Џакузи на тераса, панорамски поглед кон Скопје, пространи дневни соби и големи балкони. Вака изгледаат трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама резиденс“, кои државата повторно ги нуди на продажба откако беа конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше правосилно осуден на девет години затвор. Откако претходните обиди за продажба на два од становите не дадоа резултат, Агенцијата за ...

Денешното соопштение на ДУИ е јасен доказ за паниката што ги зафати нивните редови. Откако со години го држеа Тетово во заложнижтво со празни ветувања и неуспеси, денес се обидуваат да политизираат процес кој конечно се решава, велат од ВРЕДИ. -Граѓаните знаат дека проблемот со имињата на улиците и плоштадите не го создаде ВРЕДИ, туку е наследство од неодговорноста на ДУИ. Наместо да ја прифатат вината за своите пропусти, тие избираат да ...

Американското Министерство за одбрана објави пакет декласифицирани материјали поврзани со неидентификувани аномални појави (UAP), попознати во јавноста како НЛО. Документите се дел од програмата PURSUE, преку која американските власти постепено ги прават достапни владините записи за вакви случаи. Новиот пакет, објавен на 10 јули, содржи околу 227 мегабајти документи и 1,4 гигабајти видеоснимки. 🇺🇸 U.S. Indo-Pacific Command spotted this ...

Британската полиција ја истражува смртта на поранешната конзервативна министерка Ен Видикомб како убиство, откако таа беше пронајдена мртва во својот дом во грофовијата Девон. Видикомб (78), поранешна пратеничка во Европскиот парламент и една од најпознатите поддржувачи на Брегзит, беше пронајдена со тешки телесни повреди, соопшти полицијата на Девон и Корнвол. Главната инспекторка Илона Росон изјави дека полицијата трага по осомничен, за ...

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите Добрила Кацарска, д-р Осман Кадриу, проф. д-р Ана Павловска-Данева и самостојниот советник и шеф на протоколот Симона Герасимова-Јовановска, на 9 и 10 јули 2026 година престојува во билатерална посета во Уставниот суд на Република Србија. Во рамки на посетата, претседателите Костадиновски и Петров потпишаа Меморандум за ...

Дали ќе остане Охридскиот Регион на листата на светско наследство на УНЕСКО, ќе биде многу појасно по Генералното собрание на оваа светска организација што ќе се одржи следната недела, во Јужна Кореја. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, е оптимист дека Охридскиот Регион ќе го задржи статусот на заштитено подрачје . Во објава на социјалните мрежи, тој информира дека на 26 јуни, во Владата, се одржала значајна ...

На барање на македонското Министерство за надворешни работи, вчера се одржа официјална средба со претставник на Амбасадата на Република Албанија во земјава. Како што информираат од МНР, средбата беше организирана во духот на пријателските односи и со цел разјаснување на настанот што се случи на граничниот премин Ќафасан, при кој на државјани на Македонија не им беше дозволен влез во Албанија. Од МНР потенцираат дека на средбата беше побарана ...

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците, Христијан Мицкоски и Зулфикар Зејнула, денеска потпишаа договор за влегување на помалата партија во колаицијата „Твоја Македонија“. Со ова, како што изјави, Мицкоски, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има 59 пратеници во Собранието. Пратеникот Бејџан Илијас беше избран во Собранието како дел од „Европскиот фронт“ што го предводи ДУИ. Тој сега ќе ја напушти оваа коалиција. „Со потпишување ...

Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени ...

Младата Месечина во Рак носи моќна енергија на нови почетоци, емоционално лекување и големи животни промени, а овие четири хороскопски знаци би можеле да го почувствуваат нејзиното влијание посилно од другите. Во средината на јули 2026 година, нè очекува еден од емоционално најтрансформативните лунарни настани во годината. Младата Месечина, која ќе се појави во чувствителниот и негувачки знак Рак на 14 јули, ги отвора вратите кон нови ...

Во македонското Собрание се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето во државните студентски домови преку изрекување на воспитни мерки до забрана за престој, како и определување на 30-годишна возраст, како горна граница, до кога ќе може да се добие сместување во дом. Со законските измени, на студентите кои не се придржуваат на утврдениот куќен ред може да им се изрече ...

Од опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) велат дека не се против правото на дијаспората да гласа, туку се против неконтролирани модели на гласање кои можат да отворат простор за изборни злоупотреби. На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја излажат јавноста преку прашањето за измените на Изборниот законик и гласањето ...

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, неочекувано беше елиминирана од Вимблдон веќе во осминафиналето, по што, секако, беше видливо фрустрирана и во лошо расположение. Како и по поразот на Ролан Гарос, таа рече дека ѝ е потребен одмор од тенисот, дека следниот период ќе го искористи за „добро да се напие и да се одмори“ и премина од зборови на дела. Додека Вимблдон влегува во финалето, Сабаленка се одмара на Миконос и покажа ...

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што наведува, навредите што пратеникот Фатмир Битиќи ги упатил кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска за време на собраниската расправа. Од владејачката партија истакнуваат дека Димитриеска-Кочоска, покрај тоа што извршува јавна функција, е „жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“. Во соопштението се наведува дека „нападите и ...

