Моли О’Калахан го собори светскиот рекорд на 200 метри слободно во 25-метрски базени. Австралијката рекордот го постави рекордот на вториот ден од митингот на Светскиот куп во Вестмонт, САД. Таа ја запре штоперката на 1:49,77 и стана првата дама во историјата што ја завршила оваа делница за помалку од 1:50 секунди. Претходниот светски рекорд го држеше Сјобан Хоги од Хонг Конг, која исплива време од 1:50,31 на планетарското првенство во Абу ...

Јаник Синер доминантно ја одбрани титула на турнирот „Шест кралеви“, во Ријад. Синер за нешто повеќе од еден час го победи најголемиот ривал Карлос Алкараз со 6:2, 6:4. За победата над Алкараз, Синер доби вреден трофеј. Покрај тоа што заработи шест милиони долари, тој од организаторот доби рекет излиен од чисто злато. Бидејќи е целосно направен од злато, вредноста на овој пехар се проценува на 250.000 долари, објави „Марка“. Имајќи предвид ...

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, освои уште една „Златна копачка“, во МЛС лигата. Ветеранот, втора сезона по ред, успеа да постигне најмногу голови и со тоа да добие уште една награда. Претходната вечер, тој постигна хет-трик на натпреварот против Нешвил, кој Интер Мајами го доби на гостински терен со 5:2. Меси постигна гол во 35-та минута по асистенција на Џорди Алба, во 63-та од пенал и во 81-та за убедливо прво ...

Шпанскиот возач на Тракхаус, Раул Фернандез, е победник на трката во кралската класа, во Мото ГП за Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“. Фернандес ја оствари својата прва победа во кариерата во „кралската класа“ со резултат од 39:49.571. Второто место на Големата награда на Австралија го освои возачот на тимот Пертамина ендуро ВР46, Италијанецот Фабио Ди Џанантонио, кој заостануваше 1,418 секунди зад победникот. ...

Андреа Пирло, кој го презеде Јувентус во 2020 година со големи очекувања, всушност не го сакал Кристијано Роналдо во тимот, тврди неговиот поранешен помошник Алпарслан Ердем. Во интервју за турските медиуми, Ердем откри претходно непознати детали за тензиите во клубот, кои, според него, директно влијаеле на резултатите. „На Пирло не му се допаѓаше Роналдо, но не можеше ништо да направи. Ги анализираше податоците, тие покажаа дека Роналдо ...

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на САД. Актуелниот шампион, во Остин, до пол-позицијата дојде со најбрзиот круг 1:32.510 минути. Ферстапен, претходно победи во спринтот, зад себе ги остави Ландо Норис од Мекларен и Шарл Леклер од Ферари. Норис за второто место имаше подобар резултат од Леклер за шест илјадити делови од секундата. Трката од вториот ред, веднаш до Леклер ќе ја започне Џорџ Расел. Зад ...

Фудбалерите на Олимпик Марсеј го победија Ле Авр со 6:2 во осмото коло од Лига 1 и ги престигнаа ПСЖ и Стразбур на челната позиција. Натпреварот го одбележа Мејсон Гринвуд кој, откако Јасин Кејта ги доведе гостите во водство во 24-та минута, постигна дури четири гола по ред и со тоа го сврти натпреварот. Гринвуд прв постигна гол во 35-та минута од пенал. За пеналот Готје Љорис доби директен црвен картон. 24-годишниот Англичанец ја заврши ...

Италијанецот Јаник Синер го победи Карлос Алкараз во финалето на турнирот „Шест кралеви“ во Ријад. Неочекувано, мечот заврши за само еден час и 12 минути со резултат 2:0 (6:2, 6:4). Актуелното најголемо соперништво во светскиот тенис не ја оправда тоа на теренот во Ријад, бидејќи италијанскиот тенисер играше на многу повисоко ниво. Алкараз го загуби својот сервис во првиот гем, и оттаму добивме прва индикација во која насока оди овој меч. ...

