Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
„Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади во својата прва сезона беше одбележан во 11 градови: Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Тетово. Решителноста на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски да поддржат проект кој овозможува бесплатен спорт за секое дете е уште една потврда дека во нашата држава на прво место се младите и иднината. Нема поубава награда ...
Германската репрезентација понуди да ги покрие трошоците за превоз на своите навивачи за последниот натпревар од групата на Светското првенство, објавува „Атлетик“. Германците ќе се соочат со Еквадор во Њу Џерси на 25 јуни, а голем дел од дискусијата пред турнирот ќе се врти околу превисоките трошоци за превоз од центарот на Њујорк до стадионот во Њујорк/Њу Џерси. Автобуски билет на таа рута моментално чини 20 долари, додека билет за ...
Гледачите по првите натпревари од Светското првенство во 2026 година, покрај головите и движењата на теренот, забележаа и еден необичен детал – речиси сите фудбалери носат розеви фудбалски копачки. Иако на почетокот се чини дека играчите на различни национални тимови го користат истиот модел, тоа е намерен тренд што го започнаа најголемите спортски брендови пред Светското првенство. Најк, Адидас и Пума ги претставија своите нови колекции во ...
Денеска почнуваме со “Коментар на денот“ за СП 2026 кое синоќа почна, и тоа со Срѓан Захариевски. Како што и ветивме секој ден на нашиот портал ќе имате можност да прочитате што мислат, од некој друг агол, познати и признати фудбалски тренери. Се разбира дека Захариевски својот коментар прво го започна со свеченото отворање, атмосферата на легендарниот „Ацтека“ стадион: “Искрено мене ми се допадна свеченото отворање, ама и не сум изненаден. ...
Навивач на мексиканската репрезентација доживеа срцев удар непосредно пред почетокот на првото коло од натпреварот од Групата А против Јужна Африка на Светското првенство. Несреќниот човек бил на пат кон натпреварот, стигнал до влезот, а потоа доживеал срцев удар. Лекарите реагирале брзо. Навивачот бил итно префрлен во болница. Во овој момент нема информации за неговата здравствена состојба. За жал, тој не е единствениот проблем. Службата за ...
Победата на Мексико од 2-0 над Јужна Африка на почетокот на Светското првенство резултираше со три црвени картони, што веднаш го покрена прашањето дали судиите станале построги отколку на претходните Светски првенства. Јужноафриканците Јаја Ситоле и Темба Зване беа исклучени, како и Мексиканецот Сезар Монтес во судиското продолжение. Интересно е што на претходните две Светски првенства, во Русија 2018 и Катар 2022, беа прикажани вкупно само ...
Хванг организираше спектакуларeн камбек на Јужна Кореја против Чешка (2:1) во првото коло од Групата А. Сега како играч од средниот ред на холандскиот Феенорд, прво израмни за Кореја со фантастичен потег. На овој гол му претходеше низа од 25 додавања, петта најдолга низа што доведе до гол на Светско првенство од 1966 година. Откако ја прими топката пред шеснаесетникот, тој ги „скрши“ и дефанзивецот и противничкиот голман ја погоди мрежата со ...
Мексиканскиот играч од средниот ред Жилберто Мора стана првиот играч роден по финалето во 2006 година кој играл на натпревар од Светското првенство. Мора е роден на 14 октомври 2008 година, повеќе од две години откако Италија ја победи Франција во финалето на Светското првенство во 2006 година, натпревар кој беше обележан со збогувањето на Зидан со фудбалот и ударот со глава во градите на Марко Матераци. Со 17 години и 240 дена, тој стана и ...
Бројките, резултатот, коефициентот и секако УЕФА кажува дека не можеме да се пофалиме дека имаме екстра судии во мак – фудбалот. Исклучок е Ивана Пројковска која беше во елитната група на женски судии и таму и остана. Пројковска во последно време и тоа покажува дека има квалитет, а тоа некој надвор и тоа како знае да го цени, па затоа таа суди во ЛШ, на првенствата ширум светот. Едноставно квалитет. За разлика од нејзе сите наши машки судии ...
Иако веќе неколку месеци трае сагата за евентуалниот трансфер на Мајкл Олисе во Реал Мадрид, а Баерн Минхен бара 250 милиони евра, сега во игра за спектакуларниот офанзивец се вклучува и ПСЖ. Францускиот гигант Пари Сен Жермен не планира да застане по освојувањето на Лигата на шампионите, а челниците на клубот веќе интензивно работат на создавање тим кој би можел да доминира во европскиот фудбал во наредните години. По сезоната од соништата ...
