Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Деловна жена, дизајнерка на ентериери и модна икона, Ајрис Апфел во август полни 100 години и својот еден век ќе го прослави со соработка на дизајн на модниот детаљ по кој е препозналива – очилата. Ајрис најави модна колаборација со брендот Zenni со кој курира колекција од 100 модели на очила. -Ги обожавам модните додатоци и верувам дека очилата можат целосно да ја надградат облеката. Имав колекција многу пред да морам да ги носам. Очилата за ...
Некаде помеѓу лежерниот и деловниот стил е оваа комбинација од карирано одело, обична бела памучна маица и едноставни патики. Откако последниве сезони женските костими станаа популарни, ги носиме многу често и зависно од тоа како ги комбинираме, ги прилагодуваме скоро на секоја природа – во канцеларија, на прошетка со пријателките, за вечерно излегување. Добра идеја се за овие пролетни денови со променлива температура, па затоа го предлагаме ...
На 14 мај на платформата Netflix ќе се прикажува мини серијата Halston, посветена на познатиот американски моден креатор Халстон. Во главната улога е Ијан Мекгрегор, а серијата од пет епизоди ја продуцира Рајан Марфи (Аmerican Horror Story). Серијата ги рефлектира животот и работа на Халстон, роден како Рох Халстон Фровик, кoј првпат се прославил откако ja дизајнирал шапката што Џеклин Кенеди ја носеше на претседателската инаугурација на својот ...
Скала Магазин е прва студенстка платформа за дизајн и современа уметност којашто ги промовира домашните млади креативци и независни автори, но и медиум којшто веќе една година активно ги поддржува културните настани и сцена. Овој дигитален магазин ја најави промоцијата на својот прв печатен број којашто ќе се одржи на 14 мај во период помеѓу 15:00 и 19:00 часот во рамките на Саемот за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро ...
Брендот Манго со новата кампања Summer Getaway нè потсетува на летните одмори покрај медитеранскиот брег, на совршен викенд покрај море, на летниот стил на Сен Тропе и Ибица, на симпатичен бег од секојдневниот живот. Манго нè спрема за летно расположение со колекција во која доминира белата боја, облеката со вез и морнарските пруги. Во колекцијата ќе најдете бели памучни фустани, везено здолниште кое можете да го носите со горен дел од бикини, ...
Долго време скандинавскиот стил го поврзувавме со минималистички форми и мирни нијанси, но новата мода што доаѓа од Осло, Копенхаген и Стокхолм потврдува дека Скандинавките многу добро вметнуваат јаки бои во нивната гардероба и одлично „играат“ и со комплицирана силуета. Скандинавските ѕвезди на улична мода поставуваат трендови, прават микс од разни стилови, носат трендовски фармерки и панталони, лежерни патики и строги палта, бомбер јакни и ...
Како да изјавите љубов со вашиот make-up? Што велите на формула које е вљубена во вас, како и вие во неа? Запознајте го финишот кој нуди богато и целосно прекривање на сувоста на усните. Ви претставуваме течен кармин за усни, кој подеднакво ги негува усните и има интензивен пигмент. Боја без одрекување од хидратација. Апликаторот во форма на стрелка овозможува прецизно нанесување на рабоот од усните. Но, можете да го нанесете и помалку прецизно ...
Спортската рекреација стана составен дел од животот на современиот човек кој се грижи за своето здравје, тело и дух. Неизбежна компонента што оди заедно со физичката активност е исхраната. И тоа не каква било исхрана. Исцрпените мускули по напорниот тренинг мора да бидат снабдени со протеини, кои се основа за градење здрава и квалитетна мускулна маса. Благодарение на компанијата Бимилк, која внимателно ги слуша желбите и потребите на своите ...
Ленените панталони долго време се базата на облекувањето во пролет и лето, бидејќи се удобни, сестрани, лесни за комбинирање и од ткаенина која се препорачува во топлите месеци. Тие се омилени кај бројни жени и девојки, како кај оние што ги следат трендовите, но и кај оние кое не се сметаат за помодарки. За летните денови најчесто ги бираме оние модели што се во светли и неутрални нијанси – бела, беж, сива, окер, а кои лесно се спојуваат со ...
Го исчекуваме летото и летната облека со неколку модни комбинации кои одговараат на променливото пролетно време. Добра идеја за овој април е женското одело од лесна ткаенина и со широки панталони, кое одговара и за деловна прилика и за прошетка со пријателите. Неодминлива е комбинацијата од памучна маица, фармерки и широко сако – модна тројка која е совршена во модниот свет. Широката кошула со лесен принт може да носи во различни прилики, ...
