
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Гол-шоу во само 45 минути во Каталонија. Барселона и Интер понудија полувреме за паметење и со четири гола се уште го држат мечот комплетно отворен, затоа што видовме по два гола и во двете мрежи за 2:2 по првиот дел. Интер имаше молскавичен старт и уште по само 29 секунди, Маркус Турам успеа да го отвори резултатот за водство на Италијанците од 0:1. Шокот од ова рано восто доби и продолженоп издание кога дамфрис со еден велемајсторски потег во ...
Откако пред неколку дена Серџио Консеисао најави дека без разлика дали Милан ќе ја освои титулата во Купот на Италија или не, и без разлика како ќе заврши сезоната за гигантот од Милано, тој нема намера веќе да седи на клупата и дека ќе си оди. Тоа значи дека по завршување на сезоната Милан ќе мора одново да бара тренер. Како прва опција секако дека тука е Макс Алегри, но во последните неколку дена како сензација, медиумите пренесуваат дека ...
Кошаркарите на Кожув преживеаја во една вистинска кошаркарска драма во Гевгелија и успеаја по едно продолжение да ја остварат првата победа во четвртфиналето против МКК Куманово. Гевгеличани на крајот славеа со 90:86 и успеаја да се изборат за продолжение на серијата, додека кумановци ќе се обидат на следниот натпревар да дојдат до третата победа која ќе им обезбеди полуфинале. Мечот имаше доста пресврти, особено на крајот на првиот и почетокот ...
Кошаркарите на Пелистер успеаја да ја остварат првата победа во дуелот со Работнички и да ја продолжат четвртфиналната серија во домашниот кошаркарски плеј-оф. Битолчани го одиграа најдобриот натпревар по подолго време и вечерва во својата сала обезбедија висока и убедлива победа над Работнички со 101:77. Триото Мишковиќ, Стајиќ и Антоан беа незадржливи за гостите од Скопје и практично му ја обезбедија победата на „зелено-белиот“ состав која ги ...
Вечерва во второто полуфинале во Лигата на Шампионите во Азија, јапонскиот Кавасаки среде Ријад успеа да го победи Ал-Наср на Роналдо со 2:3 и со тоа да се пласира во големото финале каде ги чека нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски со својот Ал-Ахли, кој вчера го победи Ал-Хилал и се пласираше во финалето на ова натпреварување. Секако дека сите очекуваа финале на две екипи од Саудиска Арабија, тоа секако дека го очекуваше и самиот Кристијано ...
И официјално Томица Главчев е нов претседател на КФСМ, тој доаѓа на местото на Перо Антиќ, кој после шест години ја напушта „куќата на кошарката“. Во отсуство на легендата на македонската кошарка му беше изгласана недоверба. На Вонредното Изборно Собрание на кое беа присутни 38 членки од вкупно 50, Главчев беше едногласно избран за прв човек на КФСМ во следните четири години. Главчев е успешен бизнисмен, ја создаде Блокотехна, клуб кој не ...
Она што се најавуваше во текот на целиот ден од страна медиумите во Шпанија и Италија, на нешто повеќе од еден час пред стартот на мечот меѓу Барса и Интер и се оствари. Имено на првиот меч од второто полуфинале во Лигата на Шампионите, кое се игра вечерва на “Монжуик“ од 21 часот, тренерите Ханси Флик и Симоне Инзаги ги овбјавија стартните единаесет. Барса со Феран Торез во шпицот, а лево и десно со Рафиња и Јамал ќе го напаѓа голот на гостите ...
Попладнево се одиграа два меча од плеј-аутот во нашата елитна кошаркаска лига. Прво Гостивар како домаќин го победи Вардар со 94:84. Во првите две четвртини се водеше израмнета битка, домашните на пауза заминаа само +1 поен. Во вториот дел, поточно во третата и четвртата четвртина, Гоствар беше подобар и успеа на крајот да победи. Елис со 23 поеи беше најефикасен кај победничкиот тим, додека кај Вардар тоа беше Бајрам со 22 поени. На втоиот меч ...
На нашиот репрезентативец и фудбалер на Вараждин, Димитар Митровски (26) во последно време и тоа како му е убаво во животот. Како прво игра во фантастична форма во ХНЛ, сега е кандидат и за играч на месецот, а најново е тоа што ја запроси неговата долгогодишна девојка Драгана, секако дека таа кажа ДА. Нека им е честито на двајцата. Засекогаш нека бидат вака среќни и насмеани. Инаку Митровски потекнува од школата на Работнички. Како многу млад ...
