Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
– Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, за МИА потврди дека е одложена координативна средба на опозициските партии во Собранието што беше најавена за денеска, иницирана од нивната партија заради усогласување заеднички став за измените на Изборниот законик. Крмов потенцира дека средбата е одложена поради неприсуство на претставник од СДСМ, но и дека не се знае дали би одржале друга средба без некој преставник од опозициските партии. – За друга ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Куманово и околината има поројни врнежи и грмежи, а невремето се движи од запад кон исток. Во делови од скопската котлина е најавена нестабилност со појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето утре и во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен ...
Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо ...
Инспекциските служби од Општина Карпош во мај и јуни спровеле акција за контрола на несоодветно одлагање на кабаст отпад во контејнерите на ЈП „Комунална хигиена“, која се организирала како резултат на заклучоците од координативниот состанок одржан помеѓу Град Скопје и скопските општини. Како што соопштија од Општината, за време на акцијата, дежурните инспекциските служби работеле во две смени и вршеле контроли на повеќе критични локации низ ...
– Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 Јули – Националниот празник на Франција. Министерот Сали, како што соопштија од неговиот Кабинет, во рамки на посетата ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на ...
По самитот на НАТО во Турција, унгарскиот премиер Петер Маѓар го продолжи престојот и отиде на четиридневен одмор во Анталија со своите два сина. Тој објави видеа од возење џет-ски, спуштање по водни тобогани и одење по плажа на социјалните мрежи, велејќи им на критичарите дека целиот одмор го платил со свои пари. Пред самитот, Маѓар го обиколи Истанбул и ја посети Спомен-куќата на Имре Токоли во Коџаели, нагласувајќи го своето почитување кон ...
Во мај годинава, во земјава биле регистрирани вкупно 131.723 туристи, од кои 106.756 странски, а 24.967 домашни туристи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во текот на мај биле реализирани 236.727 ноќевања, при што 75,8 проценти биле остварени од странски, а 24,2 проценти од домашни туристи, што потврдува дека туристичката сезона сè повеќе се потпира на странските посетители. Статистиката покажува дека во периодот ...
Се отвора ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина. Од денеска и официјално почнува да функционира Кинеско-македонската стопанска комора, чии основачи се компании од различни сектори: градежништво, енергетиката, туризам, винарство,… Целта на Комората е преку јакнење на деловните врски, да се зголеми извозот на македонски производи на кинескиот пазар, како и кинеските бизниси да ...
– Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок во Париз на Коалицијата на подготвените, изјави дека проширувањето на Европска Унија кон Украина, Молдавија и Западен Балкан е најважна геополитичка инвестиција. – ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ – зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и подготовка на патот кон праведен и траен мир, објави Кошта ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференцијата на пратеничката група на СДСМ во Собранието, каде во тек е седница посветена на реконструкцијата на Владата изјави дека заканите и навредите кон пратениците се само знак на слабост. Пратеничката група на СДСМ, денеска за време на паузата на собранската седница одржа прес-конференција на која реагираше, за како што велат навредите на премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го загуби мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим. Поуспешна од неа беше домашната тенисерка Дебора Киеза (Италија, 354.место ВТА листа) со 2-1 во сетови (67(1); 63 и 63) во меч што траеше 162 минути. Мечот беше изедначен, а двете тенисерки добро се познаваат бидејќи беше шести нивни меч во последните четири години. Во првиот сет имаше по два брејка, а сетот беше решен во „13. та игра“ и по ...
Политичката партија Левица реагираше на одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да не учествува на координативната средба на опозициските партии, која Левица најави дека ќе ја иницира со цел усогласување на заеднички став во врска со измените на Изборниот законик. Од Левица со обвинување до СДСМ, дека ја одбива координацијата на опозицијата околу изборната реформа само поради сопствен интерес. -Особено е симптоматично што ...
Реконструкцијата на Владата е признание дека министрите на Христијан Мицкоски не испорачале резултати, но најголемиот доказ за двојните аршини е тоа што Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи и покрај серијата скандали што го потресоа МВР. Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во денешната собраниска расправа истакна дека реконструкцијата јасно покажува дека Владата признава неуспех, но истовремено ги штити најодговорните за ...
Сања Лукаревска од СДСМ ги анализираше биографиите на кандидатите за министри изразувајќи сомнеж за нивните компетенции, особено во делот на земјоделството. – Добиваат Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, и добро е што досегашниот министер Цветан Трипуновски си оди, но воопшто не е добро што од вечерва ќе го води човек кој ништо, ама баш ништо нема поврзано со земјоделието. Еве, во биографијата стои дека е доктор по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ја „преземаат“ контролата врз Ормуската Теснина откако Иран објави дека преминот низ тој стратешки важен воден пат е затворен поради, како што изјави Техеран, непријателските активности на САД. „Ја преземаме теснината. Тие немаат ништо“, рече Трамп во телефонско вклучување во емисијата „Фокс енд Френдс“ на Фокс њуз. Американскиот претседател оцени дека Вашингтон требало да се ...
