Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Денеска на социјалните мрежи се појави видео кое ги загрижи сите навивачи на турската фудбалска репрезентација пред нивниот прв натпревар на Светското првенство. Турција се подготвува за својот прв натпревар на Светското првенство против Австралија, но, атмосферата беше нарушена од видео на кое се гледаат тројца турски репрезентативци како пушат на балконот од хотелот каде што престојувале. Според ова видео и извештаите, Чаглар Сојунџу и ...
Македонија за првпат ќе има претставник на Европското училишно првенство за баскет 3х3 кое стартува денеска во Белград. Тимот е составен од Дамјан Данев, Глигориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски. Противниците ќе бидат познати во текот на денешниот ден за кога е закажана ждрепката. „Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска заедно со претседателот на натпреврувачката комисија, Венцислав ...
Чешкиот милијардер Даниел Кретински стана мнозински сопственик на англиски Вест Хем. Неговата платформа 1890 Holdings ќе го зголеми својот удел во клубот од 27% на 43%. Претходно, претседателот и најголем сопственик на Вест Хем, Дејвид Саливан, поднесе оставка поради истрагата за неговиот наводен сексуален напад. Тој поседуваше 38,8% од акциите. Форбс ја проценува нето вредноста на Кретински на 10 милијарди долари. Неговиот главен извор на ...
Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа денес ги одигра првите два натпревари на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска. Во првиот натпревар, нашите репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови. Резултат по сетови: Македонија – Чешка 16:22 Македонија – Чешка 8:20 Во вториот натпревар од денешната програма, македонската репрезентација се соочи со селекцијата на Германија, каде повторно беше ...
Македонскиот машки тенис во моментов доживува напредок на меѓународна сцена. Сениорската репрезентација успеа да се искачи скалило погоре и да избори пласман во Втората светска група. Поточно, Македонија со денешната победа над Црна Гора од 2-1, избори, враќање во Втората Светска група од Дејвис купот, каде ќе настапува и следната 2027 година. Ова секако дека е успех за нашите тенисери и надеж дека овој сериозно популарен спорт во светот, но ...
Македонската Дејвис куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од Дејвис купот откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1. Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (76(4) и 62). Во првиот сет немаше ниту еден брејк, а во тај брејкот македонскиот дубл направи ...
Македонската одбојкарска репрезентација веќе е во Атина каде денеска и утре игра два меча од вториот турнир од Европската лига 2026. Селекторот Јошко Миленкоски нема да прави промени во составот, односно истите 14. одбојкари на кои сметаше за воведните два дуели од годинешното издание ќе ги има на располагање и за натпреварите со домаќинот Грција, односно Исланд. Во пресрет на денешниот прв натпревар против Исланд (19 часот) нашите одбојкари ...
Ракометарите на Фухсе Берлин се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако во денешното прво полуфинале на Ф4 турнирот, славеа над двократниот европски шампион Магдебург со 40:35. Овој триумф на „лисиците“ во „Ланскес Арена“ во Келн беше одмазда за поразот во финалето од минатата сезона. Во крајно неизвесен меч, кој донесе голема драма во последните 15 минути до дуелот, сепак, подобар финиш имаа момците од Берлин. Во тој период ...
Еден од најдобрите англиски судии, Мајкл Оливер, ќе го пропушти првиот натпревар на Светското првенство што требаше да го води вечерва, поради полесна повреда. ФИФА објави дека Франсоа Летексие од Франција ќе го води натпреварот меѓу Еквадор и Брегот на Слоновата Коска во Филаделфија. Светската фудбалска асоцијација додаде дека Оливер ќе биде повторно достапен во наредните денови. Најверојатно ќе биде повикан за еден од натпреварите во ...
Тиери Анри и Златан Ибрахимовиќ се најдоа во смешен момент за време на емисијата посветена на Мундијалот, каде од смеа го „отпеаа“ сега веќе култниот хит на Дубиоза колектив: „I’m from Bosnia, take me to America“. Овој спонтан и хумористичен момент веднаш стана хит меѓу фановите. Златан Ибрахимовиќ и Тиери Анри се две напаѓачки икони, а и двајцата имаат посебни врски со Босна и Херцеговина. Таткото на Златан, Шефик е од околината на Бјелина, ...
Убаво забележа во својот коментар нашиот коментатор Срѓан Захариевски дека не му се допаѓа тоа што на ова СП ќе има по две паузи во полувремњата без разлика дали температурата е 20 или 35 стенепни Целизуосови, и дека тоа не е пауза за хидратација туку за маркетинг. Инаку на сите ни беше јасно кога Соединетите Американски Држави, заедно со Мексико и Канада кои се таму за да ја комплетираат приказната, ја добија организацијата на најголемото ...