Раководството на Фудбалската конфедерација на Бразил како да не може без проблеми. Нивната селекција игра слабо, Карло Анчелоти и тоа како ги зафркна, а во последните неколку дена топ – тема во најфудбалската земја во светот е тоа дека постои можност селекцијата на оваа земја на претстојното СП 2026 да игра во црвени дресови, поточно резервниот дрес место син да биде црвен. И кога Бразлците се во прашање, а посебно за фудбалот, тогаш ете ти ...
Иако минаа три дена од срамниот чин на ФК Гостивар, кога без никаква основа го напушти теренот на Маџари на дербито со Работнички во таа 85.минута, по што дојде до прекин на средбата, фудбалската јавност во Македонија сеуште е во шок. Навистина сите се прашуваме зошто таков потег од Гостивар, навистина несфатливо ако се знае дека немаше никакви спорни моменти и судењето беше на ниво. “СпортСпорт“ го запраша некогашниот фудбалер на Шкупи, ...
Селекторот на нашата млада ракометна репрезентација, Радослав Стојановиќ денеска го објави скратениот список за ЕХФ неделата. Тој ќе смета на 20 ракометари, а во него не се четворица стандардни кои се повика во А-селекцијата. Тоа се Галевски, Петковски, Д. Митев и Карасманакис. Во рамките на оваа ЕХФ недела нашата младинска селекции на 8 мај ќе одигра пријателска со младинскте екипи на Бутел, а еден ден подоцна следува контрола со Вардар или ...
Димитар Митровски сезонава, посебно во пролетниот дел просто блеска во дресот на Вараждин. Македонскиот играч за врска е во центарот на фудбалска Хрватска што се вели, посебно по последниот меч на неговиот тим со Локомотива на кој Митровски одигра екстра. Постигна и мајсторски гол од слободен удар, еден од двата на овој меч. Токму затоа, а и поради игрите во изминатиот период, според ХНЛ нашиот репрезентативец има две номинации. Првата е за ...
Огнен Чак Дојчиновски Конечно, по долги години чекање Македонија има наследник на големите Дарко Панчев, Илија Најдоски, Кирил Дојчиновски, и плејадата останати наши легенди кои беа дел од тимот на Црвена Звезда во минатото. Матеј Гаштаров, репрезентaтивецот на Македонија до 19. години денеска и официјално го потпиша својот прв професионален договор со Црвена Звезда, откако повеќе од една година е дел од гигантот од Белград. Детето на Вардар ...
Томица Главчев и официјално е новиот претседател на КФСМ. Тој доби доверба од делегатите за следните четири години. Станува збор за човек од кошарката и познат бизнисмен. Тој на Вонредното Изборно Собрание им се обрати на претставниците на клубовите презентирајќи дел од своите планови. Главчев во последен момент дојде како кандидат за КФСМ, па затоа најави транспарентност и разговор со клубовите за доброто на кошарката. „Не бев од почеток на ...
По се она што се случи во неделата на стадионот „Борис Трајковски“ на дербито меѓу Гостивар и Работнички сега веќе се е јасно. Официјално мечот е регистриран со 0:3 за тимот од Градски парк, а за висина на казната за гостиварци решава Дисциплинската комисија на ФФМ. Да потсетиме дека во 85.минута по наредба на газдата на клубот Енес Уста, капитенот Алпер Потук ги повлече своите соиграчи во соблекувалната и го прекина овој натпревар на резултат ...
Двојниот освојувач на Купот на Македонија, Штип УГД, утре на домашен терен ќе го одигра клучниот натпревар од финалната плеј-оф серија во домашниот одбојкарски шампионат. По двата порази во првите два финални меча, Штип утре нема место за калкулации, затоа што трет пораз од големиот ривал Струмица ќе значи и завршување на финалната серија. „Подготвени сме, свежи сме и расположени, конечно, да се покажеме во вистинско светло. Овие два меча не се ...
Македонскиот репрезентативец до 19. години, Матеј Гаштаров го потпиша првиот професионален договор со неговиот клуб Црвена Звезда. Играчот кој има огромна перспектива и кој е еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, ја води својата кариера на едно сосема друго ниво со потпишаната верност со некогашниот европски и светски кубски првак. Гаштаров е дете на Вардар, а во Белград замина во сезоната 2023/24 година и најпрво беше ...
https://mktickets.mk Продажните цени на влезниците за натпреварот се 200 и 300 денари. Продажна мрежа – МК Тикетс Скопје: • ЛитератураМК – City Mall • ЛитератураМК – East Gate • ЛитератураМК – Diamond Mall • Литература – ТЦ Буњаковец • ЛитератураМК – ул. Македонија • Југотон ГТЦ 1 • ЈК Травел – ТЦ Бисер • Макпетрол – Козле • Макпетрол – Илинденска • Макпетрол – Влае Велес: • Унисон Прилеп: • ТА Бран Куманово: • Тобако Агора Тетово: • Тобако ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, во текот на вчерашниот ден оствари средба со раководствата на ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум, клубовите кои ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија. Финалниот натпревар е закажан за 21. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Целта на средбата беше координација околу подготовките и организацијата на настанот, кој треба да биде вистински празник на ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, зборуваше пред првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу неговиот тим и Барселона. „Требаше да играме подобро во последните три натпревари, но по четири години, еве нè, се натпреваруваме за сите наши цели, кога некои велеа дека ќе биде тешко да се влезе меѓу првите четири во Италија. Никогаш нема да ме чуете да зборувам лошо за моите момци или за клубот. Благодарение на нив успеавме да се ...