Фудбалерите на Интер барем на 24 часа ќе бидат лидери во Серија А. Ова е епологот по победата на Интер над Рома во Рим (1:0) и поразот на Наполи во Торино со истиот резултат. Интер против Рома победи со голот на Бои во шестата минута по додавањето на Барела,. Натпреварот по тој гол беше доста динамичен, со шанси на двете страни. Логично, Рома ја имаше иницијативата, се обиде да израмни, но не успеа во тоа. Најблиску до гол Рома беше во ...

Данскиот тенисер Холгер Руне доживеа тешка повреда во полуфиналето на турнирот во Стокхолм. Руне играше против Французинот Уго Амбер во полуфиналето во Стокхолм и го доби првиот сет со 6:4. Се чинеше дека ќе оди во финалето, но на 2:2 во вториот дел од играта, доживеа катастрофа. Повреда која не изгледаше добро на прв поглед, сè додека не ја изговори следната реченица. „Почувствував како ми пукна Ахиловата тетива.“ Недолго потоа, младиот ...

Фудбалерите на Арсенал го победија Фулам во малото лондонско дерби со 1:0 и повторно го зазедоа врвот на табелата. Стрелец на единствениот гол на теренот покрај Темза беше Леандро Тросар, кој во 58-та минута во метежот се снајде најдобро, по еден корнер и го пронајде патот до мрежата. Goal by Leandro Trossard pic.twitter.com/hnzUwNSZ2o — Sport Klub (@sportklub) October 18, 2025 Тоа беше момент на одлука во натпревар кој беше претежно ...

Во големото дерби на германскиот фудбал, Баерн ја победи Борусија Дортмунд (2:1) и го задржа максималниот учинок во Бундеслигата, седум победи во исто толку кола. Во претходните три дуели, Баварците против „милионерите“, забележаа два нерешени резултати и еден пораз, но во саботата успеаја да го прекинат постот што траеше од ноември 2023 година. Хари Кејн го постигна својот 12-ти гол во сезоната со удар со глава во 22-та минута по корнерот ...

Возачот на Ред Бул, Макс Fерстапен, триумфираше трета година по ред во спринтот за Големата награда на Соединетите Американски Држави, кој се одржа оваа година како дел од 19-та рунда од сезоната. Актуелниот шампион ја освои својата втора спринтерска победа оваа година во Остин, пред Џорџ Расел во Мерцедес. На двајцата на подиумот им се придружи возачот Карлос Саинц Јуниор. Спринтот во Тексас беше обележан и со инцидент на стартот, во кој ...

Кошаркарите на Црвена звезда го победија Реал со 90:75 во петтото коло од Евролигата. Црвено-белите одиграа брилиајнтен натпревар против „кралскиот клуб“, а до победата ги предводеше Коди Милер-Мекинтаер со 18 поени и по осум скока и асистенции. Играчите на Црвена звезда го воодушевија легендарниот Владе Ѓуровиќ. Српскиот тренер кој изненадувачки го водеше Шибеник до титулата во поранешна Југославија во 80-тите, а сензационално и Задар, ...

Дуелот помеѓу Салфорд Сити и Олдам Атлетик во Лига 2 беше кратко беше прекинат, поради инвазијата на домашните навивачи на теренот. Неколку навивачи го „нападнаа“ теренот во текот на првото полувреме. Сите беа облечени во бели дуксери со натпис „Гари Невил е предавник“. Навивачите носеа и знамиња, а еден од нив дури се обиде да го забоде знамето во центарот на теренот. Најмалку двајца навивачи успеаја да стигнат до самиот терен пред да ...

Челси ја продлабочи кризата на Нотингем Форест со победата на „Сити граунд“ (3:0), во првиот меч од осмото коло во Премиер лигата. „Шумарите“, минатата сезона беа најпријатното изненадување во Премиер лигата, до самиот крај се бореа за четвртото место, оваа сезона како што стојат работите ќе се борат за опстанок. Нотингем Форест го доживеа петтиот пораз, остана на само една победа и доколку Барнли и Вест Хем победат во ова коло, ќе бидат ...