Вистински хорор во воздухот доживеале патниците на авионот на „Рајанер“ што полетал од Солун кон Минхен во Германија денеска наутро. Според сведоштвата на патниците, сè започнало со силен звук сличен на експлозија, по што во кабината настанала паника. Наводно, поради падот на притисокот, воздухот го повлекол човекот што седел до оштетениот прозорец, додека неговата сопруга и другите патници се обиделе да го држат и да го вратат на неговото ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави соопштение по повод лансирањето на платформата „Кој си бре ти?“ на кој граѓаните ќе може да обавуваат закани и неправди од функционерите и политичарите – Пред еден час, платформата www.kosibreti.rs започна со работа! Ви благодариме за довербата! – рече претседателот во описот на соопштението. Претседателот истакна дека е многу возбуден поради лансирањето на оваа ...

Стратегијата за вадење на бугарски пасоши во соседните држави која веќе успешно функционира во Македонија, властите во Софија ја присликуваат и во Србија. Во источниот дел во Србија, во градовите Пирот, Димитровград и Босилеград се отворени канцеларии во кои на жителите им се објаснува процедурата по која може да дојдат до бугарска патна исправа. Како што пишуваат тамошните локални медиуми интересот е голем бидејќи во тие краишта живее ...

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година. Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа ...

Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група. Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса ...

Екипата на Шкендија со убедлива победа од 5:0 на гостински терен против Европа од Гибралтар ја стартуваше новата европска сезона. Тетовчани со триумфот ја потврдија и фаворитската улога. – Кога ќе победите 5:0 мора да им честитате на фудбалерите за одличниот резултат. Сепак ќе треба да направиме корекции бидејќи имавме одредени слабости. Победата е важна за самодовербата и сакаме да стигнеме што подалеку во европските натпревари. Мора да се ...

Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство откако синоќа во првото четвртфинале го победи Мароко со 2:0 во реприза на полуфиналето од пред четири години. Противник на Франција ќе и биде победникот од дуелот Шпанија – Белгија. Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство откако синоќа во првото четвртфинале го победи Мароко со 2:0 во реприза на полуфиналето од пред четири години. ...

Канадскиот пејач Џастин Бибер ќе изведе спектакуларно шоу на полувремето од финалето на Светското првенство, кое ќе се игра во Њу Џерси на 19 јули, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Покрај Бибер, на финалето на Светското првенство ќе настапат и ѕвезди како Мадона, Шакира и јужнокорејскиот бенд BTS. На програмата ќе настапат и нигерискиот пејач Бурна Бој, венецуелскиот диригент Густаво Дудамел и хорот PS22, кој го ...

Пејачката Бони Тајлер, позната по голем број хитови, вклучувајќи ја и „Total Eclipse of the Heart“, почина на 76-годишна возраст. Во соопштението на официјалната веб-страница на пејачката се вели дека таа починала „неочекувано“ синоќа во болница во Португалија „како резултат на болест од која се лекувала“, објави Би-Би-Си. Пејачката родена во Јужен Велс беше ставена во медицински предизвикана кома во мај откако беше подложена на итна ...

Американскиот фитнес инфлуенсер и јутјубер Конор Марфи почина на 32-годишна возраст во Бангкок, а околностите под кои почина ги шокираа неговите обожаватели ширум светот. Веста за неговата смрт се ширеше низ интернет со денови, а конечно ја потврди неговиот близок пријател и колега Тони Хаџ, кој откри детали од последните моменти на познатиот инфлуенсер. Како што изјавил, Конор живеел во луксузен комплекс на голф терен во Бангкок, каде што ...

Номинациите за „Еми“ наградите 2026 се официјално објавени, а листата открива кој е во трка за престижната статуетка. Номинациите во главните категории беа објавени вчера, откако претходно беа откриени две категории. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи во недела, 14 септември, ќе се емитува на NBC, а водителка ќе биде Мариска Харгитеј. Актуелниот добитник на наградата Еми за најдобра драмска серија, „Пит“, е лидер во сите ...

Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Како што соопштуваат од Министерството за финансии, целта на новото законско решение со кое за првпат се воспоставува регулирана ...

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави дека ќе се воведе one stop shop на железничката станица меѓу Македонија и Грција. – Уште еден проект, кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне за Гевгелија, а тоа е дека воведовме one stop shop на железничката станица меѓу Македонија и Грција, што значи дека карго-возовите веќе не треба двапати да застануваат кога доаѓаат наваму, туку имаат само едно застанување- рече Николоски. ...

Нема сомнение дека Ерлинг Халанд е една од најголемите ѕвезди на овогодинешното Светско првенство. Сепак, барем за момент, неговата слава ја украде Анастасија, Русинка од Москва е двојничка на познат фудбалер, а нејзиното видео на социјалните мрежи собра десетици милиони прегледи за само еден ден. Само на неговиот профил има близу 4 милиони прегледи. Анастасија Костромитина (24) живее и работи во Москва како модел. Во изјава за руските ...

Албанските царински власти реагираа на обвинувањата на двајцата пратеници и функционер на ВРЕДИ, негирајќи дека биле спречени да влезат во Албанија. Пратеникот и координатор на пратеничката група на партијата, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата на Македонија, Хасим Муртезани, претходно изјавија дека им било спречено да влезат на албанска територија. – Тие патуваа заедно со четврто лице, кое имаше ...

Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори кои треба да се завршат до средината на месецов, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, имаат усогласен став дека ќе се прифати секој предлог на опозицијата со вградени препораки на ОБСЕ-ОДИХР и содржано гласање на ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.44
30%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
60%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.69
42%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.18
34%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.79
34%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
67%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
40%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.98
37%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
39%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
3.58
48%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
0.45
38%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
2.72
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Платина

52855.83

Алуминиум

3.23

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

1894.77

Бакар

13.27

Злато

130535.25

Родиум

265243.66

Цинк

0.00

Паладиум

40445.64

Калај

55.44