Шпанскиот национален суд им наложи на даночните власти во земјата да ѝ вратат 55 милиони евра на пејачката Шакира откако пресуди дека парите незаконски ѝ биле наплатени во спор околу висината на нејзините даноци. Високиот национален суд ја ослободи колумбиската пејачка од обвинение за даночна измама и му наложи на Министерството за финансии да ѝ ги врати парите плус камата. Според Судот, даночните власти не успеале да докажат дека таа ...

Собранието ја изгласа потребата законот со кој се овозможува ново задолжување на државата од 260 милиони евра да се гласа по скратена постапка. Заменик министерот за финансии Николче Јанкулоски презентирајќи ја потребата кажа дека станува збор за однапред планирано задолжување во транспарентна постапка. СДСМ побара да се симне од дневен ред и да се оди по редовна постапка за гласање ,изразувајќи загриженост за состојбата на Буџетот и воопшто ...

Опозицијата во тетовскиот Совет ја обвини локалната власт и градоначалникот Касами дека за малку пари ќе продава државно градежно земјиште кое го менаџира Општина Тетово. Тие сметаат дека овие измени и дополнувања на Програмата за располагање со градежно земјиште ќе овозможат продавање по симболични цени од 1 евро за квадрат. Опозициските советници на ДУИ од говорницата и потоа при гласањето со транспаренти го обвинија градоначалникот Касами ...

Во мјузиклот ја создадовме душата на старо Скопје, градот за кој постојано се зборува и магичното во него. Вака режисерот Пројковски се осврна на новиот автентичен мјузикл „Као Какао“, работен и инспириран по мотивите на музиката на Влатко Стефановски, според текст на Венко Андоновски. Самиот мјузикл има многу важна порака, додава Пројковски дека нашата верба и одлука е клучна дали Скопје е крајот или почетокот на светот, не е доволно само да ...

Ако стравувавме дали смената на генерации ќе значи и изоставување на Македонија од големите натпреварувања, сега сомнежите се отстранети. Ракометарите обезбедија ново учество на СП , осмо во низа, а вкупно 10 кога во прашање е оваа наша селекција. Во баражот со Словачка прв пат не стравувавме дека нешто може да се изјалови, туку уживавме во ракометната претстава која избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја прикажаа и сосема заслужено се ...

Тинејџерка побарала помош на линијата Ало Бушавко откако нејзин соученик постојано зборувал за самоубиство и открил дека има план како да го направи тоа. Операторите на линијата ја советувале да разговара со возрасен, па таа случајот и го кажала на својата мајка. Наместо поддршка, добила совет да стои подалеку и да не се меша во туѓи проблеми. Бидејќи останала без вистински совет, повторно се јавила кај операторите, по што тие веднаш ја ...

Министрите и понатаму ќе можат да имаат двојно државјанство. Мнозинството одби, предлогот на СДСМ со кој се забранува оваа можност, да се носи по скратена постапка. Опозицијата законот го предложи како дополнување на неодамна поднесените измени на Законот за пратеници, со кои ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ побараа да се ограничи пратениците да имаат двојно државјанство. „Граѓаните очекуваат лицата кои ги извршуваат највисоките државни функции да имаат ...

Европол ја реализира најголемата акција против терористичка пропаганда споделувана преку аудио содржини. Идентификувани се 17.298 URL-адреси на 40 онлајн платформи. Вкупната аудио содржина во овие линкови изнесувала околу 1.100 часа, што е еквивалент на 47 дена непрекинато слушање. Операцијата била насочена кон терористичка аудио пропаганда што ја користат групи од различни идеолошки спектри, вклучувајќи џихадистички и насилни десничарски ...

Во пресрет на новиот протест на студентите Албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик, засилени уверувања од владата дека проблемот многу наскоро ќе биде решен, а „Вреди“ обвинува дека зад протестите стои опозициската ДУИ. Копретседателите на „Вреди“, Изет Меџити и Биљал Касами синоќа, речиси истовремено, на Фејсбук објавија идентична порака: „Правосуден испит на албански јазик! Наскоро доаѓаме со добри вести“. Веќе денеска, ...

