Во текот на престојувањето во Костарика, истражувачите снимиле огромна ајкула со ретка портокалова пигментација. Ова нарушување претходно било забележано кај одреден вид риби, но никогаш не било документирано кај „Chondrichthyes“, групата на која припаѓаат ајкулите и ражите, пренесува „Daily Mail“. Ајкулата покажала и албинизам Покрај најверојатното нарушување (ова нарушување вообичаено е генетски, но може да биде поврзано и со исхраната), ...

Експертите предупредуваат дека иако тромбозата може да го погоди секој, одредени ризик фактори, како и секојдневните навики можат дополнително да ја зголемат веројатноста за нејзино појавување. Кардиолозите велат дека треба да се обрне внимание на една утринска рутина која може да делува на наша штета. Меѓу ризик факторите за тромбови се наведуваат и: поодминати години, болести на срцето или белите дробови, долготрајно седење и вишок килограми. ...

Качувањето по скали е една од наједноставните и најефикасните форми на физичка активност. Освен што придонесува за губење на тежината, оваа навика ги зајакнува мускулите, ја подобрува кондицијата, ги зголемува нивоата на енергија, го зајакнува имунитетот, го зачувува здравјето на срцето и крвните садови и го продолжува животот. Еве зошто се препорачува качување по скали: Согорување на вишокот маснотии Качувањето по скали ги активира мускулите на ...

Дидим, крајбрежниот бисер на турската покраина Ајдин, е сè попопуларна дестинација на егејскиот брег. Со златни песочни плажи, недопрена природа и богато културно и историско наследство, ова е идеално место за мирно бегство од секојдневието. Одлично е поврзан со аеродромите во Бодрум, Мугла и Измир, а на посетителите им нуди разновиден спектар на опции за сместување – од луксузни петѕвездени хотели до шармантни бутик хотели. Вкусовите на ...

Според истражување на компанијата „Kaspersky“, 28% од испитаниците ѝ веруваат на вештачката интелигенција при планирањето на патувања, од кои дури 96% изразиле задоволство од искуството, а 84% планираат да ја користат и во иднина. Во последните години, вештачката интелигенција („AI“) стана составен дел од користењето на интернетот, менувајќи го начинот на кој пребаруваме и проверуваме информации. Со нејзиниот постојан развој, присуството на ...

Тиквичките и фета сирењето се идеална комбинација за совршено летно јадење кое ќе ве освои. Состојки: - 4 тиквички; - 30 грама путер; - 2 лажици маслиново масло; - 1 кромид; - 4 домати; - 4 лажици свеж босилек; - сол, бибер; - 250 грама сирење. Подготовка: 1. Исечете ги тиквичките по должина, длабнете ги и ситно исечете ја средината. На путер и лажица маслиново масло динстувајте го кромидот додека не омекне. Додадете ја средината од тиквичката, ...

Познатиот британски здравствен експерт Мајкл Мосли, во емисија снимена пред неговата смрт, откри изненадувачки едноставен трик за согорување калории. Станува збор за пијалак кој повеќето луѓе веќе го имаат во својот кујнски шкаф – зелениот чај. Мосли нагласи дека овој напиток може да го поттикне телото да троши калории дури и додека мирува, а ефектот може да биде еднаков на 20-минутна прошетка, пишува „Daily Mail“. Истражувања и резултати Според ...

Сè повеќе се приближуваме до времињата кога роботите ќе ги преземат и секојдневните домаќински обврски наместо нас. Американската компанија „Figure“ неодамна објави демонстративно видео од својот ''AI'' хуманоиден робот „Figure 02“ како дипли перени алишта. Видеото јасно покажува дека сме чекор поблиску до реализацијата на сонот за домашни роботи кои ќе нè заменат во извршувањето на секојдневните домаќински задачи. На снимката е прикажано како ...

Се чини дека талентот кај роботите-музичари варира исто како и кај луѓето. Во последниве години сведочевме на неверојатни примери на роботска уметност – од бизарната машина со две раце што свиреше виолончело со Симфонискиот оркестар во Малме, до хуманоид кој свиреше ''keytar'' на фестивал во Кина. Но, најновиот пример покажува дека човечките музичари уште не треба да се грижат за конкуренција. Роботот што учи сам Неодамна објавена снимка ...

Најсончевото место на Балканот, веднаш после Хвар, е селото кое се наоѓа во Република Србија. Островот Хвар во Хрватска ја носи титулата најсончево место на Балканот, но малкумина знаат дека веднаш зад него, по бројот на сончеви денови, се наоѓа едно мало село во Србија – Рудно. Сместено е на 1.100 метри надморска висина, ова мирно место може да се пофали со над 280 сончеви денови годишно. Додека за него многумина сѐ уште не слушнале, ...

