Корисникот на TikTok, Џош, кој е висок 193 сантиметри, сподели интересен трик кој му овозможува поудобно патување. Неговото решение вклучува еластични ленти кои ги користи за да ги стабилизира нозете и да избегне да се протегаат во просторот на патникот што седи до него. Во видеото тој покажа како ги прицврстува лентите околу нозете, одржувајќи ги во оптимална положба. На овој начин го намалува притисокот врз мускулите и овозможува поопуштена ...

Иако сите хороскопски знаци се на некој начин подготвени за нов почеток, некои ќе почувствуваат особено силен бран на среќа и успех кој ќе ги придружува во текот на првиот месец од годината. Овен Јануари ќе им донесе можности за деловен успех на Овните кои не ги очекувале. Неочекувана средба може да ја отвори вратата за нови деловни проекти, а финансиската ситуација ќе биде постабилна од вообичаено. Во љубовта, слободните можат да доживеат ...

Во пожар што попладнево избувна во зграда во јужнокорејскиот град Сеонгнам, јужно од Сеул, повредени се 35 лица, а повеќе од 300 се евакуирани, јавуваат јужнокорејските медиуми. Локалните медиуми објавија видео од катната зграда обвиена во црн чад, а се претпоставува дека пожарот избувнал од долните катови. Пожарот го зафатил големиот трговски комплекс БИЦ, по што во објектот бил вклучен алармот за пожар. Пожарникарите распоредија 82 возила и ...

Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за внатрешна безбедност на САД во заедничка изјава до 18.000 државни агенции за спроведување на законот во Соединетите Американски Држави предупредија дека постои опасност од потенцијални имитатори кои можат да го повторат новогодишниот терористички напад со пикап во Њу Орлеанс. Како што објави Еј-Би-Си Њуз, до агенциите за спроведување на законот ширум САД е испратен меморандум со предупредување ...

Општина Бутел обезбеди нови клупи, столчиња и смарт-табли за учениците во општинските основни училишта. Од општинската прес-служба информираат дека училишниот мебел не бил обновен повеќе години. Посочуваат дека локалната самоуправа преку континуирани инвестиции во основните училишта обезбедува подобри услови за учениците. -Новите смарт-табли овозможуваат интерактивно учење, го зголемуваат интересот за настава и го збогатуваат наставниот процес. ...

Норвешкиот шахист Магнус Карлсен, откако ја подели победата на Светското првенство во блиц со Русинот Јан Непомнјашчи, истакна дека никогаш во кариерата не се договорил однапред за реми. – Никогаш во кариерата не сум се договорил однапред за реми. Верувам дека самиот натпревар покажа двајца шахисти кои играа шах на високо ниво, беа рамноправни и двајцата заслужија да победат, изјави Карлсен. Во финалето на Светското првенство во Блиц пред два, ...

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот. – На ден 4.01.2025 год. (сабота), ќе се работи по неделен возен ред. – На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред. – На ден 7.01.2025 год. (вторник) Божик, ќе се работи по неделен возен ред. Работно време на билетарници и центри за ...

Откако вулканот во североисточна Етиопија денеска почна да покажува знаци на ерупција, властите наредија евакуација на населението од неговата близина во привремени засолништа, соопшти владината геолошка служба. Геолошкиот институт на Етиопија на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа чад и прашина што ги исфрла вулканот во областа Аваш Фентале. Државната телевизија на Етиопија јави дека властите ги евакуирале жителите од ...

Меган Маркл ја започна 2025. година со нов Истаграм профил, а сега е откриена и причината за нејзиното враќање на социјалните мрежи. Се работи за премиера на емисијата која наскоро ќе пристигне на Netflix. По месеци на шпекулации, поранешната глумица и сопруга на принцот Хари ќе ја претстави својата кулинарска емисија под името With Love, Meghan, која ќе биде достапна на Netflix од 15. јануари. Овој проект е дел од нејзината стратегија за ...

Американската технолошка компанија Епл се согласи на спогодба со корисниците кои ненамерно биле шпионирани од нејзиниот гласовен асистент Сири и ќе им плати вкупно 95 милиони долари за претрпената штета. Предложената спогодба, според која сопствениците на производите на Епл со асистентот Сири би можеле да добијат до 20 долари по уред, мора да биде одобрена од американскиот суд. Потенцијалното плаќање би се однесувало на корисниците на Епл во САД ...

Во верижна несреќа во северниот дел на казахстанската област Акмолинск, 95 автомобили се судрија поради снежна бура и слаба видливост, соопшти националниот оператор за патна инфраструктура Казавтожол. Нема загинати, но има двајца повредени – подоцна пренесени во болница, во несреќата, поради влошување на времето, на патот што ги поврзува Астана и Петропавловск, во делот меѓу селата Когам и Каратал во областа Биржански. Полицијата и итната помош ...

