Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино е најреалната опција за нов тренер на Реал Мадрид, тврди добро упатениот новинар Мигел Анхел Дијас. Покетино од 2024 година е селектор на САД и после Светското првенство летово би можел да се пресели во Мадрид, што му е голема желба одамна. Големи плусови за него се што претседателот Флорентино Перес го сака и што во минатото веќе работел со Килијан Мбапе кој со својата себичност и незалагање во ...

Специјалот на Sport Life за натпреварот Арсенал – Њукасл нуди широка лепеза нестандардни игри на кои може да се обложите, а квотите се најразлични и има за секого по нешто. Во септември кога овие два тима се сретнаа во Њукасл, Чавките поведоа со гол на Волтемаде, а Арсенал направи пресврт со голови на Мерино во 84-та и Габриел Магаљаес во 96-та минута. Мерино нема да игра вечерва. Во Англија, домашните екипи најчесто им дозволуваат на гостите ...

Баерн Минхен веќе ја осигура шампионската титула во Бундеслигата за сезоната 2025/26, но има можност да ја направи оваа сезона најдобра во историјата во германското првенство. Баварците имаат 79 бода, а им остануваат уште четири натпревари. Доколку Баерн победи во секој од нив, ќе достигне до 91 бод. Во сезоната 2012/13, под водство на Јуп Хајнкес, тимот од Минхен истотака освои 91 бод, со гол-разлика од +80. Сегашниот тим на Баерн, доколку ...

Македонија Ѓорче Петров и Работнички од 16 часот го почнуваат натпреварот кој може да донесе некои одговори околу битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Ова е меч на кој нема сомнеж дека двата тима ќе дадат максимум и победникот не се знае однапред, мотивите кај двата тима ќе бидат огромни. Квотите во Sport Life зa победа се речиси изедначени кај двата тима, и тоа покажува дека ќе има интересна битка. Лавовите од Ѓорче се ...

Бет билдерските комбинации кои се нудат за денеска, ќе привлечат многумина, бидејќи делуваат како реално добитни, квотите се движат од 10.5 до 14.0. Има комбинации со по четири услови за седум натпревари, за Арсенал – Њукасл има два различни Бет билдери. Оној што го фаворизира Арсенал е со квота од 13.0 и за добивка потребно е Топчиите да победат, Хаверц да даде гол, Њукасл да има повеќе картони и на мечот да има 10 или повеќе корнери. ...

ГРК Охрид вечерва од 18 часот гостува кај словенечки Целје во првиот полуфинален дуел од ракометниот Европски куп, а обезбеден е и директен пренос на националната МРТ. Охриѓани може да го повторат успехот на Алкалоид од минатата сезона и да освојат европски трофеј, но прво ќе мора да го елиминираат Целје кој е ракометен гигант со богата историја, пред 22 години ја освои Лигата на шампионите. На трибините во „Златорог арената“ ќе има и ...

1151 Вест Хем – Евертон (16.00 часот) Иако Евертон е во трка за излез во Европа, има само два бода помалку од седмиот Борнмут, бодовите му се многу попотребни на Вест Хем кој се бори за опстанок и не смее да киксира на овој меч. Чеканите имаат само еден пораз во последните пет кола, и немаат друг избор освен да одат на победа и три бода ако сакаат да останат со предност пред загрозениот Тотенхем на кого му бегаат два бода. Евертон е тим кој ...

Чудото што го направи Лестер во Премиер лигата во сезоната 2015/16 ќе биде тешко да се повтори, но фудбалска бајка од слични размери се пишува во Швајцарија. ФК Тун за кој игра македонскиот напаѓач Елмин Растодер, на работ е да освои историска шампионска титула и тоа една година откако од втора влезе во прва лига. На пет кола до крајот на првенството, Тун има 14 бода предност во однос на првопласираниот Сент Гален, што значи дека победа во ...

Супер типот на Sport Life за денеска е составен од 80 зголемени квоти за 16 фудбалски натпревари кои се играат во текот на денот ширум Европа. Според квотите за конечен тип, може да се каже дека на голем број од овие натпрревари, има екипи кои кои се јасни фаворити за победа и тие квоти би требало да бидат добитни. Ако тие набилдани квоти за конечен тип не ги исполнуваат вашите критериуми, тогаш тука се и одличните игри и комбинации во кои се ...

Фудбалскиот свет е шокиран од ненадејната смрт на Мајкл Енерамо. Поранешниот нигериски репрезентативец почина во петокот на 40-годишна возраст откако се онесвестил на теренот за време на пријателски натпревар. Првичните извештаи од Нигериската фудбалска федерација се дека веројатна причина за фаталниот инцидент е срцев удар. Енерамо на кој прекарот му беше „Тенк“, го одигра целото прво полувреме од натпреварот, но се сруши само пет минути по ...

