Рафа Бенитез е новиот тренер на Панатинаикос. Клубот потврди дека Шпанецот препладнево потпишал две годишен договор. Познатиот шпански стручњак, кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул, стана најплатениот тренер во историјата на грчкиот фудбал. За две години од неговите услуги, Панатинаикос ќе издвои четири милиони евра. Целата приказна е генерално доста чудна, особено од аспект на платата, бидејќи кариерата на Бенитез одамна е во ...

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI Победата на Шкендија над Шелбурн (1:0), во второто коло од Конференциската лига е историски момент за македонскиот фудбал. Шкендија стана првиот македонски клуб со победа во главната фаза од едно меѓународно натпреварување. Трите бода се исклучително значајни за македонскиот фудбал. Благодарение на оваа победа, Македонија ја престигна Црна Гора на листата на УЕФА за национални коефициенти и се проби меѓу првите 50 ...

Проблемите во кои се наоѓа Шефилд Венздеј се влошија во петокот, клубот поднесе барање за банкрот. Финансиските проблеми се натрупаа до тој степен што Венздеј сега ѝ должи на владата еден милион фунти за даноци. Англиската фудбалска лига му изрече неколку казни на клубот во текот на изминатите седум месеци, а EФЛ забрани регистрација на нови играчи поради доцнење на плаќањата на играчите и персоналот во клубот Шефилд Венздеј. Притисокот врз ...

Фудбалерите на Рома во третото коло, во запишаа вториот пораз во Лига Европа. Римјаните загубија на „Олимпико“ од Викторија Плзен 1:2. Овој пораз му го расипа јубилејот на паоло Диала кој го постигна 200-от гол во кариерата. Гостите од Чешка поведоа во 20-тата минута, кога Принц Квабена Аду ја затресе мрежата на Римјаните. Само две минути подоцна следеше уште еден шлаканица. Чик Суаре испрати торпедо од голема далечина, а голманот на Рома ...

Фудбалерите на АЕК од Ларнака го направија најголемото изненадување во Конференциската лига. Во второто коло тие го победија Кристал Палас на гостински терен со минимален резултат (0:1). АЕК стигна до својот втор триумф во исто толку натпревари во третото по ранг натпреварување на УЕФА. И тоа ни помалку ни повеќе туку на „Селхерст Парк“ против победникот на овогодинешниот Комјунити Шилд, актуелниот шампион на ФА Купот и во моментов еден од ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во шестото коло го забелажаа петтиот пораз во Лигата на шампионите. Македонскиот првак загуби кај Магдебург 36:26 (19:13). И пред натпреварот беше дека Еурофарм Пелистер е тотален аутсајдер против актуелниот првак во Лигата на шампиони. Играчите на Рубен Гарабаја се држеа во првата половина од првиот дел, а потоа домашниот тим започна да ја зголемува предноста, кој на 10 минути до крајот стана двоцифрена. ...

Најголемото изненадување во првиот термин од 3. коло на Лига Европа дефинитивно го направи Го Ахед Иглс. Холандскиот преставник ја победи фаворизираната Астон Вила со 2:1. Натпреварот на стадионот „Де Аделаршорст“ во Холандија започна лошо за домашниот тим. Во четвртата минута Гесанд погоди за водство на Астон Вила. Во самиот финиш на првото полувреме по центашутот на Твихт, Сари успеа да избега од комплетната одбрана на премиерлигашот и го ...

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI Шампионот на Македонија, Шкендија ја забележа првата, историска победа, во главната фаза во натпревар во организација на УЕФА. Во второто коло, во Конференциската лига, Шкендија го совлада Шелбурн од Република Ирска со 1:0 (0:0). Важноста на дуелот го направи своето, Шкендија одигра претпазливо, на крајот среќно дојде до победата. Во меч без многу шанси, во кој гостите преку Мартин во 66-та минута ја погодија ...

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го стави својот потпис на новиот договор со Интер Мајами. Аргентинецот се обврза да остане во Флорида најмалку до 2028 година. Легендарниот Аргентинец пристигна во Соединетите Држави во летото 2023 година, кога беше откриено дека ќе заработува над 20.000.000 долари годишно, заедно со удел во акциите на клубот. Финансиските детали од новиот договор се уште не се познати, но се очекува дека по ...

Тренерот на Портланд Треил Блејзерс, Чонси Билапс е еден од уапсените како дел од истрагата на ФБИ под сомнение за вмешаност во нелегални активности поврзани со спортско обложување, објавува ESPN. Билапс е уапсен речиси во исто време кога и кошаркарот на мајами Хит, Тери Розир. Истражителите веруваат дека некои членови на лигата биле поврзани со организирана мрежа за обложување, но засега не е познато дали обвиненијата се директно поврзани ...

