Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Речиси целата територија на Македонија е зафатена со висок метеоролошки ризик од пожари, со исклучок на повисоките делови на Шар Планина, според последната анализа на Македонскиот информативен систем за шумски пожари. Иако во моментов нема подрачја со многу висок ризик, надлежните предупредуваат на можност за појава на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет низ целата земја. Во меѓувреме, до 13 часот, Центарот за ...
Најмалку 12 лица загинаа, а осум се водат како исчезнати на Филипините во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од комбинација на југозападниот монсун и тропските циклони Куџира и Долфин. Информациите за жртвите беа објавени во понеделник наутро, пишува Анадолу. Според податоците од порталот „GMA News Online“, последиците од бурата ги почувствувале речиси 586.000 луѓе во девет региони и 33 провинции. Помошникот-секретар за цивилна ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новите цени ќе важат од 11 август 2026 година од 00:01 часот. Според РКЕ, намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, бензините бележат пад од 6,186 отсто, ...
Аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани не е повеќе тренер на Вардар. Тој доби отказ од страна на шампионот на ПМФЛ после вчерашниот пораз на дербито од Шкендија. Фабијани го предводеше Вардар на четирите натпревари во Европа, од кои претрпе два порази и запиша две победи, и два пати го водеше тимот во Првата македонска фудбалска лига. Запиша победа против Брегалница, и вчера Вардар беше поразен од Шкендија. Фабијани дојде на местото на Гоце ...
Полицијата во Штип приведе три лица, меѓу кои двајца турски државјани, во рамки на акција за сузбивање на недозволената трговија со дрога. На 8 август околу 22:00 часот, на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнале М.Б. и 24-годишниот М.Џ.У., двајцата државјани на Турција со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на 23-годишниот Ф.Р. од Штип. Ф.Р. бил лишен ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Рим ќе ја обнови примената на Шенгенскиот договор со Шпанија штом помине заканата од нов прилив на мигранти од Африка, опишувајќи ја реакцијата на шпанскиот премиер Педро Санчез на привременото суспендирање на Шенген како „целосно неприфатлива“. Тајани во интервју за „Ла Стампа“ изјави дека Италија не предизвикала никаков проблем со суспендирањето на Шенген, туку дека тоа ...
Денес на Халкидики стапи на сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради високиот ризик од шумски пожари. Мерката, која ќе биде на сила од 8 часот наутро до 20 часот навечер, се однесува на подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожар е во категорија 3, објавува порталот „Теспост“. Во исто време, планирано е отстранување на возилата и луѓето што се наоѓаат во ...
Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучително и во областа на Шангај, откако тајфунот „Делфин“ го погоди крајбрежјето, предизвикувајќи силни ветрови, обилни врнежи и поплави. Според кинеските метеоролошки власти, максималната брзина на ветерот достигнала околу 150 километри на час кога бурата првпат стигнала до копното кај Јухуан, во провинцијата Џеџијанг, околу 17:30 часот по локално време. Околу ...
Знамето што беше дел од дизајнот на музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Охрид, кој го означи почетокот на одбележувањето на 35-годишнината од независноста, е нова причина за препукувања меѓу опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската СДСМ го смета дека власта го утнала македонското знаме на официјална државна прослава на 35 години од независноста, оценувајќи го тоа како срамно и понижувачки. „За тендери и провизии ...
Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Според националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Освен тоа, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз ...
Цените на нафтата денеска забележаа раст, откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормускиот Теснец предизвикаа загриженост дека прекините на глобалните енергетски пазари би можеле да траат подолг период. Цената на референтната сурова нафта „Брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас Интермедијат“ (WTI) со испорака во септември поскапе за 0,84 ...
♈ Овен – Денот носи повеќе обврски, но и можност да завршите нешто што долго го одложувате. Во љубовта избегнувајте импулсивни реакции. Финансиски, бидете внимателни со непланирани трошоци. ♉ Бик – Ќе имате потреба од стабилност и мир. На работното место ве очекува разговор кој може да донесе позитивен пресврт. Во љубовта искреноста ќе биде најдобриот избор. ♊ Близнаци – Комуникацијата ви оди од рака. Можно е да добиете интересна вест или ...
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана, едно лице возело без возачка ...
