Изненадувачки во секој случај. Откако на 25 мај го промовираше како големо засилување, вечерва преку своите социјални мрежи, раководството на РК Пелистер потврди дека се разделило со Омер Мехмедовиќ. Во објавата нема никакво објаснување за овој потег освен дека клубот му се заблагодарува на неговиот ангажман во овој период. Ракометарот од БиХ ги мина подготивките со останатите ракометари на РК Пелистер под водство на Лино Червар,но сепак ...
Еурофарм Пелистер и Омер Мехмедовиќ се разделија, и тоа пред босанскиот ракометар да одигра и еден официјален натпревар во дресот на битолскиот клуб. Мехмедовиќ во текот на летото беше промовиран како ново засилување на Еурофарм Пелистер и ги започна подготовките со екипата, но најверојатно не успеа да се вклопи во системот на новиот тренер Лино Червар. Двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, па Мехмедовиќ веќе нема да биде ...
Е. Пелистер игра квалитетно во подготовките за новата сезона, но Лино Червар очигледно не е задоволен од сите засилувања што беа доведени летово. Така, хрватскиот стратег се откажа од услугите на Омер Мехмедовиќ, бекот од БиХ кој очигледно не успеа да се наметне во таборот на битолчани. Мехмедовиќ беше најавуван како значајно засилување, но „зелено-белите“ вечерва со објава на социјалните мрежи ја потврдија разделбата од засилувањето кое само ...