Ковид-19 го забрзува стареењето на крвните садови кај жените, покажува нова меѓународна студија. Потешките инфекции носат посилни ефекти, што објаснува и дел од долготрајните симптоми на „долг ковид“. Иако непосредните опасности од болеста Ковид-19, која прерасна во глобална пандемија, се добро познати, научниците дури сега откриваат еден нејзин посуптилен ефект – забрзано стареење на крвните садови, особено кај жените. Големо меѓународно ...

На сите им е многу добро познат фактот дека зеленчукот е здрав и дека често треба да се јаде. Научните истражувања потврдуваат дека исхраната богата со зеленчук и овошје може да одложи или спречи хронични болести, а меѓу здравите намирници една особено се истакнува. Станува збор за спанаќот, зеленчукот којшто нутриционистите го препорачуваат како клучен додаток во исхраната за долговечност, пишува „Eating Well“. Зошто спанаќот е ѕвезда на ...

По повод нејзиниот 30 роденден, Дуа Липа го покажала фустанот којшто го дизајнирала нејзина пријателка, но коментарите од следбениците не се баш позитивни. Контроверзната пејачка Дуа Липа е позната по својот смел моден вкус, а за својот 30 роденден останала доследна на нејзиниот стил. За таа прилика, нејзина блиска пријателка ѝ дизајнирала сребрен фустан којшто бил тесен и веднаш го привлекол вниманието. Креацијата имала длабоки изрези кои се ...

Милош Самарџија е популарен хрватски блогер кој живее и работи во Канада како професионален возач на камион. Неговите видеа на Јутјуб привлекуваат големо внимание и има 114 илјади претплатници. Во едно од своите видеа, Милош ја открива убавината на Охрид и остана воодушевен од тоа што го доживеа покрај Охридското Езеро. Според него, мирот и чистотата на езерото создаваат искуство кое лесно може да се спореди со најпопуларните морски дестинации. ...

Само еден поглед кон бајковитиот залив со неговите разнобојни венецијански куќи, опкружен со рид чии шуми се рефлектираат во смарагдно-зелено море толку чисто што бродовите во пристаништето како да лебдат над водата, е доволен за веднаш да посакате да бидете таму. Мала е, но секако прекрасна и импресивна, а ако вашиот престој во Парга го комплетирате со патувања до некои од околните острови, плажи и митолошки места, добивате вистински одмор од ...

Украинскиот бренд „ТТСВТРС“, познат по облеката што создава илузија на тетовирана кожа, лансираше нова колекција костими за капење, идеална за сите оние што планираат летен одмор „во последен момент“. Новото издание, како што наведуваат во соопштението за медиумите, ја имитира „голата кожа, тетоважите и различните нијанси на исончаниот тен“. Колекцијата доаѓа во две варијанти на бои што имитираат исончен тен: „Копенхаген“ (Copenhagen), ...

Летното сонце, морската сол и песокот се вистински предизвик за нашата кожа, особено за лицето. Козметичарката Тамара Николиќ Агбаба сподели клучни совети за нега на лицето на плажа. На плажа, лицето е најизложениот дел од телото и затоа бара посебно внимание. Клучот е во превенцијата пред кожата да изгори или да се исуши. „Користете СПФ 50 и тоа на секои 2 часа. Носете шешир со широк обод и очила за сонце. Избегнувајте директно сонце помеѓу 11 ...

На страницата „Грција инфо“ на социјалните мрежи е објавено предупредување за сите што моментално уживаат на „Златната плажа“ („Golden Beach“) на островот Тасос. Во објавата со видео, се предупредуваат родителите и сите што ја посетуваат „Златната плажа“, на грчки позната како „Хриси амудија“ дека вчера и денес на плажата било истакнато портокалово знаме, што значи претпазливост поради брановите, но не и целосна забрана за пливање. Струјата е ...

Највисокиот главен град во Европа се наоѓа на 1.023 метри надморска височина, а е специфичен и по некои други работи. Меѓу другото, нема аеродром ниту возови. Сместен во Пиринеите, Андора ла Веља, е најголемиот и главен град на Андора. Ова е исто така еден од најмалите европски градови. Зафаќа само 12,9 квадратни километри. Иако нема аеродром ниту железничка станица во целата земја, а камоли во Андора ла Веља, туристите се собираат тука за да ...

Со оглед на тоа дека во лето честопати обрнуваме поголемо внимание на тоа што јадеме отколку во зима, во продолжение рецептот за десерт што лесно се приготвува и што може да се јаде дури иако сте на диета. Се работи за здрава бајадера, која не вклучува класични состојки како што се шеќер, млеко, бисквити и маргарин. За кора 1 и пол шолја лешници или бадеми претходно натопени во вода преку ноќ 1 шолја суви урми 1 лажица какао во прав За крем 2 ...

Алатката базирана на вештачка интелигенција „ChatGPT“ моментално ја користат околу 700 милиони луѓе неделно, а компанијата „OpenAI“ не исклучува можност во иднина да воведе реклами во својот популарен четбот, изјави лидерот за производи Ник Тарли во разговор за поткастот „Decoder“. „OpenAI“ годинава очекува приходи во износ од 12,7 милијарди долари, што е повеќе од тројно зголемување во однос на минатогодишните 3,7 милијарди. Сепак, компанијата ...