Индонезиските власти запленија 1,3 тони кетамин во вредност од околу 100 милиони евра на брод со странско знаме, соопшти денеска индонезиската агенција за борба против наркотици. Според властите, ова е една од најголемите заплени во историјата на земјата. Уште во февруари, властите добија информации дека бродот „Кинг Сан“ отпловил од источен Тајланд кон Индонезија со „сомнителен товар“. Во следните месеци, бродот бил под надзор. На 7 август, ...
Уставната седница на косовското собрание денес беше прекината кратко откако пратеничката од опозицијата Тиме Кадријај фрли јајца врз вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти. Курти е исто така лидер на Движењето Самоопределување (Ветевендосје), партијата што освои најмногу места на предвремените парламентарни избори на 7 јуни, но нема доволно претставници за независно мнозинство. Самоопределување има 53 од 120 места во ...
Украина и Русија во неделата меѓусебно се обвинија за смртоносни напади, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва ја загрозува глобалната безбедност на храната со нападите врз пристаништето во Одеса. Во источниот украински град Харков загинаа три лица, а 37 беа повредени, откако беше погодена повеќекатница. Во исто време, властите во руската Белгородска област соопштија дека пет лица загинале, а 25 биле повредени ...
Законот за тротинети се донесе пред околу еден месец, но проблемите и загриженоста на граѓаните останаа. По пешачките патеки и натаму се вози брзо и без внимание кон пешаците, а често пати се забележуваат дека тротинети возат малолетници, што е забрането. Граѓаните велат дека не се чувствуваат безбедно а многу често се нашле во ситуација кога биле во опасност да бидат удрени или прегазени од тротинети. „Ги загрозуваат сите пешаци што сме. И ...
Израел го отфрла мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа од 15 точки и нема да се повлече од Газа сè додека палестинската милитантна група Хамас не биде целосно разоружана, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој истакна дека Израел ја отфрла мапата на патот за разоружување на Појасот Газа предложена од Одборот за мир, со што официјално го отфрла предлогот поддржан од САД, објави „Тајмс оф ...
Момчето што се здоби со сериозни повреди на рбетниот столб на летувањето во Турција е во стабилна состојба. Директорот на клиниката за трауматологија Игор Мерџаноски информираше дека тој иако вчера добил покачена температура, сепак анализите покажале дека нема некакви инфекции и веќе е започнато со физикална терапија. „Параметрите витални се добри, вчера имаше зголемена температура, направени се тестови, негативни се тестовите на било каква ...
Полицијата го расчисти разбојништвото што се случило на почетокот на јули во населбата Илинден во Скопје, при што се уапсени две лица осомничени за кривичното дело. Станува збор за двајца 26-годишници од селото Бреза, кои на 4 јули, според сомнежите, физички нападнале 28-годишен жител на Арачиново, удирајќи го и со дрвен предмет, а потоа, под закана со оружје, му ги одзеле парите. Осомничените биле уапсени на 8 август на улицата „Јани ...
На Клиниката за ТОАРИЛУЦ во изминатиот период е зголемен бројот на пациенти повредени во сообраќајни незгоди. Меѓу нив се и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, информираше директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој посочи дека меѓу пациентите има и лица кои колабирале поради високите температури, по што доживеале сообраќајни незгоди. „Имаме пациент со повреда на вратот кој успеавме да го спасиме и очекуваме неговата состојба ...
Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на ...
На Клиниката за ТОАРИЛУЦ годинава нема примено пациенти со тешки повреди од скокање во плитка вода, освен момчето кое се повреди во Турција, информира директорот д-р Игор Мерџановски. Тој нагласи дека превентивните кампањи за безбедно однесување треба да продолжат, особено меѓу младите, но и кај родителите. Мерџановски апелираше да не се скока во базени и непроверени води, а доколку се практикуваат вакви активности, тоа да биде исклучиво во ...
На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје. При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје – Одделението за насилен криминал и одделението за семејно насилство расчистија неколку кривични дела и во координација со ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против две лица од Скопје. Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На ...
Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на ’рбетниот мозок е во стабилна состојба и надвор од животна опасност, информира директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој е свесен и контактибилен, дише самостојно, а од денеска започнал да се храни по природен пат. Во единицата за интензивно лекување продолжува и физикалната терапија. Мерџановски посочи дека пациентот вчера имал покачена температура, но ...
На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот. Полициски ...
На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на ...
На (08.08.2026) околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(34) од с.Маврово, гостиварско и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(63) од Скопје. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото ...