Американскиот кошаркар Џаред Батлер (25, 191) се откажа од трансфер во Олимпијакос или Партизан и се согласил да се пресели во Црвена Звезда, пишува „Јурохупс“. Грчките медиуми наведоа дека Батлер се свртел кон Црвена Звезда, која бара бек по повредите на Изеа Кенан и Тајсон Картер, како и на Девонте Греам. Во исто време, кошаркарскиот портал „Јурохупс“, тврди дека Батлер веќе одлучил да се пресели во црвено-белиот дел од Белград. Звезда ...

Армани Милано потврди дека спгодбено го раскинал договорот со Влатко Чанчар. Овој 28-годишен кошаркар, кој пристигна во Милано во текот на летото, играше во два натпревари од Евролигата оваа сезона, во првите две кола. Ги пропушти последните три кола поради повреда на коленото. „Олимпија Милано и Влатко Чанчар спогодбено се разделија“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот. „Олимпија сака да му се заблагодари на Чанчар за ...

Првиот натпревар во сезоната во НБА лигата ја донесе првата голема грешка на судиите. Оклахома го победи Хјустон, по две продолженија со 125:124. Судиите не ги почитуваа правилата, наместо тоа тие му „прогледаа низ прсти“ на Кевин Дурант. Сè се случи на крајот од натпреварот помеѓу Хјустон и Оклахома, односно на крајот од првото од двете продолженија. Оклахома имаше напад за победа, но само неколку секунди до крајот, топката заврши во ...

Францускиот фудбалски великан, Олимпик Марсеј му оддаде голема почит на својот долгогодишен голман Стив Манданда. Манданда, кој помина 13 години во два мандати во Марсеј, ја заврши кариерата оваа година. Пред натпреварот со Ле Авр во Лига 1, легендата на клубот беше поздравена на преполниот „Велодром“, а бројот 30 што го носеше на дресот беше официјално повлечен. Тоа е невообичаен гест во светот на фудбалот, ваквите почести најчесто се ...

Фудбалерите на Манчестер Сити, во вторникот го победија Виљареал, на свој терен, а посебен детаљ во победата на англискиот клуб во новата рунда од Лигата на шампионите (0:2) е водечкиот гол на „граѓаните“, постигнат од Ерлинг Халанд. Гол-машината од Норвешка застана рамо до рамо со еден Кристијано Роналдо. Со голот постигнат во 17-та минута од дуелот со шпанскиот ривал, Норвежанецот го израмни рекордот за последователни натпревари во кои ...

Интер и Милан, лути соперници на фудбалскиот терен, решија да ги здружат силите за да создадат моќен кошаркарски клуб. Според информации од Италија, фудбалските гиганти, односно нивните сопственици, сакаат да бидат дел од проектот „НБА Европа“, за кој се зборува сè погласно и кој се заканува да ја загрози Евролигата. Парите би биле инвестирани во кошаркарскиот клуб Олимпија Милано, а инвестициските фондови, кои ги поседуваат Милан и Интер, ...

Претходното коло во Серија А беше најнеефикасно во историјата на Серија А (откако лигата се прошири на 20 клуба во сезоната 2004/2005 година). Само 11 гола беа постигнати во десетте натпревари одиграни во сабота и недела во најсилното натпреварување на Апенините, во просек бил постигнат 1,1 гол по натпревар. Претходниот негативен рекорд беше 13 гола, што се случи во два наврати, во сезоните 2004/2005 и 2022/2023 година. Четири натпревари ...

Фудбалскиот клуб Наполи и тренерот Антонио Конте нема да ја заборават шлаканицата што синоќа ја добија во Ајндховен. Во третото коло од Лигата на шампионите, ПСВ го порази Наполи со 6:2. Наполи прими шест гола во европско натпреварување за прв пат во историјата, исто така прв пат тимот на Конте да прими шест гола во еден натпревар. Ниту црвениот картон што го доби Лоренцо Лука во 76-та минута не е оправдување за дебаклот на „Филипс“ ...

Играчите на Оклахома ги добија шампионските прстени во НБА пред почетокот на новата сезона и натпреварот против Хјустон. Оклахома ја победи Индијана во финалето на НБА минатата сезона и ја освои својата прва титула откако франшизата се пресели од Сиетл во 2008 година. Комесарот на лигата, Адам Силвер, пред да им ги додели прстените имаше свое обраќање во арената во Оклахома. Alex Caruso reveled there is a hidden ring inside the The Oklahoma ...

