Македонија утрово се соочи со студено време, со најниски температури забележани во Берово, каде термометрите покажаа неверојатни -6 степени. Но, најмногу снег ова утро има на Попова Шапка, каде снежната покривка достигнува 40 сантиметри. Според информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), температурата до 8:30 часот се движеше од -4 степени во Тетово, до 0 во Скопје-Зајчев Рид и Виница. Во повеќе места низ земјата, како што се ...

Гајдата не е само инструмент – таа носи дел од македонската душа. Овој македонскиот народен музички инструмент е шесто добро по ред од Македонија кое се најде на репрезентативната листа на УНЕСКО. Досега на оваа листа се „Чет’рсе“, „Копачката“, „Гласоечкото пеење“, „Х’дрлез“ и „Мартинките“. Од Управата за заштита на културно наследство посочуваат дека ова е голем успех на културната дипломатија на светско ниво и голема инспирација за ...

„Уметничко (по)стоење“ е насловот на изложбата од ликовната уметничка Јулијана Гешоска што вечерва во 20 часот ќе бие отворена во Младинскиот културен центар во Скопје. Во најавата за изложбата проф. д-р Владимир Мартиновски вели дека кога стоиме меѓу делата од најновата импресивна серија слики на Гешоска, обединети околу клучниот збор „Постојам“, спонтано ни се наметнува мислата дека за оваа уметница несомнено важи геслото „Сликам значи сум!“. ...

Заврши реализацијата на проектот „Сончеви училишта“ што ја реализираше Општина Битола по иницијатива, проект и изведба на Фондацијата Отворено Општество Македонија. Со овој проект шест училишта во градот добија фотонапонски централи и во текот на следната година ќе имаат помалку трошоци за електрична енергија. Адријана Лавчистка, програмски менаџер на ФОО информираше дека овој проект се спроведува веќе три години, дека се спроведува во пет ...

„Одлучивме, како редакција, да формираме жири составено од сите нас, кои секојдневно сме ангажирани во создавањето на ‘Трн’, и да посочиме кои се тие иницијативи и појави што сметаме дека заслужуваат признание. Оваа малечка диплома е наш симболичен начин да кажеме дека нивната работа ни значи,“ истакна главниот уредник на „Трн“, Васко Лазаревски, во своето обраќање. Признанијата беа свечено доделени од членовите на редакцискиот тим: Адријана ...

„Овој вид затворање на главниот градски вод се прави ретко, последен пат беше во 1991/1992 година за приклучок на бунарското подрачје Лепенец. Оперативниот план за санација е изготвен за да обезбедиме што поефикасна и побрза интервенција,“ соопштуваат од претпријатието. Тие додаваат дека зафатот ќе го подобри притисокот, ќе ја намали загубата на вода од Ѓорче до Карпош и ќе ја зголеми трајноста на водоводната мрежа. Прекинот ќе започне во ...

Во Истанбул за месец и половина загинаа 37 лица поради консумирање несертифицирани, фалсификувани алкохолни пијалоци, а во врска со тие инциденти се приведени 36 осомничени, јавуваат денеска турските медиуми. Поради овој проблем, инспекциските екипи годинава надгледувале 1.002 работни места, а 32 фирми се казнети со вкупно 2.662.000 турски лири (околу 72.500 евра), пишува турскиот весник „Милиџет“. „Запленети се околу 15.000 шишиња лажен ...

Од учебната 2025/2026 година, предметот „Историја на комунизмот во Романија“ ќе стане задолжителен за сите ученици во 12-то или 13-то одделение, објави Министерството за образование. „Носталгијата за комунистичките времиња често се должи на непознавање на историските факти“, изјави министерката за образование Лиџија Дека, додавајќи дека предметот ќе им помогне на младите да стекнат подобро разбирање за демократските процеси. Новата програма беше ...

Анжелик Ањарни-Филопон, 34-годишна стјуардеса од карипскиот француски остров Мартиник, влезе во историјата како највозрасната натпреварувачка што ја освоила титулата „Мис Франција“. Нејзината победа во саботата беше овозможена со неодамнешната промена на правилата што им дозволува и на жените повозрасни од 24 години, како и на мажените жени и мајки – да се натпреваруваат. Во финалето учествуваа 30 кандидати, кои продефилираа во костими за ...

Недела е денот на Сонцето, понеделник е денот на Месечината, вторник му припаѓа на Марс, среда на Меркур, четврток на Јупитер, петок е денот на Венера, а сабота е денот на Сатурн. Затоа, концептот или моќта на манифестирање за секој поединечен хороскопски знак ќе биде поизразен во даден ден. Понеделник: Раковите можат да ги манифестираат своите соништа работејќи напорно на своите намери во понеделник. Тогаш се зајакнува нивната интуиција, што им ...

