Финансиска поддршка за манастирите на Света Гора во висина од 100 милиони евра до 2030 година, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на Света Гора и објасни дека средствата ќе бидат наменети за одржување на манастирите, нивната реставрација по неодамнешниот земјотрес, како и зачувување на природата и олеснување на илјадниците поклоници, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис нагласи дека неговата посета ја ...

Еден од најбараните криминални водачи во Шведска е уапсен во Турција во рамки на операција против трговија со дрога, соопшти шведската полиција. Иако полицијата не го открива идентитетот на уапсениот, турската државна телевизија ТРТ јавува дека станува збор за 35-годишниот Исмаил Абдо, кој има двојно државјанство – шведско и турско. Абдо се поврзува со најмалку 12 убиства во Шведска од 2023 година, вклучително и убиството на неговата мајка, за ...

Поедноставување на граничното преминување, поефикасно и побрзо преминување на границите се овозможува преку „One stop control“ на граничниот премин Табановце – Прешево, помеѓу Србија и Македонија. Денеска, министрите за внатрешни работи на двете држави, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ ги потпишаа протоколите за извршување на гранични проверки на гранични премини кои го потпишаа двајцата министри на настанот. Беа потпишани и протоколот за ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека членството на Украина во ЕУ „нема да се случи“. Според него, „Европската комисија мисли дека клучната одлука што ја одредува судбината на цела Европа може да се донесе без европскиот народ, но греши“, пренесе МТИ. Орбан рече дека Брисел е решен да ги игнорира резултатите од анкетата „Гласање на Унгарија 2025“, но дека нема да може да ги заобиколи. Без разлика на „нивната лукавост“, би било ...

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков си поднесе оставка од пратеничката функција, објави „www.offnews.bg“. Како што наведуваат бугарските медиуми причина за оставката е корупција. Петков претходно си поднесе оставка и од неговата партија „Продолжуваме со промената“. Со Петков последниов период се поврзуваа низа корупциски скандали по што тој реши да се повлече од политиката и најверојатно со семејството ќе се сели во Канада од каде што ...

Најдобриот стрелец во Италија во последните 15 години, Чиро Имобиле (35), се согласи на меѓусебен раскин на договорот со турскиот гигант Бешикташ, каде настапуваше изминатата сезона, и ќе се врати во својата татковина, јавија денеска италијанските медиуми. Истите извори наведуваат дека Имобиле треба да потпише едногодишен договор со Болоња со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Иако е на 35 годишна возраст, Имобиле е сè ...

Ни вековен ни модерен. Македонскиот јазик едноставно исечезна од извештајот за напредокот на Македонија. Ова е уште еден срам за ЕУ кој не издржа на бугарскиот притисок откако претходно во комисијата беше наведено дека македонскиот јазик и идентитет се вековни а не како што сакаа првично Бугарите и нивните сојзузници од ЕПП да бидат „современи“. Ако има нешто добро во сево ова е што сите видоа со кого си имаме работа и оти не се работи за ...

Потпретседателот на Транснефт, руската државна компанија која има монопол врз транспортот на нафта, почина откако наводно паднал од прозорецот на својот стан во луксузното московско предградие Рубљовка, објавија денес државните медиуми. Транснефт потврди дека Андреј Бадалов починал на 62-годишна возраст, но не коментираше за околностите на неговата смрт. Russian Telegram channels report that Andrey Badalov, vice-president of Russian Transneft, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека размислува за организирање борба во УФЦ на простор во Белата куќа со присуство на повеќе од 20.000 гледачи како дел од прославата по повод 250 години од американската независност. Трамп е љубител на борби во УФЦ и присуствуваше на неколку натпревари од мешани боречки вештини во последните месеци, а воедно е близок пријател со претседателот на УФЦ, Дана Вајт. Свокот план Трамп го објави синоќа во ...

Португалскиот фудбалски репрезентативец Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва ќе бидат погребани в сабота во родниот град Гондомар, во близина на Порто. Голем број луѓе се собрани пред локалната црква каде утрово почна бдеење пред утрешната погребна церемонија која ќе почне во 10 часот по локално време. Британските медиуми објавија дека сè уште не е јасно дали семејството ќе се одлучи за приватен или јавен погреб, но се очекува да ...

Откако своето членство во СДСМ го стави во мирување бидејќи партијата со друг кандидат излегува на претстојните локални избори, актуелниот градоначалник на Струмица денес објавува ЈАВЕН ПОВИК ДО СИТЕ ГРАЃАНИ НА СТРУМИЦА. Ги прашува: Дали сте подготвени да се вклучите во создавање на најдоброто можно утре за нашиот град и нашите села? Фејсбук статусот на Костадин Костадинов погледнете го во продолжение: Почитувани сограѓани, Поради растечкиот ...

Од 11-ти до 13-ти јули живописниот Галичник повторно ќе заживее со звукот на зурлите, тапаните и традицијата – ќе се одржи „Галичка свадба“, една од најавтентичните и најпрепознатливи културни манифестации во земјава. Овој уникатен настан, кој претставува живо сведоштво за македонската традиција, култура и обичаи, повторно ќе го привлече вниманието на домашните и странските посетители кои сакаат да ја доживеат автентичната свадбарска приказна од ...

Првата заблуда е создадена од преговарачите на Преспа, а со јасна цел да прикажат дека нашата страна добиле нешто со овој Договор (освен симнувањето на Грчкото вето за ЕУ и НАТО). Таа заблуда е дека со Преспа „се потврдил“ македонскиот јазик во нашата лична карта во ОН. Напротив, во ОН уште од приемот на нашата држава во 1993 година, во личната карта на нашата земја службениот јазик си беше именуван како „македонски“. Тоа е така затоа што ...

