
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Во Велика Британија, поради силен снег и леден дожд, неколку големи аеродроми се затворени. Постои загриженост дека многу рурални заедници би можеле да останат изолирани поради снегот кој на некои места достигнал висина од 40 сантиметри. Струјата е во прекин речиси низ целата земја, а властите соопштија дека работат на поправање на електричната мрежа. Прочитајте уште Повеќе од 100 летови откажани во Германија поради снег и мраз Струјата во ...
Јапонските власти денеска соопштија дека уништиле 50.000 пилиња по избивањето на птичи грип на една фарма на северот на земјата. Тестовите спроведени на фармата во областа Иват потврдиле присуство на вирусот на птичи грип, а властите соопштиле дека пилињата биле убиени на лице место. Регионалните власти забраниле движење на 170.000 пилиња од две други фарми во радиус од три километри од заразената фарма. Ова е 19. епидемија на птичи грип оваа ...
Карикатуристката Ен Телнес соопштила дека повеќе нема да работи во весникот Вашингтон пост, поради одлуката на тој весник да одбие да ја објави нејзината карикатура во која е критикуван сопственикот на Вашингтон пост, Џеф Безос. Карикатурата која беше објавена вчера на сајтот на Телнес, прикажува Безоса кој колени и ѝ дава торба полна со пари на статуата на Доналд Трамп. Во декември, компанијата Амазон, која е во сопственост на Безос, донирала ...
Извинувањето бара сила, самодоверба и препознавање на сопствените грешки, нешто што многумина не можат лесно да го направат. Некои луѓе едноставно не можат да го надминат својот гордост и да кажат дека им е жал. Без разлика на ситуацијата, тие ќе бараат оправдување за своите постапки или дури ќе ја свртат приказната во своја корист, наместо да признаат дека погрешиле. Кога станува збор за хороскопот, некои знаци се познати по тоа што не се ...
Јак ветер кој што ноќеска го зафати Златибор направи вистински хаос на патот. Ветерот носел снег и го затрупал коловозот, па било многу тешко и за патарите да поминат. Сведоци велат дека ситуацијата била критична, а дури и пред зора, кога ветерот малку се смирил, патарите продолжиле да се борат со тешките услови. Ален Мушановиќ од „Патишта Ужице“ изјави: „Нашите екипи се цела ноќ бореа со огромни наносите на снегот кај тунелот „Палисад“. Ветерот ...
Во Србије денес е прогласен Ден на жалост, по повод масовното убиство на Цетиње во Црна Гора, кое се случи во среда, 1. јануари. Ден на жалост прогласила Владата на Србија на седница одржана во сабота, објави премиерот Милош Вучевиќ на Инстаграм. Цетињанецот Александар Мартиновиќ убил на 1. јануари 12 сограѓани, меѓу кои членови на семејството, пријатели и кумови, а потоа побегнал од местото на злосторството. По опколувањето од страна на ...
Бројни медиуми ја објавија тажната слика на кучето кое седи пред куќата на убиените момчиња во масакрот во црногорскиот град Цетиње и мирно ги набљудуваше минувачите како да ги чека своите мали соседи. Сцената е уште пошокантна поради тажниот поглед на кучето додека седеше неподвижно на дождот на ѕидот во близина на прозорецот од детската соба. Се претпоставува дека ова куче ги познавало момчињата и си играло со нив и веројатно се уште ги чека ...
Данската полиција вчера попладнето соопшти дека истражува извештај за околу 20 дронови забележани над пристаништето Кеје, југозападно од Копенхаген, пренесува АП. Регионалната полиција во изјавата, која ја пренесува Данското радио, изјавила дека нејзините службеници по пристигнувањето на местото на настанот во петок вечерта успеале да видат четири големи дронови над марината Кеје. Полицијата била повикана од сведок кој тврдел дека видел околу 20 ...
Министерството за здравство на Црна Гора формирало тимови и направило план за обезбедување психолошка и психијатриска поддршка на граѓаните на Цетиње, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот за здравство, Војислав Шимун. Како што се наведува, тимовите ќе бидат на располагање на сите граѓани на главниот град секој ден од 7:00 до 19:00 часот, пренесуваат Вести. „Во случај на потреба од помош по овој период, здравствените установи на ...
