Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација.Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе.Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ ...

Гумите за сите сезони (All-weatheр) стануваат сè поголем тренд на возачите. Со нивно користење се намалува потребата за нивна замена двапати во годината. Заштедуваат време и пари за сезонска монтажа, со редовно одржување. Според производителите на гуми, редовната ротација на тркалата меѓу предната и задната оска игра значајна улога во нивната издржливост и трајност. Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото. Кај автомобилите со ...

Почнувајќи од јулската плата започнува да важи привремена промена на структурата на придонесите за задолжително социјално осигурување. Оваа одлука внесе паника меѓу вработените, кои се исплашија дека ќе им се намали платата, дека ќе имаат помалку права во јавното здравтсво, но и недоумницата што во иднина ќе се случува со пензиите, со оглед на менување на ставката за издвојување средства за пензиското осигурување. Иако на прв поглед изгледа ...

Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88 милиони долари на аукција во „Сотби“. Бразил во финалето го совлада домаќинот Шведска со 5-2, а тогаш 17-годишниот Пеле постигна два гола и ја освои првата од трите светски титули во својата кариера. Пеле по финалниот натпревар одигран на 29 јуни 1958 во Стокхолм му го подари дресот на соиграчот Диди, кој подоцна го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, најави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Се радуваме на финалниот натпревар в недела и знам дека претседателот се радува на доаѓањето. Неговото присуство ќе го заокружи она што беше најгледаното, најбезбедното и најуспешното Светско првенство“, рече Ливит. Портпаролката на Белата куќа рече дека не знае дали ...

Од 17. до 19 јули 1967 година, во познатата црква „Света Софија“ во Охрид, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква го одржал Третиот македонски црковно-народен собор. Годината е симболична – точно два века претходно, во 1767 г., Цариградската патријаршија со поддршка од Отоманска Турција издејствувала укинување на автокефалната Охридска архиепископија. Митрополитот македонски, г. г. Доситеј, во присуство на насобраните ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека Словенецот Славко Винчиќ ќе биде главен судија на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Неделното финале ќе биде четврти натпревар на овогодишното Светско првенство за словенечкиот арбитер кој ги судеше дуелите од групната фаза меѓу Бразил и Мароко (1-1) и Јордан – Алжир (1-2), а беше главен судија и во шеснаесетфиналето меѓу Мексико и Еквадор (2-0). ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е пофункционална во многу области за разлика пред две години. Она на што треба да се работи, според претседателката, се борбата против корупцијата и криминалот и партизацијата. – Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од она што беше во многу области бидејќи, ако напредувате со планот за раст, пакетот на закони за судството е донесен, само ...

Екипата на Шкендија потешко од очекувањето го одигра вечерашниот реванш дуел од првото коло од УЕФА Конференциската лига со Европа од Гибралтар. Екипата на Шкендија повторно беше подобриот тим на теренот, но за разлика од првиот дуел, потфрли во ефикасноста. Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86.минута. Гостите и на овој дуел беа тимот што мислеше како да го заврши дуелот со помалку примени голови. Победата од 5:0 на првиот дуел ...

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два натпревари ...

Тренерот на Силекс, Александар Васоски не го криеше разочарувањето по елиминацијата во воведното коло во Конференциската лига, откако освојувачот на македонскиот Куп загуби синоќа на пенали во Скопје од Динамо Минск. Силекс го пречека лидерот о белоруското првенство со гол предност од првиот натпревар, а откако реваншот во регуларниот дел и продолженијата заврши со идентично водство на Динамо Минск, белорускиот тим победи во пенал серијата со ...

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд, информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот Дарко Костадиновски добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. – До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен ...

Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече Дритон Сулејмани од ВРЕДИ. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку документи и печати, за кои не се знае ниту кој ги потпишал.Пред две недели ...

Со новите законски решенија за урбанистичко планирање и градење надмината е досегашната правна празнина и создадена е рамка за изградба на дата-центри во државата. Иако сè уште нема конкретни иницијативи од приватниот сектор, државата сериозно размислува за изградба на државен дата-центар со цел заштита на институциите и зголемување на кибербезбедноста – посочи министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски, денеска, по увидот во ...

Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски. – ...

Пилешката салата, можете да ја понесете и со себе кога и да посакате како хранлив оброк и да уживате во него каде и кога ви одговара. Состојките можете да ги прилагодите по желба, но преливот да го додадете непосредно пред јадење. Состојки: 300 грама пилешко филе 1 кинеска зелка 1 црвен кромид 1 црвена пиперка 1 краставица 5 шери домати 1 мал морков неколку листови нане свеж магдонос сол по потреба 1 лажица кикирики За преливот: 1 лимета 2 ...

Откако ја победи Англија во драматичната завршница од полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација направи неочекувано откритие зад голот на противникот. Всушност, таму се наоѓаше шишето на англискиот голман Џордан Пикфорд, на кое имаше детален список на аргентински изведувачи и прецизни упатства за одбрана на пенали. Погледнете го целиот состав и тактичките инструкции што Иларио ги подготви за Пикфорд подолу: Меси – ...

