
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска ги презентираше клучните резултати и реформски потези. Тие според него ја поставиле основата на новата култура на управување во јавниот сектор. – Формирањето на Министерството за јавна администрација не беше бирократски потег. Тоа беше политичка порака. Порака дека веќе нема место за партиски вработувања, за нефункционални институции, за тајни договори и за неучење, изјави Минчев, ...
Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт. Како што соопштија од Основен кривичен суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје е опреден како надлежен за постапката, па во тој ...
Министерот за економија Бесар Дурмиши денеска најави дека доколку со следните извештаи се покаже девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки. Министерот појасни дека кај основните производи за мај очекувано било зголемување на цената. Посочи дека од друга страна, пак, има домашни производи кои се со намалена цена. -Во март инфлацијата беше околу 2 проценти, тоа за нас е стабилна состојба, а ќе правиме напори до крај на ...
Се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со Фискалната стратегија. Клучно е економското почитување на фискалните правила, порача денеска претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев во обраќање на дебатата за ребалансот на Буџетот за 2025 година во матичната собраниска комисија. Фискалниот совет до Комисјата за финансирање и буџет достави три документи, Мислење за буџетот, за ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека војната во Украина нема да се реши на бојното поле, туку дека за решение се потребни дипломати, а не генерали. „Клучот е во преговорите. Потребни ни се дипломати, а не генерали“, објави Орбан на платформата Икс. Премиерот коментираше статија на порталот Јуроњуз (Euronews) во која беше објавено дека францускиот претседател Емануел Макрон вчера, за прв пат од 2022 година, имал „значаен“ ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок за доизградбата на Коридорот 8, а кој е постигнат меѓу Скопје и Софија. Посочи дека така треба соседите да градат доверба. -Што се однесува до Коридорот 8, јас се радувам и би рекол аплаудирам на постигнатиот напредок, којшто го имаа на состанокот потпретседателот на Влада и министер за транспорт, Николоски, со неговиот колега од бугарската Влада. Тоа е чекор напред. Така ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, а веќе наредната година да биде, како што рече „во онаа рамка од 3 отсто, подолу од 3 отсто, која што требаше одамна да ја постигнеме, пред неколку години“. Тој денеска посочи дека во делот на фискалното консолидирање за жал претходната влада ја има испуштено можност, кога сите економии го имаат направено тоа и сега ќе мора оваа Влада тоа да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро реагираше на, како што рече, активната пропаганда во Европскиот парламент поддржана од официјална Софија за „модернизација“ на македонскиот национален идентитет. – Срамно е што земја членка на ЕУ се обидува да го редефинира нашиот идентитет. Ние имаме право да го почитуваме, чуваме и надградуваме нашиот национален идентитет. Жалиме што земји членки на Унијата имаат ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство во Македонија, изјави: „Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега е проследен со раст. Токму една од причините за таквиот раст е и работата на ...
Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии. Се базираат на непроменети макроекономски претпоставки и прилагодување на фискалните проекции кои на расходната страна обезбедуваат целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби без да се промени нивото на буџетскиот дефицит, рече денеска ...
Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Сања Лукаревска од СДСМ. Во продолжение нејзината прес конференција Овој ребаланс ја разоткрива вистината – дека економијата тоне, граѓаните се оставени сами на себе, а власта продолжува да се луксузира додека ги задолжува идните генерации. Со ...
Не само поради нејзината актуелна функција, која е клучна за нашиот пат кон Европската Унија, ниту само поради нејзината лична врска со регионот, што само по себе претставува уникатна можност за нас, туку пред сè поради нејзиниот длабоко европски пристап кон почитување на различностите и заштита на етничките посебности во Европа, стои во соопштението на ДУИ. Во продолжение реакцијата Наместо Владата да ја препознае оваа можност и да ги зајакне ...
На новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова година сме повеќе подготвени за справување со пожарите во однос на минатата година и најави показна вежба од модернизираната опрема. -Секаде на Балканов на лето се случува сезона на пожари, но за разлика од претходните години, оваа година сме многу по подготвени. Пред се мислам на армиските и полициските хелихоптери. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два се тука ...
Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но гледате, додека се бориме да ги вратиме изгубените позиции на меѓународната сцена, опозицијата не бира средства како од зад грб да ни забие нож, на тој начин да им се допадне на тие кои не ѝ мислат добро на Македонија, мислејќи дека повторно ќе имаат можност да бидат на власт. Ова е дел од изјавата на премерот Христијан Мицкоски кој тој ја даде одговарајќи на новинарски прашања во врска со ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. ...
Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари најостро реагираше на, како што го нарекоа, „невидено уништување на животната средина“ на планината Кожув, каде компанија во сопственост на Ѓоко Стерјоски – сопственик на мрежата на казина и обложувалници „Спортлајф“ – наводно сече илјадници квадратни метри шума заради приватни бизнис-интереси. Од Алијансата предупредуваат дека оваа активност сериозно го загрозува биодиверзитетот и ...
Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Станува збор за пожарот кај селото Башиште на територијата на општина Прилеп и огнената стихија меѓу селата Грчиште и Марвинци во општина Валандово, а во овој регион пожар има и во општина Богданци, на потегот од браната Паљурци до селото Богданци, каде што горат ...
Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота за противпожарнита авиони „ер трактор“, Стоје Арсовски и Васко Михалчев. Со ова авионите на ДЗС ќе бидат оперативни за противпожарно дејство за гаснење на опасните пожари на отворено во нашата држава, Република Македонија, велат од Дирекцијата. Инаку, вториот авион на ДЗС се очекува за кратко време да биде ...
Компанијата „Реплек“ во годината кога слави 80 години постоење, прави нов визионерски чекор напред. „Реплек“ денеска ја отвори најновата инвестиција на производствените капацитети. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на свеченоста, истакна дека „Реплек“ е позитивна приказна за македонската економија. Тој посочи дека силата на една држава не се мери само по нејзиниот буџет, туку и по храброста на нејзините луѓе да вложат, да ...
Во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва по повод празникот посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец ќе се служи Празнична вечерна богослужба. Богослужбата ќе започне во 19 часот, а утре од 9 часот ќе се служи Света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Европски Пимен. Култот на Свети Наум е мошне силен кај охридските верници, кои секоја година на празникот во манастирскиот комплекс доаѓаат во ...
Раководството на американскиот прволигаш Интер Мајами е убедено дека аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси ќе го продолжи договорот, кој истекува во декември. Британскиот сервис Би-Би-Си пренесува дека менаџерскиот тик на Меси и претставници на клубот веќе почнале преговори за продолжување на соработката. Официјалните лица на американскиот клуб веруваат дека Меси ќе го обнови договорот, а извори блиски до фудбалерот изјавија дека ...
Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2). Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по три часа и 20 минути игра. Противник на Ѓоковиќ во 2. коло ќе биде домашниот тенисер Даниел Еванс. Британецот го почна ...
26-годишен маж вчера е уапсен во центарот на Атина за силување на жена минатата недела на плажа во Лаврио, во југоисточна Атика, соопшти грчката полиција, а пренесува „Катимерини“. Според пријавата поднесена минатата недела, 50-годишната жена била на плажа кога странецот ѝ се приближил, ја зграпчил за вратот и ја силувал. Лекарот од судска медицина кој ја прегледал по нападот, пронашол гребнатини на нејзиниот врат и лице и докази кои укажуваат ...
На свеченото одбележување на годишнината од американската независност во Амбасадата на САД во Скопје, синоќа амбасадорката Анџела Агелер во својот говор рече „три децении, Соединетите Американски Држави и Македонија ги издржаа глобалните шокови и политичката смена на генерации – и секој пат излегоа посилни“. -Три децении, Соединетите Американски Држави и С. Македонија ги издржаа глобалните шокови и политичката смена на генерации – и секој пат ...
Иранската војска минатиот месец натоварила подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што дополнително ги зголемило загриженостите во Вашингтон дека Техеран се подготвува да го блокира Ормускиот теснец по израелските напади врз цели низ Иран, изјавија двајца американски претставници, пренесоа британските медиуми. Подготовките за минирање на важниот воден пат, кои претходно не беа објавени и кои ги откри американската разузнавачка служба, се ...
Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја совлада втората светска тенисерка. Во првиот сет двете тенисерки имаа по еден брејк. Јастремска поведе со 5:2 во гемови, но Гоф изедначи на 5:5 и сетот беше решен во тај брејкот. Во вториот сет тенисерката од Украина веднаш на стартот ...
Американскиот Сенат денеска е изгласан големиот буџетски закон, протежиран од претседателот Доналд Трамп што повторно ја разгоре кавгата со неговиот доскарешен соработник, милијардерот Илон Маск. На прашање од Дејли Меил за тоа дали ќе го депортира Маск, Трамп одговори: Не знам. Ќе видиме. Можеби ќе треба да му го пуштиме DOGE. Знаете што е DOGE? Тоа е чудовиште што можеби ќе треба да се врати и да го изеде Илон“. Трамп го искористи моментот за ...
Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува денеска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Десет дена трае општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Според информациите објавени на собранистака страница, за Предлог-буџетот се поднесени над 200 амандмани од овластени предлагачи. Со Предлог ребалансот што го усвои Владата на ...
Коридорите 8 и 10 се економски и стратешки многу важни за Македонија и затоа влеговме во голем инвестициски циклус за да ги развиваме. Работиме на изградба на нови автопати и проект за брза железница, истакнува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за ТВ Франс 24, направено при работата посета на Франција. Николоски посочува дека имаме уникатна географска позиција и дека два паневропски коридори се сечат ...
Американскиот Сенат денеска го усвои таканаречениот „голем убав закон“ (big beautiful bill) на претседателот Доналд Трамп, кој претставува масовен буџетски пакет што ги зацврстува неговите клучни политички приоритети. Предлог-законот беше изгласан со 51 глас „за“ и 50 „против“, при што одлучувачки беше гласот на потпретседателот Џеј Ди Ванс, кој според Уставот има право да гласа во случаи на еднаков број гласови. Законот, обемен околу 940 ...