Сириската управа за цивилно воздухопловство објави дека од 7 јануари на главниот аеродром во Дамаск повторно ќе има меѓународни летови. Сириската новинска агенција, исто така, објави дека меѓународните цивилни летови до и од Дамаск ќе продолжат следната недела, откако беа откажани кога опозициските сили го зазедоа аеродромот минатиот месец. „Објавуваме дека од вторник ќе започнеме да прифаќаме меѓународни летови до и од меѓународниот аеродром во ...
Манчестер сити вечерва на домашен терен го совлада Вест Хем во натпреварот од 20. коло на Премиер лигата со 4:1. Двоен стрелец беше Ерлинг Халанд. Норвежанецот кој погоди во 42. и 55. минута за прв пат од септември постигна два гола во Премиер лигата. Фил Фоден постигна уште еден гол во 58. минута. Владимир Цуфал погоди во сопствениот гол во 10. минута. Стрелец на единствениот гол на лондончани беше Никлас Фулкруг. Манчестер Сити (34 бода) ја ...
САД воведоа санкции против компанијата Integrity Technology Group, со седиште во Пекинг, обвинувајќи ја дека стои зад хакерската група Flax Typhoon, јавија американски медиуми, повикувајќи се на Министерството за финансии на САД. Компанијата е обвинета дека се претставува како фирма за информатички технологии, додека собира разузнавачки податоци за кинеските безбедносни агенции, претходно изјави директорот на ФБИ Кристофер Реј на конференција за ...
Француската полиција откри и заплени голема пратка со повеќе од два тони кокаин во вредност од околу 130 милиони евра и уапси двајца мажи на пристаништето во францускиот град Авр, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од полицијата. Агенциите забележуваат дека Франција и другите европски влади се обидуваат да ги ограничат активностите на бандитите за шверц на дрога и да спречат смртоносни престрелки меѓу нив. Минатата година ЕК ...
Во текот на 2024 година имало 94 денови со загаден воздух, односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 честички на метар кубен, покажуваат извештаите за сите 12 месеци лани на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух за Тетово. Според светските здравствени стандарди, во една календарска година не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух. Минатата година, најзагадени месеци биле ...
Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси ќе го добие Медалот на слободата, доделен од претседателот на САД, пренесува „ABC News“. Шефот на САД, Џо Бајден ќе одржи церемонија на доделување на група лауреати во Белата куќа. Медалот на слободата е највисокото цивилно признание на нацијата, кое им се доделува на поединци кои дале „извонреден придонес за просперитетот на САД, светскиот мир или други значајни јавни, јавни или приватни ...
Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) попладнево објавија заедничко соопштение за состојбата со регистрацијата на играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо. Во соопштението се вели дека лиценцата на играчот е укината, а барањето на Барселона да го регистрира за вториот дел од сезоната е одбиено. Оваа одлука ја донесе комисијата за следење на координативниот договор меѓу РФЕФ и Ла Лига. Претходно, во текот на денот „RAC 1“ ...
Холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит ја завршија осумгодишната битка за развод и неколку дена, веќе официјално се на слобода. Нивната љубовна приказна, која неславно заврши, е една од уникатните во Холивуд, бидејќи тие важеа за омилен пар. По долгогодишна борба на суд, Анџелина Џоли, го „напушти“ бракот, побогата со 80 милиони долари. И покрај предбрачниот договор, Џоли и Пит имаа неколку спорови, а меѓу нив најглавен беше замокот во ...
Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчерашните прекини на информациските системи на германските аеродроми не биле предизвикани од хакерски напади, јави ДПА. „Во моментов нема индиции за хакерски напади или каков било друг инцидент поврзан со безбедноста на информациските системи“, изјави портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи. Вчера имаше доцнење на летовите, но причина за тоа беа пречки во ...
Случаите на заболени од грип во Албанија, значително се зголемени во последните недели, а според извештаите од единиците за јавно здравје низ земјата, над 13 илјади се регистрирани само во последната седмица. Она што е забележливо е дека најголем број од оние кои бараат лекарска помош се деца до 5-годишна возраст, што доведе и до преоптоварување на педијатриските амбуланти во последните денови од годината што штотуку ја оставивме зад нас. Иако ...
Маж од Чешка под дејство на дрога си ги отсекол пенисот и двете уши. Веста ја објави чешкиот портал Иднес, кој информираше дека пронајдениот на улица, 31 годишен премрзнат маж, е хоспитализиран во психијатриска болница. Психијатарот Јакуб Албрехт изјави дека сè се случило бидејќи интоксикацијата му ја нарушила способноста за контрола и донесување одлуки. „Во тој момент не знаеше што прави, но сега живее релативно нормален живот. Лекцијата е ...