Во реприза на мечот од СП 2010 година, селекцијата на Мексико славеше со 2:0 против Јужна Африка на отворањето на Мундијалот 2026. Вечерва на „Естадио Ацтека“, Мексиканците во многу подобро издание од противникот, сосема заслужено ги освоија првите бодови во групата „А“ и најавија кандидатски статус за место во нокаут рундата. Со брзиот гол на Хулиан Кињонес во 9. минута, Мексико поведе со 1:0 и најави атак на трите бода. Во продолжение, ...
По состанокот во Мексико Сити, ФИФА објави радикални промени во Правилникот за трансфери, кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година. Новите одредби, кои се резултат на двегодишни преговори и судски спорови со синдикатот на играчи FIFPro, лигашките здруженија и европските клубови, внесуваат револуција во системот што беше воспоставен во 2001 година. Меѓу најважните иновации се задолжителниот удел на играчот во надоместокот за трансфер и ...
Милан и натаму продолжува со потрагата по нов тренер. И покрај медиумските извештаи, сè уште не е донесена никаква одлука за назначувањето на Оливер Гласнер како наследник на Алегри на клупата на „роисонерите“, пишува инсајдерот Фабрицио Романо. Матијас Јаjсле од Ал Ахли и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, исто така се разгледуваат како кандидати. Според новинарот Матео Морето, Гласнер почнал да губи во трката за ...
Хулиан Кињонес е авторот на првиот гол на Светското фудбалско првенство 2026. Со погодокот во 9 минута, офанзивниот фудбалер во составот на селекторит Хавиер Агире, Мексико обезбеди водство од 1:0 против Јужна Африка во премиерниот меч на Мундиалот. Мексиканците беа далеку подобар тим во ова полувреме и чусто чудо е што не успеаја барем вторпат да го погодат голот на Вилијамс. Кињонес ја погоди и стативата, додека Раул Хименез не успеа да ...
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, е најдобриот поентер по првиот викенд во Европската лига 2026. Сумирајќи ги поединечните постигнувања на првите 9 турнири кои се одржаа изминатиот викенд, нашиот коректор е лидер на листата на најдобри поентери со реализирани 42 поени. Ѓоргиев ја предводеше Македонија до победа на средбата со Луксембург, а беше и едне од најзабележителните во поразот од Холандија на ...
Пред два дена Реал Мадрид потпиша неверојатен договор со Адидас, како што го нарече Флорентино Перез, најважниот договор во историјата на фудбалот. Според шпанските медиуми, договорот со Адидас е таков што Реал Мадрид ќе добива 120 милиони евра по сезона, но секако тоа не е сè.„Ас“ ја носи веста за тоа колку всушност вреди дресот на Реал Мадрид по сезона и тој е убедливо највреден, ако ги погледнеме приходите на клубот, во светот. Само од ...
Капитенот на чешката репрезентација Ладислав Крејчи верува дека тимот ќе ги продолжи добрите настапи од неодамнешните натпревари и на Светското првенство. Тој вечерва ќе се соочи и со својот соиграч од Вулверхемптон, Хванг Хи-чан, во дуелот против Јужна Кореја. „Подготвени сме, возбудени и едвај чекаме сè да започне“, рече Крејчи пред тренингот пред натпреварот. Чешка е во серија од шест натпревари без пораз пред да влезе на Мундијалот, ...
Мексико се соочува со бран протести непосредно пред почетокот на Светското првенство во фудбал, кое го организира заедно со САД и Канада. Членовите на синдикатите на наставниците протестираат пред стадионот „Ацтека“ барајќи повисоки плати и укинување на законите за пензии, а заедно со нив се и роднините на таканаречените исчезнати лица, жртви на криминални банди и длабоката држава. Стотици демонстранти се вратија во областа во близина на ...
На нешто повеќе од еден час пред стартот на првиот натпревар на СП 2026, веќе ги имаме и официјалните состави со кои ќе тргнат Мексико и Јужна Африка. Домаќините ќе изгледаат поофанзивно на теренот, Јужноафриканците со засилена дефанзива. Чија стратегија на крајот ќе биде поуспешна, онаа на Агире на клупата на Мексико, или онаа на Брос на клупата на Ј. Африка? Mexico XI: Rangel; Reyes, Montes, Vásquez, Gallardo; Lira, Fidalgo, Gutiérrez; ...
Жозе Мурињо и официјално е назначен за главен тренер на Реал Мадрид. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година, објави мадридскиот гигант. „Управниот одбор на Реал Мадрид, кој се состана денес, четврток, 11 јуни, под претседателство на Флорентино Перез, одлучи да го назначи Жозе Мурињо за главен тренер на првиот тим за следните три сезони, до 30 јуни 2029 година. Жозе Мурињо ќе му се придружи на Реал Мадрид на 13 јули, денот кога започнуваат ...
