Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли критиката на германскиот канцелар Фридрих Мерц за војната со Иран и жестоко вербално го нападна. „Тој не знае за што зборува“, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл осврнувајќи се на Мерц. Не е никакво чудо, додава тој, „што на Германија ѝ оди толку лошо, и економски и во други аспекти“. Тој му забележува на канцеларот дека бил согласен Иран да поседува нуклеарно оружје и го фали ...

Собранието попладнево го донесе Законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе се укине техничката (преодната) влада. Т.н. пржинска влада беше воведена како ад хок решение за изборите во 2016 година и како механизам што ќе гарантира фер и демократски избори, со вклучување дополнителни министри предложени од опозицијата во 100-те дена пред ...

Во рамки на официјалната посета на швајцарскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Ги Пармелан. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова: Не само за мене, туку и за сите нас и за државата ова е историски ден, зoшто за прв пат швајцарски претседател е во официјална посета. Затоа, дозволете ми уште еднаш да го поздравам ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов. Оваа измена е во насока да ...

Можност за реализација на јавни инвестиции во вредност од 3,3 милијарди евра во наредните пет години беше презентирана на седница на Комитетот за јавни инвестиции, новоформирано тело кое ќе ги селектира и следи капиталните проекти од стратешко значење. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со ова започнува нова пракса во управувањето со јавните инвестиции, преку воведување алатка за следење на нивната реализација. „Вкупната вредност е 3,3 ...

Aлекса Балашевиќ и неговата сопруга Николина вчера станаа родители на син, кого решија да го крстат Ѓорѓе, во чест на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Радосната вест ги израдува многу обожаватели на семејството Балашевиќ, а Алекса ја објавуви првата фотографија од неговата сопруга и новородениот син од болницата, со силна и емотивна порака. Еве ме! Се викам Ѓорѓе Балашевиќ, јас сум ДЕТЕ НА НЕБОТО. Слегов на 28.04.2026 година во една ...

Националниот парк Шар Планина се вклучува во нов европски проект за зачувување на кафеавата мечка, со цел долгорочна заштита на динаро-пиндската популација на овој вид. Станува збор за проектот LIFE DinPin Bear, кој ќе се реализира до 2031 година во девет европски држави. Во рамки на активностите, институцијата ќе спроведува теренски истражувања преку мониторинг, поставување трап-камери и собирање научни податоци за распространетоста и ...

Рубин Земон, член на Центалниот одбор на СДСМ искажа навреди за македонскиот великан Гоце Делчев. Според Земон, Гоце Делчев не направил ништо значајно за Македонија и не е битен за македонскиот идентиет. Тоа што се случило во 19 во 20 век за Гоце Делчев,Даме Груев, за Сандански треба да се знае вистината а не да се искривува.Треба да се соочиме со вистината и од македонска и од бугарска страна.Јас имам прекрасни пријатели во Бугарија. ...

Спроведувањето на реформите на една Влада не е прашање на субјективна перцепција, туку на мерливи резултати, оценува македонскиот министер за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, по критиките во јавноста откако беше објавено интервјуто на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц за бугарската редакција на „Еуроњуз“, во кое тој вели дека последната година Македонија нема никаков напредок. „Најдобар ...

Oткако СДСМ призна дека нивниот лидер Венко Филипче има златна виза во Дубаи, „Република“ провери кои се условите да се добие златна виза за Обединетите Арапски Емирати. Златна виза се добива со инвестиција од најмалку 550 000 американски долари или ако имаш валидна лиценца за работа во Дубаи. Филипче, според информациите до кои дојде „Алфа ТВ“ визата ја добил како Директор за инвестиции и менаџмент. Значи не ја добил како лекар бидејќи за да ...

Oпозициската Левица синоќа во објава на Фејсбук соопшти дека претседателот на Црвената младина, Андреј Куцуловски, кој вчера попладне беше уапсен, е пуштен од полициска станица со изречена казна од 550 евра за поттикнување насилство и омраза поради истакнување на палестинското знаме за време на вчерашниот ракометен натпревар на кадетите меѓу Македонија и Израел, кој се одржа во салата „Јане Сандански“ во Скопје. „За овој ‘прекршок’ беше ...

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц во изјава за Телевизија Канал 5 вели дека интервјуто дадено за бугарска телевизија е снимено пред повеќе од седум недели и дека не е јасно зошто е објавено дури сега. Според него, изјавите во кои се зборува за оценка дека земјата нема напредок во реформите се дадени на почетокот на март и дека тогаш ја одразувале моменталната состојба. – Интервјуто е од пред повеќе од седум недели ...

Денес правиме чекор кој долго време недостасуваше во системот на управување со јавните инвестиции. Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува нов, поцврст и поодговорен механизам за одлучување, кој не се води од импровизации, туку од јасни критериуми, визија и стратегија, истакна денеска во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски. Ова не е само административна одлука. Ова е суштинска промена во начинот на кој ...

Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите одигран вечерва донесе исклучително квалитетен фудбал и девет голови на дуелот меѓу европскиот првак ПСЖ и Баерн – 5:4 за ПСЖ. Домашниот тим на почетокот на вториот дел имаше и три голови предност (5:2), но гостите од Германија сепак го намалија убедливото водство на противникот. Головите за ПСЖ ги постигнаа: Квича Кварацкелија и Усама Дембеле по два и Жоао Невеш еден, додека за Баерн ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Швајцарскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот. По пречекот, како што информирата од Кабинетот на претседателката, следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на ...

Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училишно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32. Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети ...

Проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е реизбрана за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за нов ректор – Биљана Ангелова и Дарко Данев. Ангелова, како што се наведува во Записникот освоила 2924,125 поени, а д-р Дарко Данев, редовен професор на ...