НБА сезоната започна со два натпревари одиграни изминатата ноќ. Во првиот натпревар шампионите Оклахома Сити Тандер ги победија Хјустон Рокетс со 125:124 по две продолженија, а во вториот натпревар, Лос Анџелес Лејкерс беа поразени од Голден Стејт Вориорс на домашен терен со 109:119. Навивачите на Тандер го добија она што го чекаа, церемонија на доделување на прстените, откривање на шампионското знаме и победа над поранешната ѕвезда на ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека почнувајќи од следната сезона, форматот на ракометната Лига на шампиони и Европската лига ќе биде променет. Бројот на екипи во Лигата на шампиони ќе се зголеми од сегашните 16 на 24, и тие ќе играат според сосема нов систем на натпреварување, сличен на оној што го гледаме на репрезентативните настани. Почнувајќи од следната сезона, најелитното клупско натпреварување во Европа ќе го играат ...

Шпанската фудбалска лига ја информираше јавноста дека се повлекува од „продажба“ на лигашкиот натпревар помеѓу Виљареал и Барселона на американскиот пазар. Овој дуел требаше да се игра на 20 декември во Мајами, што предизвика бунт кај навивачите на шпанските клубови. Сепак, дури кога фудбалерите се придружија на протестите (стоејќи мирно првите 15 секунди од натпреварите), челниците на Ла Лига попуштија и ја откажаа „посетата“ во Флорида. ...

Седум натпревари се одиграа во ударниот термин од 21 часот во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреватите ги обележаа убедливите победи на Арсенал над Атлетико Мадрид (4:0), ПСВ над Наполи (6:2), а ПСЖ победи во Леверкузен со (7:2). Атлетико Мадрид на „Емирати“ во Лондон, влезе во црна дупа во периодот од 57-та до 70-та минута. Тогаш Арсенал постигна четири гола. До првиот гол, ривалите беа рамноправни на теренот и покрај тоа што ...

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа во Европската лига. Вечерва во Тулуз, екипата на Иван Чупиќ славеше со 28:26. Вардар 1961 го растури Тулуз во првиот дел, на полувремето резултатото беше 18:11. Тулуз не се предаде, во вториот дел ја истопи предноста на црвено-црните на само еден гол (23:22). Сепак Вардарци не ја испуштија победата, се конслидираа, со предност од четири гола влегоа во последните пет минути, па Тулуз ...

Барселона го декласира Олимпијакос со 6:1, а Каират и Пафос одиграа без голови, во првите натпревари од третото коло во Лигата на шампионите. Барселона на домашен терен доминираше против Олимпијакос, но до убедливата победа дојдоа откако грчкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот. Фермин Лопз и донесе предност на Барселона од 2:0 со головите во седмата и 39-та минута. Во 50-та минута ВАР го поништи голот на Ел Каби, но само четири ...

Италијанскиот второлигашки фудбалски клуб Јуве Стабија, кој потекнува од Кастеламаре ди Стабија во близина на Неапол, е под судска администрација поради можна вмешаност на мафијата во неговиот бизнис, објавија италијанските обвинители и полицијата. Неаполската мафијашка организација Камора ги има своите корени токму во Кастеламаре ди Стабија, а канцеларијата на италијанскиот обвинител објави дека обемната истрага „открила систем сличен на ...

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, повторно е повреден. Австриецот има проблем со повредите од декември 2023 година, кога го повреди коленото и беше надвор од игра една година. Потоа, по враќањето, имаше бројни проблеми со мускулите, што е случај и сега. Алаба доби шанса против Хетафе, но си одигра само едно полувреме поради болки во мускулите. Денешните тестови покажале дека мора да направи кратка пауза. Медиумите од Мадрид пишуваат ...

Нотингем Форест го назначи поранешниот менаџер на Барнли и Евертон за свој нов главен тренер. Шон Дајч (54) го наследи Ангелос Постекоглу во Форест, кој беше отпуштен пред неколку дена по скромните резултати оваа сезона. Дајч потпиша договор со „Шумарите“ до 2027 година. Шон Дајч е третиот тренер кој ќе го предводи Нотингем Форест од стартот на сезоната. Постекоглу беше отпуштен по само 39 дена, а последната капка беше поразот од Челзи со ...

Во ноќта меѓу 21 и 22 октомври ќе започне 80-та сезона во НБА лигата. Шампионатото ќе го отворат актуелните шампиони Оклахома против Хјустон, засилен со Кевин Дурант, а нешто подоцна ќе се сретнат Голден стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс. Првиот дел од 80-та МНА сезона ќе биде на програмата до 12 април, а во меѓувреме ќе се игра и НБА Купот. Започнува за десет дена и ќе трае до средината на декември. Ол-стар натпреварот ќе се игра на 15 ...

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) повторно ја разгледува новата имплементација на правилото за офсајд. Според предлогот на поранешниот тренер Арсен Венгер, за позицијата да биде неправилна, би морало да има растојание помеѓу напаѓачот и дефанзивецот. Венгеровото правило се појави како уште една идеја за подобрување на фудбалот, поточно правилото за офсајд, често контроверзна ситуација каде што растојанието помеѓу ...

Челниците на Баерн Минхен се презадоволни од работата на Венсент Компани, па по само една сезона решија да му го продолжат договорот. Новиот договор важи до јуни 2029 година. Претходниот договор беше важечки до 2027 година. Компани дојде во Минхен од Барнли во јуни 2024 година и ја освои титулата во Бундеслигата во својата прва сезона. Пред почетокот на оваа сезона, тој го освои трофејот во Суперкупот на Германија. „Чест ми е што добив ...

Полицијата приведе 180 навивачи на Наполи поради страв од немири пред натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСВ и Наполи во вторник во 21 часот. Органите на редот соопштија ги привеле навивачите на италијанскиот тим и ги префрлила со автобус во полициската станица на испрашување „бидејќи нивното однесување довело до нарушување на редот“. Исто така, четворица навивачи на ПСВ беа приведени на друга локација во градот. Градските власти го ...

Дани Карвахал, капитенот на Реал Мадрид, смета дека регуларноста на шпанското фудбалско првенство е нарушена затоа што организаторот на Ла Лига им дозволил на Виљареал и Барселона да играат во американскиот град Мајами. „Тоа е јасно кршење на правилата за натпреварување. Сите тимови нема да се натпреваруваат под исти услови“, изјави 33-годишниот дефанзивец за државната телевизија. РТВЕ. Во шпанското првенство има 20 клуба кои треба да ...

Израелските клубови ќе ги играат своите следни натпревари во Тел Авив во наредниот период. Како што објавија бројни израелски медиуми, Макаби и Хапоел Тел Авив (најверојатно) од 1 декември 2025 година, повторно ќе ги играат сите домашни натпревари во Израел. Оваа информација ја потврдија изворите на кошаркарскиот портал „Basket News“, кои велат дека членовите на одборот на Евролигата во вторник гласале за враќање на Израелците во Тел Авив. ...

Австралискиот бек Дајсон Даниелс го продолжи договорот со Атланта Хокс. Дајсон Даниелс е одличен австралиски бек од Атланта кој веќе се смета за еден од најдобрите дефанзивци во НБА, особено на периметарот. „Јастребите“ го искористија последниот ден од рокот за продолжување на договорите во НБА лигата и успеаја да го врзат Даниелс потпиша четиригодишен договор од 100 милиони долари. „Возбудени сме што потпишавме долгорочен договор со ...

Ливерпул минува низ криза во каква што не бил од 2014 година. „Црвените“ се поразени на последните четири натпревари, три пати во Премиер лигата. Критичарите сметаат дека главни виновници за лошите резултати на актуелниот шампион се Флоријан Вирц (платен 125 милиони евра) и најдобриот играч и стрелец Мохамед Салах. Египќанецот е во очигледен пад на формата оваа сезона, па затоа се повеќе луѓе пишуваат за неговото заминување од Ливерпул. ...

По големата победа во Остин, Макс Ферстапен се врати во трката за шампионската титула во Формула 1. Четирикратниот светски шампион, на пет трки до крајот на сезоната нима само 40 поени помалку од лидерот Оскар Пјастри. Возачот на Мекларен пред само четири трки имаше 104 поени повеќе од Холанѓанецот. Ферстепен победи на три од последните четири трки, со огромна разлика во Италија, Азербејџан и Остин, додека беше втор во Сингапур зад Џорџ ...

Стадионот „Емирати“ во Лондон е подготвен за ново поглавје во историјата на Арсенал. Вечерва во 21 часот тимот на Микел Артета има можност да стигне до јубилејната, стота победа во Лигата на шампионите, додека Атлетико Мадрид ќе се обиде да им ги расипе плановите. На европската сцена оваа година, Арсенал влезе според планираното, максимален настап по првите две кола, четири постигнати гола и ниту еден примен гол. По рутинските 2:0 против ...

Стоперот на Реал Мадрид, Дин Хаусен, сè уште не се опоравил од повредата и не е исклучено да го пропушти претстојното „Ел Класико“. Хаусен го напушти кампот на шпанската репрезентација за време на претходната пауза, по што му е предвидена пауза од 10 до 15 дена. Сепак, тој сè уште не се вратил на тимските тренинзи и во моментов е под голем знак прашалник за натпреварот во недела. Ова е голем проблем за Чаби Алонсо со оглед на тоа што ...

Партизан синоќа во АБА лигата го победи ФМП, по едно продолжение, со 109:103. Во фнишот на натпреварот се повреди плејмејкерот Карлик Џонс. Плејмејкерот на Партизан, ќе паузира три месеци, пишува „Моцартспорт“. Џонс веднаш по натпреварот бил однесен на медицински тестови. Снимката покажала дека има скршеница на петтата метатарзална коска и дека американскиот кошаркар го чека подолга пауза. Ова значи дека Џонс заврши со играње кошарка за ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
2.06
79%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
996
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.6
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
996
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
89%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
93%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72

Сребро

2457.28

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Платина

83354.78

Алуминиум

3.07

Паладиум

53434.54

Калај

48.47