Научниците открија дека нашата најблиска ѕвезда, многу слична на Сонцето, може да биде место каде што би можел да се развива живот. Во сложениот простор на тројниот ѕвезден систем „Алфа Кентаури“, телескопот „JWST“ откри присуство на џиновска егзопланета што кружи околу „Алфа Кентаури А“, најсличната на Сонцето од трите ѕвезди. Она што е уште поважно – таа егзопланета се наоѓа во населивата зона на ѕвездата, на совршено растојание за создавање ...

Експериментален мозочен имплант може да ги чита мислите и да ги претвора внатрешните мисли во текст. Во раната фаза на тестирање, научници од Универзитетот „Стенфорд“ користеле уред за интерфејс мозок-компјутер („BCI“) за да дешифрираат реченици кои испитаниците само ги помислиле, без да ги изговорат на глас. Имплантот ги „слушнал“ точно во 74 проценти од случаите, пренесува „Euronews“. Овие уреди се појавуваат како потенцијално решение за лица ...

Праските и кајсиите често се сметаат за слични овошја, но постои еден клучен витамин според кој се разликуваат кога станува збор за здравјето. Иако двете овошја имаат бројни придобивки, едното од нив обезбедува поголеми придобивки благодарение на овој витамин. Дознајте за кој витамин станува збор и кое овошје треба да биде вашиот избор за појак имунитет и подобра хидратација. Лето. Пазар. Тој прекрасен, сладок мирис што се шири низ тезгите и ...

Критики пристигнаа и од американски сенатори, додека „Instagram“ најавува проверка на можни пропусти. На почетокот на август 2025 година, „Instagram“ ја воведе функцијата „Map“ за споделување локација со избрани следбеници. Иако „Meta“ тврди дека опцијата е стандардно исклучена и се активира само со согласност на корисникот, таа предизвика силни реакции поради страв од следење и загрозување на приватноста, пренесува „N1“. Активирањето на ...

Истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) развиле два нови потенцијални антибиотици користејќи вештачка интелигенција (ВИ). Овие лекови се насочени кон гонореја и метицилин-резистентен стафилококус ауреус (MRSA) отпорен на метицилин, познат како „супербактерија“, пренесе Би-би-си. За разлика од претходните обиди кои се потпираа на пребарување на познати хемикалии, овој пат ВИ дизајнирала молекули атом по атом. Тестовите во ...

Првите светски спортски игри за хуманоидни роботи се одржуваат овој викенд во Пекинг, каде околу 500 роботи се натпреваруваат во дисциплини како фудбал, кик-бокс и атлетика, соопштија организаторите. Манифестацијата, која трае до недела, се одвива главно на Националниот стадион за брзо лизгање – една од главните локации на Зимските олимписки игри во 2022 година, пренесе јапонската новинска агенција „Kyodo“. Учествуваат 280 тимови од 16 земји, ...

Се будите со сува уста, можеби и со непријатен здив, и првата станица ви е бањата. Но, што прво – чаша вода или четкичка за заби? Ова наизглед едноставно прашање ги подели мислењата на стоматолозите, лекарите и поборниците на природни методи ширум светот. Испаѓа дека и едното и другото има свои предности, но редоследот може да направи разлика, пишува „Е-клиника“. Што се случува во устата додека спиеме? Во текот на ноќта, телото ја намалува ...

Научниците од Универзитетот на Саншајн Коуст во Австралија откриле дека одредени фактори на животната средина, како што е загадувањето, можат да влијаат на промената на полот кај дивите птици, што досега се сметаше за исклучително ретка појава кај оваа животинска група Во студија во која биле вклучени пет вообичаени австралиски видови птици, вклучувајќи кукабури, страчки и папагали лорис, откриено е дека околу шест проценти од анализираните ...

Научниците опишаа нов вид древен кит врз основа на фосил стар 25 милиони години, пронајден на брегот во Викторија, пишува „Guardian“. Тие наведуваат дека бил „мал и залажувачки сладок, но дефинитивно не и безопасен“. Станува збор за исклучително необична животна форма, наречена "Janjucetus dullardi", која фрла ново светло врз еволуцијата на овие морски гиганти. Ерих Фицџералд, виш кустос за палеонтологија на ’рбетници во истражувачкиот институт ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1022
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
84%
1026
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
8.23
71%
1025
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.32
86%
1023
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 3ᴼ
0.51
79%
1027
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
4.02
67%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
58%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1021
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.13
90%
1021
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
1025
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1020
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.58084

Сребро

2065.03

Алуминиум

2.89

Рутениум

29192.88

Бакар

10.99

Калај

40.69

Цинк

3.32

Паладиум

48644.08

Никел

464385.38

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Платина

57093.34

Злато

139455.71