Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Првиот натпревар на селекцијата на Шпанија по освојувањето на Светското првенство ќе биде против Англија на „Вембли“ во Лигата на нациите, а три дена подоцна, на 29 септември во Севилја против Хрватска првпат ќе играат како домаќини со две ѕвездички на дресот. Шпанска фудбалска репрезентација 11 години нема играно на стадионот на Севиља откако во март 2015 година ја победи Украина со 1-0 во квалификациите за ЕП 2016. Првиот натпревар на ...
Американскиот Интер Мајами изненадувачки потврди дека бразилскиот играч од средниот ред Каземиро (34) е нивниот нов играч. Со овој договор тимот за којшто игра Лионел Меси доби големо засилување пред сезоната во која ќе ја брани титулата во американскиот шампионат. Сепак, приказната за трансферот набрзо беше засенета од потенцијално сериозни злоупотреби на службената должност од страна на клубот од Флорида. Клубот кој е во сопственост на ...
6805 Хајдук – Пафос (21 ч.) Пафос минатата сезона беше меѓу најдобрите 36 екипи во Лигата на шампионите, а сега едвај се избори да игра во квалификациите од Лигата на Европа. Хајдук е тим кој кога игра на „Пољуд“ и има посебен адут од навивачите, па тоа е само еден плус повеќе зошто хрватскиот тим да се надева на позитивен резултат вечерва. Пафос е тим кој е познат дека игра многу дефанзивно, па не би требало да има многу погодоци. Предлог ...
Шкендија вечерва гостува во Словенија против Браво во првиот меч од квалификациите во конференциксата лига на УЕФА. Македонскиот преставник на овој меч ќе биде дополнително со засилен тим затоа што вчера успеа да ги регистрира двајцата репрезентативци, напаѓачот Марко Ѓорѓиевски и дефанзивецот Јован Манев. Во првото коло Шкендија двапати славеше над Европа од Гибралтар со вкупни 6:0, па сега тетовци се надеваат дека победничката низа ќе ја ...
Целосно фудбалска е денешната понуда во Супер типот на Sport Life, каде што доминираат натпреварите од Лигата на Европа и одКонференциската лига. Интересно е дека се очекува да доминираат гостинските екипи, па дури на 10 „двојки“ има зголемени коефициенти. Домашниот терен се очекува без проблем да го искористи Карабах против ЦСКА Софија, па „кецот“ е со квота од 1.54, а Тромсо да слави над Храдец е со 1.52. Домашните навивачи треба да ги ...
Вечерва продолжуваат возбудувањата во квалификациите од Лига на Европа и Конференциската лига, а во понудата на Sport Life има пет интересни комбинации кои се дел од Квоти на ден. Доколку сите пет комбинации се одиграат на еден тикет заедно, вкупниот коефициент кој се добива е одличен и изнесува 43.03. Бешикташ е домаќин на Мидтјеланд и тука потребно е да има од еден до три погодоци во првото полувреме, а на крајот од средбата да има 3+ ...
Интер Мајами победнички започна во новата сезона во МЛС шампионатот во САД, откако на свој терен со 3:2 славеше над Чикаго фајр. Во редовите на тимот од Мајами го немаше Лионел Меси кој доби заслужен одмор поради настапот на Светското првенство, но затоа расположен за игра беше Луис Суарес. Искусниот Уругваец постигна два гола и на крајот го доби признианието за играч на меч. На овој натпревар дебито во МЛС првенството го имаше Роберт ...
Некогашниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски реши јавно да даде своја реакција по вчерашниот меч од квалификациите во Конференциската лига меѓу Вардар и Рига. Вардар вчера славеше 79 години од формирањето, играше европски меч, но наместо тоа да биде фудбалски празник, на трибините едвај имаше 2.000 гледачи. Токму тоа беше еден од поводите за Ристовски да се огласи преку својот Инстаграм профил. „79 години историја. 79 години ...
Две ѕвезди на шпанската фудбалска репрезентација, Фабијан Руиз и Гави, добија необични подароци по освојувањето на Светското првенство. Руиз и Гави дадоа свој придонес во освојувањето на трофејот, а потоа гордо се вратија во својот роден град Лос Паласиос и Вилафранка во Андалузија. Градот има население од 35.225 жители. Fabien Ruiz et Gavi lors d’une cérémonie à Séville, leur ville natale. « Il y a des moments qu’on chérit à jamais, et ...
Ал-Хилал од Саудиска Арабија би можел да го ангажира напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле, според новинарот Саша Таволиери. Парискиот клуб е подготвен да го продолжи договорот со 29-годишниот Французин, но засега нема ништо и Ал-Хилал веќе ги воспоставил првичниот контакт со претставниците на Дембеле. Доколку играчот се согласи да се пресели во Саудиска Арабија, Ал-Хилал ќе започне преговори со ПСЖ. Дембеле игра за ПСЖ од 2023 година, а во 2025 ...
Екипата на Рига со победа од 3:2 си заминува од гостувањето во Скопје против Вардар, во првиот меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Оваа победа ја прави Рига да биде голем фаворит пред реваншот кој летонскиот тим ќе го игра на домашен терен. По мечот, тренерот на Рига, Адриан Гула беше задоволен од победата, но потенцираше дека тоа не значи дека неговиот тим со сигурност ќе биде во следната фаза. „Многу важна ...
Тренерот на Вардар, Крисријан Фабијани беше разочаран од поразот, но и горд на своите фудбалери за покажаната игра на дуелот против Рига на арената „Тодор Проески“. Вардар загуби со 2:3, иако водеше со 1:0, потоа израмни на 2:2, но на крајот поразен го напушти теренот и тоа на 79-тиот роденден на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија. „Измешани чувста. Радосен сум поради она како одигравме, тажен поради грешките кои што ги направивме. ...
Синоќа, во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, Црвена Ѕвезда го совлада Ларн во Северна Ирска со 4-0, но српскиот шампион се посрамоти надвор од теренот. На трибините на стадионот во Ларн се појави знаме на кое пишуваше „Косово е Србија“, а Ѕвезда преку социјалнните мрежи му се заблагодари на домаќинот. Во Звезда очигледно мислеа дека Ларн решил на овој начин да покаже некаков вид почит кон српскиот клуб, но денес Ларн ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, е главна пречка за трансферот на Родри од Манчестер сити во Кралскиот клуб. Иако наводно почнал да омекнува по притисокот, уште не дал дефинитивно зелено светло за реализација. Самиот Родри, кој беше најдобар играч на СП 2026, сака да му се приклучи на Реал, Сити нема да му прави проблеми, фановите на Реал бараат средниот ред да биде засилен со човек каков што му треба на тимот, тренерот Жозе ...
Вардар загуби дома од Рига со 2-3 и ќе има тешка задача на реваншот во Летонија да се избори за пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Македонскиот првак водеше 1-0, но грешките во одбраната скапо го чинеа Вардар кој губеше 1-2, а по израмнувањето на 2-2 имаше шанса и да поведе, но Летонците покажаа поголемо искуство и постигнаа и трети гол кој им носи нешто помирен реванш, додека Вардар ќе проба да изненади и ...
Мурал во Барселона насликан вчера од уметникот TvBoy, посветен на Феран Торес, шпанскиот херој и стрелец на голот во финалето на Светското првенство, беше уништен. Уметничкото дело се наоѓа на ѕид во популарната населба Грасија на улицата Ескоријал во Барселона. Муралот го прикажуваше играчот на Барселона како носи дрес на Шпанија и го бакнува трофејот од Светското првенство. Утрово муралот беше прекриен со бела боја и графити од типот: ...
Матиц Сухолежник, Нејц Цехте и Вуко Борозан се нови членови на Ракометниот клуб Алкалоид! Минатата сезона покажаа дека само со домашни сили и по некој странец тешко може да им се парира на ривалите, па клубот реши да донесе искусни странци. „Трите имиња се додадена вредност за новата сезона. Дел од нашиот колектив официјално се Словенците Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и Црногорецот Вуко Борозан. Матиц Сухолежник е 31-годишен пивот висок ...
Вардар губи од Рига со 1-2 по првиот дел на мечот од квалификациите во Конференциската лига. Македонскиот шампион поведе со убав гол на Кастањеда, кој може да го видите ТУКА, но од 35-та до 39-та минута се случи потоп на Црвено-црните. Најпрвин Гало погоди по заслуга на голманот Талевски кој лошо интервенираше и си даде автогол, а четири минути подоцна Летонците уште еднаш ја матираа збунетата одбрана на Вардар и на одмор заминаа со ...
Иако веќе има 40 години, Лука Модриќ нема намера да стави крај на својата блескава кариера. Раководството на Милан успеало да ја убеди хрватската легенда да остане активен уште една сезона, а договорот за продолжување на соработката веќе е постигнат. Минатата сезона Модриќ одигра 34 натпревари во дресот на Росонерите и уште еднаш покажа дека и понатаму може да игра на највисоко ниво. Во септември искусниот хрватски репрезентативец ќе наполни ...
