Со прашања на одбраната за вештачењето на Градежниот факултет, продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Професорот, Горан Марковски уште еднаш ги образложуваше наодите на вештачењето кои покажале дека дискотеката не ги задоволувала ниту стандардите, ниту регулативата и процедурите. Родителите на жртвите порачаа дека градежното вештачење е јасно, прецизно и аргументирано и ...

МВР предупредува на нови фишинг напади преку лажни СМС пораки и електронски пораки, наводно испратени од системот „Безбеден град“. Во пораките има лажен линк преку кој граѓаните се упатуваат да платат наводна казна за сообраќаен прекршок. Од МВР апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и да не внесуваат броеви на картички, лозинки и други лични податоци. Вистинските СМС известувања за прекршок треба да бидат испратени од „MVR-SC“ ...

Во одговор на новинарско прашање да даде коментар на изјавата на бугарскиот премиер Румен Радев дека ќе го поддржи проширувањето на ЕУ, но дека и натаму остануваат на оние барања за исполнување на преземените обврски и заштита на Бугарите во земјава, премиерот Мицкоски рече дека нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница. Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите ...

Обвинителката Верица Бержецка-Крстева на брифинг со новинарите денеска кажа дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки за изградба на 17 модуларни болници во земјава. Обвинителката рече дека по анализа на прибраните докази не биле утврдени дејствија со кои биле пречекорени службените овластувања, ниту пак дека со постапките за јавни набавки бил оштетен државниот буџет. Предметот бил ...

До 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати, информираше Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Оштините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација), Општина Крушево: с. Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и ...

Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во ...

Големи километарски редици беа забележани вчера на граничниот премин Табановце на излезот од Северна Македонија кон Србија. Причината за новиот бран сообраќајни метежи не се само вообичаените летни смени на туристите, туку и ригорозната примена на модерниот систем за паметни камери „Безбеден град“, кој почна да ги санкционира возачите со странски регистарски таблички, објави Блиц.рс. На социјалните медиуми објавуваат видео на кои се гледа ...

Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори случај по допрен глас за молкот на Филипче, кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода во Гостивар и на територијата на Македонија – изјави денеска Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата. Тој го обвини опозицискиот лидер, Филипче дека додека бил министер за здравство знаел дека „граѓаните со ...

Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата. Го бараме тоа, соопштуваат од партијата. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките ...

Синдикална минимална кошница за месец август изнесува 68.675 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку се направи споредба со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година која изнесува 68.498 денари се забележува зголемување 177 денари. Според податоците на ССМ со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август за да се преживее еден месец во државата потребни се минимум 84 илјади и 50 денари. ...

Најмалку 13 лица се убиени, а 40 повредени во најновите руски напади на Киев, додека земјата и понатаму се соочува со недостиг од ракети за воздушна одбрана. Станбени блокови и магацини беа погодени низ градот во текот на ноќта, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина, додека детска болница и училиште беа исто така оштетени. Смртните случаи се резултат на недостиг од ракети за воздушна одбрана, изјави украинскиот претседател ...

Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, ...

Војводата и војвотката од Сасекс планираат да се вратат во Велика Британија, дознава BBC News. Принцот Хари и Меган планираат да се преселат од САД подоцна овој месец во приватна, некралска резиденција надвор од Лондон, како што првично објавија „Дејли Телеграф“ и „Сан“. Децата на двојката, принцот Арчи (седум) и принцезата Лилибет (пет), веќе се запишани во британско училиште за од септември. Кралот Чарлс беше известен за преселбата во ...

Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра). Во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе – објави новинската агенција МИА повикувајќи се на податоци од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, ...

Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“. Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови. На Полската вечер се обрати министерот за култура и туризам на ...

Партијата Левица денеска преку писмено соопштение информираше дека ќе бара итни законски измени со кои студентскиот оброк ќе се усогласи со сегашната законска рамка. Како што додаваат оттаму, потоа ќе понудат и „темелно и долгорочно решение за висината на студентскиот оброк и за целокупниот студентски стандард“. Во денешното соопштение, Левица упати обвинувања кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска: „Весна Јаневска повторно ...

Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие (19/20.08.2026 година) до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се ...

Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. „Као какао“ е мелодрамска љубовна приказна сместена во 70-тите години на минатиот век, која преку љубовта, амбицијата и стремежот кон слобода ја следи генерацијата соочена со ...

Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје ќе биде отворена денеска во Конгресниот центар во Охрид. На оваа летна школа ќе учествуваат 60 македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји, односно од: Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Народна Република Кина, Полска, Руска Федерација, САД, Словачка, ...

Кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ добива уште едно значајно признание, овојпат на меѓународно ниво, како финалист во категоријата Social Responsibility – NOCs/Large Companies на WPC Energy Excellence Awards 2026. Во изминатите две години, кампањата обедини деца, родители, наставници и локални заедници во заедничка цел: да зборуваме отворено за врсничкото насилство, да го препознаваме навреме и заеднички да придонесуваме кон ...

Противпожарната бригада на Град Скопје активно интервенира за гаснење на пожарот во селата во Општина Студеничани, а во гаснењето на пожарот се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во моментов нема опасност за ниту едно населено место. Екипите ќе останат на терен и во текот на целата ноќ, а состојбата ќе се следи континуирано, информираат од ЦУК. Противпожарната бригада на Град Скопје активно интервенира за ...

Турското Министерство за образование со нова наредба ги задолжи сите наставници во образовните институции под негова надлежност да носат бели мантили, слични на оние што ги носат медицинските работници, почнувајќи од новата учебна година во септември, објави порталот „Хаберлер“. Според наредбата, белите мантили со логото на министерството ќе бидат задолжителен дел од облеката што наставниците ќе ја носат врз цивилната облека. Мерката има цел ...

Повеќе од 100 лица загинаа при уривање на импровизиран рудник за рачен ископ на злато, во близина на границата со Камерун, соопштија локалните власти во Централноафриканската Република (ЦАР). Волонтерка на Црвениот крст ,која учествувала во спасувачката акција, од под урнатините веќе се извлечени повеќе од 100 тела, а дел од преживеаните се наоѓаат во критична здравствена состојба. Член на локален младински совет предупреди дека бројката на ...

Наплатата на казни за сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија што е регистриран преку системот „Безбеден град“ од денеска се применува и за странските возачи. На граничниот премин „Табановце“ се создаваат редици од автомобили за излез од државата кои се соочуваат со плаќање на глоба. „На граничниот премин „Табановце“ при излез од државата се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. ...

Вакцината мРНК на компанијата „Модерна“, во комбинација со имунотерапија на Мерк, успешно го мина истражувањето во подоцнежна фаза за превентивно користење против рак на кожата, соопштија денеска од компанијата. Истражувањето е сè уште во тек, меѓутоа привремените резултати покажаа дека третманот со Интисмеран ја исполнил примарната цел за намалување на повторното појавување на ракот, како и секундарната цел – спречување на ширењето на ракот ...

Центарот со управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), во Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон ...

Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, а од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ...

Новиот министер за одбрана на Украина, Евгениј Хмара изјави дека Киев мора да преземе стратешка иницијатива во војната и да ја присила Русија на мир преку сила, потпирајќи се на сила на војската, на технологијата и развојкот на сопствена одбранбена индустрија. Тој во обраќање пред пратениците во Врховната рада во пресрет на гласањето за негов избор порача дека еден од приоритетите ќе биде продолжување на ударите врз цели длабоко на ...

Европската Унија (ЕУ) има голем интерес за проширување, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка, кој рече дека Чешка е подготвена да помогне да се надмине спорот меѓу Македонија и Бугарија и да се откочи евроинтегративниот процес на земјата, со изнаоѓање на решение прифатливо за двете страни. „Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу Северна Македонија и Бугарија, туку, врз основа на заклучоците на Европскиот совет од ...

Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер. Ветрот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Паладиум

32279.35