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на ...

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски потерси, но денес ќе зборуваме за една поинаква криза, за една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, а тоа е демографскат рецесија. Ова не е проблем само на Македонија, ова е предизвик на цела Европа па и пошироко. Германија, Италија, Бугарија, Јапонија, Јужна КОреја сите овие држави одамна се соочуваат со истото. ...

Македонија е свесна за демографските проблеми со кои се соочува и нема проблем да го признае тоа, рече Премиерот Мицкоски во обраќањето на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ која утрово се одржа во Владата. Премиерот рече дека во насока на поттикнување на наталитетот, Владата сериозно размислува за воведување на посебни даноци за лицата кои не стапиле во брак „Оваа Влада не го премолчува проблемот, го именува, го ...

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски потерси, но денес ќе зборуваме за една поинаква криза, за една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, а тоа е демографскат рецесија. Ова не е проблем само на Македонија, ова е предизвик на цџела Европа па и пошироко. Германија, Италија, Бугарија, Јапонија, Јужна Кореја сите овие држави одамна се соочуваат со ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н. Е Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски го информираше амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд и го запозна со приоритетите во неговиот мандат. На средбата беше изразено заедничко задоволство од унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови за што ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е разочаран од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин бидејќи, како што рече, се чини дека тој не сака да ја запре војната во Украина. „Многу сум разочаран од разговорот што го имав со претседателот Путин… Многу сум разочаран. Не мислам дека сака да престане со војната, а тоа е лошо“,рече претседателот на САД по вчерашниот разговор со Путин. Додаде дека не е постигнат никаков ...

На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до вторник времето ќе биде ...

„За помалку од една година исплативме повеќе од 9 милијарди денари субвенции. Направивме распределба на земјоделско земјиште. Имаме раст на извозот во првиот квартал од 5%. Вкупно се вклучени 2.109 договори на околу 6 илјади хектари. Беше распишан Јавен повик кој се однесува на Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ каде се доставени 254 апликации, истакна премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Актерот Мајкл Медсен почина на 67-годишна возраст, потврди неговата публицистка Лиз Родригез. Таа за Си-Ен-Ен изјави дека Медсен доживеал срцев удар и бил пронајден без свест утрово во својот дом во Малибу. „Во последните две години, Мајкл Мадсен работеше неверојатни дела во независниот филм, вклучувајќи ги претстојните филмови „Патот на воскресението“, „Отстапки“ и „Готвач за јужните домаќинки“, и навистина се радуваше на ова следно поглавје ...

Некои хороскопски знаци се издвојуваат по својот огнен темперамент. Нивната енергија, страст и непредвидливост и честопати оставаат силен впечаток кај оние околу нив. Подолу, ви ги претставуваме трите хороскопски знаци кои со право се сметаат за најтемпераментни. Овен Овните се познати по својата бестрашна енергија и изразена потреба за акција. Тие се природни лидери кои секогаш сакаат да бидат први во сè што прават, а нивната страст често ги ...

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против Британецот Даниел Еванс. Српскиот тенисер со 3:0 во сетови (6:3; 6:2; 6:0) со само пет загубени гема успеа да го елиминира Еванс. Во првиот сет Ѓоковиќ се мачеше со реализацијата на брејк топките и ја искористи дури 10.та за да поведе со 5:3 во гемови и да го добие првиот сет. Во вториот сет реализацијата му беше ...

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот дискурс и во развојот на стратешките дебати поврзани со меѓународната позиција на земјата, стои во соопштението од Советот на амбасадори. Таа беше избрана на позицијата на редовното годишо Собрание на организацијата. Покрај ...

Приштинскиот адвокат Арианит Кочи денес донесе четири магариња пред Собранието на Косово, протестирајќи против блокирањето на конституирањето на парламентот. Кочи рече дека магарињата биле донесени од Исток. „По пресудата на Уставниот суд, утврдив кој е виновен, тоа е Аљбин Курти“, изјави Кочи пред новинарите. Во исто време, тој ги критикуваше другите партии кои се претставени во косовскиот парламент затоа што не се подготвени да придонесат за ...

Гласање за доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е закажано за следната недела, а лидерот на најсилната политичка група во Европскиот парламент го критикуваше предлогот како неодговорен во сегашните политички и економски околности. Во четврток, 10 јули, Европскиот парламент ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен, пишува бриселскиот портал Политико, повикувајќи се на неименувани извори. Ова е прв пат од ...

Енергетските компании задолжни за топлинската енергија во Скопје бараат зголемување на цената која ја плаќаат граѓаните за дури 50 отсто. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски за ТВ 24 вели дека допрва ќе ги разгледува овие барања и ќе ги признае само реалните трошоци. Тој уверува дека нов ценовен шок нема да дозволи да се случи. Признава дека цената на природниот гас бележи зголемување кој е потребен за ...

Заради теснополитички интереси, тој одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање што беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен македонски јазик на македонскиот народ.Мицкоски не може да впери прст кон никого за поразот што Македонија повторно го доживува во Брисел, стои во соопштението на СДСМ. Во продолжение соопштението на партијата. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев, со кого заеднички ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1022
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
64%
1020
weather icon

Софија

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
43%
1024
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.18
40%
1023
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
82%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.47
45%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1022
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
41%
1022
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
50%
1024
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
49%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
60%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409