Според западни медиуми, „Епл“ (Apple) ќе престане да ги продава паметните телефони „Ајфон 14“, „Ајфон 14 плус“ и „Ајфон СЕ“ во Европската Унија. Овој потег е последица на новиот Закон којшто бара сите нови паметни телефони со жично полнење да користат „УСБ-Ц“ влез што овие уреди го немаат. Како што е познато, тие се полнат преку влез „Лајтнинг“ (Lightning). Овие уреди ќе бидат трајно отстранети од продавниците на „Епл“ до 28 декември. ...

Германија и Франција денеска воведоа во сообраќај супербрз воз меѓу Берлин и Париз, кој ќе ја минува оваа делница за околу осум часа. Возот ќе сообраќа еднаш дневно, а оператор ќе биде германската железница „Дојче Бан“. Новиот воз се пушта во употреба во време кога „Дојче Бан“ настојува да ја подобри својата доверливост и точност, откако минатиот месец само 60 отсто од возовите на долги релации пристигнале на време. До 2027 година, компанијата ...

Сезоната на мандарини, која трае од средината на ноември до почетокот на февруари, носи допир на сонце и вкус на лето среде студените зимски денови. Ова сочно овошје стана суштински избор за многумина – или како извор на витамин Ц за зајакнување на имунитетот или едноставно за уживање во неговиот богат вкус. Сепак, сите што купиле мандарини знаат дека не се сите подеднакво слатки и сочни, дури и оние кои имаат повисока цена. Трикот за избор на ...

Шпанските земјоделци денеска протестираа во главниот град Мадрид поради неодамнешниот договор меѓу Европската унија и Меркосур, изразувајќи загриженост дека договорот ќе има значително влијание, не само на локалните земјоделци, туку и на другите ширум Европа. На покана на синдикатот Асаја и COAG, земјоделците се собраа пред зградата на Министерството за земјоделство, рибарство и храна за да протестираат против договорот меѓу блокот и Меркосур, ...

Пред Асад да ја преземе функцијата во 2000 година, неговиот покоен татко Хафез беше претседател три децении. Сега, кога бунтовниците предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир-ал Шам (ХТС) формираат преодна влада, иднината на соборениот претседател, неговата сопруга и нивните три деца е неизвесна. Тие сега се во Русија, каде што им е понудено азил, но што ги чека? Зошто Асад побегна во Русија? Русија беше верен сојузник на Асад ...

Сараево и Дубровник наскоро ќе бидат поврзани со велосипедска рута долга 350 километри, која ќе поминува низ најубавите предели на Босна и Херцеговина и јужна Хрватска. Оваа иницијатива има за цел да отвори нови можности за туризам во двете земји. Проектот е резултат на соработка помеѓу организациите „ХерцеговинаБајк“ и „Визит Коњиц“, со поддршка од Делегацијата на ЕУ во БиХ. Планирано е рутата да поминува низ планините Бјелашница и Рушањ, ...

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, на 22 јануари ќе ги забележи своите први кругови зад воланот на болидот на Ферари, според извори блиски до тимот. Сепак информацијата се уште не е потврдена од Ферари. Хамилтон ќе го вози болидот Ф1-75 од 2022 година на патеката „Фиорано“ во Маранело, а Скудерија ќе ја користи програмата за тестирање на болидите од пред најмалку две сезони. Мерцедес одби да го ослободи Хамилтон предвреме ...

Доналд Трамп утре, согласно американските закони, ќе биде именуван за претседател на САД. Иако Трамп утре ќе биде именуван за претседател на САД, сè уште не е завршен изборниот процес. Откако поединечните држави ќе ги достават записниците од гласањето на колегиумите, обновениот Конгрес (исто така избран на 5 ноември, целосно за Претставничкиот дом и делумно за Сенатот) ќе има седница на 3 јануари, кога потпретседателката Камала Харис ќе го ...

Опра Винфри тврди дека добила повеќе понуди за своите мемоари, но една работа ја спречило медиумската ѕвезда да ги напише – семејството. Во дискусија со Гејл Кинг на Конференцијата за жени во Бостон, Масачусетс, САД, викендов таа искрено проговори за тоа. – Имаше многу прилики кога размислував да пишувам, а не го сторив тоа. Имав договори да го сработам тоа… Мајка ми беше сѐ уште жива и јас почнав со (пишувањето на, з.п.) мемоарите… И Стедман ...

Настанот ќе се започне во 12 часот, а помеѓу панелистите ќе бидат Лимко Бејзароски – претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Билјана Георгиевска – извршна директорка на СЕММ, Славица Анастасовска – Хелсиншки комитет за човекови права и Сара Миленковска – Коалиција Маргини, кои ќе ги претстават нивните наоди и анализи на оваа тема. По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на ...

