Куќата Creed со гордост го претставува новиот Viking Cologne, најновиот парфем од брендот. Кул и ароматична комбинација на острата парфемска вода со живописните својства на колонската вода, мирис кој со себе ја носи свежата, морска атмосфера. Овој парфем е создаден од шестата генерација на парфемски мајстори, Оливиер Крид и неговиот син Ервин, маестрална комбинација на суво сандалово дрво, бергамот и земјен ветивер, мешавина од цитрус и ...

Сè што треба да знаете за материјалите на модните парчиња што ќе ги изберете во текот на летото Летото влезе во нашето секојдневие и целото внимание е насочено кон тоа како да создадеме соодветна и комплетна гардероба. Многу пати понесени од трендовите и дизајните кои се популарни, забораваме да се фокусираме на детали што ќе го променат и нашиот стил и нашата удобност, ткаенините од кои е направена облеката што ја носиме спаѓаат во оваа ...

Модата од 70-тите години е голема инспирација за оваа сезона, на оваа модна декада се наврати и брендот Манго преку колекциите за пролет-лето 2021. И во новата кампања наречена „Сонцето е насекаде“ нè враќа во минатото и претставува психоделични реминисценции од 70-тите. Фотосесијата за оваа кампања е како ода на позитивната енергија и слободниот дух, снимена е на Ибица и замислена како безгрижно дружење на група на пријатели за време на едно ...

Со доаѓањето на летната сезона очилата за сонце стануваат главен моден додаток за секого – тие се потреба бидејќи аштитуваат од сонцето, но во исто време се и израз на личниот стил. Ако ги следиме трендовите, ќе забележиме неколку тенденции – правоаголни очила во масивни црни или бели рамки, мачкести модели со остри агли, класични квадратни опции, овални очила со обоени рамки, како и футуристички модели. А ако ги проследиме светските ...

На темата „Како македонската литература за деца полесно да ги премине границите на нашата земја“, вечерва во 19 часот во Чифте амам ќе се одржи тркалезна маса, како дел од програмата на 3.Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. -Македонската книги за деца речиси и да ги нема на други јазици. На една рака се бројат авторите кои успеале да допрат до повеќе публика макар на некој од јазиците од соседството, а подалеку – многу тешко. ...

Премногу често целиот фокус го ставаме на грижата за кожата на лицето, заборавајќи дека состојбата на чувствителната кожа на скалпот е голем фактор за здравјето на косата. Кратка или долга, фарбана или со природна боја – стилот на косата е израз на индивидуалноста, но нејзиниот сјај и волумен најчесто укажуваат на здравјето на скалп кој е потребно редовно да се одржува со соодветна и квалитетна нега. Изборот на квалитетна нега која ќе ѝ ...

Кактусите се едни од најневообичаените и најотпорни видови растенија и тие дефинитивно треба да се најдат во вашата домашна градина. Кактусите заедно со сукулентите се особено погодни за оние што не се снаоѓаат лесно со одгледувањето на куќни цвеќиња и растенија, бидејќи не изискуваат строга и секојдневна нега. Но, сега се појави нов тренд на чување кактуси во екстра мини формат и тие веднаш станаа хит на Инстаграм. Што не изненадува, бидејќи ...

Стилот на манекенката Рози Хантингтон- Вајтли може да се опише како интелектулаен минимализам – еднобојна облека, прочистени форми, стајлинзи кои секогаш се јасни, но во исто време акцентирани со детали+ како чанти, сандали и очила за сонце. Во облекувањето, но и во уредувањет на домот, таа секогаш се води од принципот „поедноставното е подобро“. View this post on Instagram A post shared by Rosie HW (@rosiehw) Карактеристики на нејзините ...

Светот на модата се наврати на неколку минати декади за да позајми стилови за колекциите за пролет-лето 2021, модниот бренд Бершка во новите креации позајми делови од естетиката на 70-тите години од минатиот век. Моментните трендови реферираат на ретро стиловите, Бершка во кампањата Pool Groove 70’s Forever се навраќа на елементи карактеристични на 70-тите – хеклана облека, цветни и психоделични шари и кроп-топ модели. ...

Повеќето трендови доаѓаат и си одат, но oдредени стилови им пркосат на трендовите и стануваат безвременски. Оваа појава се однесува и на спорстката облека и патиките, таков пример се патиките Adidas Superstar. Овие патики кои се сметаат за класика, првенствено биле наменети за кошаркарите, но во 80-тите често ќе ги носат членовите на хип-хоп групата Run DMC и ќе ги популаризираат. Овие едноставни патики со трите препознатливи линии на Адидас од ...

Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, по втор пат станаа родители и вчера го објавија раѓањето на нивната ќерка. Двојката која сега живее во Калифорнија откако се откажаа од официјалниот кралски живот, соопшти дека Меган се породила во петокот, 4 јуни, во болница во Санта Барбара. Меган и Хари исто така го објавија името на ќерката – Лилибет Дајана Маунтбатен-Виндзор. Зад името се крие ...

Еве како изгледа една куќа за одмор на двајца креативци, во случајов дизајнерка и фотограф. Лоцирана во близина на селото Сан Антонио на шпанскиот остров Ибица, оваа куќа е всушност поранешна штала стара 150 години. Сопствениците се дизајнерката на современи теписи Нани Маркита и фотографот Алберт Фонт, кои куќата ја реновирале на начин таа да го задржи стариот шарм, ама и да има модерни елементи. Секако, вметнат е карактеристичниот шпански ...

Месецот јуни почна со променливо и врнежливо време што нè натера да ги адаптираме летните комбинации, што ќе значи при рака ќе ни бидат јакните и сакоата, како и затворените обувки. Ќе носиме бежови панталони и лесни кошули, ленени парчиња и шарени фустани, микс од патики, чевли со отворена пета и сандали. Ќе доминираат широки панталони, бели романтични фустани, одела со бермуди и кошули со нагласени ракави. *Не е дозволено ...

Оливија Палермо повторно e модна инспирација со оваа безвременска комбинација што секој може да ја примени – бела кошула и фармерки. Во стајлингот оваа тренди девојка вметнала кошула со руска крагна, долги и нагласени ракави, асиметрична должина и карнер во долниот дел, заедно со фармерки со тесен крој. Комбинацијата е дополнета со чанта во неколку бои, елегантни влечки со украсна тока и очила за сонце. Оливија не разочарува со нејзиниот моден ...

Петтата самостојна изложба на Нина Симовска под наслов ‘Inner warriors’/„Внатрешни Воини“ ќе биде отворена на 10 јуни, во 18 часот, во Котур Симовска ќе претстави серија на дигитални портрети која како идеја започнува за време на карантинот во 2020 година и е слика на внатрешните, длабоки емоции и борби на уметникот за време на социјалната изолација. Барајќи одговори таа создава едно свое „племе“ од ликови и карактери т.н. внатрешни воини кои ...

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика. Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата ...

Оваа шпанска вила во фјужн-стил ќе ве одушеви на прв поглед! Дизајнерката Ана Бехар во креирањето на декорот измешала медитерански, андалузиски и етно стил за да создаде простор кој е смел, но не нападен и пренатрупан. Белите подови, ѕидови и тавани создаваат совршена основа на која се надоградуваат јаки бои, впечатлив текстил, парчиња мебел и уметнички дела. За да го направи домот поудобен, Бехар избрала елементи од природно дрво, како стари ...

Во летните месеци сакаме да носиме лесни, прозрачни и воздушeсти фустани, со релаксирана силуета и едноставни форми, но корпоративниот кодекс на облекување во професионалниот свет прави свои прилагодувања на женската гардероба. Оваа сезона има трендовско решение кое е погодно и за одмор покрај морето и за канцелариски состаноци. Зборуваме за кошула-фустанот, кој има едноставен крој, строга јака и копчиња во предниот дел, и е направен е од ...

После претставувањето на пролетната колекција наречена Brave New World, дизајнерката Силвија Михајловска од модниот бренд „Алшар“ подготови летна варијанта која стилски се надоврзува на претходната колекција. Новата колекција на „Алшар“ нуди повеќе верзии на фустани, со различни должини, кроеви и за различни пригоди. Креациите се изработени од природни материјали како памук, лен и свила. Доминираат црна, бела, кафена и земјени тонови. Одредени ...

Пред неколку години Инстаграм профилот на еден дечко кој пишуваше иронични и протесни пораки на картонски лист стана вирален – Сет Филипс, кој го води профилот со мемиња @fuckjerry, ама е познат како @dudewithsign, стана популарен по смешните приговори и беше инспирација за стотоци, сепак помалку успешни и интересни, „пишувачи на пораки“. Зара сега претставува колекција на маици со овој дечко – обични бели унисекс модели на маици и блузи со ...

– Под мотото „УКРАДЕНИ ДВИЖЕЊА“, вечерва, со почеток во 21 часот, на отворената сцена во Домот на АРСМ започнува годинешното издание на реномираниот фестивал за современ танц, Танц Фест Скопје 2021! По седумнаесетти пат, публиката, љубителите на танцот и долгогодишните пријатели на фестивалот ќе имаат можност да проследат веќе традиционално квалитетна програма и богат репертоар со интернационално реномирани уметници,но и домашни кореографи и ...