Владата на Република Србија одржа телефонска седница и донесе одлука денес, 3 јануари, да биде прогласен за Ден на жалост во Република Србија поради немилите настани и невино настраданите граѓани во Цетиње, Црна Гора. Во согласност со одлуката на Владата на Србија, институциите и јавните служби се должни знамињата да ги спуштат на половина копје, а медиумските, спортските, културните и сите други содржини да бидат прилагодени на одлуката за ...

По премиерата на Канскиот филмски фестивал во мај 2024 година, „Емилија Перез“ доби признание за својата оригиналност и жанровска разновидност, комбинирајќи елементи на драма, комедија, мјузикл и трилер. Филмот е апсолутен победник на 37. Европски филмски награди, освојувајќи пет награди, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм и режија. Главната улога ја толкува трансродовата актерка Карла Софија Гаскон, чие маестрално претставување на ...

Романот „И јас сум Сирма” на хит-авторот Зоран Спасов Sоф е најпродаваната книга за 2024 година според податоците на најголемиот издавач во државата „Арс Ламина” и неговиот ланец на книжарници „Литература.мк” Овој контроверзен роман од жанрот историска фикција побуди незапаметен интерес кај широката публика и за само еден месец стана бестселер за 2024 година. Да потсетиме дека станува збор за книга со поднаслов: „Лектира, историска читанка и Оче ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера вечер кај Рашче, кога автомобил излетал во реката Вардар. Во несреќата загинале три лица, додека едно лице се води за исчезнато и трагањето за него продолжува. Едно малолетно дете е извадено од реката. Во возилото имало пет лица, а најголема драма се случила кога дете старо само четири години паднало во реката. На среќа, детето било пронајдено и спасено од страна на пожарникарите, кои веднаш го ...

„Меѓу моите најзначајни постигнувања се рекордите на 1500 метри слободно, 400 метри слободно и 800 метри слободно, кои ги имам поставено и во мал и во голем базен. Особено сум горд на тоа што сум првиот пливач од Македонија што има испливано под четири минути во трката на 400 метри слободно,“ вели Ѓуретановиќ. Еден негов ден изгледа строго организиран: „Станувам во шест часот наутро, појадувам лесно и одам на првиот тренинг. Тој трае околу два ...

Јошо Оташевиќ, техничкиот директор на Bодоводот, е една од 12-те жртви на масакрот што го изврши Ацо Мартиновиќ на Цетиње. Семејството и пријателите во емотивни пораки се простуваат од него на социјалните мрежи. „Тага, шок и неверување. Тешко е да се најдат зборови за ваков губиток и бесмисленост. Почивај во мир пријателу, а на семејството изразувам најискрено сочувство – напиша неговиот пријател и сподели нивна заедничка фотографија. Ацо ...

Претседателот на САД, Џо Бајден, го доделува второто највисоко цивилно признание во земјата на 20 луѓе, на закажана церемонија денеска во Белата куќа. Меѓу примателите на претседателскиот граѓански медал се конгресменот Бени Томпсон, демократ, и поранешната конгресменка Елизабет Чејни, републиканка, кои ја водеа конгресната истрага за нападот на Капитолот на САД од 6 јануари 2021 година, извршен од страна на толпа подржувачи на поранешниот ...

Несреќата беше пријавена во СВР Скопје во 16 часот и како што соопшти МВР претходно на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар. Извлечено е возилото кое попладнето излета во Вардар во близина село Рашче и од него се извадени телата на три лица. Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Претходно МВР информираше ...

Повредите и смртните случаи од моќни огномети низ Германија за време на новогодишните празници повторно поттикнаа дебата за нови ограничувања или дури и можна забрана на огномет низ целата земја, јави ДПА. Министерката за внатрешни работи за Берлин, Ирис Спренгер, денеска се изјасни за широка забрана за огномет во земјата со ограничени локални исклучоци и рече дека федералната влада има должност да дејствува. – Ги поддржувам повиците за општа ...

Францускиот шампион Пари Сен Жермен на египетскиот напаѓач на англискиот Ливерпул, Мохамед Салах му нуди тригодишен договор со плата од 500 илјади евра неделно, објави новинарот Ромен Коле Годин на својот профил на социјалната мрежа „Х“. Актуелниот договор на напаѓачот со „црвените“ истекува во летото 2025 година. Англискиот тим е подготвен да понуди нов договор за период од две години со плата од 500 илјади евра неделно. Салах (32) игра за ...

