Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Кина го спроведе првиот тест на вселенското летало наменето за слетување на астронаути на Месечината, соопшти агенцијата „China Manned Space“ („CMS“), нагласувајќи дека станува збор за клучна пресвртница во планот првите кинески астронаути да слетаат на Месечината пред 2030 година. Тестот е изведен во провинцијата Хебеј на специјално подготвен терен кој ја имитира површината на Месечината, прекриена со камења и кратери, со рефлективен слој ...
Сега е откриено дека пауните, познати по својата волшебна убавина, имаат нешто во опашките што потсетува на вистински ласери. Паунот е птица која има посебни пердуви. Нивните пердуви содржат наноструктури кои ја расејуваат светлината на таков начин што нивните пердуви блескаат во нијанси на сина и зелена боја. Меѓутоа, научниците од Политехничкиот универзитет во Флорида и универзитетот „Youngstown State“ во САД нанеле посебна боја на различни ...
Дали често се чувствувате премногу уморни за да го издржите денот, ви недостига енергија или тешко се концентрирате? Заморот е чест проблем кој може да има бројни причини, но една од нив често се занемарува – здравјето на цревата. Иако експертите сè уште работат на целосно разбирање на оваа врска, гастроентерологот д-р Рабија де Латур истакнува дека „науката сè уште во голема мера се развива“, пишува „Parade“. Заморот се дефинира како „екстремна ...
Кога првпат го посетил кинескиот град Чонгкинг во ноември минатата година, Џошуа Гуви бил загрижен дека ќе го види градот што го гледал на социјалните мрежи, град што не може да биде кул во реалниот живот. Чонгкинг се наоѓа во планините на југозападна Кина и е познат по својата природна и урбана структура, поради што го добил прекарот 8D City (осумдимензионален град). Целата негова површина е иста колку Австрија. Со оглед на тоа што неговата ...
Мо Гавдат, поранешен директор на „Google X“, тврди дека идејата дека вештачката интелигенција (AI) создава нови работни места е „100% глупост“. Тој предупредува дека дури и извршните директори наскоро ќе бидат заменети со вештачка интелигенција. Мо Гавдат, поранешен главен бизнис директор на „Google X“, смета дека идејата дека вештачката интелигенција ќе отвори нови работни места е целосно бесмислена. Според него, дури и неспособните директори ...
Американката Чарли Севил, која посетила 26 европски градови, го сподели своето мислење за тоа кој ѝ бил најлош, а кој најдобар за посета. Од Бирмингем до Севиља, Чарли има посетено најразлични делови на Европа, а сега ги рангирала според нејзини лични критериуми: храна, атмосфера, достапност и целокупното искуство. „Ова се само мои лични мислења, засновани на моето сопствено искуство од патувањата низ Европа“, напишала таа во објава на нејзиниот ...
Две реклами за модната марка „Зара“ се забранети затоа што во нив беа прикажани модели кои изгледаат „нездраво слаби“. Една од овие реклами прикажуваше модел облечен во краток бел фустан. Според британскиот регулатор за рекламирање, Управата за стандарди за рекламирање (ASA), ефектот на сенка бил користен за нозете на моделот да изгледаат „забележително тенки“. Агенцијата, исто така, соопшти дека положбата на надлактиците и зглобовите на лактите ...
Замор, болки во зглобовите, осипи или трнење во рацете и нозете може да изгледаат како минливи тегоби. Но, во некои случаи, токму овие симптоми укажуваат на подлабок проблем – автоимуна или воспалителна болест. Ревматолозите, лекари специјализирани за дијагностицирање и лекување на такви состојби, се клучни за навремено препознавање на болести како ревматоиден артритис, лупус или Сјогренов синдром, пишува „Eating Well“. Здравствените експерти ...
Психотерапевтката и експерт за врски Сара Рајан вели дека луѓето влегуваат во односи со "AI" партнери бидејќи по пандемијата сè повеќе чувствуваат анксиозност и страв од одбивање. Во денешната дигитална ера, запознавањето и врските драстично се променија, главно благодарение на социјалните мрежи, но и на развојот на вештачката интелигенција. Еден од најинтересните примери доаѓа од Велика Британија, каде 45-годишниот Мајкл, разведен татко кој ...
Користењето крема за сонце не треба да биде само сезонска навика или нешто што се прави само кога е интензивно сонцето. UV-зраците се присутни цела година и можат да предизвикаат трајни оштетувања на кожата ако не се заштитува правилно. Редовната употреба на крема за сонце ја одржува кожата здрава, сјајна и подмладена. Зошто е важно да се користи крема за сонце секојдневно? • Заштита од UV-зрачење: UVA и UVB зраците предизвикуваат изгореници, ...