Петте квоти на денот кои за денеска ги предлага Sport Life, прават привлечна вкупна квота од 46.67. Лион да води на полувреме, а на крај да победи или ремизира со Оксер, е варијанта за која квотата е одлична, 2.20. Ако верувате дека Баерн нема да загуби од Мајнц и дека на тој меч ќе има од еден до три гола во двете полувремиња, уплатете во Sport Life, за таа комбинација ве чека квота од 2.25. Квота од 2.30 се нуди за победа на Ливерпул над ...

Кевин Де Бројне беше прогласен за играч на мечот Наполи – Кремонезе, Белгиецот постигна и гол кој му беше 100-ти во кариерата и петти за Наполи. А, Кевин не ни знаел дека остварил такво посебно лично достигнување. „Игравме многу добро, секогаш излегуваме на терен за да победиме. Задоволни сме од оваа победа. 100 гола во кариерата? Не знаев. Особено сум среќен што сè уште играм на ова ниво. Имаме два слободни дена и ќе уживам во нив, така ќе ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, смета дека нерешениот резултат со Бетис е неправеден и ги обвини судиите дека го оштетиле неговиот тим. Во првото полувреме имаше ситуација кога топката удри играч на Бетис во рака во 16-никот, но судиите не покажаа пенал. Tira Brahim en el 22′ con 0-1, mano de Ricardo Rodríguez y dice González Fuertes (quien amenazó al Real Madrid con hacer historia) a Soto Grado que no hay nada. ¡MALDITOS CORRUPTOS! ...

Најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс, имаше уште една незаборавна плејоф вечер, со неколку свои потези му донесе победа на ЛА Лејкерс против Хјустон за водство од 3-0 во оваа серија. Лејкерси победија со 112-108 по продолжение од пет минути. На 30 секунди до крајот на регуларниот дел, Хјустон имаше предност од шест поени и тргна во напад, но брзо ја загубија топката и направија фаул при шут за тројка и примија три поени од ...

Шпанските власти заклучија дека нема основа за кривична одговорност во врска со тешката несреќа во која загинаа поранешниот напаѓач на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот помлад брат Андре Силва. Инцидентот се случи на 3-ти јули 2025 година во северна Шпанија откако нивниот автомобил излетал од автопат. По истрагата, судот пресуди дека причина за несреќата била дупната гума при претекнување. Автомобилот потоа удрил во безбедносна бариера на ...

Реал Мадрид одигра 1-1 на гостувањето кај Бетис и сега е на осум бодови зад Барселона која има и меч помалку, и сега реално постои можност Каталонците да ја имаат обезбедено титулата уште пред дуелот со Реал на 10-ти мај на „Камп Ноу“. Винисиус му донесе водство на Реал на гостувањето во Севилја, но во третата минута од судиското продолжение, во последниот напад на Бетис, Ектор Белјерин даде малку и среќен гол за реми во една хаотична ...

Наполи го победи Кремонезе со 4-0 и си ги зголеми шансите да заврши како втор во Серија А. Наполитанците имаат три бодови повеќе од третиот Милан, а Росонерите имаат и одиграно меч помалку. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не беше стартер, влезе во игра во 75-та минута на местото на Кевин Де Бројне кој даде гол, негов 100-ти во кариерата во топ 5 лигите. Белгиецот вечерва првпат даде гол од игра во Серија А, досега во дресот на ...

Веста дека шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе мора да го пропушти „Ролан Гарос“ поради повреда, го става Јаник Синер во улога на прв фаворит за освојување на парискиот гренслем. Синер го нема освоено „Ролан Гарос“, а ова ќе му биде добра шанса, бидејќи Алкарас го освојуваше тој турнир во 2024 и 2025 година. Шанса за толку посакуваната 25-та гренслем титула ќе има и Новак Ѓоковиќ, а светскиот рекет број 1, Синер, реагираше на откажувањето на ...

Екипата на Нотингам форест продолжува да чекори кон опстанок во Премиер лигата, откако во минатото коло му даде четири гола на Барнли, вечерва има предност од 4-0 уште на полувремето на гостувањето кај Сандерленд. Претходен пат кога Нотингам дал четири гола во прво полувреме беше во далечната 1994 година против Ипсвич. Ако Форест победи, а речиси сигурно ќе победи, тоа се лоши вести за лондонските тимови Тотенхем и Вест хем. На четири кола ...

Македонските кадетки ќе играат против Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во училишен ракомет. Натпреварот се игра на в недела во салата „Македонски херои“ во склоп на средното Фискултурно училиште во Скопје, со почеток во 10.30 часот. Во четвртфиналето Македонија се пласира со максимални три победи, славеше против Бугарија, Грузија и Словачка. Максимален број на бодови (6) покрај Македонија, освоија уште Романија, Хрватска и ...