СВР Охрид ја информира јавноста дека од утре (29.04.2026), за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, општина Дебрца. Со цел безбедно вклучување на автопатската делница во близина на овие населени места, возачите на моторни возила , од утре, за непречено вклучување на автопатот, исклучиво да го користат пристапниот ...

Унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан денеска предложи да се повлече од раководството на својата десничарска партија ФИДЕС, но одлуката за ова прашање ќе биде донесена на партиска конференција во јуни. Десноцентристичката партија ТИСА, предводена од Петер Маѓар, победи на парламентарните избори во Унгарија на 12 април и со тоа стави крај на 16-годишното владеење на Орбан. Ова го отвора прашањето за понатамошниот развој на ФИДЕС. ФИДЕС ...

Македонија и понатаму заостанува во превенцијата и раното откривање на ракот на грлото на матката, иако постојат национални програми за скрининг и вакцинација. Според податоците од здравствените институции, во земјата годишно се регистрираат околу 150 нови случаи и околу 60 смртни случаи од ова заболување, што укажува на сериозен јавно-здравствен проблем. Клучен проблем останува недоволниот опфат на жени со редовни гинеколошки прегледи, ...

Левица објави снимка на која се гледа како полицајци денеска во Скопје го апсат претседателот на подмладокот на партијата, Андреј Куцуловски, поради тоа што развеал палестинско знаме на училишниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Израел. „Пред малку, на денешниот ракометен натрпревар Македонија-Израел, претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, беше приведен поради мирно и достоинствено истакнување на ...

Со минута молк, полагање цвеќе и пригодна комеморативна програма, денеска беше одбележана 25-годишнината од масакрот кај Вејце, во кој на 28 април 2001 година се убиени осум припадници на македонските безбедносни сили. Комеморацијата, во организација на Одборот на бранителите, се одржа на местото Бреза, меѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина, каде што во 2001 година во заседа беа нападнати и убиени припадници на Армијата и полицијата. Пред ...

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе се повлечат од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), со почеток од 1 мај, јави денеска државната новинска агенција ВАМ. Одлуката следи по она што официјални лица го опишаа како „сеопфатна евалуација“, вклучувајќи го и разгледувањето на тековните „пречки“ во Заливот и Ормуската Теснина, пренесе ДПА. Објавата доаѓа еден ден пред закажаниот состанок на ОПЕК во Виена. Оваа одлука ја одразува ...

Директор за инвестиции и менаџмент, а не доктор или неврохирург. Фирма сместена во индустриска зона, а не некоја позната болница. Извадена во 2023-та година, а трае до далечната 2033-та. Досега необјавени документи за златната виза на докторот Венко Филипче, кои Алфа ги доби од свиркачи и ексклузивно ги објавува, покажуваат сосем друга реалност од таа што ја кажа лидерот на СДСМ. Златната виза, која вообичаено ја добиваат богати бизнисмени, ...

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ неочекувано се соочи со големи проблеми пред денешниот прв четвртфинален натпревар од ЕХФ Лига Европа на гости против француската екипа Монпелје. Во составот ќе ги нема Дмитро Горига и Јака Малус, поради здравствени проблеми. Во таква ситуација Чупиќ на вечерашниот натпревар ќе ги има на располагање: Валах, Гогов (голмани); Стојановски, Воркапиќ, Боно, Георгиевски, Кеита, Митровиќ, Танкоски, Лазаревски, ...

Потпретседателот на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија, Бранко Ружиќ, повторно изразува ставови што отстапуваат од официјалниот курс на социјалистите, повторувајќи дека СПС „го губи својот идентитет“ со спојувањето во заедничка листа со СНС, а од друга страна, ја признава суровата реалност на својата партија: ако излезат сами и го променат претходниот наратив за Вучиќ како единствена референтна вредност, ризикуваат да паднат ...

Нашата држава работи на десет критични точки, кои се обемни, а една од нив е реформите на Изборниот законик – истакна денеска министерот за европски прашања Беким Сали, кој одговараше на новинарско прашање дали е пристигнат извештајот на Европската комисија за 2025 година. – Една од специфичните точки е Изборниот законик, кој бара поголем, поширок консензус, не можеме тоа да го направиме преку ден, само за да го исполниме тој чекор затоа што ...

Денеска на новинарско прашање лидерот на СДСМ Филипче одби да одговори на прашање за „златната виза“, нарекувајќи го тоа „дефокус“ и побара да престане, како што вели, таа „кампања“. Лидерот на СДСМ објави дека ја напуштаат работната група за измените на Изборниот законик, но оти остануваат во Собранието. Денеска на новинарско прашање лидерот на СДСМ Филипче одби да одговори на прашање за „златната виза“, нарекувајќи го тоа „дефокус“ и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека 14 лица се повикани на разговор во врска со случајот на врсничко насилство врз шестоодделенка во скопската населба Ѓорче Петров. Меѓу повиканите се и родителите на трите ученички кои се осомничени за малтретирање на нивната соученичка. Тошковски посочи дека истрагата е во тек и дека за дел од повиканите може да следуваат соодветни процесни дејствија. Во случајот е вклучено и ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка коментираше за стомачниот вирус што ги принуди неколку играчи да се повлечат од турнирот во Мадрид. Според прелиминарните извештаи, тие можеби биле отруени од такос со ракчиња. -Досега кај мене сè е во ред. Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос. Се држам до истата диета, истите јадења што ги јадев од почетокот на турнирот – пилешки гради, ориз и салата, изјави Сабаленка за „ESPN“. Дваесет и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
33%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
56%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
36%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.29
43%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
45%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
39%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
8.94
48%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Бакар

12.06