Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ ...
Метеоаларм за високи температури е активен за целата територија на државата за 8 август 2026 година. Според предупредувањето, граѓаните во сите региони треба да бидат внимателни поради очекуваните високи температури. На мапата на метеоалармот целата земја е означена со портокалово ниво на предупредување, што укажува на потенцијално опасни временски услови поврзани со високите температури. Се препорачува граѓаните да избегнуваат подолг престој ...
Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот западнонилски, со што вкупниот број заболени се искачи на 20. Според здравствените власти, сите новорегистрирани случаи се од Скопје – по двајца заболени има во општините Кисела Вода и Гази Баба, а по еден во Илинден, Бутел и Аеродром. Станува збор за лица на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за ...
Меѓународните превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавуваат радикални мерки и блокади на граничните премини, откако Европската комисија не понудила решение за ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Дополнително незадоволство предизвикала понудата разговорите со Европската комисија да се одржат онлајн, бидејќи клучниот персонал, меѓу кои и директорите од Директоратот за мобилност ...
Нема потреба од нови мерки за зауздување на цените на храната- категорични се од Министерството за економија, откако Државниот завод за статистика излезе со податок дека годишната инфлација во јули е 2,3 проценти во однос на јули лани, а 0,1 процент во однос на претходниот месец. „Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, бидејќи ценовните движења се стабилни, а кај најзначајната ...
Лекот за пациентите со астма и хронична белодробна болест, формотерол, познат под трговското име „Фостер“, од овој месец може да се подигне без дополнителна доплата, со партиципација од 280 денари. Посетивме аптеки низ Скопје и проверивме дали навистина тоа е така. – Треба да имате извештај од пулмолог. Со тој извештај се издава рецепт или носете копија од извештајот. – Колку треба да плати за…? – 280 (денари). Од Министерството за здравство ...
19 пациенти побарале помош во инфективното одделение и 14 на педијатрија во Гостивар со симптоми на болки во стомакот, дијареја, како и слабост во телото. Истите, по прегледот, биле пуштени на домашно лекување, додека два случаи со потешки симптоми се хоспитализирани во болница. Директорот на болницата, Емри Бајрами, за ТВ21 изјави дека овие бројки се целосно нормални за оваа сезона и немаат врска со некој вирус или нешто слично. „Во ...
Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје повторно ќе биде ставена во функција по повеќегодишна нефункционалност, информираат од Град Скопје. Од Градот посочуваат дека во тек е темелна реконструкција на фонтаната, која, како што велат, не се сведува само на сервисирање на постојната опрема, туку опфаќа целосна обнова на системот. Во рамки на интервенцијата се поставува специјализирана опрема произведена во Германија, ...
Алармантни податоци и годинава за намален број на првачиња во училишните клупи. Загрижувачки е податокот што досега се запишани дури 4.900 првоодделенчиња помалку, иако таа бројка не е дефинитивна поради тоа што се уште трае уписот во основните училишта и се очекува да имаме 3.000 помалку. Трендот на намалување на бројот на првачињата секоја година е се поизразен, па така во 2023-24-та биле запишани 19.848 првачиња, додека во следната ...
Ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“ е обжалена од Обвинителството, а предметот веќе е доставен до Апелациониот суд Скопје. Во меѓувреме, останува неизвесно што ќе се случува со имотот на ВМРО-ДПМНЕ кој сè уште е замрзнат, имајќи предвид дека пресудата не е правосилна. Според информациите објавени од „Слободен печат“, Обвинителството ја примило првостепената пресуда и на 5 август поднело жалба. ...
Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Туркије. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), обезбеден е владин авион со кој пациентот утре ќе биде транспортиран во земјава. За време на ...
Во Албанија, уште еден сегмент од Коридорот 8, на делницата Елбасан–Ќафасан, е отворен за сообраќај, што носи подобрувања за патниците кои минуваат преку граничниот премин Ќафасан. Новиот сегмент, долг 7,5 километри, се протега од излезот од селото Лабинот-Фуше до околу 500 метри по селото Мирака и сега е отворен со две коловозни ленти за сообраќај. Премиерот на Албанија, Еди Рама, и министерот за инфраструктура и енергетика, Енеа Каракачи, ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, во однос на јуни годинава, изнесува 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика. Најголем раст е регистриран кај транспортот – 4,4 проценти, како и кај рекреацијата и културата, домувањето и угостителските услуги. Истовремено, најголемо намалување е забележано кај храната и безалкохолните пијалаци, за 1,1 процент, како и кај покуќнината и опремата за домаќинствата. На ...
Опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ продолжија со размена на обвинувања за недомнешниот инцидент во Ново Село. Додека СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад нападот на нејзини млади активисти, оттаму возвраќаат дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакал да предизвика инцидент. Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски на денешната прес конференција рече дека во Ново Село, се случило ...
По повеќе од две години, повторно е поднесено барањето до Министерството за правда за организирање на стручните испити и на албански јазик. Барањето го поднел иницијаторот, студентот Мевлан Адеми, заедно со претседателот на Студентскиот парламент на ЈИЕ Универзитетот, Бесјан Реџепи. Овојпат, покрај правосудниот испит, барањето ги опфаќа и испитите за нотари, извршители и другите државни испити кои, според студентите, и понатаму се ...
