Игор Стефановски – Иџе е најдобриот автомобилист од Македонија. Има освоено три европски титули, и многу подиуми низ Европа. Во интервју за ТВ21 зборува за своите почетоци со автомобилизмот, за ритуалите и подготовките пред трките, за тоа дали неговите син и ќерка ќе го наследат, до тоа кој момент ќе го памети до крајот на животот, и на крајот го открива рецептот како се стигнува до „хет-трик“ титули во Европа. Како се одлучивте за ...

Американските сили утрово извршија напади врз ирански крајбрежни радарски позиции, откако соборија беспилотни летала лансирани од Иран кон Ормускиот Теснец, соопшти американската војска. Ова е најновата ескалација што дополнително ги усложнува напорите за ставање крај на војната меѓу двете земји. Војската на САД смета дека четирите ирански дронови биле насочени кон регионалниот поморски сообраќај, изјави американски претставник за агенцијата ...

Овен Љубов: Се чувствувате непријатно. Вашиот партнер не ги слуша доволно вашите објаснувања и изговори, а вам ви недостасува трпение. Работа: Се обидувате да ги остварите вашите деловни планови, но се појавуваат ненадејни проблеми што ве забавуваат. Здравје: Поминете ги вечерните часови на помирен начин, опуштете се. Бик Љубов: Нема причина да се сомневате во шармот што го поседувате. Во зависност од вашиот емотивен статус, испланирајте ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, објави дека Советот на општината одобрил одлука со која секој ученик што ќе се запише во прво одделение во општина Тетово ќе добие ваучер од 100 евра. Касами рече дека целта е да им се помогне на семејствата со трошоците што ги имаат во текот на образовниот процес. „Младите ученици од основно училиште ќе добијат ваучери од 100 евра во денарска противвредност. Субвенцијата ќе важи за учениците кои ќе се ...

Демократската унија за интеграција денес во Градскиот парк во Скопје ја прослави 24-годишнината од своето основањe. Лидерот на интегративците, Али Ахмети, одржа говор пред присутните, каде што ги спомена успесите на партијата. Ахмети, меѓу другото, ги повика албанските политички партии да направат пакт, за во иднина победникот на изборите да ги претставува Албанците во владата. „Почнавме од нула, со 1%, 2% од Албанците застапени во ...

Поранешниот претседател на СДСМ и сегашен пратеник Фатмир Битиќи, вечерва во Бизнис 21 рече дека е делумно разочаран од партијата и од одлуките. Тој кажа дека тоа го покажал веднаш по поразот на изборите, кога си поднесе оставка од функцијата потпретседател. „Делумно сум разочаран од политиките на СДСМ. Јас не бегам од тоа, прв си дадов оставка од потпретседател на партијата дента кога ги загубивме изборите. Би се случила побрза ...

Федерален суд во САД поништи повеќе политики на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со кои се блокираше обработката на барањата за имиграција за граѓани на 39 земји опфатени со забраната за патување. Одлуката ја донесе главниот окружен судија Џон Меконел во државата Род Ајленд, утврдувајќи дека Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) незаконски ги суспендирала одлуките за барања за азил, работни дозволи, ...

Околу демографијата, пратеникот од редовите на СДСМ Фатмир Битиќи вечерва во Бизнис 21 на ТВ21 рече дека постои опасност до 2050 година во Македонија да живеат помалку од 1 милиони лица. „Ние многу брзо ќе дојдеме во ситуација и мислам дека Владата го знае, и се обидува преку дискусии за демографијата, и има демографска проекција, до 2050 година ако не се преземат одредени чекори, ако не се случи претпоставката да не се зачлениме до ЕУ до ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади објави дека поради имплементација на нов софтверски систем за обработка и исплата на права од социјална и детска заштита, има неколкудневни доцнења во реализацијата на плаќањата. Министерството објави дека правата на корисниците се загарантирани и дека исплатите ќе се вршат веднаш по завршувањето на техничките усогласувања, додека надлежните тимови работат на целосна имплементација на ...