Авганистанскиот заменик-министер за борба против наркотици Абдул Рахман Касеми изјави дека во земјата има околу четири милиони наркозависници, односно дека секој десетти во таа земја е зависник од дрога. Касеми истакна дека поради еден наркозависник негативни последици трпат уште најмалку седум лица, главно членови на неговото семејство. Говорејќи во центарот за лекување наркомани „Агуш“ во Кабул, Касеми рече дека, според Министерството за ...

Новак Ѓоковиќ денеска во Бризбејн го победи Гаел Монфис со 6:3, 6:3. Успехот на српскиот тенисер се покажа како рекорден во историјата на спортот. Тоа беше 20-та последователна победа на Ѓоковиќ над Монфис, а Французинот нема победа на сите меѓусебни натпревари. Ова се нема случено на ниту еден друг меч меѓу двајца тенисери во историјата на тенисот. Во следното коло Србинот ќе се сретне со Рајли Опелка, кој го совлада Матео Арналди со 7:6(9), ...

Голем ризик фактор за овој многу важен орган во нашето тело се бројните лоши навики – од дебелина и прекумерно внесување шеќер, до проблеми предизвикани од прекумерна количина на витамин А. Црниот дроб е витален орган кој врши повеќе од 500 телесни функции, вклучително и филтрирање на крвта и детоксикација на телото. Експертите издвојуваат пет лоши работи кои буквално го уништуваат. Штета од прекумерното консумирање шеќер Премногу шеќер може да ...

Од северна Шкотска до Јужен Велс, светлите бои на поларната светлина беа видливи по силна соларна бура. Бидејќи активноста на Сонцето неодамна достигна врв, би требало да има повеќе можности за фаќање на поларната светлина во текот на 2025 година, пишува Би-Би-Си. The Aurora Borealis made an appearance on New Years Day at Benone Beach. Cloud rolled down from the north spoiling the view. @bbcniweather @barrabest @VisitCauseway ...

Огнометот кој бил поставен на маса се превртел и испукал кон пакети со останати огномети, кои потоа ланчано експлодирале. Од здобиените повреди и изгореници на лице место починале две жени, додека уште една жена подлегнала на повредите во болница. Од останатите 20 лица, меѓу кои има и деца некои се уште се во критична состојба и се лекуваат во болница со тешки изгореници и повреди од експлозии. BREAKING: At least 2 people killed, 22 injured ...

Лаура Харнет споделува неколку трикови за отстранување на дамките од црвено вино, дури и ако тие веќе се исушени. Ако истурите вино на облеката, веднаш измијте ја со ладна вода. Лаура тврди дека исплакнувањето на дамката со ладна вода го турка црвеното вино на површината на која прво паднало. Продолжете со плакнење додека водата не стане целосно чиста. Иако многу луѓе посегнуваат по белото вино за да го неутрализираат црвеното, Лаура истакнува ...

Повредите и смртните случаи од моќни огномети низ Германија за време на новогодишните празници повторно поттикнаа дебата за нови ограничувања или дури и можна забрана на огномет низ целата земја, јави ДПА. Министерката за внатрешни работи за Берлин, Ирис Спренгер, денеска се изјасни за широка забрана за огномет во земјата со ограничени локални исклучоци и рече дека федералната влада има должност да дејствува. – Ги поддржувам повиците за општа ...

Микропластиката стана присутна во речиси сите аспекти на нашиот живот, вклучувајќи ја храната и водата, а новите истражувања покажале колку микропластика може да се наоѓа во кесичките чај. Истражување од истражувачите на Автономниот универзитет во Барселона открило дека поединечни кесички чај може да ослободат милијарди микро- и нанопластични честички во секој милилилитар вода во која се потопени. Тестирани се три вида кесички чај, а резултатите ...

Алата за генеративна вештачка интелигенција бележи брз раст од лансирањето во 2020 та година, надминувајќи 200 милиони неделни корисници во август. Овој пат, OpenAI, претстави нова функција за WhatsApp, овозможувајќи им на американските корисници да разговараат со chatbot. Еден 15-минутен гласовен разговор со chatbot месечно е бесплатен во САД, објави OpenAI во среда. Корисниците од други земји наместо тоа можат да испраќаат пораки до ChatGPT ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
45%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
51%
1020
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
54%
1017
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.78
67%
1016
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
75%
1020
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.57
56%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
6.69
73%
1018
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
0.45
58%
1019
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
52%
1015
Currency

61.525

Currency

54.6226

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15372.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.87

Сребро

1050.40

Злато

107132.47

Бакар

9.24

Паладиум

30993.32

Платина

31450.19

Родиум

172810.26

Цинк

2.56