
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Јапонската Амбасада во земјава оваа година слави 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија која беше одбележана со повеќе од 30 културни настани вклучувајќи концерти, работилници, изложби и „Недела на јапонски филм“. Последен настан од годинешното прославување на пријателството помеѓу двете земји, како што наведуваат во соопштението од Амбасадата е денешното отворање на фото-изложбата „30 години ...
Во 18 часот во Кавадарци се измерени алармантни 504 мигрограми на метар кубем ПМ10 честички, во Струмица се измерени 220, во Куманово 192, во Охрид 205, додека во Гостивар се измерени 113 мигрограми на метар кубен ПМ10 честички, според мерните станици на Министерството за животна средина. Ситуацијата е алармантна и во Скопје, каде што најмногу загаденост покажува станицата во Лисиче, 218 ПМ10 честички, додека станицата кај Ректоратот покажува ...
Барон Трамп (18), најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп и единственото дете на Меланија, одлично се вклопил на факултет. Тој од септември посетува бизнис часови на Универзитетот Стерн во Њујорк, а како што откриваат неговите колеги од факултет, тој е многу популарен меѓу девојките и не само затоа што е син на претседателот на Америка. „Тој е висок и убав, многу популарен кај девојките. Многу луѓе мислат дека е привлечен, дури ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе вложи пет милиони евра во проектите за изградба на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, кои треба да придонесат за енергетската транзиција на Северна Македонија. Договорот за грантот беше потпишан денеска од генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и претставникот на ЕБОР, Фатих Туркменоглу, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања ...
Тој денеска најави, како што рече, „целосен пакет социјални мерки кои во Белград не постојат во последните 50 години“, кои ќе почнат да се применуваат од 1 јануари 2025 година. На прес-конференцијата тој ги презентира плановите на Градот за 2025 година. „Веќе нема месечни, годишни или слободни. Со оваа социјална мерка, Белград станува единствениот град во Европа со повеќе од половина милион луѓе што има бесплатен превоз“, рече Шапиќ. Како што ...
Во сржта на Канвас 2 е Грувстер, заедница на млади визионери и љубители на музиката и уметноста. Започнат како едноставна идеја на дваца пријатели, Грувстер денес претставува динамично движење кое создава платформа за младите уметници и музичари, давајќи им простор за самоизразуванье и можност за интернационална соработка. Настанот е совршен пример за тоа како музиката и уметноста можат да ги премостат границите и да создадат универзална врска. ...
Најпознатата група од ЈУ просторите „Бијело дугме“, догодина доаѓа во Македонија. На 12 април во салата „Борис Трајковски“ ќе одржи повеќечасовен рок концерт. Највлијателниот рок бенд од поранешна Југославија „Бијело дугме“ со голема турнеја низ пораншните ЈУ простори ќе ја прослави 50 години од своето постоење. Турнејата е насловена како „Doživjeti Stotu“. Во Скопје доаѓа оригиналната постава на „Бијело дугме“ – Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, ...
Микроскопските црви кои го живеат својот живот во високо радиоактивната средина на исклучената зона на Чернобил се чини дека го прават тоа без никакво оштетување од радијацијата. Нематодите собрани од областа не покажаа знаци на оштетување на нивниот геном, спротивно на она што може да се очекува за организмите кои живеат на толку опасно место. Откритието, објавено претходно оваа година, не сугерира дека зоната е безбедна, објаснуваат ...
Јапонскиот синџир на пабови Yotteba мораше да ја прекине услугата за шамари за клиентите, откако еден од нив се пожалил дека е повреден. Yotteba е синџир познат по достапните пиво и пилешки крилца. Меѓу другото имаа услуга за која муштериите можат да добијат шамар од келнерката за 500 јени (малку повеќе од 3 евра). За дополнителни 100 јени гостите можеле да изберат која келнерка ќе им удри шамар. Оваа услуга, пишува Индипендент, првично била ...
Во САД употребата на дрога меѓу тинејџерите не е зголемена по падот забележан на почетокот на пандемијата „Ковид-19“, покажуваат резултатите од големата годишна студија. Околу две третини од ученици од четврта година средно оваа година изјавија дека не користеле алкохол, марихуана, цигари или електронски цигари во изминатите 30 дена. Тоа е најголемата регистрирана апстиненција од овие супстанции откако започна годишното мерење на навиките на ...
Балтсу на AI Tech Summit во Скопје го претстави потенцијалот на генеративната вештачка интелигенција во корисничката служба, а за Трн.мк објасни дека вештачкта интелигенција не се обидува и не може да го имитира човекот, туку може да имитира само еден аспект. „Тоа е имитација на еден аспект од човечкиот капацитет или како функционира мозокот или како функционира интелигенцијата. И тоа има врска со податоците, апсорпцијата на податоците и ...