) – Македонскиот тенисер Калин Ивановски со поените освоени на турнирите во Скопје и Загреб напредуваше на АТП листата за 438 места и сега се наоѓа на 710.то место. Тој на двата турнира од рангот на ИТФ М25 одигра 10 мечеви и постигна 9 победи притоа едниот турнир го освои (Скопје – 25 поени) и на еден беше финалист (Загреб – 14 поени). Ивановски сега има 46 поени. Ова беа првите два турнира за Ивановски во 2026 година, односно по враќањето ...
Индискиот 71-годишен технолошки инвеститор Винод Хосла ќе го купи шампионот во американската НФЛ, Сиетл Сихокс, за 9,6 милијарди американски долари. Продажбата е договорена, но за да биде одобрена, потребна е согласност од најмалку две третини од екипите во НФЛ лигата. Гласањето е закажано за 26 август. Сител Сихокс пред повеќе од 30 години беше купен од Пол Ален за 194 милиони долари, а по неговата смрт, сопственоста беше префрлена на ...
Советот на Европската Унија денеска го назначи германскиот дипломат Дирк Шибел за нов специјален претставник на ЕУ во Косово. Шибел ќе ја преземе функцијата на 1 септември, со почетен мандат од две години, и ќе го наследи Аиво Орав, кој до неодамна беше шеф на Канцеларијата на ЕУ во Приштина. Клучните одговорности на специјалниот претставник на ЕУ вклучуваат следење на напредокот во политичките, економските и безбедносните приоритети, ...
Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата. Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред се чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати кои ќе стапи на сила од полноќ. Согласоно одлуката, бензините поскапуваат за 1,50 денари, а дизелот за 5,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ...
Павловден — голем христијански празник од летниот циклус кој се слави на 13 јули. Овој ден е Собор на 12 Апостоли, односно вториот ден од завршувањето на Петровденскиот пост. Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарсус (старогрчки: Σαούλ (Соул), Σαῦλος (Сулос), и Παῦλος (Павлос); латински: Paulus илиPaullus; хебрејски: שאול התרסי Šaʾul HaTarsi (Сол од Тарсус )[2] (c. 5 – c. 67 ), е еден од најважните светци во проповедењето и ...
На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги претвора државните институции во, како што велат, „партиски фирми“ за вработување и унапредување на роднини, блиски лица и партиски кадри. Кузеска како пример го посочи случајот со братот на Трајко Славески, Сашо Славески, кој, според партијата, бил незаконски унапреден во М-НАВ. Според Кузеска, унапредувањето било извршено во ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик и, според партијата, наместо реформи, се одлучиле за политичка блокада. Од владејачката партија велат дека претставниците на трите партии со месеци учествувале во разговорите и усогласувањето на законското решение, но се повлекле во моментот кога требало да биде постигнат конечен договор. „По четири месеци преговори за Изборниот ...
Собранието денес ќе ја одржи 112. седница, на која централна точка ќе биде реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за предлозите за разрешување на неколку министри и заменици-министри, како и за избор на нивните наследници. Од функцијата министер за правда треба да биде разрешен Игор Филков, а за негов наследник е предложен Јетон Шасивари. Кадровски промени се предлагаат и во Министерството за односи меѓу заедниците, каде Иван ...
Во голем пожар што избувна во паб во Бангкок загинаа најмалку 27 лица, потврдија официјални лица, откако пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола, пишува NBC News. Спасувачките служби објавија дека пожарот е пријавен околу полноќ. Снимките објавени на интернет од службите за итни случаи покажаа огромни пламени како излегуваат од влезот на пабот, кој се наоѓа во северниот дел на тајландската престолнина, додека луѓето се ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. -Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се ...
Поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал-Тани, почина на 74-годишна возраст, објави официјалната служба на земјата „Амири Диван“. Шеикот Хамад владееше со Катар од 1995 до 2013 година, кога доброволно му ја предаде власта на својот син, сегашниот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани. За време на неговото 18-годишно владеење, Катар доживеа значаен економски и меѓународен раст благодарение на огромните резерви на природен гас. ...
Потпретседателката на унгарската влада и министерка за надворешни работи Анита Орбан изјави дека Унгарија нема да ја менува својата политика кон војната во Украина и оти нема да испрати оружје за Киев. – Нашата политика по ова прашање останува непроменета. Унгарските гласачи ни дадоа мандат да не испраќаме оружје, туку да помагаме на други начини, со хуманитарна помош и санкции, истакна Орбан во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела ...
Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја од овие делници се одвива одлично и во наредните години ќе имаме модерно патно поврзување во сите делови на државата, истакна заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостување во поткастот „Радар“. Вицепремиерот детално информираше за напредокот на сите автопатски проекти ...
Европскиот суд за човекови права пресуди дека државата треба да му исплати 3.465 евра на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, како надомест за мерките притвор и куќен притвор што му биле изречени во предметот „Организатори на 27 април“. Како што објави Телма, Атанасовски во рамки на оваа постапка поминал шест месеци во притвор, а потоа речиси 19 месеци во куќен притвор. Поради тоа тој ...