Финалето на Светското првенство во фудбал кое треба да се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот, можно е да биде одложено. Натпреварот ќе се игра на стадионот на во Њу Џерси кој има капацитет од 82.500 седишта. Неколку дена во пресрет на големиот спектакл организаторите имаат причина за загриженост поради најавата за неповолни временски услови. Се очекува температура од околу 28 степени и можност за грмотевици. Стадионот ...

Консумирањето овошни пијалаци во текот на летото, на прв поглед изгледа освежително и здраво. Но, од друга страна, овие навидум здрави напитоци можат да содржат големи количини шеќер, а со тоа да го зголемат нивото на гликоза во крвта. Причина за тоа се скриените шеќери што се наоѓаат во многу популарни летни јадења и пијалаци. Според експертите, проблем честопати не се оброците, туку пијалаците. – Секоја година го слушам истиот муабет од ...

Нашите натпревари на ова Светско првенство се импресивни, изјави воодушевено аргентинскиот селектор Лионел Скалони по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето. Актуелниот светски првак беше во гол негативата во полуфиналето во Атланта, откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, по што следуваше 40. минутна опсада кон голот на Џордан Пикфорд. Аргентинците напаѓаа од сите страни со сите орудија и откако ...

Англискиот селектор Томас Тухел изјави оти ја презема одговорноста за своите одлуки од клупата за време на синоќешниот пораз од 2-1 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Аргентина, но наведе дека околностите на теренот го принудиле за дефанзивна игра по водечкиот гол. „Разочарани сме, бевме толку блиску, но по водечкиот гол станавме премногу пасивни и му дозволивме на противникот премногу шанси. Не успеавме да ја вратиме ...

Актуелниот светски шампион Аргентина успеа да се избори за финалето на Светското првенство во фудбал 2026 откако во полуфиналето вечерва со пресврт стигнаа до победата од 2:1. Аргентина титулата ќе ја брани во недела против селекцијата на Шпанија. Првото полувреме мина со премногу тактика и на полувреме беше 0:0. По десет минути игра англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон. Во тогаш започнаа нападите на Аргентина, а голманот на Англија ...

Ристоска до неодамна беше предметен обвинител за овој случеј, за кој ја водеше и истрагата. Ја споделуваме нејзината реакција во целост: -Во врска со вчерашната ослободителна пресуда во предметот „Талир 2″ и одбиеното барање за конфискација, како обвинител кој го започна и седум ипол години го застапуваше предметот, сакам да појаснам одредени суштински околности што не беа опфатени во јавно објавеното соопштение на судот. Во првата постапка, ...

67-годишен Тираносаурус беше продаден на аукција на „Сотбис“ во Њујорк за 37,4 милиони фунти (50,1 милиони долари), што го прави најскапиот диносаурус некогаш продаден. Фосилот на овој познат предатор е висок повеќе од четири метри, а со зачувани повеќе од 60 проценти од неговите коски, тој е еден од „најкомплетните“ примероци пронајдени некогаш, објави „Сотбис“. Името на победничкиот понудувач на аукцијата одржана вчера сè уште не е ...

Татко од Молдавија почина од тешки повреди здобиени во сообраќајна несреќа на Халкидики, откако неговата сопруга и нивното бебе починаа на местото на настанот. Несреќата се случила денеска попладне, на регионалниот пат Полигирос – Агиос Николаос, кога патничко возило со молдавски регистарски таблички, во кое се превезувале родители со две деца, се судрило со камион-цистерна, јавува Прототема. Пожарникарите брзо пристигнале на местото на ...

Според достапните информации, мечка денеска била забележана во реонот над селото Горно Коњско, во близина на Охрид. Од надлежните ги повикуваат жителите, туристите, планинарите и сите лица кои престојуваат или работат во ова подрачје да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките за безбедно движење во природа. Воедно, се апелира до граѓаните кои се во контакт со локалното население или со лица што престојуваат во овој реон, ...

Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме на финансирање, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Рина Ајдари, во врска со најавената изградба на магистралниот пат од Тетово до Призрен. На денешната собраниска седница, министерот и заменик претседател на Владата, Николоски, најави ...

Цеца Ражнатовиќ објави на својот Инстаграм профил дека нејзината семејна вила е поплавена. Иако дежурниот тим на водоводната компанија излезе на местото на настанот синоќа за да го реши проблемот со истекувањето на водата, се чини дека дефектот е многу посериозен и дека и покрај големите напори на надлежните служби, тој не е отстранет, па ќе бидат потребни уште неколку дена. Цеца откако се врати од одмор во Шпанија го забележала дефектот пред ...

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), по спроведена истрага, поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР). Иако во соопштението од Обвинителството не се споменува името на функционерот, познато е дека станува збор за Пеце Мирчевски, кој на оваа позиција беше во времето на претходната влада. Мирчевски се товари за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
32%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
2.68
56%
1014
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.49
45%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.32
34%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.41
36%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.76
61%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
2.78
40%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.82
39%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.07
39%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
0.45
49%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
0.45
36%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
2.89
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Сребро

1894.77

Паладиум

40445.64

Злато

130535.25

Цинк

0.00

Платина

52855.83

Бакар

13.27

Родиум

265243.66

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.23

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Калај

55.44