Ако мислите дека стомачните се најдобриот начин за зајакнување на јадрото, време е за промена. Иако стомачните се позната вежба, тие не ги активираат сите мускули на трупот подеднакво ефикасно, а кај многумина можат да предизвикаат болки во вратот или грбот. Добрата вест е дека постојат бројни други вежби кои се едноставни, не бараат никаква опрема и се многу пофункционални за вашето секојдневие. Во продолжение ви донесуваме 11 вежби што можете ...
Ибица со години е едно од најпознатите европски летувалишта. Сепак, со зголемената популарност расте и притисок врз инфраструктурата и животната средина. За да се справат со проблемите на масовниот туризам, локалните власти вовеле строги правила за влез и паркирање на возила. Како што пишува порталот „Watson“, туристка влегла на Ибица со кампер без претходна регистрација и паркирала во заштитено подрачје, прекршувајќи неколку прописи. Таа го ...
Мирисот на домашен леб скоро секогаш асоцира на дом, а мирисот на стар грчки леб ќе ве однесе во некои прекрасни делови на Грција. Потребни состојки: • 2 лажички активен сув квасец; • 1 и 1/2 шолја (375 мл) млака вода; • 1/4 шолја (60 мл) млако млекo; • 1 лажица мед; • 3 и 1/2 шолји (520 г) мултифункционално брашно; • 1/2 шолја (87 г) ситно мелен гриз; • 1 лажичка сол; • 1/4 шолја (60 мл) маслиново масло; • по желба: сусам. Подготовка: 1. Во ...
Кинеската компанија „UBTech Robotics“ претстави импресивен хуманоиден робот, „Walker S2“, кој може самостојно да ги менува своите батерии, овозможувајќи му да работи без прекин. Традиционалните роботи често мора да се запрат за да ги наполнат батериите или за луѓето да им ги заменат. Тоа значи губење на драгоцено време и намалување на ефикасноста. Меѓутоа, „Walker S2“ е опремен со двоен систем на батерии што му овозможува, кога една батерија ќе ...
За време на летниот период сонцето ни е најдобар пријател, ни подарува топли, сончеви и опуштени денови исполнети со безгрижни прошетки и уживање под отворено небо. Иако сончевата светлина има своја убавина, таа истовремено носи и своја невидлива сила, и затоа заштитата од УВ зраци не е луксуз, туку неопходност. Духот на летниот ентузијазам веќе се чувствува насекаде и енергијата движи но запрашајте се дали вашата кожа е соодветно заштитена од ...
Една од најмоќните европски политичарки е позната по своите безмилосни, често контроверзни ставови, а внимание привлекува и со своите модни комбинации – елегантни, ефектни и пред сè моќни. Токму таква избра и за официјалната посета на Белград, излегувајќи од авион во бел костум кој носи посебна порака. Жените во политиката на 21. век оставаат длабоки траги. Лидерки, претседателки, премиерки, кралици, принцези, први дами и други веќе напишаа ...
Кога Скот Кели полетал кон Меѓународната вселенска станица во март 2015 година, знаеше дека влегува во историјата – но не знаеше дека неговиот престој толку длабоко ќе го промени и неговото тело и неговата психа. Неговата мисија траеше 340 дена и беше клучна за проучување на ефектите од долготрајниот престој во вселената врз човечкото тело – особено затоа што има идентичен брат близнак, Марк Кели, кој остана на Земјата. Ден по ден во бестежинска ...
Вистинското лето во Округот Горњи на островот Чиово, за жал, значи излевање на фекалии. Поради непријатностите, чија причина сè уште не е откриена, сопствениците на апартмани се соочуваат со откажувања на резервации и лоши рецензии од туристите. „Дневник.хр“ пишува дека уште од средина на јуни фекална вода тече по улицата на Округ, општина на островот Чиово. „Секоја ноќ смрди, не се издржува. Ма, не може никој да ми каже дека тоа е само вода. ...
Научниците откриле нов вид стапчест инсект во оддалечена австралиска дождовна шума, која е дом на смртоносни змии, други влекачи и пајаци, за кој се верува дека е најтешкиот досега пронајден во Австралија. Инсектот тежи 44 грама, приближно колку голф топче и е долг 40 сантиметри. Ангус Емот од австралискиот универзитет „Џејмс Кук“, кој помогнал во идентификувањето на новиот вид инсект, „Acrophylla alta“, рече дека неговата големина може да биде ...
Во Јужна Кореја, двапати годишно, може да се набљудува необична појава што привлекува илјадници туристи од целиот свет. Морето буквално се разделува, откривајќи го морското дно и создавајќи природен мост меѓу островите Џиндо и Модо. Овој спектакл, познат како „Мојсеевото чудо“, стана инспирација за организирање на уникатен фестивал. Јужна Кореја со години ужива популарност меѓу патниците кои ја ценат нејзината кујна, музика и живописни пејзажи. ...