Пратеникот од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи вечерва гостува на Бизнис21 на ТВ21. Со Битиќи дебатираме на економски теми. Според него, во овие две години од владата, нема ниту една спроведена политика за справување со кризата. „За жал не гледам владини политики за справување со кризата, ниту за помош на економијата. Пуштено е стихијно да си тече, а тоа не се вика политика. Затоа некој може да тврди, еве да имавме опонент од другата страна, ...

Преминот Маркова Нова – Лемос, кој треба да ги поврзе Македонија и Грција преку Преспанскиот регион, ќе се отвори најверојатно во 2028 година. Оваа проценка ја искажа евроамбасадорот Михалис Рокас, кој најави дека работите од грчка страна ќе бидат завршени за две години. Грција во април годинава потпиша договор со изведувач за изградба на граничната инфраструктура кај Лемос. Проектот предвидува контролни пунктови, зграда за полициска и ...

На астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) им беше наредено да се засолнат во прикачено вселенско летало откако од структурата одеднаш почна да испушта повеќе воздух. Петмина од седумте членови на екипажот добија упатство да влезат во закотвениот шатл на SpaceX, „Драгон Фридом“, во петокот попладне и беа подготвени за можна евакуација. Во меѓувреме, двајца преостанати членови на персоналот – двајца руски космонаути – се обидоа ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тиват, Црна Гора во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Тој кажа дека земјата останува фокусирана на испорачување на најмногу реформи и на проширувањето, но и на сочувување на националното достоинство. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совет јасно кажува дека процесот на ...

Албанскиот премиер Еди Рама на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, рече дека Западен Балкан не треба да остане во „чекалната“ на Европската унија, истакнувајќи дека треба посилна динамика во процесот на европската интеграција. Рама кажа дека пораките од земјите од Западен Балкан се слушнати и дека е потребна нова динамика во односите на ЕУ. Кога го прашаа, кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ, одговори: „Три работи никогаш не ...

Француско-германскиот нон пејпер во фокусот на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Тиват. Според овој документ Европската комисија треба да подготви предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите кандидати во Европската унија, вклучително и привилегиран пристап до единствениот европски пазар врз основа на нивниот напредок во пристапните преговори и поцврсти врски со европските институции. Во него се наведува дека е ...

Од почетокот на годината не примиле плата. Дополнително, велат дека добиле негативен одговор од Министерството за финансии за продолжување на нивните договори за работа. Поради тоа, дел од вработените во Клиниката за детски болести излегоа пред Министерството за финансии за да побараат исплата на платите, продолжување на договорите и трајно решение за нивниот статус. Една од учесничките на протестот изјави дека нивните барања за продолжување ...

Во изминатите две години се реализирани 350 милиони евра за развојни и инфраструктурни проекти во повеќе општини во земјата, изјави заменик-премиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на средба со градоначалници и раководството на ЗЕЛС, како и претставници на Светска банка, на која се разговараше за имплементацијата на проектите во општините. „Денес ќе зборуваме за проектите за локални патишта, каде што се склучени договори во ...

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица добија наредба да се засолнат во своето вселенско летало и да се подготват за можна евакуација, додека рускиот екипаж се обидува да го поправи зголеменото истекување на воздух во нивниот дел од орбиталната лабораторија, објави американската вселенска агенција НАСА. Командата од контролата на мисијата на НАСА беше примена во петок во 15:04 часот по македонско време од страна на четири астронаути ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, вели дека државата располага со јасно дефинирани планови и обезбедена финансиска рамка за спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето. Според него, значајна улога во реализацијата на предвидените активности имаат меѓународните партнери и Европската Унија, преку поддршка на проекти насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот и воведување поеколошки решенија ...