Познатиот американски кошаркар Спенсер Динвиди кариерата ќе ја продолжи во Евролигата. И покрај тоа што се поврзуваше со Олимпијакос, а грчките медиуми синоќа пишуваа дека трансферот е завршен, Динвиди реши да се пресели во Баерн Минхен. Спенсер Динвиди со Баерн договорил соработка до крајот на сезоната, без мжност соработката да биде раскината доколку доби понуда од НБА лигата. Го одбрал Баерн бидејќи во минатото имал можност да се ...

Новата НБА сезона, започнаа скандал, во центарот на вниманието е кошаркарот на Мајами Хит, Тери Розиер. Мајами сезоната ја почна со пораз во дербито на Флорида. Хит загубија во Орландо со 121.125. Розир е уапсен од ФБИ како дел од истрагата за спортско обложување, објави Шамс Чаранија. Розир е под истрага за можна вмешаност во нелегална шема за спортско обложување, а истрагата започна во јануари. Сето тоа се случило, наводно, уште во 2023 ...

Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе се врати на патеката дури следната сезона, потврди Дукати. Во инцидентот на Големата награда на Индонезија, кога Марко Бецеки го исфрли од патеката, Маркез се здоби со фрактура на клучната коска и ги оштетети лигаментите. Шпанецот, една недела пред трката во Индонезија, во Јапонија, ја обезбеди својата деветта светска титула. Тестовите што ги спроведе Маркез во Мадрид оваа недела потврдија дека ...

Откажувањето на натпреварот што Барселона требаше да го игра во Мајами со Виљареал му нанесе тежок финансиски и маркетиншки удар на каталонскиот клуб, кој веќе ги започна подготовките за патување во САД. Натпреварот беше планкиран како промотивен на шпанската Ла Лига и шпанскиот фудбал во Северна Америка, поради што лигата силно го поддржа неговото одржување. За Барселона, средбата претставуваше важен стратешки чекор во зајакнувањето на ...

Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано (43) го критикуваше квалитетот на Серија А. Касано рече дека лигата се одржува во живот само од страста на навивачите, додека нивото на фудбал во Италија е во целосна стагнација. Касано верува дека на играта ѝ недостасува ритам и флуидност, со прекумерни доцнења што придонесува одредени натпревари да бида „мачни за гледање“, падот на квалитетот се одрази и на лошите резултати на италијанските ...

Олимпик Марсеј доѓивеа пораз на гостувањето кај Спортинг (2:1). „Лавовите од Лисабон“ славеа по пресврт во последните 15 минути, откако во финишот на првиот дел Марсеј остана со играч помалку на теренот. Емерсон Палмиери симулираше пенал, кој првично им беше досуден на гостите, но по прегледувањето на ВАР видеото, тој беше поништен. Бидејќи левиот бек веќе имаше жолт картон, тој доби втор и автоматски исклучување, а во тој момент Марсеј ...

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го коментираше пред медиумите на Апенинскиот полуостров големото дерби од третото коло од Лигата на шампионите помеѓу Реал и Јувентус во Мадрид. Сосема очекувано, бидејќи Капело, заедно со неговиот сонародник Карло Анчелоти, беше единствениот во светот кој имаше чест да биде тренер и на Реал Мадрид и на Јувентус во својата богата кариера. По голема борба, Реал победи со 1:0 на стадионот ...

Ливерпул со убедливата победа нат Ајнтрахт во Франкфурт (5:1), стави крај на серијата од четири порази. И покрај убедливата победа, менаџерот Арне Слот нема многу причини за задоволство. Холандскиот тренер е загрижен поради повредите на Џереми Фримпонг и Александер Исак. „Очекувам Фримпонг да биде во авут неколку недели“, рече Слот. Александар Исак исто така имаше болна гримаса кога го напушташе теренот. Слот истакнува дека ситуацијата не е ...

Познатиот кошаркарски судија Урош Николиќ е уапсен вчера во меѓународна полициска операција под сомнение за поврзаност со организирана криминална група. Николиќ, бил уапсен во Белград во голема полициска операција спроведена по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, а под сомнение дека е дел од организирана криминална група осомничена за тешки кривични дела, објави „Блиц“ во четвртокот. Десет лица биле уапсени во ...

Кошаркарскиот клуб Црвена звездапотврди дека надворешната линија ја засили со американскиот комбо-бек Џаред Батлер. Батлер, поранешен играч на Филаделфија и поранешен шампион на НЦАА со Универзитетот Бејлор, потпиша договор со белградскиот клуб ова утро. Неговото доаѓање треба да ги пополни празнините на позициите плејмејкер и бек-шутер кои во моментов се празни поради повреди на неколку важни играчи (Девонте Греам, Ајзеа Кенан, Тајсон ...