Босанскохерцеговскиот патописец Роберт Дацешин пристигна до последната дестинација од своето патување низ западна Африка – Сиера Леоне, земја со фасцинантна природа, богата историја и тешко минато. По исцрпувачката авантура низ Гвинеја, Дацешин одлучи да помине четири дена во оваа земја, со цел да ги истражи некои од нејзините најинтересни карактеристики и да ги сподели со својата публика. „Земјата своето име го „должи“ на португалските ...
На социјалните мрежи сè поголемо внимание привлекува новиот фитнес тренд наречен предизвик „6-6-6“. Станува збор за едноставна, но ефикасна рутина за пешачење што не бара никаква опрема ниту комплицирани правила. Целта на предизвикот е да им помогне на луѓето да се движат повеќе, дури и ако имаат густ распоред, пишува „New York Post“. Што точно е предизвикот „6-6-6“? Правилата се многу едноставни. Секој ден се препорачува брзо пешачење во траење ...
Компанијата „Google“ објави кратко промотивно видео со кое директно го предизвикува „Apple“ поради неговото задоцнување со воведувањето на вештачката интелигенција во уредите „iPhone“. Тизер-видеото насловено „Pixel 10 | Soon“ (наскоро) трае 30 секунди и користи минималистички тон за да укаже дека „Apple“ сè уште не ги испорачал функциите за вештачка интелигенција што ги најави уште во 2024 година со „iPhone 16“. „Ако си купил телефон поради ...
Производството на пластика се зголеми за повеќе од 200 пати од 1950 година и влијае на здравјето на луѓето во сите фази на производство – од вадење на суровини до конечно отстранување, се наведува во извештајот објавен во медицинското списание „Лансет“. Пластиката го уништува здравјето Пластиката денес е сериозна и сè поголема закана, која не е доволно препознаена, како за здравјето на луѓето, така и за планетата, се наведува во извештајот. ...
Шигеко Кагава, 114-годишна пензионирана докторка од префектурата Нара, стана најстарата личност во Јапонија откако почина 114-годишната Мијоко Хиројасу, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална грижа, пишува „Асоушиејтед прес“. Кагава, симбол на извонредна долговечност во Јапонија, дипломирала медицина пред Втората светска војна, работела во болница во Осака за време на војната, а подоцна ја водела ...
Сидни Свини деновиве ја следат постојани критики. По контроверзната реклама во која се појави и предизвика лавина негативни реакции, таа вечерва се појави на премиерата на „Americana" во Лос Анџелес во модно издание кое на социјалните мрежи беше оценето како целосен промашaj. Актерката и продуцентка Сидни Свини на премиерата носела фустан од Даниел Франкели накит од брендот Ефи (Effy). Необичниот фустан со широка сукња, налик на романтичните ...
„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули – што е околу 7 отсто од вкупната глобална работна сила – и покрај тоа што забележа квартален профит зголемен за речиси 25 проценти и пазарна вредност што ја надмина границата од 4 трилиони долари. Извршниот директор Сатја Надела вели дека „Мајкрософт“ напредува одлично, но паралелниот бран отпуштања отвора прашања за иднината на работата во ерата на вештачката ...
Еден од најпочитуваните српски нутриционисти, проф. д-р Момчило Матиќ, во емисијата Ново јутро на ТВ Пинк сподели важни совети за исхрана, особено нагласувајќи колку е клучен појадокот за правилно функционирање на организмот. Прескокнувањето на појадокот директно му штети на мозокот „Ако го прескокнеме појадокот, мозокот нема да добие кислород или гликоза. Мозокот потоа страда и не може да има добра концентрација“, предупреди д-р Матиќ. Како што ...
„Reddit“ планира во наредните месеци уште повеќе да се фокусира на пребарувањето. Компанијата веќе работи на план за интегрирање на своето пребарување засновано на „LLM“ (големи јазични модели) во главната функција за пребарување, но извршниот директор Стив Хафман вели дека сака корисниците да почнат да го гледаат сајтот како вистински пребарувач. За време на последниот извештај за заработка, Хафман изјави дека пребарувањето е еден од главните ...
Првиот кинески хуманоиден робот, наречен „Xueba 01“, е примен на докторска студии по драмски уметности и филм на една од најпрестижните уметнички академии во земјата, предизвикувајќи широко внимание и дебата на кинеските социјални мрежи. Роботот е заеднички развиен од Универзитетот за наука и технологија во Шангај и компанијата „DroidUp Robotics“, пренесе „South China Morning Post“. Неговото име „Xueba“ е популарен кинески термин за исклучително ...