За пораките на европратениците од Комисијата за надворешни работи, кои деновиве ги упатија кон политичките партии во државава да се откажат од острата реторика и да покажат конструктивност во евроинтегративниот процес на земјава, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија е конструктивна. Пратеникот Бојан Стојаноски во емисијата Клик плус на ТВ21 вели дека земјава заслужува да има предвидлив пат кон Унијата, а не постојано да се бара од нас да ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, истакна дека Министерството и Владата се посветени на изнаоѓање трајни решенија за еколошките предизвици во државата, со посебен фокус на аерозагадувањето. Според Хоџа, квалитетот на воздухот е прашање што ги засега сите граѓани, бидејќи загадувањето претставува еден од најсериозните еколошки предизвици со кои се соочуваат македонските градови. Тој посочи дека веќе се ...

Шефот на Светската здравствена организација во петокот објави шестмесечен заеднички план за борба против еболата вреден 518 милиони долари, повикувајќи на пари и политичка посветеност за да се запре ширењето на епидемијата, која е веќе четврта најголема досега. „Тоа е временски ограничен план што ги опфаќа од јуни до ноември оваа година, а… цената на планот е 518 милиони долари“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тиват порача дека процесот на проширување на ЕУ е жив, и дека сето тоа мора да се искористи. Патем, кажа дека Македонија треба да напредува на патот кон ЕУ, но притоа без да го загуби достоинството. „Треба да бидеме трпеливи. Сепак, ова се моменти кога Европската Унија, односно Европскиот совет, јасно покажува дека процесот на проширување повторно станува жив. Нашата задача како Влада е да го зачуваме ...

Премиерот на Албанија Еди Рама, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, рече дека земјите од Западан Балкан треба да бидат дел од „масата“ на ЕУ, и дека секој кој испорачал во реформите, да стане полноправен член. „Имате нов „Хелмут Кол“ момент.Големиот лидер на Германија по падот на Берлинскиот ѕид не им рече на Источните Германци: „Сега имате 35 поглавја што треба да ги исполните пред да седнете на масата со нас. Напротив, тој рече: „Сите ...

Полицијата во изминатото деноноќие уапси 11 лица поради поседување или нелегална трговија со дрога, соопштија од МВР. „На 04/05.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Б.(21), Ј.Р.(24), Л.М.(22) и Г.М.(52), сите од Скопје, Х.Ќ.(36) и Т.К.(36) од Германија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. На 04.06.2026 во ...

Филијалата на Халкбанк во Тафталиџе се претвори во сцена за уникатно музичко доживување. Во духот на светските Tiny Desk и Secret Experience концепти, клиентите и посетителите имаа можност да уживаат во ексклузивен pop-up концерт на популарниот музички артист, Young Dadi и неговиот бенд. Наместо со вообичаено банкарско секојдневие, филијалата вчера беше исполнета со музика, енергија и опуштена атмосфера, а клиентите и вработените за момент ги ...

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски рече дека за две години оваа влада има инвестирано 350 милиони евра за развој на инфраструктурни проекти во општините. Николоски ова го истакна на средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светската банка, каде што разговараше за развој и реализација на проекти во општините. „Имаше веќе два повика, едниот во 2024 година, другиот во 2025 година во вкупна вредност од 350 ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, за која оцени дека поминала во пријателска и срдечна атмосфера. Според објавата на Мицкоски на социјалните мрежи, на средбата се разговарало за состојбите во регионот, прашања важни за иднината на граѓаните, како и за европските перспективи на земјата. „Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара ...

Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека Европската Унија е силно посветена на почетокот на преговорите со Северна Македонија, но дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и уставните измени, мора да бидат исполнети. Повикувајќи се на пораките од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Рокас изрази надеж дека во наредниот период ќе има конструктивен пристап во односите со соседите и напредок во евроинтегративниот процес. ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
3.06
33%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
6.0
34%
1021
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.62
39%
1022
weather icon

Софија

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
37%
1019
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
5.92
34%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
74%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
5.66
34%
1013
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
23%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.87
31%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
6.17
44%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.54
27%
1023
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.72
93%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Паладиум

43596.41

Родиум

278907.73

Сребро

2099.49

Алуминиум

3.36

Калај

55.56

Бакар

13.39

Злато

141562.95

Цинк

0.00

Платина

56263.81

Иридиум

252383.36