Симпозиумот Ст. Гален, годишен собир на сегашни и идни лидери од целиот свет, оваа година ја прослави 50-годишнината од своето постоење. Во текот на настанот, 1.000 учесници присуствуваа на тридневниот меѓу-генерациски дијалог, приклучувајќи се на кампусот на Универзитетот Сент Гален, меѓународните центри на Сингапур и Бостон, десет швајцарски амбасади ширум светот и на други места онлајн. Катрин Чен, виш потпретседател на корпорацијата и член ...
Во денешниот брз и стресен свет, дамите кои зрачат позитивна енергија се особено вредни. Една од нив е Лејла Рамковска, инструкторка по јога позната по својата насмевка и неверојатни јога пози. Таа започнала да се занимава со јога пред 5 години и оттогаш не престанува да инспирира и да споделува едукација за здравиот живот. Како дел од кампањата Marella Stories, таа сподели со нас повеќе за малите задоволства кои ја исполнуваат, како таа се ...
Познатата модна куќа Loewe веќе неколку пати прикажува колекции во соработка со лгендарниот бутик Paula’s Ibiza – епицентар на балеарскиот стил на островот Ибица од 70-тите до денес. За новата колекцијата Loewe Paula’s Ibiza 2021, креативниот директор на куќата Џонатан Андерсон ја објаснува неговата инспирација: „Заглавени во лични спомени од летото на островот, колекцијата Paula’s Ibiza 2021 ја пренесува мојата идеја за бегство“. Чувството на ...
Здолништето од тексас ткаенина е неопходен атрибут на гардеробата за пролет-лето веќе неколку сезони по ред. Неговата разноврсност и практичност тешко може да се потценат – се комбинира со романтични блузи со карнери, плетени блузи, свечени кошули, структурирани сакоа и целосен изглед од тексас. Иконското мини, во духот на раните 2000-ти, уште еднаш ја докажа својата важност. Покрај тренди спојот на мини тексасното здолниште со ...
Нова линија на производи развиени на основа на научна метода Во соработка со Техничкиот универзитет во Берлин, на основа на една засега единствена, научно заснована метода, dm разви нова линија на производи, кои не само што се неутрални за климата, туку се неутрални за животната средина. Влијанијата врз животната средина, кои настануваат при производство и одлагање на производите се целосно анализирани и редуцирани. Производите се креирани со ...
Хотел во пастелни нијанси и арт-деко стил карактеристични за Мајами Музичар, продуцент, повремено моден дизајнер и сопственик на козметичка линија, познатиот Фарел Вилијамс сега е и хотелиер и го отвори „Гудтајм“ (The Goodtime Hotel) во Саут Бич, Флорида. После лансирањето на двата ресторана ToShare во Сен Тропе и Swan во Мајами, музичарот Фарел Вилијамс повторно се обедини со магнатот за ноќен живот Дејвид Грутман и отвори хотел. The Goodtime ...
Младата музичарка Били Ајлиш потполно го смени својот имиџ и сега е блондинка, ако досега беше препознатлива по тоа што постојано носеше широка и неретко вреќеста облека, сега одлучи да го открие своето сензуално тело – деветнаесегодишната Били позира во секси корсет на насловната на новиот број на британски Vogue. View this post on Instagram A post shared by British Vogue (@britishvogue) Ајлиш во придружното интервју на Vogue вели дека ...
Безвременски модни парчиња кои пркосат на трендовите и пожелнo е да ги имате во својата гардероба. Без разлика на вашиот личен стил овие јакни секогаш можете да ги вметнете во комбинациите, бидејќи претставуваат класика, имаат доза на елеганција што сите треба да ја применуваме и се базата на секој изглед. Покрај овие пет видови јакни, во гардеробата можете да додадете и лежерен блејзер, деловно сако, трендовско карирано сако, бомбер или јакна ...
Јелена Јованова Периќ ја продолжува модната соработка со луксузниот бренд PINKO. Кампањата е за актуелната колекција пролет-лето 2021 и е насловена Tell me you are Pinko. Фокусот на кампањата е во вредностите кои го прават овој италијански бренд омилен кај дамите кои не се плашат да бидат уникатни, и со својот стил да демонстрираат женственост, но и индивидуалност. Погледнете повеќе од соработката и уникатните модни комбинации на официјланиот ...
Едноставен крој, ситни дезени, затворено деколте, смирени бои и модел со преклоп, ова накусо би биле насоките каков пролетен фустан е соодветен за во канцеларија. Во игра се елеганцијата и моделите со кои можат да се креираат повеќе различни комбинации. Пожелно е фустанот да може лесно да се комбнира со различни обувки и чанти, како и со тоналитетот да одговара на неколку сакоа кои што ќе ги ротирате во вашиот деловен стил. Идеално е да има ...
