Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови ...
Работилница за сценска костимографија во текот на октомври и ноември ќе се одржи во КСП „Центар Јадро“ во Скопје, под менторство на костимографката Марија Папучевска. Оваа работилница има за цел да овозможи сеопфатен вовед во светот на сценските костуми поврзувајќи го историското значење и искуството со практични вештини и креативно дизајнерско размислување. Костимографијата е уметничка дисциплина во применетата уметност која има за цел ...
Ретроспективна изложба на авторот Златко Трајковски-Хинки ќе биде отворена утревечер во „Мала станица“ во Скопје. Тој е еден од најзначајните уметници кој почна да работи во првата половина на 80-тите години од минатиот век. Тој период е пресвртница во размислувањата за уметноста и за тоа како таа во иднина би изгледала во Македонија, период кога се работи на постмодернизмот и новите медиуми. Тој е еден од предводниците во македонската современа ...
Ова е најпрестижниот математички натпревар за ученици до 15,5 години, а нашето чудо од дете, Дамјан Давков, е најуспешниот натпреварувач во тридецениското постоење на ЈБМО Околу 70.000 евра се потребни за Македонија да може да ја организира 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) која треба да се одржи во јуни, идната година. Сојузот на математичари на Македонија (СММ) до крајот на месецов треба да се изјасни дали ќе успее да го ...