Бразилскиот фудбалер и член на Ал Хилал, Нејмар, почна да тренира по закрепнување од повредата, објави саудискиот клуб на социјалните мрежи. На 4 ноември, 32-годишниот Нејмар се здоби со кинење на тетивата во натпревар од Лигата на шампионите во Азија со Естеглал (3:0) и беше надвор од терените. Пред ова, Бразилецот една година се опоравуваше од повредата на вкрстените лигаменти на коленото и скинат менискус, по што учествуваше на само два ...

Бројот на млади луѓе кои се коцкаат се зголеми на речиси 300.000 во Холандија откако земјата го легализираше онлајн коцкањето во 2021 година, соопшти Холандската управа за игри на среќа. Бројот на активни онлајн сметки за коцкање регистрирани на млади на возраст од 18 до 24 години оттогаш се зголеми за 340 отсто на речиси 300.000, се вели во соопштението. Една четвртина од активните онлајн сметки за коцкање припаѓаат на возрасната група од 18 до ...

Министерството за транспорт го објави вториот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година. Финансиската поддршка се доделува за период од 1 јануари 2025 година заклучно со 31 декември 2027 година. На повикот може да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми: да имаат превезено најмалку 5 ...

Односите меѓу двајца треба да бидат безбедно место каде што партнерите ќе може да ги споделат своите замисли, соништа, љубов, ранливост. Но, кога има постојани конфликти, недоразбирања или емоционална оддалеченост, темелите на врската се нестабилни. Емоционалната сигурност и поврзаноста може да се врати преку неколку „клучни стратегии“, според психологот-терапевт Џефри Бернстин од американската сојузна држава Пенсилванија. Тој сподели три начини ...

Доставивме барање до сите советници во Советот на град Скопје и градоначалничката на град Скопје, г-а Данела Арсовска, за поинаков пристап во решавање на проблемот со аерозагадувањето и носење на серија одлуки кои ќе ги вклучат сите субјекти кои го креираат аерозагадувањето во градов, со зададени јасни рокови и доволно време сите субјекти навремено да ги извршат потребните прилагодувања, велат од О2 Иницијатива. Со оглед на климатските услови, ...

Калиа Димитрова, главната уредничка на феминистичката платформа „Медуза,“ и Славчо Димитров од Коалиција Маргини – двајца силни гласови на денешницата, се нашите гости во новата епизода на Ре Трн ДУО! Колку време се познаваат Калиа и Славчо и кој обично ја започнува кавгата? Кој е омилениот суперхерој на Калиа? И кои ситници ги „вадат од такт“ ? Дознајте ги сите овие детали – и уште повеќе – во новата епизода на Ре Трн Дуо полна со искреност и ...

Овој проект се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде што преку акрилната техника на платно се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Моите дела го истражуваат архитектонскиот јазик на брутализмот преку апстрактна трансформација на просторот, материјалноста и волуменот. Со ова, се стремам да создадам визуелен јазик кој го доловува суровиот карактер на ...

Намерата да се соединат „собраните раскази“ на Франц Кафка во една книга во Германија се појавила пред педесетина години, но во Македонија тоа се случува првпат по повод одбележувањето на сто години од неговата смрт и како дел од проектот „25 години Антолог е класика“. Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во творештвото на Кафка. Во текот на својот живот објавил само дел од нив. Повеќето ...

Ова беа дел од заклучоците на политичкиот состанок „Дали ЕУ и нејзиното ‘зелено’ финансирање ги исполнија очекувањата на земјите од Западен Балкан: Можности и предизвици за зелени инвестиции“, организиран од Институтот за добро управување и политики за животна средина и климатски промени – Скопје (IPECC) на 29 ноември. Потребни предуслови за успешно спроведување Учесниците на состанокот се согласија дека за успешно спроведување на зелените ...

Утревечер (17 декември), во Друштвотот на писателите на Македонија во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на романот „Втерилиште“ од Игор Анѓелков. За книгата, која беше објавена на почетокот од минатиот месец како десетто, јубилејно издание на авторот, ќе зборува промоторката Оливера Ќоревзироска, која во поговорот напиша: „Ветрилиште“ е деликатен кус роман, несекојдневен и мошне храбар во домашниот книжевен контекст. Контролирано гротескен, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.58
76%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.02
85%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.32
77%
1017
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.12
81%
1014
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.28
89%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.91
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
82%
1009
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.25
85%
1011
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.31
84%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.13
83%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
70%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.43
77%
1012
Currency

61.53

Currency

55.5002

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62