Јелена Јованова Периќ ја продолжува модната соработка со луксузниот бренд PINKO. Кампањата е за актуелната колекција пролет-лето 2021 и е насловена Tell me you are Pinko. Фокусот на кампањата е во вредностите кои го прават овој италијански бренд омилен кај дамите кои не се плашат да бидат уникатни, и со својот стил да демонстрираат женственост, но и индивидуалност. Погледнете повеќе од соработката и уникатните модни комбинации на официјланиот ...
Издавачката куќа „Арс Ламина” и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски” го распишуваат третиот конкурс за книжевната награда ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман за 2021 година. За наградата можат да конкурираат сите заинтересирани автори со свои необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца, напишани на македонски јазик со кирилично писмо. Романите треба да бидат предложени од самите ...
Забрзувањето на метаболизмот зависи од голем број фактори, меѓу кои од најголема важност се активностите и навиките насочени кон здрав живот. Брзата храна, нередовниот сон и недоволно внесување вода се главните причини за бавниот метаболизам. Со соодветна самодисциплина во однос на овие навики, може значително да се подобри метаболизмот, а тоа влијае врз целокупниот квалитет на живот. Се почнува со практикување редовни оброци, така што телото ...
Монхроматските бежови комбинации се клучен стил за оваа пролет и се состојат од костими со широки панталони како најтренд, или варијанти со беж мантил, здолниште, сако, фустан. Често беж комбинациите се сметаат за монотони и млаки, но оваа сезона вљубеничките во модата покажаа дека може да бидат инспиративни и тренди, и со своите стајлинзи покажаа дека беж нијансите не се воопшто досадни. Еве неколку идеи за комбинации со комплетно беж облека ...
Чанта во провокативно црвената боја е одлична идеја да додадете интензивна нијанса во пролетниот изглед и еднобојната и претежно бежова облека да ја направите многу поинтересна. Пример се ѕвездите на уличната мода кои што ја користат моќта на црвената чанта и ја комбинираат со монохроматски црни или кафени стајлинзи, со бежови мантили и сакоа, а понекогаш и со шарено парче кое ја содржи црвената. Чантата во оваа боја тие ја вклопија во ...
Останува уште навистина малку до еден од најголемите христијански празници – Велигден. Сите се надеваме дека ова ќе биде последниот Велигден од „новото нормално“ што ќе треба да го поминеме во потесниот круг на семејството, одвоени од останатите членови или, пак, пријателите. Па, како што велат „кај и да си, за Велигден дома да си“, во продолжение ви претставуваме неколку идеи за да го направите овој Велигден навистина посебен и да го донесете ...
Пролетната модна сезона изискува промена во деловната гардероба и прилагдување на топлите денови. Тоа ќе го постигнете ако изберете облека во лесни и природни материјали како лен и памук, а во однос на колоритот направите селекција во посветли тонови. Ленот е одличен материјал за топлите пролетни денови, но понекогаш асоцира на лежерност, па за во канцеларија избегнувајте ги премногу згужваните модели. Пролетва тренд се беж комбинациите, кои ...
Кога секоја сезона ги разгледуваме тековните трендови, на прва ни се чини дека се наменети само за оние со манекенкска става, но кога ќе ги анализираме малку подобро согледуваме дека дизајнерите и брендовите ги прилагдуваат за да можат да ги носат сите жени со различна градба на тело. За повеќето трендови можат да се најдат парчиња кои навистина изгледаат додворувачки на сечија силуета. ШИРОКО МИДИ ЗДОЛНИШТЕ КАРГО ПАНТАЛОНИ ВОЈНИЧКА/ САФАРИ ...
Модниот свет изгуби уште еден дизајнер, на 59–годишна возраст почина Албер Елбаз. Еден од најомилените и најпопуларни дизајнери кој 14 години беше креативен директор на париската модна куќа Ланвин, последните денови ги помина во Американската болница во Париз. Според најновата информација починал од Ковид-19. Тажната вест дојде краток период по неговото враќање во модата и лансирањето на својот бренд AZ Factory на кој работеше изминатава ...
Пред вечерашното доделување на Оскарите, филмските награди кои се значајни и во модниот свет поради стилските комбинациии што ѕвездите ги носат на црвениот килим, да се потсетиме на фустанот во облик на лебед што исландската ѕвезда Бјорк го носеше во 2021 година на Оскарите и е креација на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски. Овој изглед на Бјорк е еден од најозборуваните кога се оскаровските стајлизни во прашање, некогаш во позитивна, често и ...