Американската пливачка Кејти Даглас постави светски рекорд на 100 метри слободно во базени од 25 метри со време од 50,19 секунди на Светскиот куп во Вестмонт, додека Австралијката Кејли Мекеон го собори светскиот рекорд на 200 метри грбно. Даглас, олимписка шампионка на 200 метри градно на Олимписките игри во Париз, го освои финалето на 100 метри слободно со време од 50,19 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд од 50,25 секунди поставен ...

Во ноќта помеѓу среда и четврток, во НБА беа одиграни 12 натпревари, а вечерта ја одбележа ѕвездата на Филаделфија, Тајрис Макси, во победата на Бостон над Селтикс од 117:116. Експлозивен почеток на Истокот во дербито на Атлантската дивизија. Бостон Селтикс ја пречека Филаделфија, која се покажа како тврд орев за кршење и, и покрај прогнозите победи од Ти Ди Гарден. Имаше многу промени во резултатот, а Селтикс благодарение на одличната ...

Хрватскиот тренер Игор Тудор беше поразен со Јувентус на гостувањето кај Реал Мадрид со резултат од 1:0 во третото коло од Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот го постигна Џуд Белингам во 57-та минута. Поразот во Мадрид, ја продолжи црната серија на италијанскиот тим. Јувентус е седум натпревари без победа во сите натпреварувања. Сè започна со нерешен резултат 4:4 против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, а продолжи ...

Комплетирано е третото коло во Лигата на шампионите. Максимален учинок досега имаат само шампион Пари Сен Жермен, финалистот од минатата сезона Интер, водечкиот тим во Премиер лигата, Арсенал, односно Баерн Минхен и Реал Мадрид. Дербито се одигра на „Сантијаго Бернабу“ во Мадрид. Реал го пречека Јувентус и славеше со 1:0 со голот на Белингем во 57-та минута. Реал доминираше, создаваше шанси, но и Јувентус неколку пати беше иксклучително ...

Кошаркарите на Макаби го победија Реал Мадрид со резултат од 92:91 (17:27, 40:21, 19:26, 16:17) во првиот натпревар од 6. коло од Евролигата. Реал Мадрид го доживеа вториот пораз во Белград, откако минатата недела беше поразен од Црвена звезда, вечерва загуби од Макаби со тројката на Тамир Блат на четири секунди до крајот. Макаби повторно беше блиску да загуби добиен меч, кој ќе се памети по тројката на Блат и 40-те поени што ги постигнаа ...

Американскиот кошаркар Спенсер Динвиди е нов играч на грчки Олимпијакос, ексклузивно објавува „Телеспорт“. Искусниот кошаркар, кој целата своја кариера ја помина во НБА каде што имаше забележителен настапи, одлучи да се пресели во Европа, откако не доби договор за сезоната во НБА лигата. Одличниот шутер беше поврзуван со бројни европски тимови, вклучувајќи ги српските клубови Црвена звезда и Партизан, се шпекулираше дека Ефес е најблиску до ...

Фудбалерите на Атлетик Билбао и Галтасарај забележаа победи во првите натпревари од денешната програма во Лигата на шампионите. Атлетик ја запиша првата победа сезонава откако го совлада Карабаг со 3:1, додека Галатасарај славеше над Бодо/Глимт исто така со 3.1. Атлетик на „Сан Мамес“ во Билбао, по пресврт успеа да слави во дуелот со најпријатното изненадување во Лш, Карабаг. Гостите првпат поведоа во првата минута од натпреварот, кога ...

Барселона, в недела во Мадрид, во најголемото дерби на панскиот фудбал ќе биде без тренерот Ханси Флик. Германецот доби црвен картон, во неделата, во драматичната победа над Џирона (2:1). Клубот веднаш поднесе жалба со образложение дека тренерот бил престрого исклучен. Сепак, Ла Лига ја одби жалбата и потврди дека Ханси Флик нема да множе да биде со својот тим на теренот. Каталонски извори пишуваат дека Барселона ќе се обиде да поднесе уште ...

Поранешниот сопственик на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович, планира да се врати во европскиот фудбал со купување на турскиот гигант Галатасарај, тврдат објавуваат турските медиуми. Според весникот „Создзу“, Абрамович е во напредни преговори за преземање на поголемиот дел од акциите на истанбулскиот клуб, а наводно веќе купил луксузна вила во Истанбул, што дополнително ги разгорува шпекулациите. Сепак, за реализација на оваа ...

Фудбалската опсерваторија (CIES) од Швајцарија се етаблираше во последните години како релевантна институција за бројни анализи на трендовите во светскиот фудбал. Редовно објавува нови интересни податоци. Денешната анализа се однесува на квалитетот на фудбалските академи низ целиот свет. За разлика од некои претходни анализи, беа земени предвид различни фактори: колку играчи од фудбалската школа, денес играат во 49-те најдобри лиги на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
2.06
79%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
996
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.6
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
996
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
89%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
93%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66

Платина

83354.78

Калај

48.47

Кобалт

64.04

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28