– Со неверојатен пресврт светскиот првак Аргентина успеа да ја надополни негативата од 0:2 против Египет и да дојде до победа од 3:2 и со тоа пласман во четвртфиналето. Аргентина втор натпревар по ред го победува со 3:2, откако претходно ги совладаа Зелено ’ртските острови – Против Зелено ’ртските острови беше полошо, навистина бевме во проблеми. Денес, дури и кога беше 0-2, чувството беше дека во одреден момент ќе добиеме шанса и ќе можеме ...

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ избори пласман во уште едно полуфинале откако доцна синоќа го совлада Феликс Оже-Алиасиме со 3-2 во сетови за 5 часа и 14 минути игра. Негов противник во полуфиналето ќе му биде ланскиот освојувач на Вимблдон Јаник Синер. – Возбудливо е да се биде дел од епски меч. Мислам, не се сеќавам дека играв толку долго, можеби финалето на Роџер (Федерер) во 2019 година е блиску, но во однос на времето и ...

Од СДСМ преку соопштение обвинуваат дека на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ не им биле приоритет ниту реформите, ниту подобрувањето на Изборниот законик, туку, како што велат, „изборен грабеж и манипулација со гласовите на дијаспората“. Од партијата посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ претходно тврдеше дека обезбедило договор со Левица и ДУИ, а сега, според нив, одговорноста се обидува да ја префрли врз СДСМ. „Нели седеа заедно со Левица ...

УХМР издаде метео-аларм за силен ветер кој наместа ќе надминува 80 километри на час. Денеска нѐ очекува променливо облачно време со чести сончеви интервали. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе се создадат услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринските температури ќе се движат од 9 ...

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, порача дека Македонија има историска можност да напредува на патот кон Европската Унија, но нагласи дека тоа ќе зависи од исполнувањето на преземените обврски и градењето доверба со земјите-членки. Во интервју за МИА, Кос истакна дека земјава покажала силни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, што, според неа, е доказ дека може да испорачува резултати кога постои политичка волја. ...

Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, само неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормуската Теснина. Според американски официјални претставници, нападите биле насочени кон повеќе воени цели и пристанишни објекти во Иран. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека нападите биле извршени „со цел да се наметнат сериозни последици поради нападите врз трговски бродови со цивилни екипажи на ...

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување на Кодексот започнал во 2024 година, по ...

Апелациониот суд во Париз ја потврди пресудата на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, но ја скрати нејзината забрана за вршење јавна функција, што потенцијално ѝ го отвори патот повторно да се кандидира на претседателските избори. Апелациониот суд во Париз, исто така, ја потврди и казната од 100.000 евра. Таа сега ефикасно има дозвола да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, но под ...

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи. Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, ...

Според последната прогноза на ММФ за раст на европската економија, Македонија се најде на седмото место на најбрзо рaстечки економии на стариот континент. Во него се вклучени сите земји во Европа, не само членките на ЕУ, пренесе еминентната EURONEWS. Со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та Македонија го зазема седмото место, далеку над 1,2% раст кој е просек за најголемите ЕУ економии. Прогнозата за Германија е 0,92%. ...

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска по средбата во Собранието за измените и дополнувањата на Изборниот законик на прес-конференција изјави дека денеска двата модели што ги предложила власта за гласање на дијаспората, електронски и поштенски, биле за изборна манипулација. Нема што СДСМ да се договара со опозицијата. Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови – рече Тренчевска. Според неа, на Владата не ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од своите сојузници – објави Ен-би-си. Зборувајќи на прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот на алијансата во Анкара, Трамп рече дека можеби немаше да присуствува на самитот доколку не се одржал во Турција, земја чиј лидер, рече, е „силна личност“. -Доколку не се одржеше во Турција, каде ...

Македонската математичка сензација Македон Димитровски со куп награди се враќа и од Несебар, Бугарија, каде учествуваше на меѓународниот математички натпревар „Математика без граници“. Како што соопшти неговиот татко, Владимир, Македон приредил вистинска сензација и бил меѓу најуспешните натпреварувачи на целиот турнир. Тој освоил златен медал на индивидуалниот натпревар „Математика без граници“, прво место – победник на Купот, награда за ...

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се отвора постапката за распишување предвремени избори за избор на нов градоначалник, согласно законските рокови и процедури. Како што информира портпаролката на Владата, Марија Митева, Министерството ја започнало постапката по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница за настапување на законски предвидена околност ...

На социјалните мрежи се појави мапа со казини кои треба да бидат затворени откако се изгласа новиот Закон за игри на среќа. Со овие измени казината трееба да бидат одалечени најмалку 500 метри од училишта и градинки. Обложувалниците пак ќе можат да работат но не смеат внатре да имаат електронски апарати. Целата мапа погледнете ја ТУКА. На социјалните мрежи се појави мапа со казини кои треба да бидат затворени откако се изгласа новиот Закон ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0,5%, а цените на мало од 0,8%. На годишно ново инфлацијата се зголеми за 3,4 %, а цените на мало за 3,6 %, објави Државниот завод за статистика. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите „транспорт“ за 1,6% и „храна и безалкохолни пијалаци“ за 1,1%. Зголемување ...

Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори, затоа што сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје. -Македонија покажа дека може да испорача резултати кога ...

Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ достави до опозицијата отворена понуда со која се согласува да прифати кој било модел за Изборниот законик, доколку Левица, СДСМ и ДУИ успеат меѓусебно да усогласат пречистен текст. По одржаната средба во Собранието околу Изборниот законик, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски јавно порача дека се подготвени да ги прифатат сите инкорпорирани детали, со еден клучен услов. – ...

Од први јули на позитивната листа на лекови се ставени три нови лекови против згрутчување на крвта, т.н. антикоагулантни лекови, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, Станува збор за „еноксапарин“, „надопарин“, и „рибароксабан“. „За ‘еноксапаринот’ се достапни два бренда, кај ‘надопаринот’ е достапен еден бренд и кај ‘ривароксабанот’ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Што ќе значи ова? ...

Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле помалку ѓубре, комуналните претпријатија собрале повеќе отколку во 2024 година. ...

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да одолеат на туѓите приказни, одлуки и драми. Иако честопати мислат дека помагаат или „само сакаат да знаат што се случува“, нивната потреба да бидат вклучени во сè што се случува околу нив понекогаш ја преминува границата и се претвора во сериозно мешање во животите на другите луѓе. Секако, сè треба да се сфати со резерва – хороскопите се забава, а не правило на однесување. Близнаци Близнаците ги ...

Учениците што ќе конкурираат за прием во Средното полициско училиште „7 Мај“ не треба да се отпишуваат од училиштата во кои моментално се запишани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Известувањето се однесува на кандидатите што ја завршиле втората година од средното образование и планираат да учествуваат во постапката за прием и селекција. Тие треба да го задржат сегашниот ученички статус додека не биде објавена конечната ранг-листа ...

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Ивана, Јанко, Јане, Јана… На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. Инаку, ...

Европскиот првак Шпанија ја продолжи серијата победи без примен гол на Светското првенство и со триумф вечерва во судиското продолжение над Португалија во Далас со 1-0 се пласираше во четвртфиналето. Победата на Шпанија ѝ ја донесе Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение, само шест минути откако влезе на теренот на местото на Дани Олмо. Првото полувреме изобилуваше со шанси за гол на двете страни. Шпанија прва се закани во 3. ...

По убедливиот пораз утрово од Белгија (1-4) домаќинот на Мундијалот САД го заврши настапот во осмина финалето. Со квалитетна игра селекцијата на Белгија оствари сигурна победа, пред сè казнувајќи ги грешките на домашната репрезентација. Белгија поведе со голот на Шарл Де Кетелере во 9.минута. Американците изедначија во 31.минута преку Малик Тилман, но осум минути подоцна Де Кетелере повторно и донесе водство на Белгија од 2:1. Во 57.минута ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар го започнува својот настап во европските натпреварувања за сезоната 2026/27. На домашен терен „црвено-црните“ се домаќини на финскиот КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на дуелот, капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, истакна дека тимот е подготвен за предизвикот и дека враќањето во најелитното европско клупско натпреварување претставува дополнителна ...

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не само песна со видео запис, туку парче уметност. Главниот „виновник” за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union” зад која стои Васко Павлевски кој безрезервно се вложи тимот да е составен од најдобрите од најдобрите, ...

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски стана татко по втор пат. Убавата вест тој ја сподели на социјалните мрежи објавувајќи дека добил син. – Со особена радост сакам да споделам дека вчера, станав татко по втор пат. Михаил доби братче. Нашето семејство е побогато за уште еден син. Благодарност до мојата сопруга Билјана за љубовта, трпението и силата. Му благодариме на Бог за овој благослов, стои во ...

На половина од осминафиналната фаза на Светското првенство се случи и едно големо изненадување, елиминацијата на Бразил, а секако со големо внимание токму поради тоа ќе се очекуваат и другите четири осминафинални дуели. Денешната програма нуди еден екстра квалитетен натпревар на европски репрезентации и секако натпревар на домаќинот САД. Европа сигурно ќе има уште еден четвртфиналист бидејќи вечерва во Далас играат Португалија и Шпанија. ...

Денеска и утре во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, а составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, се наведува ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.44
30%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
60%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.69
42%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.18
34%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.79
34%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
67%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
40%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.98
37%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
39%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
3.58
48%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
0.45
38%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
2.72
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Рутениум

53852.50

Бакар

13.27

Алуминиум

3.23

Родиум

265243.66

Злато

130535.25

Сребро

1894.77

Кобалт

56.29

Платина

52855.83

Калај

55.44

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Паладиум

40445.64