Актерката Блејк Лајвли фотографирана е деновиве во Њујорк во комбинација која потполно одговара на променливото пролетно време, а ѕвезда на нејзиниот стајлинг e долгиот фустан во бохо-стил – модел кој можете и вие да го набавите во продавниците на Манго, бидејќи е дел понудата на новата колекција Chufy x Mango, креирана во соработка со Софија Санчес де Бетак. Фустанот е удобен, со интересен кашмирен принт, со трендовски балон-ракави, модел ...

Rosa Tous вели дека кога и да зборува за брендот TOUS, сите нејзини мисли се насочени кон обликот на тоа мече. Сепак, тоа е совршен амбасадор на оваа куќа за накит, икона која го надминува хоризонтот и се вовлекува во срцето. Токму затоа е креиран новиот парфем LoveMe. Без сомнеж, мечето е икона на брендот и симбол на она што најмногу се сака. Зад изработката на секое парче накит стојат милион секунди дизајн и изработка. Начинот на изработка на ...

Дело инспирирано од мозаик од крстилницата во епископска базилика во Стоби на македонската дизајнерка на накит Билјана Клекачкоска, се најде меѓу подароците што македонскиот претседател Стево Пендаровски ги предаде на папата Францсик за време на официјалната посета на нашата делегација во Ватикан. -Ми беше голема чест и задоволство да изработам подарок за Папата Франциск кој годинава во рамки на чествувањето на сесловенските просветители, ...

„Метаморфоза 12340“ е деконструктивна avant-garde колекција, инспириана од инсекти кои се подложни на овој биолошки процес кој вклучува впечатливи промени во структурата на телото. Како таков, процесот на метаморфоза е клучен за правилниот развој на нивниот животен циклус. Колекцијата се состои од 4 модели, кои се изработени со огромна емоција. Боите заедно со формите се наменети да го претставуваат гореспомнатиот процес на метаморфоза. На ...

Оваа седмица ја почнуваме со променливо време, се чини деновиве ќе балансираме модни комбинации кои одговараат на промените, но сепак наближувањето на летните месеци диктира носење на летна облека. За овааа недела предлагаме неколку стајлинзи прилагодени на различни температури и стилови. БРАЛЕТ ПОД САКО + ФАРМЕРКИ МИНИМАЛИЗАМ ВО ЦРНО-БЕЛА БОЈА ЛЕНЕН КОСТИМ СО БЕРМУДИ ВО СВЕТЛА НИЈАНСА ТРЕНДИ ЗДОЛНИШТЕ НА ЛЕТОТО – КРАТКО, НА ПРЕКЛОП И СО РЕСИ ...

Под мотото „УКРАДЕНИ ДВИЖЕЊА“ од 1 до 7 јуни 2021 ќе се одржи реномираниот фестивал за современ танц „Танц Фест Скопје 2021“. По 17 – ти пат, ќе се танцува на повеќе сцени во Скопје, а за прв пат една од претставите ќе биде одиграна и во Домот на културата во Тетово. Во рамките на фестивалот ќе гостуваат извонредниот танчер Жигон Крајнчан од Љубљана, Словенија, со претставата „Fusion With Myself“, Загребачки плесни ансамбл со кореографијата на ...

Брендот Масимо Дути во Париз ја сними новaта кампања за лето 2021 наречена Perfect Companion, а во која се појавува манекенката Андреа Диакону. Шпаскиот моден бренд во новите креаии се фокусира на минималистички стилови, елегантен изглед и на акцентирањет на неколку актуелни трендови. Преовладуваат ленени костими со панталони и бермуди креирани со лежерен крој, кошула-фустан врз широки панталони, фустани со смирени форми, тренди кожени ...

Македонскиот бренд „Лудус“ има нова мини колекција Од денеска, во книжарницата на Музејот на современа уметност – Скопје достапно е специјалното издание на производи на „Лудус”, македонски моден бренд за безродова еколошки одржлива мода. Колекцијата се состои од монохроматски маици со издолжени пропорции, во црна и бела боја, изработени од памук со нула отпад, според заложбите на брендот за одржливо модно производство. Производите може да се ...

По повод чествувањето на денот на Свети Кирил и Методиј во Рим и официјалната посета на Ватикан, сопругата на претседателот на РСМ, Елизабета Ѓоргиевска, носеше дводелен костим креација на дизајнерката Лидија Георгиева. Со внимателен пристап за почитување на строгите протоколи за дрескод на аудиенцијата кај Папата, сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска носеше црн формален костим со долги ракави и вел со кој се покрива главата. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
71%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
0.0
68%
1017
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
81%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.41
79%
1020
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.69
79%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
90%
1022
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
77%
1019
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209