Тренерот на Милвоки бакс, се осврна на триумфот на неговиот тим во НБА Купот и покрај лошиот почеток на сезоната во најсилната кошаркарска лига на светот. Во финалето ноќеска во Лас Вегас, Милвоки ја победи Оклахома со 97:81. – Имавме проблеми на почетокот на сезоната. Но, никој овде не се сомневаше кои би можеле да бидеме или како можеме да играме, па останавме само со тоа. Се задржавме заедно и оваа победа е производ на компактноста на тимот. ...
Јосип Броз Тито, претседателот на СФРЈ, починал на 4 мај 1980 година во 15:05 часот во клиничкиот центањр Љубљана. Истиот ден кога Тито починал била извршена обдукција. „По шест часа работа го завршивме последниот чин од тогашната голема драма на голема Југославија, штом заврши обдукцијата отидовме на Брдо кај Крање, се истуширавме, си ги собравме работите и се упативме кон Љубљана, каде „синиот воз“ веќе беше готов. Слушнав дека неговото тело ...
Постојат многу совети за најдобра диета за физичко здравје, но кој е најдобриот начин на исхрана која ја зголемува нашата среќа? Според водечки експерт за среќа и професор на Универзитетот Харвард, водечки експерт Артур Брук, многу е полесно да се одговори на како со исхрана да го симнете холестеролот отколку, како со исхрана да се стане среќен. Причината е во тоа што храната треба да го активира центарот за уживање на мозокот, а за да се ...
Зимата на многу луѓе им носи празнична радост, но за други оваа сезона е знак на лошо расположение. Некои од симптомите на зимската депресија вклучуваат чувство на летаргичност, замор или исцрпеност во поголемиот дел од денот, губење на интерес за активностите во кои уживавте, слаба енергија и чувство на тромост, проблеми со спиењето, желба за јаглени хидрати, прејадување и зголемување на телесната тежина. Осим светлечка терапија, психотерапија ...
Исланд речиси 2 децении доминира на рангирањата, како најдобра земја за живеење на жените. Таа е првата држава во светот во којашто е нелегално жените да се плаќаат помалку од мажите, за исто работно место. Исланд на мајките им нуди платено родителско отсуство во период од една година, коешто имаат право да го поделат со таткото на детето. Оваа можност ја користат 90% од татковците. Истражувањата покажуваат дека и по враќање од породилното ...
Ликот на Шрек, во истоимениот анимиран филм, се базира на вистинска личност чие име е Морис Тилет. Милет бил француски борач којшто се оженил со убава жена по име Олга. Морис Тилет бил попознат по името кое го користел во рингот, односно Францускиот ангел. Тилет бил особено успешен во раните 1940-ти. Од страна на Американското здружение за борење двапати бил прогласен за светски шампион во тешка категорија. Инаку, ,,Шрек“ е првиот филм којшто ...
Орхидеите се преубави цвеќиња, но бараат посебна грижа, особено ако сакате да цветаат повеќе пати годишно. Љубителите на орхидеи откриваат дека растот и нивното цветање може да ги поттикне лукот. Лукот е познат по своите антигабични, антибактериски и антивирусни својства, а благодарение на алицинот – природен антибиотик, може да им помогне на орхидеите. Алицинот го спречува развојот на мувла и болести, а со тоа го подобрува здравјето на ...
Ставање ливче од 100 денари во обложувалница е една работа, а обложување неколку илјади евра на едно вртење на рулет е сосема друга. Коцкањето со високи облози е повеќе од желба тестирање на вашата среќа. Тоа претсавува микс од психологија, проценка на ризик и специфично човечко однесување. Во оваа статија ќе дадеме одговор на тоа зошто некои луѓе се склони кон коцкање со високи облози и каква е улогата на психологијата во сето тоа. Разбирање на ...
Дојранското езеро, едно од најубави природни убавини во земјава е распространето на површина од 42.1 км2 во Дојранската котлина помеѓу ридовите Круша, Карабали, Боксија и планината Беласица. Пријатната медитеранска клима со топли и суви лета и благи врнежливи зими, со температури кои од мај до октомври се над 20 степени и просечна температура на водата од 27 степени, го прават езерото иделано за совршен одмор. Дојранскиот крај бил населен уште ...