Слаба посета на Арената „Тодор Проески“ на натпреварот помеѓу Вардар и Рига од квалификациите во Конференциската лига. Непосредно пред почетоткот на мечот, имаше помалку од 2.000 навивачи на трибините што е прескромно како за европски меч на најпопуларниот клуб во Скопје и Македонија. Освен тоа, денеска е роденден на Вардар кој е формиран на денешен датум пред 79 години. Слаба посета на Арената „Тодор Проески“ на натпреварот помеѓу ...
Интер Мајами официјално го објави трансферот на искусниот бразилски играч за врска Касемиро. Петкратниот освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид како слободен играч му се приклучи на американскиот клуб, каде што игра Аргентинецот Лионел Меси. Договорот на Касемиро е со важност до јуни 2027 година, со можност за продолжување за уште две години. Бразилецот кој има 34 години, го напушти Манчестер Јунајтед ова лето по истекот на ...
Шарл де Кетеларе беше едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство со своите одлични настапи за Белгија, а Аталанта веќе ја одреди цената за офанзивецот, кој е на радарот на неколку европски великани. Белгискиот репрезентативец постигна три гола и една асистенција на пет натпревари на Мундијалот во Северна Америка, каде што Белгија стигна до четвртфиналето. Тој беше и единствениот фудбалер што успеа да постигне гол против ...
Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам оствари огромна заработка за време на неодамна завршеното Светско првенство, дополнително зголемувајќи го своето богатство, кое се проценува на повеќе од 1,38 милијарди евра. Иако ја заврши играчката кариера пред повеќе од една деценија, 51-годишниот поранешен капитен на Англија беше едно од најпрепознатливите лица во рекламните блокови ширум светот и, според проценките, инкасирал околу 22,1 милион ...
Лионел Меси е прогласен за најдобар играч на Светското првенство од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Аргентинскиот капитен доби највисок индекс на успешност – 8,33, кој се пресметува врз основа на головите, асистенциите и влијанието што фудбалерот го имал во елиминациската фаза од турнирот. Меси настапи на осум натпревари на Мундијалот, при што на седум беше стартер. Против Јордан влезе во игра во ...
Поранешниот холандски репрезентативец Марк ван Бомел наскоро ќе биде именуван за нов селектор на белгиската репрезентација. 49-годишниот стратег ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ до Европското првенство 2028. Ван Бомел, кој со Холандија беше светски вицешампион во 2010 година, во својата играчка кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ Ајндховен, Барселона, Баерн Минхен и Милан. Како тренер ги предводеше ПСВ Ајндховен, Волфсбург и ...
Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Џовани Малаго, потврди дека биле водени разговори со Пеп Гвардиола за селекторската функција на италијанската репрезентација. Аѕурите се во потрага по нов селектор од април, кога Џенаро Гатузо поднесе оставка откако четирикратниот светски шампион не успеа да се пласира на Светското првенство третпат по ред. Малаго откри дека Федерацијата била подготвена да направи и финансиски исклучоци ...
Италијанскиот шампион, Интер, денеска го одигра првиот контролен натпревар од летните подготовки во Германија, победувајќи го аматерскиот состав Асен со убедливи 16:0. Средбата се одигра зад затворени врати. Контролниот натпревар му послужи на тренерот Кристијан Киву да ги провери фудбалерите кои се вратија од позајмици, меѓу кои Павар, Аслани и Акинсанмиро, како и неколку таленти од младинската школа – Марело, Москони и Топаловиќ. The ...
Во Реал Мадрид веќе ги одредиле првите двајца фудбалери кои би можеле да го напуштат клубот по враќањето на Жозе Мурињо. Станува збор за дефанзивецот Раул Асенсио и играчот од средниот ред Едуардо Камавинга, иако ниту еден од нив нема желба да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Покрај нив, можно е клубот да се раздели и со еден од младите напаѓачи – Ендрик или Гонсало Гарсија. Од друга страна, првичниот план Франко Мастантуоно да биде ...
Нејмар на неславен начин го заврши последното Светско првенство кога Бразил беше елиминиран во осминафиналето од Норвешка. По таа елиминација, Нејмар доби денови за одмор кои ги искористи играјќи покер и уживајќи во слободното време. Најпознатиот бразилски фудбалер требаше да се врати во тимот на Сантос, но наместо да патува со екипата во Венецуела на меч во Судамерикана купот, Нејмар беше дел од зимското издание на бразилското првенство во ...
Легендарниот мексикански голман Гиљермо Очоа и официјално стави крај на својата богата професионална кариера, завршувајќи едно незаборавно 22-годишно патување во фудбалот. Очоа, кого многумина го сметаат за еден од најдобрите голмани во историјата на мексиканскиот фудбал, емотивно се прости преку објава на социјалните мрежи. „Никогаш не можев да замислам колку далеку ќе ме одведе еден сон. Денес можам само со гордост да погледнам назад и да ...