
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Овој петок се очекува на граничниот премин Табановце-Прешево да почне да функционира „One stop shop“, интегрираниот граничен систем на Македонија со Србија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека од 4 јули таму ќе се контролира само влезот на луѓе и стоки во државата. Со Србија, официјално ќе го ставиме во функција на крајот од оваа недела, мислам дека во петок договоривме да имаме церемонија на отворање и почеток на ...
Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела гувернерот на Народната банка Трајко Славески во Македонската банкарска асоцијација (МБА). Претседателката на МБА Маја Стевкова Штериева денеска изјави дека тоа е индивидуална одука на органите на управување на банките, а упати и на ветувањето од Народната банка за намалување на надоместоци што банките ги плаќаат ...
Во врска со барањeто на независните кандидати од десет општини Уставниот суд да реагира на новиот Предлог-закон за измени на Изборниот законик, претседателот Дарко Костадиновски испрати писмен допис во кој нагласи дека како институција можат да ја ценат уставноста на законите, но не и на предлог-законите. -Со оглед дека вашето барање се однесува на оценување на уставноста на Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по ...
Од наредната учебна година наместо печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основно образование ќе бидат во електронска верзија и дигитално ќе бидат преземани од средните училишта во кои учениците ќе се пријават за упис. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека и во овој момент тоа е овозможено преку системот е-дневник, но ќе почне да се применува од идната година откако населението ќе биде повеќе информирано и подготвено за ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Кос истакна дека идентитетот не се решава на маса за преговори, туку се носи во „душата и срцето“. „Идентитет е и манастирите, и погачата, и тавче-гравче, пинџурот, полнетите пиперки… тоа никој не може ...
Нашата држава чекори по европскиот пат со отворено срце и разум, со прифаќање на европските вредности, меѓутоа се противиме на уцените кои не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес. Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството. Тоа се вредностите што ги прифаќаме – сè друго е туѓо за ЕУ, и туѓо за нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со ...
Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица и уште една за влез на товарен сообраќај, потврди денеска Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој на прес конференцијата со литванскиот колега рече дека за во иднина се планира товарниот сообраќај да се пренасочи преку посебен граничен премин, онака како што тоа во моментов го прави Грција. Во летната туристичка сезона граничниот премин Богородица ...
Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан, им порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос на лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Скопје. Таа истакна дека за Европската унија значаен е проектот за градење на независна Европа, Европа во која граѓаните одлучуваат за нивната иднина. Но, какошто рече Кос ...
Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Рама вели дека има позитивна атмосфера, и додаде дека сите обврски ќе бидат исполнети во предвидените рокови заедно со Европската комисија. „Никогаш не сме биле поблиску до остварување на вековна аспирација. А од друга страна, ми е мило што има генерално позитивна атмосфера во овој поглед. Многу ...
ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше година дена, како тоа од водење на горда дипломатија и со наводно „исправена кичма”, се доведе во ситуација да пратеник од сестринска партија поднесе амандман со кој сака да го проблематизира македонскиот јазик, јазикот на оваа држава, на македонскиот народ, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија. Петровска нагласи дека СДСМ нема проблем со ...
Грчката влада на Нова демократија, централно десничарска, во вторник објави реконструкција на кабинетот по бранот оставки поради масовна измама насочена кон измама на буџетот за земјоделство на ЕУ, објавува Политико. Танос Плеврис, пратеник од крајната десница познат по своите забелешки за Аушвиц и убивањето мигранти, е именуван за нов министер за миграција. Тој го наследува Макис Воридис, најистакнатиот функционер кој поднесе оставка во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура. Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната ...
Во мај годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,05 п.п. и 0,43 п.п., соодветно и изнесува 5,06%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,21% што претставува месечен и годишен раст од 0,01 п.п. и 0,35 п.п., соодветно., стои во соопштението на Народната банка. – Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во мај, е зголемена за 0,85 п.п. при годишен пад од 0,47 ...
Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријатества, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на ...
Состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан посветен на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје. На состанокот присуствува комесарката за проширување Марта Кос, а покрај домаќинот, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во Македонија се пристигнати или ќе пристигнат и претставници од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Косово. Пред состанокот во Скопје, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на Тесла, Спејс Икс и „Х“ „ќе мора да затвори сè и да се врати во Јужна Африка“. Во објава на „Truth Social“, Трамп се осврна на претходната силна поддршка на Маск за неговата претседателска кандидатура, истакнувајќи дека претприемачот цело време знаел дека Трамп е против задолжителните електрични возила. -Илон Маск знаел, ...