Титулата на Вардар е заверена и клубот по пауза од шест години повторно е на врвот на македонскиот фудбал. Но, наместо реакции за спортскиот успех на најуспешниот колектив, се редат критиките, обвинувањата и реакциите од пошироката јавност. Неколку дена откако фудбалерите и луѓето од клубот беа снимени и објавени како на недоличен начин ја прославуваат шампионската титула во угостителски објект, со навредливи и вулгарни песни за Битола и ...

Од партијата ЗНАМ го повикаа Венко Филипче и раководството на СДСМ, да одговорат дали тој е сопственик на фирми во Бугарија. „Според официјалните податоци од Трговскиот регистар на Република Бугарија, Венко Филипче е единствен сопственик и управител на компанијата „ПАУЪР АЙ8“ ЕООД. Како што може да се види од документите, Филипче е наведен како „Едноличен собственик на капиталот“ и како „Управител“ на оваа компанија. Седиштето на оваа ...

Предлог-законот за измена и дополнување на законот за влада, поднесен од СДСМ кој се предвидуваше членовите на кабинетот на премиерот да имаат исклучиво македонско државјанство, не помина во собранието. Според опозициската партија, „уште еднаш се потврдило дека ВМРО-ДПМНЕ е партија полна со функционери со бугарски пасоши“. „Со оглед на тоа што таков услов се поставува и во законот за пратеници, односно пратениците во македонското Собрание ...

Нови, повисоки, цени на горивата за два до два и пола денари од полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Еуросупер БС-95 поскапува за два денара и ќе чини 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 поскапува за два и пол денари и од полноќ ќе се продава по цена од 89 денари за литар. За два и пол денари се зголемува и цената на дизелот кој сега ќе чини 92 денара за литар. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,846 ...

Екипажи на два американски борбени авиона безбедно се катапултираа по судир во воздух за време на аеромитингот „Ганфајтер Скај“ во сојузната држава Ајдахо. Според американската морнарица, станува збор за авиони кои учествувале во воздушна демонстрација кога дошло до судир во воздух. По несреќата избувнал пожар, а настанот бил веднаш прекинат и базата кратко време била затворена од безбедносни причини. Американските власти соопштија дека сите ...

Институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, соопштија од Владата по денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски со копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговарало за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит. Средбата се одржа само неколку часа пред најавениот протест на студeнтите Албанци со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива. Откако минатата недела Трамп ја отфрли иранската листа предлози како сосема неприфатлива, државните медиуми во Исламската република го обвинија Вашингтон за дипломатска нефлексибилност, упатувајќи контра предупредување, дека неподготвеноста на Соединетите држави да ...

Цената на нафтата на светските берзи бележи нов пораст, при што барелот „Брент“ се искачи над 110 долари, што претставува зголемување од околу 1,9 проценти. Во исто време, американската сурова нафта порасна за 2,32 проценти и се тргува над 107 долари за барел, што укажува на засилен притисок на енергетските пазари. На европските пазари на гас, фјучерсите за испорака во јуни на холандската берза достигнаа цена од околу 47,7 евра за ...

Извозот на македонски производи преку мрежата на трговскиот гигант „Лидл“ надмина 15 милиони евра, а тие продукти се дел од редовниот асортиман што овој ланец маркети го нуди во европските земји. Иако сè уште се чека отворањето на маркетите во Македонија, сепак ефектите од присуството на „Лидл“ се чувствуваат преку растечкиот извоз на македонски производи во Европа. Оваа компанија им помага и на домашните производители за да ги исполнат ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите малопродажни цени на бензините и дизелот, по продолжувањето на владините мерки за стабилизација на пазарот на горива… Одлуката доаѓа откако Владата на вонредна седница ги продолжи мерките до 1 јуни… Мерките предвидуваат задржување на намалениот ДДВ и пониските акцизи за горивата, со цел да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и компаниите. Од Владата посочуваат дека ...

Додека се чека отворањето на маркетите на „Лидл“ во Македонија, ефектите од присуството на овој трговски гигант се чувствуваат преку растечкиот извоз на македонски производи во Европа. Во интервју за „Бизнис Објектив“, директорот Стефан Георгиев открива дека во 2025 година извозот на македонски производи преку „Лидл“ мрежата надминал 15 милиони евра, а домашните компании сè повеќе ги исполнуваат високите европски стандарди за квалитет. Но, ...