Две лица се уапсени од полицијата во Мисури откако значителна количина опрема на Англија за Светското првенство беше украдена од возила на пат кон новиот тренинг центар на тимот во Канзас Сити. Украдени беа копачките, топките и другата опрема за тренинг на играчите. Сепак, „Скај Спортс“ објави дека поголемиот дел од украдените предмети веќе се пронајдени, па се очекува бројот на исчезнати предмети да биде минимален. Англиската фудбалска ...
Поранешниот фудбалер на Барселона, Манчестер Сити и Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре, е назначен за нов тренер на словачкиот гигант, Слован Братислава. Назначувањето и официјално беше потврдено денеска. Стратегот потпиша тригодишен договор со словачкиот тим. Туре претходно работеше во академијата на Тотенхем, а беше и помошник тренер во Стандард Лиеж во Белгија и во репрезентацијата на Саудиска Арабија. На крајот од сезоната 2025/2026, ...
За кратко време по крајот на регуларнито ел од сезоната, кој кулминираше со одигрувањето на финалниот турнир во М20 лигата, селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Никола Велев, го определи и „возниот ред“ поврзан со подготовките на оваа наша репрезентатицна селекција за обврските кои следуваат во текот на летото. А тоа е настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кои од 10. до 19. ...
Некогаш, ама некогаш. за сите вистински фудбалски фанови во светот Мундијалот почнуваше со првиот настап на Бразил. Пеле, Зико, вистинскиот Роналдо и уште десетици и десетици други мега – ѕвезди се прашуваа за тоа кој е кој во светот на фудбалот. Денеска некои работи се променија. Сега Бразил не е меѓу топ – фаворитите, а овој Бразил имаше проблеми со повреди и неколку значајни имиња ќе ги нема на Мундијалот. Сепак, сепак ова е Бразил и тоа ...
Македонија ќе да биде домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години во 2028 година. Одлуката беше донесена на состанокот на ЕХФ во Келн, во рамки на финалниот викенд од сезоната. Шампионатот за мажи до 18 години ќе се игра во јули и август 2028 година, а организацијата и е доверена на Македонија. Во истиот пакет одлуки, ЕХФ и во 2028 година на Словенија. Ова е уште една важна потврда за довербата што европската куќа на ракометот ...
Во сенка на Светското првенство денеска стартува Фајнл-фор завршница. Четири тима една желба – да го подигнат трофејот во Лигата на шампиони во Келн. Три од тима беа дел од Ф4 минаатата сезона: бранителот на титулата Магдебург, второпласираниот Фуксе Берлин и рекордниот победник на Лигата на шампиони, Барселона. На нив им се придружи финалистот во 2024 година, Алборг. Двете полуфиналиња ќе бидат репризи на финалињата од последните две ...
Фудбалската репрезентација на Бразил ќе биде ослабена на почетокот од Светското првенство, бидејќи Нејмар нема да биде во конкуренција за првиот натпревар од групната фаза против Мароко. Селекторот Карло Анчелоти потврди дека искусниот напаѓач сè уште се опоравува од повредата на листот и не е подготвен да игра на отворањето на турнирот. „Тој работи напорно за да се врати на теренот што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може целосно да се ...
“Коментар на денот“ поврзан со тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, денеска е посветен на синоќешните дуели, помеѓу Канада и Босна односно САД и Парагвај. Мечеви во кој го видовме првото реми на овој турнир, како и лекција на домаќинот кој што покажа како се отвора турнир кога играш на домашен терен. Мечевите овојпат ги коментира Горазд Михаилов…. Босна стигна до Мундијалот преку корнери, а Канада тоа не го увиде „Од конечниот исход ...
Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски зад себе има сезона за паметење. Тој со неговиот Битигхајм изборија пласман во Бундес-лигата, а Томовски беше една од главните причини. Неговото име е запишано со златни букви во втората Бундес-лига, нашиот голман е прогласен за МВП на сезоната. Томовски одигра 31 натпревар и забележа 273 одбрани, неговата успешност е поголема од 31%. Томовски во своја статистика има 21 седмерец, постигна ...
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, даде интересно интервју за локалната телевизиска станица М6. Можеби звучи чудно, но тој објасни дека е среќен за својот поранешен тим Пари Сен Жермен, кој ја освои без него и втората титула во ЛШ: „Веднаш им честитав на играчите во Клерфонтен. Беше важно, особено затоа што беа петмина. Жал ми е за Вилијам Салиба, но полесно е да се утеши еден човек отколку петмина. Ние го поддржувавме ПСЖ во наш интерес: ...