На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски кој на самиот почеток дискутираше за извештајот на Македонија во Европскиот парламент. „Ако се сеќавате можеби десетина години наназад, ВМРО-ДПМНЕ постојано аргументираше по основа на тоа дека се што е поврзано со Бугарија, мора да се дискутира со одредени нивни гаранции за во иднина бидејќи нема да биде само уставните измени туку ќе се јавуваат ...
Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција во понудата, односно дека ќе има повеќе од една финансиска институција со свои понуди, што сигурно потоа ќе ги натера да се натпреваруваат помеѓу себе и ние да добиеме поевтини средства. Очекувам до средината на ...
Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот. На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека се реазгледува идеја за создавање државна програма што ќе ги поддржува македонските млади инженери кои развиваат наменски технологии, дронови, со директна финансиска и логистичка помош од Министерството или други институции. Македонија, кажа Мисајловски вечерва во интервју за „360 степени“ на јавниот сервис, има реална шанса да влезе на мапата на земји што развиваат наменска индустрија, но за тоа ...
Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања, Александар. „По моја проценка ние сме далеку од правосилност на оваа пресуда, ќе имаме жалба. Секако дека одгоорност ќе се бара тоа е сигруно, ќе се бара на сите нивоа и во таа смисла и насока не знам како ќе постапи Јавното обвинителство. Она со што мојата совест ќе ...
Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“ во Пионирски парк во Белград, и ослободување на притворените студенти. „Ги повикуваме сите граѓани да излезат на масовен прекин на работата од вторник, 1 јули, се додека не се исполнат сите три барања“, се наведува во пораката објавена ...
Изминатата година во изградбата на патната инфраструктура се направи повеќе отколку во последните девет години, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостување на ТВ Сител, Николоски вечерва посочи дека суштинскиот проблем за доцнењето со изградбата на експресната делница Фариш – Дреново што беше пуштена денеска, е затоа што немало посветеност. Сега имаме исклучително безбеден пат и се крати патувањето до Прилеп за ...
Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија денеска соопшти дека новата Одлука за висината на посебните такси за користење на јавни патишта, односно патарините, ќе се применува од 4 јули. Во соопштението се наведува дека, во согласност со редовните годишни активности, е извршено прилагодување на износите на динари на таксите со годишниот индекс на потрошувачки цени и зголемувањето на малопродажните цени, но без да се ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека зголемувањето на индустриското производосто за 9,4 проценти во мај годинава во однос на мај лани е показател дека индустријата зазема стабилен курс на раст. Во објава на Фејсбук, Димитриеска Кочоска потенцира дека најголем пораст има во рударството, од 18,8 проценти. Во преработувачката индустрија, наведува министерката, растот изнесува 9 проценти, со најголем придонес од: ...
Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за третман на онколошки заболувања. -Лекот Paclitaxel е навреме нарачан од Клиниката, но заради застој во дистрибуцијата, најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на клиниката. За paclitaxel има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е docatexel-от. Исто така, лекот Еrlotinib, се ...
Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација. -Денес остварив средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е загрижен за недостатокот на одмор што неговиот тим ќе го има пред новата сезона во Премиер лигата и изјави дека нивното учество на Светското клупско првенство би можело да ги „уништи“. Сити ја заврши претходната сезона во Англија на 25 мај и ја отвори својата кампања на Светското клупско првенство во Филаделфија нешто повеќе од три недели подоцна, на 18 јуни. „Граѓаните“ се соочуваат со Ал-Хилал во ...
Првиот предизвик за спроведување електронски попис е дека нема да има вистинска мапа на населението, односно нема луѓето да бидат регистрирани таму каде што вистински живеат, туку по личната карта која што во многу случаи е на друго место и втората работа која што е предизвик за спроведување електронски попис е тоа што ја нема националноста во ниту една електронска база, посочи денеска лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче во врска со ...
Податоците објавени од Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во месец мај, Албанија ја посетиле 987 илјади туристи, што е зголемување од 1,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Вкупниот број за пет месеци годинава достигна 3,4 милиони туристи, што е за 100 илјади повеќе споредено со истиот период минатата година, кога за пет месеци ја посетиле 3,3 милиони туристи или 38 отсто повеќе од истиот период 2023 година. „Во ...