Со официјалното усвојување на 13-тиот амандман во Уставот на САД, на 18 декември во 1865-та година било укинато ропството во сите американски држави и веднаш биле ослободени повеќе од 100.000 поробени луѓе. Ропството било укинато по 246 години од првиот брод на кој пристигнале заробени Африканци во Џејмстаун, Вирџинија, кои веднаш биле продадени како робови. Првата англиска колонија во Северна Америка, Вирџинија, ги добила првите Африканци во ...
Себично“ е песната на Ивона Јо со која таа ја погоди публиката на овогодинешниот Макфест во Штип, а од сега слушателите ќе имаат можност и да го погледнат спотот во кој Ивона јасно ја пренесува својата порака до публиката. Тимот кој ја создаде оваа песна се состои од Илија Ќосевски како композитор и Весна Малинова како текстописец. Видео записот за „Себично“ е во продукција на 2by4 Production, а во режија на Ени Вучидолова. „Оваа песна е за едно ...
,,Замисли нов свет“ во МНТ не е театарот на Бродвеј, и не треба да биде, таа е наша а светска, модерна и сензитивна или како што вели Горан „ Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас.“ …Средина на декември, месецот што треба да ја одвлечка старата година, месец во кој веќе почнуваат желбите за новата. Веројатно со надеж да го видиме и замислиме светот поубав, свет во мир, оној што го отпеа Џон Ленон во „Imagine“ во 1971 година, ...
Пописот на штрковите, кој беше спроведен во рамките на 8-от Европски цензус, бележи значителен успех. За само 10 години, бројот на млади штркчиња во земјата се зголемил двојно, што е директен показател за растечката свесност на граѓаните за важноста на заштитата на природата и биодиверзитетот. Во 2024 година беа евидентирани 1765 гнезда, а бројот на изведени штркчиња достигна 3,934. „Ми претставува огромна чест и задоволство што нашата ...
Декемвриската програма на Кинотека на Македонија го вклучува и најновото филмско дело на Шон Бејкер, Анора (2024), кое е вистинско кинематографско уживање. Со уникатниот пристап на Бејкер кон приказните за аутсајдери и неговата препознатлива визуелна поетика, Анора ветува длабока и емотивна приказна која ги истражува темите на идентитетот, надежта и човечката издржливост. Филмот е победник на фестивалот во Кан и е добитник на една од ...
Повторно е одложено враќањето на Земјата на двајцата астронаути на американската вселенска агенција НАСА, кои моментално се на Меѓународната вселенска станица, соопшти НАСА. Сунита Вилијамс и Бери Вилмор се заглавени на Меѓународната вселенска станица (ISS) од јуни поради технички проблеми со вселенското летало Старлајнер. Двајцата требаше да останат на ISS само околу една недела. НАСА тогаш објави дека тие треба да се вратат во февруари 2025 ...
Движењето за борба против загадување на животната средина, ,,Еко Стража”, денеска на својот профил на Инстаграм објави фотографија којашто, според нив, ја објавил лично проектантот на настрешницата во Нови Сад. View this post on Instagram A post shared by Eko Straža (@ekostraza) На неа, според ,,Еко Стража” јасно се гледа дека два држачи на настрешницата се оштетени, односно дека попуштиле. Инаку, бетонската настрешница на железничката ...
Во свет каде што жените се сè уште изложени на големи ризици од насилство, од исклучително значење е да се размисли за улогата што инфраструктурата може да ја игра во создавањето побезбедни јавни простори. Родово чувствителната инфраструктура се однесува на јавни и приватни простори дизајнирани да ги задоволат потребите на сите, вклучувајќи ги и жените и девојчињата, овозможувајќи им движење без страв од насилство и притисок. Дополнително, ...
Признанијата беа поделени во шест категории, а меѓу нив се најде и ЗЕЛЕН ТРН – признание за најдобрата иницијатива за заштита на животната средина. Кампањата „Наша гордост – наша одговорност” на СКОПСКО е добитник на Признание за најдобра иницијатива за заштита на животната средина во категоријата ЗЕЛЕН ТРН. Првиот збор од Пивара беше упатен со благодарност до целата екипа на ТРН за нивната иновативна трансформација на новинарството. По една ...
На 1 јануари 2025 година, на Флорида ќе стапат на сила девет нови закони, меѓу кои и сериозни ограничувања за употреба на социјалните мрежи од страна на деца. Законот House Bill 3, кој беше усвоен од законодавниот дом на Флорида и потпишан од гувернерот Рон ДеСантис во март, предвидува дека децата под 13 години нема да можат да имаат профили на социјални мрежи. За тинејџерите од 14 и 15 години ќе биде потребна родителска согласност. Главни ...