Ракометната федерација на Македонија го исклучи Фруитленд Борец од натамошните натпревари во плеј-аут зоната во домашното ракометно првенство, заради кршење на правилникот. Тимот од Велес допатува кај Еурофарм Пелистер 2 со девет играчи, па заради тоа не беше одигран мечот во Купот на Македонија. Според правилникот за натпревари на натпревар еден клуб треба да пријави најмалку 12 играчи. Информацијата за исклучувањето на Фруитленд Борец од РФМ ...
Вечерва ќе гледаме реприза на епското полуфинале во Лигата на шампионите од 2010 година, каде што Интер на Жозе Мурињо ја нокаутира Барса на Пеп Гвардиола на патот до нивната трета европска круна. Петнаесет години подоцна, двата тима повторно бркаат европска слава. Барселона, под водство на Ханси Флик, лови тројна круна по победата во Купот на кралот над Реал Мадрид минатиот викенд. Интер, предводен од Симоне Инзаги, беше на сличен пат сè ...
Кошаркарите на шампионот МЗТ Скопје А. не се намачи премногу за да го потврди своето место во полуфиналето на домашниот плеј-оф. И во третата меѓусебна пресметка со екипата на Феникс 2010, „штрковите“ дојдоа до убедлива победа со која го потврдија местото во следната рунда. Избраниците на тренерот Атанасов не им оставија премногу шанси на противниците ниту на денешниот меч. Уште во првите 20 минути МЗТ Скопје А. направи огромна предност од +20 ...
Викендов продолжува битката за титулата во ракометниот шампионат. После триумфот на Вардар 1961 во Битола и превземањето на врвот на табелата, плеј-офот доби голема доза на неизвесност. „Црвено-црните“ ќе бидат под голема лупа на битолчани, кои во сабота ќе навиваат за Алкалоид. Кирил Лазаров и неговите момци имаат нова тешка задача. „Пеколното“ темпо после домашните задачи и исцрпувачкиот меч во Норвешка за пласман во финалето на ЕХФ ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани играчи за претстојните натпревари во квалификациите за пласман на ЕП 2026. Мартин Томовски ќе го има својот репрезентативен кам-бек и ќе биде дел од голманското трио заедно со Митревски и со Галевски. Новина е и враќањето на искусниот Ојлески на позицијата лево крило, по тешката повреда на Цветан Кузманоски, а своето деби во националниот тим во мајските ...
Откако стана јасно дека на вонредното Собрание на КФСМ закажано за попладнево ќе се случи промена на претседателското место, денеска во просториите на КФСМ се сретнаа актуелниот Претседател на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, и господинот Томица Главчев. Господинот Главчев ќе биде единствениот кандидат за избор на нов Претседател на Федерацијата на вонредната седница на Собранието на КФСМ. „Ми претставува особена чест и задоволство што ...
Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го пушти во функција мултифункционалното игралиште во с.Моноспитово, општина Босилово. За неговата реконструкција, Видеолотарија донираше 4.315.391 денари. Видеолотарија Касинос Австрија со буџет од милион евра, овозможи фунцкционалност на 20 игралишта низ Македонија досега. Најновото е мултифункционалното игралиште во Моноспитово, кое е реконструирано со донација од 4.315.391 ...
Денеска продолжува четвртфиналната пресметка во плеј-офот. Четири тима можат да ја завршат својата задача – наречена пласман во полуфиналето. Прв кој може да го завери своето место во следната рунда е бранителот на титулата. МЗТ Скопје е гостин на Феникс (12:30 часот) со победа ќе дојде до 3-0 во серијата подобар во пет меча. Нешто подоцна, поточно во 19 часот, ТФТ, Куманово и Работнички, тимови кои имаат предност од 2-0, ќе се обидат да дојдат ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се огласи по поразот на неговиот тим од Пари Сен Жермен со 0-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. „Разочарани сме од резултатот. Во првите 15 минути се мачевме и не доминиравме. Подоцна ја презедовме иницијативата, но на крајот водството му припадна на Пари Сен Жермен. Верувам дека Арсенал играше подобро. Разочарани сме“, рече Артета. Поразот им ја одзеде шансата на „топџиите“ да се ...