Општина Центар воведува нов систем на паркирање, со кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе може да дојдат до паркинг-место во близина на својот дом. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, една од најважните промени е новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега, по жител, картите отсега ќе се издаваат по станбена единица, односно по адреса. Со новите правила секое ...

Делот од истражувањето на КОД (2023.) за чекањето на полноќ пред испораката на мазут во внатрешноста на централата Неготино, беше наречен МазутПепелашка. Бидејќи камионите чекале надвор за да помине полноќ и да почнат да важат нови, повисоки цени на мазутот. Обвинителството на брифингот соопшти дека динамиката на испораката била испочитувана согласно договорот и така сведочеле и двајца претставници на ЕСМ односно од ТЕЦ Неготино. А еден од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп досега ги повлече САД од вкупно 66 меѓународни организации и тела од кои 31 се поврзани со Обединетите нации, а 35 се надвор од тој систем. Одлуките на Трамп се образложени од Белата куќа дека „голем дел од тие институции дејствуваат спротивно на националните интереси, безбедноста, економскиот просперитет и суверенитетот на САД“. Како области, притоа, се издвојуваат климатските политики, човековите права ...

Во интервју за грчката телевизија „Мега“, министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру, изјави дека проширувањето на Вертикалниот коридор со Македонија и Србија, како што беше договорено вчера, ѝ дава и геополитичка стабилност на Грција. – Постои договор со Северна Македонија и Србија, така што природниот гас од нашата земја ќе оди во Северна Македонија, а оттаму во Србија. Ова е проект што ќе се заврши за 12 месеци ...

Прославата на ФК Вардар по освоената титула предизвика остри реакции поради вулгарни песни и навреди кон Битола и Каролина Гочева. ФФМ отвори дисциплинска постапка, а институциите и јавноста бараат построги казни и повисоки стандарди на однесување слични на европските фудбалски лиги. Фудбалерите се идоли на младите и носители на емоции за своите навивачи. Нивната задача е да носат радост и спортски дух, а не навреди кон противниците и нивните ...

Маја Сивагнанам e нов амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија. Tаа ќе ја преземе должноста во август годинава, соопшти Амбасадата во Скопје. Сивагнанам ќе го замени сегашниот амбасадор Метју Лосон, кој е на оваа должност од 2022 година. Според нејзината биографија, Сивагнанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во британската амбасада во Анкара, Турција. ...

Две лица загинаа откако силен зејотрес со интензитет од 5,2 степени рано изутринава ја потресе југозападната кинеска провинција Гуангси, повеќе од седум илјади жители на градот Лиужоу се евакуирани, јавуваат државните медиуми. Според извештаите на „Си-Си-Тиви“ и агенцијата „Синхуа“, уште едно лице се води како исчезнато, а четири се хоспитализирани, но без повреди опасни по живот. Во потресот се урнале 13 згради, додека железничките власти ...

„50-годишниот осомничен е уапсен и однесен во службените простории на полицијата за тековна кривична истрага“, соопшти полицијата во 6:20 часот утрово. Силни полициски сили во пошироката област Дрниш интензивно трагаат од саботата навечер по 50-годишниот Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишниот доставувач на пица – Лука М. Злосторството се случи во саботата околу 23 часот на терасата од семејната куќа на Алексиќ, а градот ...

Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи. Заменик-министерот за надворешни работи, Карлос Фернандес де Косио, преку платформата „Икс“ оцени дека „антикубанската кампања“, која според него има цел да оправда евентуален воен напад врз Куба, се засилува со „се поапсурдни обвинувања“. „САД се агресорот. Куба е земјата што е ...

Денеска во Законодавниот дом ќе се оддржи 102. седница на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања. На предложениот дневен ред е Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, која претходно ќе биде разгледувана и на Комисијата за одбрана и безбедност. На седницата се очекува да бидат ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.44
67%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
70%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
78%
1016
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
74%
1020
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
72%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.51
78%
1017
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.92
55%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.46
62%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
0.45
71%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
69%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
94%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Злато

135639.33