Најмалку осум лица го загубија животот денеска, а 15 се повредени во пожар на пазар во северна Кина. Властите ги истражуваат причините за пожарот во Жангџиакоу, провинцијата Хебеј, кој беше изгаснат за нешто повеќе од еден час откако избувна во 8:40 часот по локално време, објави Кинеската централна телевизија. Медиумите пренесуваат дека се работи за пазар отворен во 2011 година, каде се продаваат различни производи, од овошје, зеленчук и морски ...
Покрај различните лекови и методи кои се користат за елиминирање на несоницата, постојат различни намирници кои можат да помогнат полесно да се заспие. Тие влијаат на одредени хормони, кои се поврзани со спиењето. Најпрво треба да се отстрани стресот, бидејќи тој е еден од факторите за несоница, бидејќи кога нашето тело е под стрес, тоа произведува поголеми количества кортизол – хормон кој не држи будни и напнати. Хроничниот стрес може да го ...
Познато е дека морската вода делува благотворно на кожата, па не е чудно што многумина тврдат дека миењето со солен раствор носи слични придобивки. Придобивките што и се припишуваат на солената вода се многубројни, од чистење на вишокот маснотии и смирувачки иритации, до борба против акните. Сепак, дерматолозите предупредуваат дека мора да се биде внимателен, бидејќи прекумерната употреба на сол може да ја исуши кожата и да ја оштети нејзината ...
Од вкупно 490 пристигнати раскази на шестиот регионален конкурс за кратки раскази „Бибер“, жирито во состав: Алмин Каплан, Јасна Димитријевиќ и Тања Ступар Трифуновиќ, избра 24 кои ќе бидат вклучени во повеќејазичната збирка „Бибер 06“, што ќе биде објавена до почетокот на март 2025 година. Меѓу авторите од различни земји од регионот и Европа, Македонија е застапена со еден автор – Драган Симоновски, кој учествува со расказот „Снегот“. „Бибер“ е ...
Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“. Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на ...
Покрај интеграцијата со ChatGPT, WhatsApp најави уште една новина – функција за потсетници за непрочитани пораки. Претходно, апликацијата испраќаше потсетници само за ажурирање на статуси на контакти со кои најчесто комуницирате. Со новото ажурирање, WhatsApp ја проширува оваа функција за да ги потсетува корисниците на непрочитани пораки од контакти. Овие потсетници се испраќаат за пораки од лица со кои најчесто разговарате, базирано на ...
Кулашите минатата година изјавија дека десетото издание на фестивалот „ЌЕ РОКА“ и навистина рокаше во секоја смисла на зборот. Голем дел од културните работници и припадници на независната сцена дојдоа да им изразат поддршка и да ги видат содржините на фестивалот, меѓу кои: Филип Јовановски, Ивана Васева , Биљана Тануровска, Бојана Јанева, Гоце Наумов и многу други. „Под земја полесно се дише е ( самофинансиран ) мултимедијален фестивал кој што ...
Снежната покривка што ја зафати Скопје вчера значително го подобри квалитетот на воздухот во градот. Според податоците од платформата „IQAir“, Скопје, кое претходно беше рангирано како најзагаден град во Европа и меѓу најзагадените во светот, сега се наоѓа на 44-то место. Овој пад во рангирањето, од првото на 44-то место, укажува на значително намалување на загаденоста на воздухот, што може да се припише на снежните врнежи кои помогнаа во ...
Додека филмот се занимава со прашања за моќ, желба и контрола, интензитетот на интимните сцени остави трага кај актерите. Во едно неодамнешно интервју, Кидман откри дека снимањето на овие моменти барало чести паузи – не поради непријатност, туку поради тоа колку преовладувале емоциите и физичката состојба. „Понекогаш, по снимањето, моравме само да застанеме за момент. Имаше сцени толку емотивно и физички наполнети што се чинеше невозможно само ...
Специјализираниот портал за следење на аерозагадувањето, IQAir го рангираше главниот град Скопје како најзагаден град во светот, со оценка од 263, односно многу нездрав воздух за дишење. Податоците од Министерството за животна средина покажуваат концентрација на 356 микограми на метар кубен ПМ10 честисчки во Лисиче, 251 во Гази Баба, 235 кај ректоратот, 209 во Центар, 180 во Карпош, 165 во Ѓорче Петров. Освен Скопје, податоците на МЖСПП ...