На Ролан Гарос, тенисерите беа бесни поради недоволниот награден фонд, дури се спомена и бојкот, но на крајот заврши со благи мерки кои не влијаеја на ништо, како што е скратување на прес-конференциите на 15 минути. Сепак, неколку водечки играчи изјавија дека очекуваат одговор од Вимблдон, а Ол Ингланд Клубот го објави наградниот фонд за 2026 година – рекордни 64,2 милиони фунти, што е зголемување од 20 проценти во однос на минатата година. ...
Првиот техничар на македонската одбојкарска репрезентација, Ѓорги Ѓоргиев следната сезона ќе го носи дресот на Црвена Звезда. Како што потврдија вечерва од српскиот клуб, Ѓиргиев доаѓа како нивно големо засилување. „Големо задоволство е да објавиме добредојде за новио техничар на Црвена Звезда, искусниот македонски репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев. Ѓоргиев во Црвена Звезда доаѓа од екипата на Алтерн од Франција“, напишаа од ОК Црвена Звезда. ...
Реал Мадрид испратил официјална понуда за Бернардо Силва, пишува Фабрицио Романо. Преговорите за потпишување на 31-годишниот играч од средниот ред се во напредна фаза. Жозе Мурињо врши притисок за потенцијален договор, а Реал Мадрид е уверен во своите шанси против Барселона и Атлетико Мадрид. Португалецот е приоритетна цел за Мурињо, кој ќе ги предводи „Лос Бланкос“ во новата сезона. За потсетување, Бернардо стана слободен агент откако го ...
Во пресрет на стартот на 23.СП убаво ќе биде да видиме кои рекорди можат да бидат урнати на овој Мундијал.Неколку играчи ќе бркаат индивидуални рекорди, особено имајќи предвид дека проширеното издание во 2026 година ќе има повеќе натпревари од кога било досега. Германецот Мирослав Клосе моментално е на врвот на листата на стрелци на Светските првенства на сите времиња со 16 гола на четири турнири. И Лионел Меси и Килијан Мбапе би можеле да ...
И дефинитивно селекторот на Португалија мора да одлучи. Дали сака неговиот супер тим да дојде до нешто големо на ова СП или не сака. Ако сака, тогаш мора да го “седне“ на клупа Кристијано Роналдо. Во спротивно ризикува катастрофа. Тоа сите го знаат, најмногу тој, но ајде нека се најде јунак да му каже на Кристијано дека токму тој е најголемиот проблем во селекцијта на Португалија. Славниот Кристијано буквално едвај го издржа првото полувреме ...
Од денеска па се до 19 јули сите погледи се кон 23. Светско првенство во фудбал. За првпат ќе имаме 48 селекции, или тоа е 1/4 од сите членки на ФИФА. Распоредени се во 12 групи од по 4 селекции, а натаму одат најдобрите две и осумте најдобро третопласирани. Значи 32 од 48 селекции ќе играат во 1/16 финалето или од првиот дел од нокаут фазата. Следува 1/8 финалето, па 1/4 финалето, полуфиналето и големото финале. Од ова произлегува дека ...
Омар Абдулкадир Артан (СОМ) ќе го суди Суперкупот на УЕФА во 2026 година. 34-годишниот Артан е на меѓународната листа на ФИФА од 2018 година и беше прогласен за машки судија на годината на CAF во 2025 година. По разговорите со својата сестринска конфедерација, Африканската фудбалска конфедерација (CAF), УЕФА денес го назначи сомалискиот судија Омар Артан да го суди Суперкупот на УЕФА во 2026 година, кој ќе се одржи на 12 август во Салцбург ...
По десет години подготовки, конечно е тука. Светското првенство во 2026 година, најголемото досега, е пред нас: спектакл од 48 екипи, 104 натпревари во 16 градови и три земји, кој започнува денес во Мексико Сити. Во следните пет и пол недели, светот ќе биде во фудбалска лудост. Турнирот некогаш беше опишан како „најголемиот спектакл во светот“, но за изданието во 2026 година, дури ни тоа не звучи доволно грандиозно. Претседателот на ФИФА, ...
Машката репрезентација вечерва патува за Атина, каде викендов ќе ги одигра натпреварите од вториот турнир од Европската лига 2026. Селекторот Јошко Миленкоски нема да прави промени во составот, односно истите 14. одбојкари на кои сметаше за воведните два дуели од годинешното издание ќе ги има на располагање и за натпреварите со домаќинот Грција, односно Исланд. Средниот блокер на националниот тим Филип Савовски сезоната ја мина во дресот на ...
ФФМ на својот официјален сајт излезе со текст или демант по повод нашата објава дека судиите немаат напредок и дека за новата сезона остануваат сите наши машки судии останаа во Втората група на УЕФА. Влатко Илиоски, Игор Стојчевски и Стојанче Трпчевски кои не направиле никаков исчекор, барем според УЕФА па затоа за наредната сезона нема елитни натпревари за нив. Од „куќата на фудбалот“ најдоа замерка во однос на листата, објаснувајќи дека ...