Триесет и четиригодишен скопјанец заврши зад решетки откако под дејство на речиси четири пати повеќе алкохол од дозволеното предизвика сообраќајна незгода во центарот на градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил вчера попладне, околу 15:10 часот, на улицата „Пролет“ во Скопје. Според информациите од полицијата, И.А.Л. (34) управувал патничко моторно возило „матиз“ со скопски регистарски таблички и удрил во ...
Земјоделците од Струмичко повторно излегоа на протест, револтирани бидејќи откупувачите и конзервните фабрики ја започнаа сезоната со цена од 25 денари за килограм ајварка. Според нив, оваа сума е за 20% пониска од минатата година и е мизерна. Таа воопшто не ги покрива високите производствени трошоци, дополнително отежнати од пролетните поплави, силните ветрови и летните невремиња кои ги уништија пластениците. Еден од земјоделците пред ...
Екстремно ниското ниво на реката Дунав, предизвикано од долгиот период на голема суша, откри историска и опасна глетка во самиот центар на унгарската престолнина. Во непосредна близина на унгарскиот Парламент, од речното корито изнурнаа остатоци од Втората светска војна кои лежеле недопрени 81 година. Случајните минувачи и локалните власти забележале метална конструкција и материјали во калта, по што веднаш биле повикани специјализирани ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го потпиша решението за распишување вонредни избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Како што информира Гаши, одлуката е донесена согласно Уставот, Изборниот законик и важечките законски прописи. Тој ги повика Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и сите институции вклучени во изборниот процес да постапуваат професионално, ...
Уставниот суд за првпат во својата практика го известил Јавното обвинителство и Судскиот совет за судија кој не извршил негова конечна одлука. Станува збор за судија од Основниот граѓански суд Скопје, кој постапувал по предметот на новинарката Наташа Стојановска, поврзан со настаните од 27 април 2017 година. Како што соопшти Судот, на 24 јули 2026 година до двете институции било испратено известување дека не е извршена Одлуката ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша две нови извршни наредби со кои дополнително се ограничува правото на автоматско стекнување американско државјанство за деца родени на територијата на САД. Една од наредбите предвидува дека државјанството нема автоматски да им се признава на одредени деца чии родители не се американски државјани, меѓу кои се децата на вработени во странски влади, како и на лица кои ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ќе претседава со вонреден координативен состанок со неколку министри, на кој ќе се разгледува состојбата во Сеута по масовниот прилив на мигранти од Мароко во текот на минатата недела. Како што пренесува агенцијата ЕФЕ, состанокот ќе се одржи преку видеоконференција, а Санчез ќе раководи од државната резиденција Ла Марета на островот Лансароте. Целта на состанокот е координација на активностите на ...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија меѓусебни обвинувања поврзани со случајот со загадената вода во Гостивар и состојбата со квалитетот на водата за пиење во државата. Од СДСМ тврдат дека над 50 населени места се соочуваат со проблеми со загадена вода и посочуваат дека во Гостивар илјадници граѓани побарале медицинска помош поради инцидентот. Од партијата наведуваат дека институциите задоцниле со реакцијата и бараат да бидат објавени ...
Реал Мадрид во текот на вчерашниот ден заврши два големи потписи. Прво го ангажираше најскапото засилување во историјата на клубот Јан Диоманде, а потоа потпиша нов договор со еден од најдобрите играчи на клубот, Винисиус Жуниор. „Кралевите“ го ангажираа играчот на Брегот на Слоновата Коска Диоманде од Лајпциг за сума од околу 140 милиони евра, цифра која ја надмина онаа на Џуд Белингем од 134 милиони евра. Неколку часа подоцна Реал ја заврши ...
Министерството за здравство соопшти дека е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. „Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа ...
Компанијата Мета е задолжена со одлука на суд во американската сојузна држава Ново Мексико да исплати 567 милиони долари, најголем дел од нив во фонд за ментално здравје на тинејџерите како надомест за штетите предизвикани преку своите платформи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап. Според судската одлука, 420 милиони долари ќе бидат наменети за лекување и поддршка на менталното здравје на тинејџерите, додека преостанатиот дел од средствата ќе се ...
Најмалку седум лица загинаа во трагичен напад со оружје во училиште во Тајланд, откако ученик отвори оган а потоа си го одзеде животот, соопшти претставник на тајландската полиција. Учениците во паника го напуштаа училиштето „Дебсирин Нонтабури“, кое се наоѓа во северозападното предградие на Бангкок, додека повредените беа пренесувани во амбулантни возила, а наставниците се прегрнуваа и плачеа. На фотографиите што ги објавија службите за итна ...
♈ Овен Денот ви носи нова енергија и можност да ги завршите обврските што долго ги одложувавте. Во љубовта, искрен разговор ќе расчисти недоразбирање. Внимавајте на импулсивните трошоци. ♉ Бик Фокусирајте се на финансиските прашања – можно е да добиете добра понуда или дополнителен приход. Емоционално ќе се чувствувате стабилно, а вечерта е идеална за дружење со најблиските. ♊ Близнаци Неочекуваните промени ќе ви одат во прилог. Брзото ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
По силното невреме што го зафати Скопје, здравите делови од паднатите дрвја добиваат нова намена. Наместо да завршат како отпад, тие ќе бидат искористени за изградба на нов моторички парк на Водно. Новиот простор ќе има пречки и природни елементи за физички вежби, дизајнирани за подобрување на рамнотежата, координацијата и моторичките способности. Паркот ќе биде отворен за деца, млади и возрасни, како место за рекреација и активности во ...