Не помина долго време откако беше отпуштен од Вест Хем, а Греам Потер се чини дека е блиску до нов договор. Како што објави Би-Би-Си, Потер е во последната фаза од преговорите за позицијата селектор на Шведска. Шведска го отпушти Јон Дал Томасон во вторник по лошиот настап во квалификациите за Светското првенство. Шведска е последна во Групата Б со само еден бод од четири натпревари. Потер не е „странец“ за фудбалските фанови во Шведска. Од ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нагласи дека неговиот тим мора да го потврди напредокот во претстојното дерби со Ливерпул. Португалецот се осврна на нерешениот резултат 2:2 со Ливерпул во јануари, кој, според него, беше пресвртница во сезоната и доказ дека Јунајтед има потенцијал да се натпреварува со најдобрите. „Се сеќавам дека тогаш одигравме многу добар натпревар. Бев разочаран по натпреварот бидејќи покажавме дека можеме ...

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфираше на спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Австралија, 19-то коло од овогодинешното Мото ГП првенство. Италијанецот ја освои својата трета спринт победа оваа сезона на патеката „Филип Ајленд“, со повеќе од три секунди предност пред Раул Фернандез од Трекхаус. На двајцата им се придружи на подиумот Педро Акоста од КТМ Рејсинг, кој во фото-финишот беше за 66 илјадити делови ...

Капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи (25), го информирал клубот дека не сака да потпише нов договор и дека ќе го напушти клубот следната година, откри тренерот Оливер Гласнер. Англискиот репрезентативец има важечки договор со Палас до 30 јуни, кога може да ги напушти „Орлите“ како слободен агент. Гуеи може да потпише и преддоговор со странски клуб кога ќе се отвори преодниот рок во јануари 2026 година. „Мислам дека Марк веќе ни кажа дека ...

Откако го напушти Ливерпул, Јирген Клоп беше многу јасен во своите изјави – повеќе нема да се занимава со тренерска работа. Но, тоа сигурно не значи дека Клоп не е во фудбалот. Покрај улогата што ја има во Ред Бул, Клоп сега има нова улога во германскиот фудбал. Јирген Клоп ќе биде еден од членовите на експертската група на Германската фудбалска лига. Целта на ова советодавно тело ќе биде подобрување на германскиот фудбал и долгорочно ...

Формула 1 потпиша договор за продажба на ТВ права на компанијата „Епл“, односно на телевизијата на таа компанија, која на тој начин, ексклузивно, ќе ги емитува трките на најбрзиот циркус за САД. Медиумите објавуваат дека „Епл“ ќе плати вкупно 750.000.000 долари на Формула 1 за преноси на трки, односно 150 милиони долари годишно од договорот. Договорот стапува на сила на почетокот на 2026 година. Сите корисници на „Епл“ ТВ ќе можат да ги ...

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик не успева да се наметне во Реал под команда на Чаби Алонсо. Бразилецот е закован за клупата, не одигра ниту една секунда од почетокот на сезоната и се очекува во јануари да биде испратен на позаијмица. Пред неколку недели Ендирк се поврзуваше со Валенсија, а бразилскиот „ESPN“ пишува дека Марсеј се приклучил во трката. Тимот предводен од Роберто де Зерби има бод помалку од првопласираниот Пари Сен Жермен и ...

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос. Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот. Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А. Сепак, тоа нема да биде Интер ...

Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиѓа предизвика бурни реакции откако објави нова епизода од подкастот „Центрокампо“, каде што даде низа остри коментари против одредени фудбалски ветерани, вклучувајќи го и Лука Модриќ. Неговите изјави, кои ги пренесоа „Milannews.it“ и бројни корисници на социјалните мрежи, предизвикаа бран полемики во Италија. Во клип кој брзо стана вирален, Барџиѓа ја спореди италијанската Серија А со „гробишта на ...

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1. Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод. Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута. Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ...

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите. Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, ...

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска. Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември. Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена. „Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест ...

Шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ покажа дека годините за него се само бројка. Тој на социјалните мрежи објави видео снимено во сауна во природа, каде се релаксира во долна облека со поглед кон планински пејзаж. Објавата веднаш стана вирална и собра повеќе од 140.000 лајкови, а коментарите беа преполни со пофалби за неговиот изглед: „Златан е жив оган“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг, легенда!“. Ибрахимовиќ ...

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста. Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа. Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
993
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.38
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
90%
1003
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
87%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.24
93%
1000
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
95%
995
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
82%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Сребро

2457.28

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Бакар

11.66

Цинк

3.33