Монако ја победи Барселона со 79-70 во мечот од плејин разигрувањето по кој се познати сите четвртфинални двојки за плејофот во Евролигата. Оваа победа на Монако значи дека тие во плејоф влегуваат како осми, па четвртфинален ривал ќе им биде Олимпијакос кој беше првопласиран на табелата во регуларната лигашка сезона. Освен Олимпијакос – Монако, другите парови за четвртфиналето кое ќе се игра во три добиени, се Валенсија – Панатинаикос, Реал ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, би можел по трети пат да го преземе лондонски Челзи. Позицијата менаџер на Челзи остана празна по отуштањето на Лиам Росениор, а британски новинари објавија дека меѓу кандидатите за трајно решение од следната сезона е и 63-годишниот Португалец, кој има постоечки договор со Бенфика. Мурињо има историја со Челзи, а поседува и имот во близина на стадионот „Стемфорд Бриџ“. Португалскиот тренер двапати во ...

Пелистер преубедливо го порази енергетски истрошениот ТФТ со 105-69 во меч од кошаркарската Суперлига и ја остави отворена трката за првото место кое носи предност на домашен терен во полуфинале и финале на плејофот. ТФТ пред само два дена имаше тешко гостување во босанскиот рад Широки во финалето на АБА 2 лигата, па патувањата и фокусот на тоа натпреварување го зедоа данокот. Плус тоа, вечерва во Битола не играше едниот од Американците ...

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е последниот кој се вклучи во дебатата околу цените на билетите за Светско првенство 2026, кое започнува за месец и пол во САД, Канада и Мексико. Шпанскиот стратег изрази загриженост и ги критикуваше исклучително високите цени на билетите. „Некогаш Светското првенство беше славје на фудбалот. Луѓето патуваа низ светот за да ја гледаат својата репрезентација. Но денес, во ова модерно време, стана ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас објави дека нема да може да ја брани титулата на „Ролан Гарос“ поради повреда на зглобот на раката. Алкарас лани победи на Мастерсот во Рим и на „Ролан Гарос“, па со неиграњето на овие два турнири, ќе загуби дури 3.000 поени, но ќе остане втор на АТП листата. Алкарас наскоро ќе наполни 23 години и реши да го прескокне овој гренслем за да избегне поголем проблем и евентуално влошување на состојбата што би имало ...

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска, денешниот натпревар помеѓу Македонија и Словачка во женска конкуренција го проследи со амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. По завршувањето на натпреварот Македонија и Словачка, направија заедничка фотографија за долго сеќавање и потврда дека спортот секогаш обединува, дека фер-плеј играта е поважна од резултатот. ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс имаат водство од 2:0 против Хјустон, откако на домашен терен двапати славеа, но вечерва се тотални аутсајдери на првото гостување. Хјустон е фаворит со квота од 1.36 во Sport Life, а квотата за победа на „езерџиите“ е фантастична – 3.55. На останатите два меча резултат во серијата е 1:1, а вечерва фавортиската улога ја имаат гостинските екипи. Дел од богатата понуда на Sport Life се и кошаркарите со ...

Тимот на Арсенал беше симнат од првото место во Премиер лигата по победата на Манчестер Сити од 1:0 над Барнли во средата. „Топчиите“, кои имаат ист број бодови како Сити, но заостануваат поради помал број постигнати голови, можат да ја вратат лидерската позиција ако избегнат пораз против Њукасл на домашен терен во сабота. Пред помалку од две недели Арсенал беше јасен фаворит за освојување на титулата за првпат од 2004 година, откако ...

Српскиот суперлигаш Чукарички продаде талентиран фудбалер во австриски Салцбург за сума од четири милиони евра. Се работи за 18-годишниот фудбалер од средниот ред Филип Матијашевиќ, еден од најголемите таленти на српскиот фудбал. Трансферот на младиот фудбалер е потврден и од двете екипи, а ова е уште еден убав пример како треба да работи еден клуб. Ваквите трансфери се незамисливи за нашите екипи, но само неколку стотина километри на север ...

Полскиот напаѓач и фудбалер на Барселона, Роберт Левандовски, беше доста таинствен на директното новинарско прашање дали има намера да ја напушти Каталонија по крајот на оваа сезона. Како што е познато, на крајот на јуни на Левандовски му истекува договоротсо Барселона, а иако има 37 години, интерес за неговите услуги и понатаму постои. Како можни дестинации се споменуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан. Запрашан од полски новинари ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.25
43%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
48%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
36%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.76
54%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
7.91
37%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
46%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
3.58
56%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
4.08
47%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.27
36%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
4.02
90%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
6.56
51%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Цинк

0.00

Сребро

2072.63

Алуминиум

3.48

Злато

131337.93

Калај

51.97

Иридиум

253540.09

Платина

53756.05

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39