Ако некој имаше сомнежи дека тимот на Соединетите Американски Држави ќе може да го издржи притисокот од домашната сцена и улогата на еден од фаворитите за 2026 година, тие сомнежи исчезнаа за само 45 минути против Парагвај. Во спектакуларен почеток, со шоу програма и настап на Кети Пери, и присуство на холивудски ѕвезди како Том Круз на трибините, САД влезе во натпреварот под огромни рефлектори и очекувања. Но, наместо притисок, дојде ...
Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни верува дека Босна и Херцеговина имала голема среќа на натпреварот против Канада на Светското првенство, бидејќи голманот Никола Васиљ избегнал црвен картон по дуелот во второто полувреме. Судирот меѓу Васиљ и канадскиот напаѓач Тани Олувасеји беше во центарот на вниманието, кога босанскиот голман истрча од голот и го собори противникот за време на интервенцијата. Аргентинскиот судија Факундо Раул не ...
И натаму во центарот на вниманието на стартот на Светското првенство е репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Оваа селекција одигра нерешено (1-1) против Канада на првиот меч на Мундијалот. Босанците имаат неверојатно огромна поддршка на Светското првенство. На овој Мунидјал, БиХ се пласираше откако ја елиминира Италија, па на социјалните мрежи и натаму фановите им фаќаат сеир. Се појави интересна фотографија која секако е фотомонтажа, на ...
И ако е од Џани, сепак е премногу. Имено претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, побарал да се третира како крал во Канада. Тој, исто така, побарал можност за запирање на сообраќајот при минување со неговата придружба, што локалните власти го одбиле. Швајцарецот отиде на настанот под покровителство на организацијата што ја предводи, но сакал да направи шоу од тоа. „ФИФА побара придружба од четврто ниво за Инфантино во Ванкувер за нивниот ...
Аргентинецот Густаво Лопез (53), е нов асистент или помошник на стратегот на Вардар, Кристијан Фабиани. Интересно е тоа што споменатиот Лопез е некогашен помошник на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид. Информациите велат дека Лопез е веќе во Норчиа, во кампот на шампионот. Значи најавите се остварија, а тие беа дека Фабиани ќе си донесе помошник од неговата Аргентина. Кога сме кај Густаво Лопез, да кажеме дека тој е некогашен фудбалер на ...
Македонската тениска репрезентација поведе со 1-0 во мечот од 3.коло од Третата Европска група од Дејвис купот против Грузија откако Калин Ивановски за 85 минути игра го совлада Александре Бакши со 2-0 во сетови (7:6(2); 6:2). Ова е дуел за второто место во групата и за победа е потребен уште еден триумф. Мечот на Ивановски беше прекинат по првиот сет поради лошо време (дожд). Инаку првиот брејк во мечот го направи тенисерот на Грузија и ...
Од соседна Србија попладнево пристгинува навистина ужазна вест. Фудбалскиот сојуз на западно српскиот регион изрече дисциплински мерки по повод мечот од првата пионерска лига (!?) помеѓу екипите на Кикер од Краљево и Борац од Чачак, откако била спроведена постапка поради сомнение дека истиот бил наместен!!! Надлежните реагирале и тоа очигледно со право затоа што домашниот тим на овој меч по првиот дел водел до 4:0, за да на крајот гостите ...
До почетокот од средбата меѓу Канада и БиХ, остануваат околу 45 минути. Во Торонто е вистинско ЛУДИЛО, кое го прават фановите на оваа селекција. Јасно е дека избраниците на Барбарез ќе имаат голема поддршка, а како беше по улиците на Торонто, своја приказна и објава имаше и ТВ Фокс. Целиот ден е вистинско „лудило“ во Торонто, а фаноите на “Змејовите“, посебно од импресивната бројка од 30.000 лица ги импресионираа сите во Северна Америка. ...
Дали се спрема нова бламажа и катастрофа на ФИФА? Се стравуваше дека „алчноста“ на ФИФА со цените на билетите на крајот ќе резултира со празни трибини, а беа потребни само два натпревари за најлошиот кошмар на претседателот Џани Инфантино да стане реалност, и тоа пред неговите очи. За време на вториот натпревар од Светското првенство помеѓу Јужна Кореја и Чешка, илјадници седишта останаа празни, иако Инфантино ги бранеше цените со „луда ...